Попладнево на стадионот во Гостивар, фудбалерите на Победа во третиот пријателски натпревар во подготвителниот период, загубија од новиот второлигаш Беса со 3-1 (полувреме 1-1).
Во тврд и борбен натпревар, пресудија големиот број неискористени шанси на црвено-белите, како и недоволната концентрација и координација во дефанзивата, при ситуациите од кои се примени головите (третиот за домаќините од непостоечки пенал).
Во првиот дел шанси не искористија: Најдов, Дигаловски и Карчески, додека во вториот дел не беа прецизни: Бојан Спиркоски, Митрески, Кисески-Илијоски, Јошески и Карчески.
Стрелец на голот за водство на Победа беше Бојан Спиркоски во 5-та минута.
Победа прво полувреме: Котевски, Бошески, Карчески, Петкоски, Кукески(од 22-ра мин Стомнароски), Дигаловски, Ангелески, Момироски, Неделков, Најдов и Б.Спиркоски.
Во вториот дел уште играа: Столевски, Кисески-Илијоски, Митрески, С.Спиркоски, Алимоски, Јошески, Дунимаглоски, Поп-Антоски, Ф.Спиркоски.
Наредната проверка е во недела на 25-ти јули, на 21-вото издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци, на кој по италијански модел, по едно полувреме, Победа ќе игра со Тиквеш и Вардар.