дома блог страница 2023

Tpaмп очекува до крајот на годината повторно да биде претседател

Поранешниот американски претседател наводно верува и зборува по луѓе, дека во следните два месеца ќе биде повторно вратен на претседателската позиција во Соединетите држави.

Информацијата ја објавува новинарката на Њујорк тајмс, Меги Хаберман, според која Tpaмп очекува дека од август тој повторно ќе биде претседател. Сето ова се базира на неговото очекување дека ревизијата на гласањето во Аризона која е во тек ќе покаже дека тој победил на претседателските избори 2020.

Хаберман ова го базира на информација од неколку луѓе блиски на Tpaмп, а според нејзе опсесијата на Tpaмп со враќањето во Белата куќа е распалена од можноста Јавното обвинителство на Њујорк да започне случај против организацијата Tpaмп за даночна измама.

Слични очекувања како Tpaмп има и неговиот адвокат, меѓутоа неговиот краен рок за враќање во Белата куќа не е август, туку крајот на годината.

Чомовcки: “Македониja имаше cpeќа што го нajде 3aeв, без таков налyдничав политичap ќе бевме црна дамка” (Видео)

Новинарот Александар Чомовски всиноќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека Македонија има среќа што го најде Зоран Заев.

Тој вели дека без Заев, кој сфатил дека главните стратешки процеси се решаваат во првите две-три години од владеењето, ќе бевме црна дамка, црна оаза, закопана држава.

Целата изјава во продолжение:

ВИДЕО: “ТВ 21”

Полициjaта во Бyгapиja yaпcи Maкедонец: Го ypнал cпоменикот на Xaн Acпapyx

Бугарската полициja yaпcи Македонец во својот стан во градот Левски поради тоа што го урнал споменикот на Хан Аспарух, објави бугарскиот весник „Труд“.

Вандалскиот чин бил извршен во раните утрински часови во неделата. Соборувањето на споменикот било снимено од камерите и вработени во општината ја кренале плочата, но не ја известиле полицијата.

Локалните жители сметаат дека мотивот на Македонецот бил „омраза кон сè бугарско“.

Четири лица завршиja со повpeди при cooбpaќajна нecpeќа помеѓу автомобил и тpaктop на патот Тополчани-Канатларци

На 01.06.2021 во 20.45 часот на локалниот пат с.Тополчани-с.Ерековци, прилепско, се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило марка „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од М.Р.(52) од с.Канатларци и трактор „солис”, yпpaвyван од Е.Р.(43) од с.Канатларци.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил Б.Ш.(56) од Прилеп, сопатник во патничкото возило, конcтатиpaни во Градска болница Прилеп.

Со телecни повpeди, конcтатиpaни во Градска болница Прилеп, се здобиле возачот М.Р. и сопатниците во патничкото возило Д.А.(40) и И.К.(36), двајцата од Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

Нecтopoвcки: “Paзочapyвањето што нема да играм на ЕП е огpoмно, но ќе се вpaтам пocилен за Cветcко” (Видео)

Илија Несторовски, македонскиот репрезентативец од Прилеп и напаѓач на калчолигашот Удинезе, го повpeди коленото и мораше да направи опepaциja, па поради тоа ќе го пропушти Европското првенство.

Во интервју за „Бекстејџ“, прилепчанецот говореше за актуелната ситуација. Кажа дека се помирил со судбината дека нема да игра на ЕП, меѓутоа се надева дека ќе му се врати се во иднина и дека со Македонија ќе биде дел од СП 2022 во Катар.

„Разочарувањето е големо бидејќи нема да играм на ова ЕП. Како што знаете сите, пет-шест години сум дел од оваа репрезентација. Од 166. место ја вративме Македонија кадешто доликува и кога испишавме историја, конечно се пласиравме на тоа ЕП, ми се случи таа повреда. Таква е судбината, требало да не играм на тоа ЕП и се надевам дека нашите момци ќе не израдуваат сите и ќе постигнат одлични резултати, па за СП ќе бидам доволно спремен“, вели тој.

Погледнете го интервјуто на популарниот “Нестор гол” за “Бекстејџ” во продолжение:

Го пpaзнyваме Св. Taлaлej: Го фpлиле на ѕвepoвите, а тие ce yмилкyвале околy него

Денеска е 20 мај (по стар стил) и се слави Светиот маченик Талалеј.

Родум од Либан, од татко Верукиј и мајка Ромилија. Осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање.

Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповедаше својата вера во Господ Христос пред мачителот, Нумеријан им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво.

Но, на џелатите како една невидлива сила да им го зеде видот и наместо Талалеј тие издупчија една штица и ја обесија на дрвото. Кога дозна за ова мачителот помисли дека тоа го направиле намерно и нареди да ги бијат.

Тогаш Александар и Астериј повикаа: „Жив Господ, отсега и ние сме христијани, веруваме во Христа и страдаме за Него!“ Кога го чу ова, мачителот нареди и ги убија со меч. Тогаш самиот мачител зеде сврдел за да му ги дупчи колената на Талалеј, но рацете му премалеа, па мораше да го моли Талалеј да го спаси, а овој тоа и го стори со молитва.

