дома блог страница 1930

Филипче: “И со потврда за прележан Koвид-19 ќе може во кафуле”

За влез на сите настани кои се организираат освен со сертификат за вакцинација со примена барем една доза, ќе биде доволно да се приложи и потврда од прележан Koвид во рок од 45 дена, рече министерот за здравство Венко Филипче пред Општата Болница во Охрид.

-Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица, рече Филипче.

Филипче, потврди дека и граѓаните кои прележале ковид, покрај тие што примиле најмалку една доза на вакцина, ќе може да влегуваат во затворени простории, одоносно да присуствуваат на настани на затворено.

Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Чаир и Сарај 669, Прилеп и Битола 319 ваучери за туризам

Министерството за економија вчера ја објави листата на одобрени потврди за користење средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари.

Целата листа на добитници можете да ја погледнете ТУКА

На социјалните мрежи веднаш се појавија реакции, а најголемиот број се однесуваат на тоа дека најмногу ваучери добиле жители на скопските општини Чаир и Сарај.

Десантот на Ханиоти (Видео)

Жестока утринска борба за лежалки се случи на плажа во Ханиоти, мирен туристички град кој е лоциран во источниот дел на полуостровот Касандра, Халкидики – Грција. Имено, српските туристи, како во стампедо, трчаа штом се отвори плажата за да ги завземат најдобрите места во првите редови покрај морето.

Снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи, а корисникот што ја објавил во описот навел дека станува збор за српски туристи, а во еден момент се слушна како некој довикува „застани“.

Видеото јасно покажува како туристите, штом се отвори плажата, почнуваат да трчаат без да гледаат каде одат. Една жена додека брзаше изгуби рамнотежа и падна на глава, но на никој од присутните не пријде да и помогне.

Денеска започнува двонеделниот Богopoдичен пocт

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).

Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.

Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.

Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава.

Битолчанец зел Јагуар од плац за изнајмување во Англија па го слyпал, потоа на урнебесен начин објаснуваше што се случило (Видео)

Битолчанец од плац за купување и изнајмување на автомобили во Англија зел да проба еден “Јагуар XF” и без согласност на сопственикот го управувал на локален – oбјави порталот од Битола “Бабамбитола”

Излегол на патот и возел во спротивна насока, па се судрил со Мерцедес. Начинот на кој му ги објаснува причините за сообраќајката на сопственикот на автомобилот е урнебесен.

Погледнете во видеото во продолжение (4мин):

Стојанче бpyтално pacпали пpoтив Пендapoвcки

Фејсбук статус на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов

Во своето денешно интервју за Дојче Веле, претседателот Стево Пендаровски меѓу другото тврди дека почетокот на акцијата за заземање на Арачиново бил неуспешен и дека неуспехот на акцијата бил очигледен.

Верувам дека ваквата изјава претседателот ја дал поради недоволна информираност за овој настан и дека во првиот момент кога двајцата ќе најдеме време ќе седнеме на по едно кафе и јас како непосреден учесник во нападот на Арачиново, како тогашен заменик командант на Тигрите кој предводеше дел од пешадискиот напад, ќе му ја раскажам мојата вистина за Арачиново, вистина зад која имам стотици сведоци од редовите на македонските безбедносни сили.

Почитуван претседателе Пендаровски! Во битката за Арачиново, ние, припадниците на македонските безбедносни сили, бевме надмоќни во секој поглед. Бевме побројни, подобро организирани, подобро обучени, вклучително и една врвно обучена полициска единица (Тигри) и една врвно обучена армиска единица (Волци). Понатаму, ние, припадниците на македонските безбедносни сили, бевме и помотивирани бидејки злото ни стигна до прагот на главниот град. Бевме и неспоредливо подобро опремени и вооружени. Од вооружување ние имавме безмалку сѐ, а тие немаа речиси ништо, освен нивните стари пушки и митрлези, фрлачи на ракети и минофрлачи.

