дома блог страница 1996

Цела лепеза вработувања во ЈКП Комуналец – Прилеп, плати до 30.000 денари – Аплицирајте!

Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп, објави ОГЛАС за вработување на 14 јавни службеници за следните работни места:

1. Самостоен референт – Tехнички секретар, Oдделение за општи и правни работи, Оддел за правни работи, Сектор за општи и правни работи – 1 извршител

2. Виш референт за премер и контрола, Oдделение за општи и правни работи, Оддел за премер, Сектор за општи и правни работи – 2 извршители

3. Стручен соработник, Oдделение за општи и правни работи, Оддел за премер, Сектор за општи и правни работи – 1 извршител

4. Помлад соработник за даноци, Oдделение за финансии, Сектор за финансиско работење – 1 извршител

5. Раководител на одделение за финансии, Сектор за финансиско работење – 1 извршител

6. Референт – Благајник, Oдделение за комерција, Сектор за финансиско работење – 1 извршител

7. Референт за наплата, Oдделение за АОП, Сектор за финансиско работење – (1) извршител

8. Соработник за човечки ресурси, Oдделение за управување со човечки ресурси – (2) извршители

9. Инженер за компјутери, информатика и развој, Oдделение за управување со човечки ресурси, Оддел за информатика – (1) извршител

10. Советник за безбедност при работа, Одделение за управување со човечки ресурси, Oддел за безбедност при работа -(1) извршител

11. Соработник за контрола на набавки и договори, Oдделение за јавни набавки – (2) извршители

Огласите се активни до 07.07.2021 година

Сите потребни услови за работните места погледнете ги ТУКА

3aeв: “По гpeшка кажав “македонска peпpeзентациja”, имам 47 години се cлyчyвaaт гpeшки” (Видео)

По грешка кажав „македонска репрезентација“ – имам 47 години се случуваат и грешки – кажа меѓудругото Зоран Заев на денешната заедничка прес конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Во продолжение целиот негов одговор на новинарско прашање:

Грција го замрзна ратификувањето на меморандуми за соработка со Македонија, поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за фудбалската репрезентација, во која не го користи уставното име на државата.

Под наслов „Гнев во Атина, замрзнуваат меморандуми со Македонија“, грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека станува збор за три меморандуми кои парламентот требало да ги ратификува идниот месец, на 10 јули, но дека сега процесот ќе биде одложен, најверојатно, за септември, а можеби и за подоцна.

Повикувајќи се на владини извори, „Катимерини“ пишува дека грчката влада не може да „замижи“ пред „двојната игра“ на „соседите“, потенцирајќи дека изминатиов период имало неколку „инциденти“ поврзани со договорот.

Во „Твитот“ од понеделникот кој ја налути грчката влада, Заев напиша дека фудбалскиот натпревар го следи заедно со холандскиот премиер и дека без оглед на резултатот, дава поддршка на „македонската фудбалска репрезентација“.

3aeв: Пpoдолжyва pacтот на пpoceчната плата, платите ќе pacтат и понатамy

Продолжува растот на просечната плата. Во април годинава таа изнесувала 28.438 денари, што е зголемување од 10,1 отсто или за 2.608 денари во споредба со април 2020, кога била 25.830 денари, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Согласно податоците од Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,0%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7%), напиша Заев.

Платите, нагласи, ќе растат и понатаму, бидејќи се грижиме за сите граѓани подеднакво!

УЕФА му приреди предизвик на селекторот Ангеловски: Дали Мрме ги препознава фудбалерите кога биле деца? (Видео)

Македонската репрезентација го заокружи настапот на Европското првенство со натпреварот против Холандија. За жал остваривме три порази во групната фаза и не успеавме да се пласираме во осминафиналето.

После мечот неколку репрезентативци заминаа во репрезентативна пензија, а заврши и ангажманот на селекторската позиција за Игор Ангеловски.

Популарниот Мрме доби предизвик од УЕФА, на кој требаше да погодува за кој наш репрезентативец станува збор, гледајќи фотографии додека биле млади.

Видеото погледнете го ТУКА

Oд први jyли ќе се издавaaт пacoши со “Ceвepна”

Пасошите кои ќе се издаваат од први јули ќе бидат со новото уставно име “Република Северна Македонија”. Ова за „Фокус“ го потврдија од МВР.

Според договорот од Преспа граѓаните кои имаат важечки пасоши и возачки дозволи со Република Македонија, треба да ги заменат до 12.02.2024 година, додека за личните карти од МВР велат дека дополнително ќе известат.

Инаку од МВР пред неколку дена информираа дека поради миграција во нов систем, од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. 06. 2021 година (недела-до 21 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).

Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.

Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите.

Ocмани: Bo xимната голем дел од гpaѓаните не ce cпоменувaaт

Шефот на дипломатијата Бујар Османи демантира дека владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети преговараат за промена на химната, грбот и знамето.

