Teжок пopaз за Bладата и Цapoвcка: Повлечен контpoвepзниот закон

Министерката за образование и наука Мила Царовска и владата денеска доживеаа тежок политички пораз откако по неколку месеци наметнување мораа да го повлечат контроверзниот закон за дигитализација на образованието.

Со писмо до иницијативата “Учебници и настава мора да има”, владата најавува дека се повлекува законот од кој не сакаше да се повлече со месеци и покрај силниот отпор во јавноста.

“Почитувани сограѓани,

Денес, 30 Јуни 2021 (Среда), добивме официјално известување од Претседателот на Собранието дека ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕКУВА ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ И ДРУГИ НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, а со тоа одржување на РЕФЕРЕНДУМ… НЕ Е ПОТРЕБНО!!!

Драги сограѓани…

Денес е голем ден….

Денес покажавме и докажавме дека како граѓани можеме да учествуваме во одлучувањето за важни работи за нас, за нашите деца… и за нашата заедничка иднина…

Денес… докажавме дека знаеме, можеме и умееме… како обични граѓани… да дејствуваме и да ги заштитиме нашите права… и правата на нашите деца…

Денес… докажавме дека можеме непосредно и директно да учествуваме во работата на Собранието и Владата на Македонија.

Денес… СЛАВИМЕ!!!

Утре… ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

Оваа битка ја извојувавме… сепак оваа битка е само еден чекор во борбата која следи….

Имаме уште многу работа пред нас… со цел да им обезбедиме здрава иднина на нашите деца, нашите внуци… и сите следни генерации…

Овој ден е веќе запишан во историјата на Македонија!!!

Ве повикувам…. сите заедно да се потрудиме вакви денови да има повеќе…

Ве повикувам… сите заедно да ја пишуваме историјата… која ќе ја читаат нашите деца, нашите внуци…. и сите следни генерации….

Ве повикувам…. сите заедно да оставиме позади нас… спомени вредни за паметење и раскажување…

Продолжуваме со ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА за интервенции и измени во Концепцијата за основно образование… Законот за образование… и сите останати закони кои го уредуваат образованието во државата…. со една и единствена цел „ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ ПО МЕРКА НА УЧЕНИКОТ“

Почитувани сограѓани… без разлика на пол, раса, религија или политичко убедување… сите сме во ова заедно!!!

Ви благодарам за поддршката…”, објави попладнево Драгана Спасевска, овластен застапник и преставник на Образовни Реформи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.