Потоа го фрлија во вода, но тој жив му се јави на мачителот. (Зашто Талалеј во себе Го молеше Бога да не умре веднаш, туку да му се продолжат маките.) Кога го фрлија на ѕверовите, тие се умилкуваа околу него и му ги лижеа нозете. Најпосле беше убиен со меч и се пресели во Царството Небесно, во 284 година.

Трошела по 850 евра за појадок месечно: Отворена иcтpaга за премиepката на Финска

Финската премиерка Сана Марин се соочи со истрага за контроверзен додаток на пари, за кој тврди дека ги покрива трошоците за појадок во нејзината официјална резиденција.

Финскиот дневен весник „Илталехти“ доцна во неделата објави дека станува збор за додаток за трошоците за појадок во износ од 850 евра месечно, што е скоро три пати повеќе од проценката на весникот кога првпат пишуваше за тоа минатата недела.

Весникот се распрашува дали Марин има право на додаток за појадок, објави бриселскиот портал „Политико“.

Во соопштението за печат издадено доцна синоќа, Кабинетот на премиерот потврди дека од јануари 2020 година до мај 2021 година, трошоците за користење на угостителските услуги на Марина за време на нејзиниот престој во службената резиденција изнесуваат 14.363,20 евра или просечно 845 евра месечно .

Трошоците вклучуваат појадок и ладни оброци, се наведува во соопштението.

Марин рече дека ги почитува правилата за барање на додатокот како што и беше објаснето кога ја презеде функцијата во 2019 година.

„Немав идеја, се разбира, дека има некаква двосмисленост во врска со додатокот за појадок“, рече таа за националната телевизија YLE.

Марин рече дека додатокот за појадок го користеле многу претходни премиери, но и дека правилата ќе бидат прегледани и ажурирани доколку е потребно, пренесува Танјуг.

Полицијата во Хелсинки соопшти дека одлучила да го испита случајот за да утврди дали имало прекршоци.

Тие изјавија дека ќе ги истражат постапките на вработените во Марина, а не на самата премиерка.

Лекција по фудбал: Елиф Елмас со прекрасен погодок ја поздрави Словенија (Видео)

Maкедонија со реми ги стартуваше подготовките за Европското првенство.

На националната арена “Тодор Проески”, Македонија ремизираше со Словенија 1:1.

Но и покрај ремито, Македонија одигра еден прекрасен натпревар, проследен со течна игра. Стрелец на голот за црвено-жолтите беше дијамантот Елиф Елмас во 55-та минута.

Во полуконтра Алиоски од левата страна центрираше во шестнаесетникот. Елмас ја „закачи“ на волеј, а со мал контакт во дефанзивец на Словенија топката ја затресе мрежата.

Словенија за реми се избори во судиското продолжение.

Една од последните средби на Градоначалникот со Стопанската комора? (Видео)

Денеска одржавме работна средба со претставници на Министерството за надворешни работи и со компании членки на Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп – информираше градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски на ФБ.

“Заедно со прилепските стопанственици, а во присуство на амбасадорот Игор Попов, директор за економска и јавна дипломатија, како и Сузана Тунева, Бекри Ајдини, Илија Псалтиров и Абдилџемил Саити, економски советници за Република Турција, ОАЕ и земјите од заливот, Полска и земјите од Вишеградската група, како и за СР Германија и Австрија, разговаравме за унапредување на соработката помеѓу МНР, локалната самоуправа и бизнис секторот.

Во општина Прилеп постојат голем број стопански субјекти кои се извозно ориентирани и кои се заинтересирани за освојување нови странски пазари, пред се’ од прехранбената и тутунската индустрија, мермерот, текстилот, кои со своите производи можат да се претстават во многу држави.

Со оваа средба меѓу нашите стопански субјекти и претставниците од економскиот дел на МНР, а во координација на Општина Прилеп, сигурен сум дека ја постигнавме целта и дека во иднина прилепските компании ќе бележат поголеми успеси на полето на економијата.

Во насока на подобро запознавање на можностите на прилепските компании, заедно со претставниците на Министерството за надворешни работи ги посетивме прехранбената индустрија „Витаминка“ и компанијата „Комфи Ангел“ – напиша Јованоски.

3aeв нajaви: Ќе соработyвал со Д У И, ДПА и БЕСА на локалните

Соработката меѓу партиите на Албанците на власт ДУИ, БЕСА и ДПА со СДСМ ќе се рефлектира и на локално ниво, најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

На редовните есеснски локални избори партнерите на владината коалиција СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА, додава тој, ќе се поддржат едни со други во одредени општини.

Заев најави дека соработката ќе биде во две фази, некаде коалициите меѓу нив ќе функционираат во првиот, а некаде во вториот круг од изборите.

– Да, отворени сме за соработка со ДУИ, БЕСА и ДПА, тие се трите партии на Албанците со кои сме во коалиција. Имаме општини каде логично е сите да настапиме со најдоброто што го имаме. А кој ќе влезе во вториот круг после тоа да се поврземе. Некаде ќе застанаме еден до друг уште во првиот круг, затоа што очекувам добри номинаци на кандидати и од нашите партнери, како што очекувам да ги прифатат и нашите кандидати за да застанат уште во прв круг позади нив, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Тв Клан.