дома блог страница 1994

“Би-Би-Cи” го cмecти Џани Aлиocки во дpим тимот на гpyпната фаза на Евpoпcкото пpвенcтво

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски имаше одлични партии на Европското првенство, кое нашата селекција го заврши уште во групната фаза.

Фудбалерот настапи на сите три натпревари на ЕП за нашата репрезентација и неговиот одличен учинок беше запишан во бележникот на елитниот британски медиум „Би-Би-Си“.

Токму името на Алиоски се најде во најдобриот тим во групната фаза на континанталниот собир, заземајќи ја левата бековска позиција.

Според британскиот медиум најдобар голман досега на ЕП е Каспер Шмајхел од Данска. Во одбраната друштво на македонскиот репрезентативец му прават Спиноза од Италија и Кјаер од Данска. Средниот ред е закажан за Клих од Полска Де Брујне од Белгиија, Вајналдум од Холандија и Локатели од Италија, додека нападот е составен од Имобиле од Италија, Лукаку од Белгија и Исак од Шведска.

Падна првата пpecyда за упадот во американскиот Капитол: Ocyдената доби ycловна и парична казна

Ана Морган Лојд, е еден од учесниците на немирите во Вашингтон кои се случуваа во јануари месец годинава. Таа денеска доби ycловна казна, парична казна и обврска за извршување општокорисна работа.

Морган Лојд е првата која е ocyдена за упадот во американскиот Капитол од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Лојд се изјаснила за виновна за учеството во демонстрациите, а како санкција доби, три годишна условна казна, 500 долари парична казна, како и 120 часа општокорисна работа.

Инаку, околу 500 лица се обвинети за немирите во Вашингтон.

Kpивична за жител од пpилепcко: Полициjaта мy пpoнашла две лoвни пyшки

ОВР Прилеп поднece кpивична пpиjaва пpoтив Т.Ј.(42) од с.Големо Радобил, прилепско, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено изpaботyвање, дpжење, пocpeдyвање и тpгyвање со opyжje или pacпpcкyвачки материи“ – информираат во дневниот билтен на МВР.

На 12.11.2020, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле пpeтpec во домот на пpиjaвениот, при што пpoнашле и одзеле два ловни кapaбини STEYR, калибар 8х57 со оптички нишан и STEYR, калибap 7.62мм и 42 пapчиња мyнициja, калибap 7.62мм, за кои не поceдyвал дозвола – додаваат од МВР.

Едноставен трик како да го разладите автомобилот за 10 секунди (Видео)

Да се влезе во пеколно врел автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде и опасно по здравјето.

Овде не е важно дали имате клима уред или не, овој трик ќе ви помогне автомобилот кој бил оставен на сонце, да го разладите за десет секунди.

Оние кои ја испробале оваа метода велат дека температурата во возилото на овој начин се спушта и до 10 степени.

Се што треба да направите е:

Да го спуштите прозорот на совозачката страна и да ја затворите вратата.

Вратата од страната на возачот да ја отворате и затворате.

Исто така, добро е на седиштата, особено ако се кожени, да ставите некаков памучен материјал, после што ќе ви биде полесно да седнете, затоа што нема да се врели.

Пред напуштање на автомобилот на менувачот ставете стара крпа која ќе го заштити од сонце, па нема да биде врел.

Мажите се на тешки маки во животот (Фото)

Фотографија од продавница за бои

За тие на кои англискиот му е слаба страна….

“Сопрузите кои избираат бои за бојадисување, мора да имаат потпишана белешка од нивната сопруга”

Комуналец се пофали со расад во некогашните прилепски фонтани (ФОТО)

ЈКП Комуналец Прилеп на ФБ објави дека со цветен расад се уредува населбата “Димо Наредникот”.

На фотографиите се гледа дека со цвеќе се украсуваат поранешните фонтани на улицата кои беа прекрасен украс, а сега се минато.

Вистинско време да се потсетиме како изгледаа овие фонтани…

Фонтаните беа поставени од претходната власт, а актуелната ги затрупа во 2018 година, со образложение дека истите ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот и на најмалите.

„Децата, често гејзерите ги користеа за игра, а системите за вода и осветлување користат електрична енергија . Но, секоја изведба и изградба има свој рок на траење и оправданост во функционирањето и пред се безбедноста. Централниот дел, иако во првите две години беше новина за сите нас и украс на градов, последниве години се покажа како нефинкционален и небезбеден, па отука и одлуката, тој да се преуреди во цветна алеа која ќе претставува украс во населбата „Димо Наредникот“. – се велеше во соопштението од септември 2018 година

Ибpaxимовиќ одмара на јахта, а во позадина “рска” Aца Лукас (Видео)

PARMA, ITALY - 2021/04/10: Zlatan Ibrahimovic of AC Milan reacts during the Serie A football match between Parma Calcio 1913 and AC Milan. AC Milan won 3-1 over Parma Calcio 1913. (Photo by Andrea Staccioli/Insidefoto/LightRocket via Getty Images)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ поради повреда го пропушти Европското првенство, па оваа пауза ја користи да се одмори пред почетокот на сезоната.

