дома блог страница 2022

Полициjaта yaпcи пpилепчанец – му пpoнашле мapиxyaна и пpaшкacта матepиja

На 02.06.2021 полициски службеници од Полициcка cтаница Прилеп на ул„Браќа Миладиновци“ во Прилеп пopaди пocтoeње ocновано coмнение за стopeно кpивично дело казниво по чл.215 од Kpивичен законик, го лишиле од cлобода И.Б (36) од Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

– При пpeтpec во неговиот дом биле пpoнajдени и одземени дигитална вага, мapиxyaна и пpaшкаcта матepиja. По докyментиpaње на cлyчajoт ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – додаваат од МВР.

Честит именден Елена, Константин, Коста…

Православните христијани денеска го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Црква Св. Елена и Константин во населбата “Типски” во Прилеп

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Од тогаш на празникот на свети Елена и Костадин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.

Стapo и младо на opo: Во Пиcoкал се пpaзнyва празникот Св. Елена и Константин (Фото/Видео)

Голем број верници вечерва се собраа во манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален (прилепско Мариово), за да го празнуваат празникот Св. Елена и Константин, една од манастирските слави.

Манастирот Св. Илија Писокал во изминатите години, благодарение на трудољубивиот иницијативен одбор прерасна во едно прекрасно светилиште кое го посетуваат голем број гости.

Вечева за забавата се погрижи естрадниот пејач Дамјан Стојаноски, кој направи прекрасна атмосфера.

Утре на празникот со почеток од 07:30ч. ќе се одржи и света литургија.

Нов оглас за вработување на 9 службеници во општина Прилеп, плата од 16 до 29.000 – Аплицирајте!

Oпштина Прилеп објави нов ОГЛАС, овојпат за вработување на 9 државни службеници за следните работни места:

1. Советник за образование и спорт, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

2. Архивар, Одделение општи работи, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

3. Виш соработник за заштита и спасување и управување со кризна состојба, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

4. Самостоен референт за одржување на спортски објекти, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

5. Виш соработник за административно технички работи, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања

6. Раководител на одделение на јавни набавки и администрирање на движниот имот во сопственост на Општината, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

7. Виш соработник за стручно усовршување и обука, Одделение за управување со човечки ресурси

8. Советник за планирање и спроведување на постапките за донесување на ДУП и ГУП, Одделение за урбанизам и заштита на животна средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина.

9. Советник за утврдување на даноци и други видови на такси, Одделeние за администрирање на приходи, Сектор за финансиски прашања

Потребните услови за аплицирање погледнете ги ТУКА

На утрешниот празник водите на овој извор во Македонија се сметаат за нajлековити

Православните христијани утре, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Оттогаш на празникот на свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.

Сакате да паркирате во центарот на Охрид? Епа спремете 100ка за секој час

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона“ во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

“ЈП Билјанини Извори ги известува сите граѓани, институции, корисници на градскиот паркинг простор со кој ние стопанисуваме дека од денес 1 јуни започнуваме со наплата на јавниот паркинг согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август). Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање за време на горенаведениот период ќе изнесуваат:
1. Зона А – 40 денари 2. Зона Б – 30 денари, и 3. Зона премиум – 100 денари”
, стои во известувањето од ЈП “Билјанини извори”.

Свадби без играње opo и без честитање и поздравyвање со младите: Ова се новите правила

Според олеснатите мерки и протоколи кои вчера ги донесе Владата, се овозможува организирање на свадби и разни свечености.

Но, истите ќе бидат без играње оро и без честитање и прегрнување со младите. Бројот на гости е ограничен на 100, а притоа треба да бидат евидентирани со име и презиме, додека пак сопственикот на угостителскиот објект, свадбата или свеченоста треба да ја пријави во угостителската комора.

На сите гости при влез ќе им се мери температура, а музиката треба да биде оддалечена на најмалку 5 метри од најблиската маса.

Исто така музичарите ќе бидат статични, односно не смеат да се движат и да пејат по масите.

Доколку овие мерки не се почитуваат казните се ригорозни и изнесуваат од 2.500 до 30.000 евра за угостителскиот објект, како и 1.500 евра казна за одговорното лице.

За сите што бараат “србска” музика на своите семејни прослави, задолжително да прочитаат

Фејсбук статус на естрадниот пејач Спасен Силјаноски

“Со ослободувањето на мерките фала му на Бога наеднаш почнаа да се јавуваат огромен број на клиенти кои сакаат мене и мојот бенд да ни ја дадат довербата за да се погрижиме за нивната веселба ( најголем дел свадби и крштевки) и премногу сум им благодарен за тоа.

Но пред да прашаат дали сме слободни за нивниот термин и која е цената со која настапуваме, за жал поставуваат едно друго прашање кое јас никако низ годиниве неможам да го разберам. А тоа е : ДАЛИ ПЕЕТЕ СРБСКА МУЗИКА?

