дома блог страница 2021

Уживање! Kapoлина Гочева го претcтави своето нajново мyзично ocтвapyвање – Слyшнете ја “Идила” (Видео)

Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева пред повеќе од една недела најави дека ќе ги почести обожавателите со нова песна насловена „Идила“.

Каролина вчера и официјално ја објави новата песна на својата фејсбук-профил.

„Идила“ е прва од единаесетте песни – преработки што ќе се најдат на новиот албум, кој, според најавите ќе биде достапен наесен.

-Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…, вели Каролина.

Каролина соопшти дека проектот го работела скоро две години заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Денecка во 19ч. нajважен натпpeвap во ceзоната за PK Пpилеп – Cледете во живо!

Ракометарите на РК Прилеп денеска со почеток од 19ч. го играат најважниот натпревар во сезоната.

Во Прилеп гостува првопласираната екипа во плеј-аут сегментот на Супер лигата, Тиквеш.

Пред натпреварот ГРК Тиквеш има 28 бода, а прилепчани се второпласирани со 27. Победникот на овој последен натпревар од сезоната ќе обезбеди сигурен опстанок во најелитното ракометно друштво.

Прилепчани имаат врзано 3 победи пред дуелот со Тиквеш и се надеваат на победа и вечерва во салата “Ристе Ристески-Ричко”.

Натпреварот во живо можете да го следите на линкот во продолжение:

Груби се пофали: Apмиjaта доби Албанец генepaл (Фото)

“Честитки за новата позиција генерал Бесник Емини,

За прв пат, еден Албанец се назначува за командант на оперативната команда во Куманово, команда која е двигател на целата армија.

Генералот Бесник Емини беше активно вклучен во процесот и преговорите со НАТО се до полноправното членство на Република С. Македонија во овој сојуз”, пишува на Фејсбук првиот вицепремиер Артан Груби.

Филипче нajaви yкинyвање на полициcкиот чac

Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки – рече министерот.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека можно е од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19.

– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки – рече Филипче.

Тој истакна дека станува збор за две работи, а тоа е укинување на полицискиот час, како и протоколите за одржување на настани при што ќе бидат значително олеснети.

Мицкocки: 3aeв води тajни пpeговopи за ново национално пpeдавcтво, да бидеме подготвени за мacoвни пpoтecти

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

АЛАРМАНТНИ се информациите кои ги добив од дипломатски извори за новото предавство подготвувано од дуото Заев-Бучковски. Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија.

Заев се колнеше дека не прифаќа преговори за идентитетот и јазикот, а со прифаќањето бугарската Декларација да биде дел од преговарачката рамка на ЕУ, директно нѐ става во позиција да преговараме за македонскиот идентитет и јазик. Тоа е потег еднаков на предавство на македонскиот народ.

Моите информации говорат дека сето ова, дуото Заев-Бучковски планира да биде потпишано од нив, без да има расправа и усвојување на документот во Собранието на Македонија.

Ако Заев го прифати ова, тоа значи дека нѐ става во позиција да го негираме македонскиот иденитет и да прифатиме дека како народ постоиме од 1945 година, што е неболуза и срам за сите нас и за нашите предци и поколенија.

Не смееме да дозволиме овие двајца политички измамници да ја понижат жртвата на нашите предци и да ја загрозат иднината на нашите потомци. Затоа треба да бидеме подготвени за одбрана на македонскиот идентитет како составен дел од европските вредности, и да не дозволиме. Да бидеме подготвени за блокади и масовни протести! Нема преминување на црвените линии!

Не за уште еден национален пораз! Не во наше име и не за нашата Македонија!

П.С. Воедно да го споменам и следново, Заев изјавува дека ми бил даден на рака португалскиот предлог во однос на спорот Бугарија-Македонија. Само политички аматер како Зоран Заев гради дебата околу предлог кој беше експресно одбиен од бугарската страна, што подразбира дека секој следен би бил драматично полош и поштетен предлог споредено со претходниот.

Селекторот доби прекрасен подарок од играчите за роденден (Фото)

Во пресрет на Европското првенство и последниот тест дуел со Казахстан (во петок 17:00 часот), селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го прослави својот 45. роденден.

Неговите избраници, нашите херои, му приредија прекрасно изненадување и му подарија вреден подарок.

Фантазија, погледнете го новото шеталиште во Струга: Да ти е мерак да прошеташ (Фото)

Доцна синоќа вработените од ЈП Комунално Струга го украсија новото шеталиште со украсни чадори во боја – информираат од јавното претпријатие.

Директорот на ЈП Комунално Струга Иќмет Ислами, изјави дека идејата на овој проект е со цел граѓаните кој го користат шеталиштето пријатно да се чуствуваат, како во естетска смисла, така и во заштита од сонце.

Tpикови за блecкав дом, co овие еднocтавни намиpници ќе ги oтcтpaните нajтвpдокopните дамки

Доколку сакате темелно да исчистите некои делови од вашиот дом, ова се неколку предлози кои одамна се практикувале, но во сегашноста може се малку подзаборавени.

Се користат природни препарати кои ги користеле и нашите баби.

Сребрен прибор за јадење

Успешно може да го исчистите со помош на банана. Но, ако долго време стоел неисчистен детално, тогаш можеби е подобра опција да го ставите во тенџере кое претходно е обложено со алуминиумска фолија. Ставете три лажици сода бикарбона и додадете жешка вода. Оставете да отстои десетина минути и повторно измијте го приборот.

Дамки од бигор

Наслагите кои со текот на времето се создаваат од бигор, особено на туш батеријата не се убава глетка. За да го исчистите во пластична кеса ставете алкохолен оцет, а потоа во истата кеса ставете го тушот, така да биде целосно потопен. За да бидете сигурно дека кесата нема да се лизне, врзете ја и оставете да преноќи.

Наслаги од лепак

Доколку сакате да ја тргнете етикетата од теглата, а лепакот остана траг обидете се да го исчистите со лепак. Оцетот успешно го раствора лепакот, а помага и во отстранување на маснотиите кои знаат да останат по отстранување на лепакот.

Полирање кожа

Кожните чевли или чанта сакате да ги вратите во полн сјај? Пребришете нежно со мека крпа која претходно е потопена со млеко. Овој трик би требало веднаш да делува.

Туш кабина

Дамките на туш кабината се честа боја, а може да ги отстраните со бебешко масло. на чиста крпа ставете неколку капки бебешко масло и темелно пребришете ја кабината.

Огледало во бања

Пребришете го со крпа на која имате ставено пена за бричење. Со овој трик огледалото нема да се замаглува, а пената дополнително може да ја користите и како средство за отстранување на дамки од тепихот.

Полициjaта yaпcи пpилепчанец – му пpoнашле мapиxyaна и пpaшкacта матepиja

На 02.06.2021 полициски службеници од Полициcка cтаница Прилеп на ул„Браќа Миладиновци“ во Прилеп пopaди пocтoeње ocновано coмнение за стopeно кpивично дело казниво по чл.215 од Kpивичен законик, го лишиле од cлобода И.Б (36) од Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

– При пpeтpec во неговиот дом биле пpoнajдени и одземени дигитална вага, мapиxyaна и пpaшкаcта матepиja. По докyментиpaње на cлyчajoт ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – додаваат од МВР.

Честит именден Елена, Константин, Коста…

Православните христијани денеска го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Црква Св. Елена и Константин во населбата “Типски” во Прилеп

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Од тогаш на празникот на свети Елена и Костадин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.