– Дека се преговара пишуваат медиуми, а не дека Ахмети вели. И јас можам да демантирам дека Ахмети рекол такво нешто, и тоа е несериозно пренесување на изјава која е за пред 20 години кога се разговарало за знамето, за химната, за грбот. Згора на тоа имаше промена на грбот. Но, нема такви преговори, а очигледно е дека прашањето на химната не е инклузивен елемент во државата, и тоа го чувствувате на спортските натпревари кога се нè спојува, освен химната каде еден голем дел од граѓаните не се гледаат внатре, не се споменуваат. А, ние градиме едно мултиетничко општество за кое сите ни завидуваат – изјави Османи за ТВ21.

„Навиваме и добиваме“ во полн ек – вклучи се и ти!

Скоро сме на половина од фудбалското Европско првенство, финализира групната фаза, а со тоа ќе започнат и поголемите возбудувања во елиминациите, каде секогаш натпреварите ветуваат интересни резултати, голови и вистинска фудбалска магија.

Репрезентацијата на Македонија нема да го продолжи својот настап, но со спортските обложувалници Евротип и понатаму навиваме и добиваме!

Токму тоа е мотото на наградната игра која е во полн ек, а со која во текот на целиот овој фудбалски месец Ве очекуваат бројни вредни награди!

Најсреќните двајца добитници, односно оние кои во текот на Европското првенство ќе имаат тикети со највисок погоден коефициент, еден тикет во регуларна уплата и еден со највисок коефициент од понудата за обложување во живо, ќе бидат наградени со вреден четирицикл!

Возбудувањата не застануваат тука, па награди се доделуваат и на секои четири пет дена! Не се заборавени ниту оние „малерозни“ кои ќе промашат само еден натпревар на тикетот, па секој таков тикет кој ќе има највисок погоден коефициент (не сметајќи го промашениот пар), ќе биде наградуван со Самсунг Галакси А52 во текот на Европското првенство!

Сега е вистинскиот момент и за користење на Евротип клуб картичката, која доколку се уште ја немате, можете во секој момент да се обратите кај операторот во вашето уплатно место и да ги искористите сите поволности.

„Навиваме и добиваме“ до самиот крај на Европското првенство!

www.evrotip.mk

Мицкocки: Во 2017 година го ocтавив ЕЛEM со 30 милиони евра на сметката, а CДCM лани го однеле во загyба oд 16.8 милиони евpa

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека во 2017 година го оставил ЕЛЕМ со 30 милиони евра во депозити и на сметка, а СДСМ лани го однеле во загуба 16.8 милиони евра.

-Колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев во енергетиката за само една година:

загуба на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) 16,8 милиони евра,

загуба на МЕПСО 6 милиони евра и

вкупната загуба на двете државни, наши компании е 22,8 милиони евра во 2020 година.

За споредба на 5 август 2017 година ЕЛЕМ го оставив со 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра банкарски депозити и околу 300 милиони денари или 5 милиони евра на сметка со исплатени обврски, а МЕПСО 2016 година ја заврши со нето добивка од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе. Граѓаните ќе одлучат дали ќе го поддржат ова секојдневие на СДСМ каде се крадат и банкротираат држаните компании или иднината која ја нудиме со инвестиции и развој на државните компании…., стои во неговиот пост на Фејсбук.

Tурска новинарка од познатиот спортски сервис “Беин спортс” му прави интервју на македонски јазик на Горан Пандев (Видео)

И пред Европско и за време на Европско и после Европско, капитенот не може глава да крене од интервјуа. Цела Европа го бара, па почнаа и на нашки да му зборат странските новинари.

Телевизискиот гигант Беин Спортс кој има глобална мрежа на спортски канали во 13 земји на четири континенти и кој е во сопственост на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, оди во етер на арапски, англиски, шпански, француски и турски јазик.

Последната јазична верзија во еден момент од турска стана македонска, а заслугите одат кај шармантната Сејхан Шашко која има потекло од Охрид.

Tурската водителка на својот Инстаграм има направено интервју и со Игор Ангеловски на англиски.

Интервјуто на македонски со Пандев погледнете го ТУКА

Димовски: “Дали светот е известен дека немаме регистарски таблици и дали да возиме низ Европа со нерегистрирани коли?”

Дали светот е известен и дека нема регистерски таблици, прашува поранешниот пратеник Илија Димовски.

– Да почнеме да возиме со нерегистрирани коли по Европа?, прашува тој.

Претходно, продолжен беше рокот на истечените патни исправи, за што од МВР информираа дека „известен е светот“ за оваа одлука. Исто така, од утре до недела граѓаните нема да можат да ги подигнат личните документи за коишто аплицирале.