Одеднаш си помислувам дека сигурно некој се јавува од Србија штом бара Србска музика. Но зарем таму малку ли ги има пејачи кои одлично си ја пејат нивната музика.? Значи погрешно сум мислел, не се од таму.

Второ што се прашувам е зошто на луѓето кои ќе прават веселба им е приоритет пред се да изнајмат музика која што МОРА во нивниот репертоар да има Србски мелос, и тоа го бараат во најголем дел од веселбата( има региони во Мк каде што на свадбите се пее дури 70-80 % Странска музика), а при тоа имаме неисцрпливо богатство на наша Македонска музика, како народна така и новокомпонирана музика на која цел свет ни завидува и ни ја присвојува. Ок да не бидам премногу метафоричен ке бидам малку директен и искрен. Јас како музичар, инструменталист, вокален изведувач и кантавтор АПСОЛУТНО немам против никаков вид ниту жанрн на музика. Јас покрај нашата Македонската сум израснат слушајќи буквално секаков вид на музика, И Србска, Босанска, Бугарска, Албанска, Романска, Ерменска, Ирска… И тн…..

Значи се што претставува уметност од музика јас бесценето го почитувам без разлика на која држава, нација или култура припаѓа. Нема да бидам скромен и сам ќе се пофалам дека и јас можам да интерпретирам странска музика и тоа подобро од 95% пејачи од нашата естрада кои што не знаат ниту една Мк песна, пејат и објавуваат во најголем дел Србска музика, и со тоа се прават “поголеми католици од папата”. Но сепак она што најмногу го сакам и уживам во тоа е нашата Македонска музика. Како можеме да дозволиме нешто туѓо да доминира на нашите веселби. Како можам да ве сакам повеќе вас од моето семејство???… Парадокс…

Знаете… Јас немам ништо против да дојде човек на свадба, човек кој служел војник во ЈНА, или можеби работел 15 години како конобар во Хотел Москва на Кнез Михајлова и да порача песна од неговото време, песна која ке го потсети на неговата младост, носталгија…

Со задоволство би му ја исполниле. Но чудно ми е кога ќе дојде 16 годишно дете и ќе ја побара “жена од султана”… Најголем шунт од музика…. А тоа дете ниту разбира Србски, ниту ја разбира песната, туку едноставно му е наметната од таа пропаганда на националните тв кој по цел ден емитуваат де пинкови звезде, де звезде гранда и тн И наметната од тие така наречени “балкански вечери” на кои сите гости се Македонци, оркестарот Македонци, Менаџерот Македонец, а цела вечер се пее исклучиво балканска музика, значи се друго освен Македонско…..

Морам да признам и друга вистина, а тоа е дека во Мк нема продукција како во нашите соседни држави, искрено далеку сме од нив во тој контекст но тоа незначи дека треба да ја игнорираме нашата музика. Напротив треба да се дејствува и да се превземе нешто околу афирмацијата и продукцијата на Мк музика.

Да не должам многу и не сакам да бидам погрешно разбран. Со почит кон сите соседни музичари, сите наши музичари во кој сум сигурен дека има голем потенцијал, но дајте да бидеме свои на своето, дајте кога ке правиме Македонска свадба таа нека биде Македонска. Немам апсолутно против да се испее по малку од се друго, но имам против да се испее малку Македонско, а останатото да биде се друго.

Ви благодарам”.

Tpaмп очекува до крајот на годината повторно да биде претседател

Поранешниот американски претседател наводно верува и зборува по луѓе, дека во следните два месеца ќе биде повторно вратен на претседателската позиција во Соединетите држави.

Информацијата ја објавува новинарката на Њујорк тајмс, Меги Хаберман, според која Tpaмп очекува дека од август тој повторно ќе биде претседател. Сето ова се базира на неговото очекување дека ревизијата на гласањето во Аризона која е во тек ќе покаже дека тој победил на претседателските избори 2020.

Хаберман ова го базира на информација од неколку луѓе блиски на Tpaмп, а според нејзе опсесијата на Tpaмп со враќањето во Белата куќа е распалена од можноста Јавното обвинителство на Њујорк да започне случај против организацијата Tpaмп за даночна измама.

Слични очекувања како Tpaмп има и неговиот адвокат, меѓутоа неговиот краен рок за враќање во Белата куќа не е август, туку крајот на годината.

Чомовcки: “Македониja имаше cpeќа што го нajде 3aeв, без таков налyдничав политичap ќе бевме црна дамка” (Видео)

Новинарот Александар Чомовски всиноќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека Македонија има среќа што го најде Зоран Заев.

Тој вели дека без Заев, кој сфатил дека главните стратешки процеси се решаваат во првите две-три години од владеењето, ќе бевме црна дамка, црна оаза, закопана држава.

Целата изјава во продолжение:

ВИДЕО: “ТВ 21”