дома блог страница 1995

Емотивен поздрав на капитенот до селекторот: “Направивте да се сакаме како браќа и да гинеме еден за друг”

Токму Игор Ангеловски беше причината што Пандев се врати во фудбалската репрезентација, а потоа учествуваше и придонесе за најголемиот успех на македонскиот фудбал

Доскорешниот капитен, нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, на вистински начин му се заблагодари на доскорешниот селектор, популарниот Мрме.

„20-10-2015 прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија.

Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев на својот профил на Инстаграм.

Фото/Инстаграм/goranpandev19

Maкедонците навалија во Грција: Редици на “Богородица”, еве колку се чека за излез (Фото)

Редици на автомобили денеска може да забележат на граничниот премин Богородица за излез од Македонија кон Грција.

На ГП Богородица има задржување од 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.

Инаку Грција објави дека од први јули ќе го отвори и граничниот премин Меџитлија – Ники, кој ќе работи 24 часа на ден.

Овој граничен премин на границата во Македонија беше затворен поради пандемија средината на јули 2020 година.

Туристичките работници во Грција ги истакнуваат предностите и недостатоците доколку некој реши да замине во Грција преку преминот Ники, односно Евзони.

Патот преку Евзони до крајбрежјето на Јонското море е подолг околу 40 километри, но е подобар, речиси по целата должина е автопат, така што можете да стигнете до дестинацијата за околу еден час и триесет минути побрзо доколку преминете преку Ники.

Предноста на возењето преку Ники е ново искуство и можност странските, најчесто српските туристи попатно да ги посетат Охрид и Битола.

Женскиот младински хор при МКЦ во сабота ќе одржи концерт во Прилеп

На 26 јуни 2021 /сабота/ од 20 ч. во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи Женскиот младински хор при МКЦ – Скопје.

– Пијано придружба: Иван Трајковски

– Соло делници: Ана Михајлова, Елена Васова, Мила Николовска и Јулијана Деспотоска

Диригент: Сашо Татарчевски

Податоци за Женски младински хор – МКЦ СКОПЈЕ

Од своето формирање во 1972 па сé до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разноврсен репертоар, овој ансамбл покажа дека и пеачи аматери можат да постигнат високо професионални резултати.

Освен редовните концерти во Скопје, хорот учествува во разни проекти соработувајќи со други ансамбли и млади композитори. Како резултат на таквата соработка беа издадени две ЦД-а – “Дискреирање на мантра“ и “ФИРОМ реквием“ со снимки од праизведбите на нови композиции од Александар Пејовски во изведба на женскиот младински хор, камерен оркестар, удиралки и лента под диригентство на Сашо Татарчевски.

Во изминатите 45 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали, промовирајќи се во вистински културен амбасадор на Република Македонија. Само во последните неколку години можат да се издвојат низа успешни меѓународни презентации како турнејата низ Нормандија, пехарот на натпреварот “Бохуслав Мартину“ и наградата за најдобра изведба на обврзна композиција во Чешка, првата награда во категоријата за стандардна хорска програма и првата награда во категоријата за фолклорни хорски обработки во Хрватска, втората награда на натпреварот на музичката академија “Фредерик Шопен“ во Варшава, првото место во категоријата камерни женски хорови на европските хорски игри во Грац, двете втори награди на интернационалниот натпревар „Краковиа Кантанс“ во Краков, златна диплома и две специјални награди на натпреварот „Ливиу Борлан“ во Романија, две први награди и три специјални награди на меѓународниот хорски натпревар „Вратиславија сакра“ во Вроцлав, како и две први места, специјална награда и GRAND PRIX на младинскиот хорски натпревар во Братислава.

Податоци за диригентот

Сашо Татарчевски дипломира и магистрира на ФМУ Скопје а посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург.

Има настапувано со голем број ансамбли вклучувајќи ги Камерниот оркестар на Битола, Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, „Солисти на ФМУ“ и други камерни и симфониски состави.

Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Денови на македонска музика, Интерфест, Скопско лето и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Русија, Австрија, Полска и Франција.

Во моментов работи како професор по група предмети од областа на диригирањето на ФМУ-Скопје, уметнички раководител на професионалниот хор “Про Арс“ и диригент на Женскиот младински хор при МКЦ. Член е на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.

Денеска е еден од нajголемите и нajтешките пpaзници во годината, ден кога се вpти Coнцето

Денеска православните христијани го празнуваат големиот празник посветен на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, или кај народот познат како Вртолум.

Во народното верување Вртолум се смета за особено важен ден, или за ден кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедал заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострадал маченички.

Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се родил на островот Кипар.

Бил Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викал Јосиф, но апостолите му го дале името Варна¬ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедал во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар.

Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го завршил маченички на Кипар. Пострадал од Евреите.

Според народните верувања, на овој ден не треба да се работи, бидејќи постојат можности за поплава, град и олуја. На Вртолум, според народните верувања, не смеете да се качувате на дрва, и не смеете да се капете во река.

Столбот на македонската одбрана се сели во Шпанија – потпишува за клуб од “Примера”?

Шпанските медиуми пренесуваат дека шпански фудбалски тим e заинтересиран за услугите на столбот во одбраната на македонската фудбалска репрезентација, Дарко Велковски.

26 годишниот играч кој има важечки договор со Ријека би можел да реализира одличен трансфер во тимот на Алавеш.

Според новинарот Виктор Поло, Алавеш пројавил интерес за Дарко Велковски кој беше редовен во репрезентацијата на Македонија на Европското првенство каде прикажа солидни партии, посебно на првиот натпревар против селекцијата на Австрија.

Aлиocки ги изpaдyва нajмалите во неговото родно Цpнилиште (Фото)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ги заврши настапите со Македонија на ЕП 2020, па пристигна во Македонија да искористи дел од одморот.

Играчот на Лидс Јунајтед замина во родното Црнилиште, прилепско село, а таму најмногу му се израдуваа најмалите од селото, инаку членови на фудбалскиот клуб кој игра во Третата лига, па направија фотографија за спомен со него.

Пеколни температури во Македонија: Во овој град беа измерени 41 степен

До 17.30 часот попладнево измерени се максимални 41 степен во Гевгелија и 40 во Демир Капија, како и 39 во Скопје, 38 во Тетово и Струмица, 37 во Битола, Штип и Виница, 35 во Прилеп, 34 во Крива Паланка и Охрид, 33 во Претор, 31 во Берово, 30 во Маврови Анови и Лазарополе, како и 29 степени во Крушево. Најсвежо е на Попова Шапка, 25 степени.

Како што информира УХМР, во планинските подрачја на југоисток попладнево имало краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.

До крајот на денот ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Mлада девojка зapaботи кpивична: Заедно со уште едно лице yкpaле пapи, накит и апарати

СВР Скопје поднесе кpивична пpиjaва пpoтив М.Ѓ.(25) од Скопје, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „тешка кpaжба“.

Пpиjaвената, на 01.02.2021 заедно со уште едно лице, со yпотpeба на cила влегле во куќа на ул.„Каирска“, сопственост на С.С., при што одзеле пapи, тexничка cтока и златен накит и на тој начин се стекнале со пpoтивпpaвна имотна кopиcт од 150.000 денapи.

Taка се прави тоа: Интер одлучи што ќе прави со Кристијан Ериксен

Клубот на Кристијан Ериксен, Интер, одлучи што ќе прави со Данецот, кој со нив има договор до 2024 година.

Се уште е нејасно дали Данецот ќе биде во можност да продолжи да игра фудбал, откако на првиот натревар за Данска на Европското првенство колабираше на теренот.

Но, и покрај тоа од Интер одлучија да го плаќаат Данецот без оглед на се’, a тој им вети неговите клубски колеги дека ќе се појави на првиот тренинг на екипата, на почетокот од идниот месец.

Секоја чест за актуелниот шампион на Италија!

Cpбиja ќе подapyва 200.000 кyќи: Постои само еден ycлов

Министерот за грижа на селата Милан Кркобабиќ на 28 јуни на Видовден изјави дека ќе биде распишан конкурс за доделување на селски куќи на млади брачни парови и навел дека државата за откуп ќе дава и до 1,2 милиони денари.

Кркобабиќ рекол дека во Србија има околу 200.000 напуштени селски куќи кои се на располагање на земјоделците и младите кои сакаат да останат да живеат на село.

„Владата треба да ја усвои програмата за доделување на средства, а очекувам јавниот повик да биде на Видовден, ќе биде тоа убава симболика. Сакаме луѓето од Косово, од јужна Србија, Црна Трава да не заминуваат за Белград и подалеку, туку тој пат да оди во обратен правец, да се обидеме да ги задржиме“, рекол Кркобабиќ.

Навел дека има голем интерес за откуп на селски куќи и дека единствен услов е брачните парови да имаат до 45 години.

„Сакаме куќи да добијат оние кои навистина сакаат да живеат во нив. Нека земјоделците се распрашаат дали има празни куќи во нивните краишта, а локалната самоуправа ќе изврши проценка“, објаснил Кркобабиќ.