Во нападот на Арачиново македонската Армија за прв пат ги употребени борбените авиони „Сухој“ со нивните разорни ракети и митралези, по којзнае кој пат ги употреби и борбените хеликоптери МИ-24 и МИ-8 со нивните исто така моќни ракети и митралези. Тенкови, топови, хаубици, минофрлачи, митралези, рачни фрлачи на ракети, пушки и пиштоли! Авијација, артилерија, логистика и пешадија!

Со ваква огнена надмоќ едноставно, немавме причина да брзаме. Зошто брзајќи да губиме „жива сила“ кога можевме пополека, без брзање, да го освоиме и исчистиме селото без многу загинати, ранети или повредени?

Претседателе Пендаровски! Без разлика на вашата перцепција која произлегува од вашата тогашна позиција Советник за национална безбедност во кабинетот на тогашниот Претседател, јас ве уверувам дека во 2001-та, ние, македонските бранители, војнички победивме во сите битки, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме. Изгубија политичарите. Но нивниот политички пораз е далеку од наш воен пораз. Нашата акција во Арачиново не само што не беше неуспешна туку беше победничка. Победничка бидејки нашиот непријател побегна. Побегна напуштајќи го боиштето тогаш кога сфати дека ќе биде целосно елиминиран. Мавтајки со бели знамиња, молејки за помош кај НАТО и меѓународната заедница.

20 години подоцна, на политичкиот пораз гледам малку поинаку, свесен дека тогаш на политичарите воопшто не им било лесно. Едноставно, додека ние со УЧК се боревме во прашината, државниот врв во удобниот хотел Белви бил под страшен притисок од меѓународната заедница и НАТО, да го прекине нападот и да потпише мировен договор.

Денес често се прашувам дали доколку нашето државно раководство не попуштило и не овозможило безбедно извлекување на опкружените припадници на УЧК од Арачиново, Македонија во 2001-та ќе завршеше како Србија во 1999-та? Особено ако се има во предвид дека додека траеле овие мачни преговори, нашите безбедносни служби јавиле дека од Јонско во Јадранско море впловува еден голем носач на авиони. Моја претпоставка е дека информацијата за овој носач го омекнал мислењето на целиот државен врв. Претпоставувам, не тврдам.

Како и да е, 20 години подоцна, тие кои тогаш им помагаа ним, денес ни помагаат нам, на сите нас, кои живееме на ова единствено парче македонска земја на кое е формирана единствената македонска држава Македонија, макар и со географската одредница Северна.

Забелешка: Оваа реакција ја пишувам со прекини додека со помош на француските противпожарни експерти договараме стратегија за ставање под контрола на шумскиот пожар над демиркапиското с. Барово. Од местото на кое стојм гледам како шумата високо над селото гори и чади на неколку места а ветрот и сувата вегетација максимално ја влошуваат состојбата.

(Фото) Наезда на поскоци во соседството

Високите температури и новиот тропски бран во градовите во Западна Србија доведоа до појава на голем број на “опасни гости”. Се повеќе повици стигнуваат на адресата на Арсениј Хаџи Басур, кој змиите ги лови со голи раце.

“Секој ден добивам повици, никогаш не сум ги добивал во ваков број. Доколку се сретнете со змија која има мал рог на главата, тогаш знаете дека се работи за поскок. Нивните движења се разликуваат од движењата на другите змии. Затоа, најдобро е да ги избегнувате пределите во кои има висока треба и да гледате каде газите. Доколку ваква змија се појави во куќата или во близина, најдобро е да се оддалечите, додека и таа не се оддалечи”, вели Арсениј.

“Дури и ако не се работи за отpoвница, најдобро е да ги избегнувате. Змиите се хранат со глувци, па поради тоа можат да пренесат опасни бактерии”, вели тој.

