Прилеп, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 …на шеститот меморијален турнир во чест на прерано починатата прилепска легенда Mиле Нешкоски

Ракометниот клуб Прилеп ја известува пошироката ракометна и спортска јавност во Македонија дека почнувајќи од 31 август до 2 септември во Прилеп ќе се одржи меморијален турнир во чест на прерано починатата прилепска ракометна легенда Миле Нешкоски.

Освен домаќинот Прилеп на овогодинешното издание уште ќе настапат екипите на Тиквеш, Голден Арт, Струга, Еурофарм Пелистер 2 како и екипата на Дубочица Лесковац која доаѓа од соседна Србија.

Овој е шести меморијален турнир во чест на Нешкоски кој лани поради пандемија со Ковид-19 не беше во можност истиот да се организира.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.