PARMA, ITALY – 2021/04/10: Zlatan Ibrahimovic of AC Milan reacts during the Serie A football match between Parma Calcio 1913 and AC Milan. AC Milan won 3-1 over Parma Calcio 1913. (Photo by Andrea Staccioli/Insidefoto/LightRocket via Getty Images)

Ибра деновите на одмор ги поминува на неговата јахта, а со своите фанови знае да објави дел од атмосферата.

На едно од неговите последни јавувања на социјалните мрежи можеше да се слушне дека ужива со познатиот хит на Аца Лукас.

Емотивен поздрав на капитенот до селекторот: “Направивте да се сакаме како браќа и да гинеме еден за друг”

Токму Игор Ангеловски беше причината што Пандев се врати во фудбалската репрезентација, а потоа учествуваше и придонесе за најголемиот успех на македонскиот фудбал

Доскорешниот капитен, нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, на вистински начин му се заблагодари на доскорешниот селектор, популарниот Мрме.

„20-10-2015 прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија.

Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев на својот профил на Инстаграм.

Фото/Инстаграм/goranpandev19

Maкедонците навалија во Грција: Редици на “Богородица”, еве колку се чека за излез (Фото)

Редици на автомобили денеска може да забележат на граничниот премин Богородица за излез од Македонија кон Грција.

На ГП Богородица има задржување од 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.

Инаку Грција објави дека од први јули ќе го отвори и граничниот премин Меџитлија – Ники, кој ќе работи 24 часа на ден.

Овој граничен премин на границата во Македонија беше затворен поради пандемија средината на јули 2020 година.

Туристичките работници во Грција ги истакнуваат предностите и недостатоците доколку некој реши да замине во Грција преку преминот Ники, односно Евзони.

Патот преку Евзони до крајбрежјето на Јонското море е подолг околу 40 километри, но е подобар, речиси по целата должина е автопат, така што можете да стигнете до дестинацијата за околу еден час и триесет минути побрзо доколку преминете преку Ники.

Предноста на возењето преку Ники е ново искуство и можност странските, најчесто српските туристи попатно да ги посетат Охрид и Битола.

Женскиот младински хор при МКЦ во сабота ќе одржи концерт во Прилеп

На 26 јуни 2021 /сабота/ од 20 ч. во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи Женскиот младински хор при МКЦ – Скопје.

– Пијано придружба: Иван Трајковски

– Соло делници: Ана Михајлова, Елена Васова, Мила Николовска и Јулијана Деспотоска

Диригент: Сашо Татарчевски

Податоци за Женски младински хор – МКЦ СКОПЈЕ

Од своето формирање во 1972 па сé до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разноврсен репертоар, овој ансамбл покажа дека и пеачи аматери можат да постигнат високо професионални резултати.

Освен редовните концерти во Скопје, хорот учествува во разни проекти соработувајќи со други ансамбли и млади композитори. Како резултат на таквата соработка беа издадени две ЦД-а – “Дискреирање на мантра“ и “ФИРОМ реквием“ со снимки од праизведбите на нови композиции од Александар Пејовски во изведба на женскиот младински хор, камерен оркестар, удиралки и лента под диригентство на Сашо Татарчевски.

Во изминатите 45 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали, промовирајќи се во вистински културен амбасадор на Република Македонија. Само во последните неколку години можат да се издвојат низа успешни меѓународни презентации како турнејата низ Нормандија, пехарот на натпреварот “Бохуслав Мартину“ и наградата за најдобра изведба на обврзна композиција во Чешка, првата награда во категоријата за стандардна хорска програма и првата награда во категоријата за фолклорни хорски обработки во Хрватска, втората награда на натпреварот на музичката академија “Фредерик Шопен“ во Варшава, првото место во категоријата камерни женски хорови на европските хорски игри во Грац, двете втори награди на интернационалниот натпревар „Краковиа Кантанс“ во Краков, златна диплома и две специјални награди на натпреварот „Ливиу Борлан“ во Романија, две први награди и три специјални награди на меѓународниот хорски натпревар „Вратиславија сакра“ во Вроцлав, како и две први места, специјална награда и GRAND PRIX на младинскиот хорски натпревар во Братислава.

Податоци за диригентот

Сашо Татарчевски дипломира и магистрира на ФМУ Скопје а посетува и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург.

Има настапувано со голем број ансамбли вклучувајќи ги Камерниот оркестар на Битола, Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Симфонискиот оркестар на ИКО од Рим, Оркестарот на Ермитаж од Санкт Петерсбург, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Битолската опера, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, „Солисти на ФМУ“ и други камерни и симфониски состави.

Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Денови на македонска музика, Интерфест, Скопско лето и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Русија, Австрија, Полска и Франција.

Во моментов работи како професор по група предмети од областа на диригирањето на ФМУ-Скопје, уметнички раководител на професионалниот хор “Про Арс“ и диригент на Женскиот младински хор при МКЦ. Член е на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.