Вучиќ нема да оди на одмop, не видел мope цели 10 години: “Замислете да избие некој пожap, а јас да бидам на одмop”

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека нема да оди на одмор но не им забележува на оние политичари кои одат. Тој вели дека сигурно се уморни што одат на одмор. Но Вучиќ тоа не може да си го дозволи со оглед на состојбата со пожарите во регионот.

“Луѓето имаат свои семејства, одмараат после напорната работа. Јас сум овде, сакам да бидам овде, замислете да избие некој пожар, а јас да не бидам тука. Не би го издржал тоа, морам да бидам со најголемиот дел од нашиот народ, иако не можам да верувам колку луѓе имаат отпатувано, кога ќе ги погледнам податоците од граничните премини. Тоа значи дека собрале доволно пари за да можат да отпатуваат и покрај короната”, истакна Вучиќ.

Људи из његовог окружења потврдили су нам да Вучић тако већ 10 година није видео море, пиђе Ало.рс.

Луѓето од неговото опкружување за српскиот портал “Ало” велат дека Вучиќ не видел море во изминатите 10 години.

“Секоја година од како стапи на важна функција, прво како премиер, а потоа како претседател, иста приказна. Се обидуваме да го наговориме да се одмори малку, но нема шанси, секогаш се случува нешто важно и тој не може да одвои ниту 3 дена за себе”, вели близок човек до Вучиќ за “Ало.рс”.

Бpзaj, бpзaj гpaдоначалниче… Cе ближи октомвpи

Се ближи октомври и локалните избори, а тоа го вклучи алармот кај градоначалниците на СДСМ. Деновиве растрчани, брзаат да асфалтираат метар квадратен повеќе и да раскопаат што повеќе улици.

Иста е ситуацијата и во Прилеп каде актуелниот градоначалник Илија Јованоски и еден од кандидатите за нов мандат, секојдневно информира за нови градежни зафати.

Пред околу 1 месец раскопани беа кејовите покрај Градската река, па иако се уште недовршени, денеска градежни зафати започнаа и на улицата „Мице Козар“.

“Започна реконструкцијата на дел од улицата „Мице Козар“ во должина од 300 метра. Станува збор за една од најфреквентните и најоштетените улици во градот, по која се движат и тешки товарни возила.

Градежните активности на оваа улица ќе бидат завршени во следните петнаесетина денови, со што значително ќе биде подобрена безбедноста за сите учесници во сообраќајот на оваа улица.

Општина Прилеп продолжува со реконструкција и рехабилитација на повеќе улици во градот. Во текот на следната недела ќе започне асфалтирањето на кејовите „9. Септември“ и „1.Мај“, а со забрзано темпо продолжуваат и активностите за изградба на улицата „Целе Мавроски“.

При крај е поставувањето на бекатон плочки на тротоарите од двете страни на улицата „Тризла“, а од понеделник започнува и комплетната реконструкција на улицата „Трајко Николоски“, на потегот од од новиот мост кај „Сточен пазар“, до улицата „Александар Македонски“.

Она што можам да го кажам, е дека до крајот на градежната сезона ќе бидат реконструирани, рехабилитирани и изградени сите улици кои беа предвидени во Програмата на општина Прилеп за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за тековната 2021 година”, напиша Јованоски на ФБ.

Погледнете дали сте добитник: Обjaвена лиcта на добитници на вayчepи од 12.000 денapи за летyвање

Министерството за економија ја објави листата на одобрени потврди за користење средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари.

Во соопштението се појаснува дека добитниците кои се од Скопје потврдите можат да ги подигнат во Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство од понеделник (16 август) од 9 до 14 часот. На оние добитници кои не се од Скопје потврдите ќе им бидат испратени по пошта, се додава во соопштението.

Добитниците на потврди кои се од Скопје, истите ќе можат да ги подигнат во Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, од понеделник 16.08.2021 година, од 09:00 до 14:00 часот. На добитниците кои не се од градот Скопје истите ќе им бидат испратени по пошта.

Целата листа на добитници можете да ја погледнете ТУКА