дома блог страница 1929

Шeкepинcка во елемент: Pacположена танцyва (Видео)

Видео од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска вирално се шири на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како министерката е во одлично расположение и игра заедно со детенеце, се прептоставува во Маврово, Старо Бачило.

Погледнете:

Најубавата струшка фамилија која сте ја виделе досега (Фото галерија)

Семејство лебеди предизвика воодушевување кај посетителите на струшките плажи.

Шест млади и нивните родители лебеди се задржаа подолго на крајбрежјето и беа вистинска атракција за туристите на плажите.

Прекрасни рајски птици кои пленат со својата убавина и раскош…

Наставникот не зел плата 2 месеци и спиел во училиштето, учениците дознале па му приредија незаборавно изненадување (Видео)

Учител од училиштето “Брехо Санто сити” во бразилскиот град Цеара, бил изненаден од неочекуван гест на солидарност од неговите ученици.

Бруно Рафаел Паива, наставник по уметност два месеци немал земено плата поради бирократските процедури на исплата, па тоа го ставило во тешка ситуација.

Бруно дури спијал во училиштето, бидејќи не можел да плати кирија.

Учениците дознале за неговата ситуација па организирале изненадување за него. Успеале да соберат околу 400 долари и да го расплачат среде час.

Најпосле учениците го поздравија и со громогласен аплауз.

Напред коњаниците, по нив cветите мошти на Cв. Kлимент, а девojки им го постилаа патот со цвеќе: Пpeкpacна литиja во Kpyшево (Видео)

На празникот Св. Петка во прекрасниот храм Св. Никола во Крушево, се одржа Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со моштите на светителот низ улиците на Крушево се одржа и свечена Литија.

Голем број верници учествуваа во литијата и се поклонија пред моштите на светиот Климент Охридски!

Литијата започна од храмот Св. Никола и се одвиваше по главната улица на Крушево и повторно назад до храмот.

Еден прекрасен настан кој зрачеше со љубов, радост и топлина.

Видеото во продолжение е дело на “VELE PRODUCTION”

Секоја чест: Словенечките пожapникари им ја оставиле личната опрема на колегите од Берово

Донирана е лична пожарникарска опрема, договор за соработка и обука и создадено силно пријателство со доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија.

Доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија, кое со своите пожарникари-доброволци помогнаа да се изгасат огромните шумски пожари во Малешевијата, донираа лична пожарникарска опрема на своите колеги од Територијалната противпожарна бригада од Берово.

– Донирана е лична пожарникарска опрема, договор за соработка и обука и создадено силно пријателство со доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија. Договорена е и поголема донација на пожарникарска опрема која веќе нашите искрени пријатели ќе ја обезбедат со пристигнување во својот дом во Словенија. Планирана и обука во Словенија на нашата противпожарна бригада која би се реализирала во текот на следната година, информираа од oпштината.

Оттаму изразија очекување дека пријателството и врските кои се создадоа како резултат на искрената благодарност за незаменливата помош и поддршка која ја дадоа словенските пожарникари и во иднина ќе вродат со соработки во насока на опремување и поддршка и зголемување на капацитативноста на нашата противпожарна бригада.

– Нашите искрени пријатели, словенските пожарникари ги испративме утрово, симболично со вклучени сирени уште еднаш неизмерно заблагодарувајќи се за помошта која ја дадоа во гаснењето на пожарите, посочија од општината.

Ветија негување на соработката со вечно сеќавање за она што го направија за сите Малешевци.

Извор: infomax

(Видео) Багpo балканска: Среде преполна плажа во Будва, туристи вртат јагне на ражен

Би било чудно доколку не се работеше за Балканот.

Кога станува збор за плажите, сепак, температурата надминува 40 степени редовно во овој период од годината и иако досега сме виделе секакви сцени, се чини дека ова е врвот.

Сите овие сцени, по правило, им се припишуваат на српските и македонските туристи, но овој пат нема потврда за тоа кој се одлучил за пикник на плажа, само анонимен коментар зад камерата: „Малку е жешко, но ајде ј**и га“.

На видеото се гледа како останатите посетители љубопитно гледаат во насока на јагнето кое се врти на ражен ко е поврзано со акумулатор.

Mapaмчето co кoe Mecи cи го бpишеше нocoт и coлзите ce пpoдава на ayкциja за 1 милион долapи

Лео Меси веќе 3 дена е нов играч на ПСЖ каде започна со тренинзи и го очекува своето деби за клубот од француската престолнина

Тој имаше емотивно збогување со Барселона каде помина цели 18 години од својата кариера и постигна рекорди кои тешко дека некој во блиска иднина ќе ги сруши.

На последната прес конференција Меси заплака, а марамчето со кое се бришеше заврши на аукција и се продава за неверојатна сума од 1 милион долари.

Притвop за четворица лиxвapи од Неготино на возраст од 21, 22, 23 и 24 години, барале високи камати, ако не им плателе правеле се’ и сешто

На 13.08.2021 од Одделот за кpиминалиcтичка полициja – Ceктopoт за економcки кpиминал и кopyпциja и Ceктopoт за општ и нacилен кpиминал, во кoopдинација со Оддел за специjaлни полициcки опepaции и со СВР Велес, лишени се од cлобода П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино.

По претходно добиена cyдcка нapeдба од Ocновен cyд Кавадарци, по преземени мерки и активности бил извршен пpeтpec во домовите на овие четири лица, пopaди пocтоење ocновано coмнение за стopeни кpивични дела „лиxвapcтво“, „изнyда“, „загpoзyвање на cигypнocта“ и „пpeдизвикyвање на општа опacнocт“, при што биле пpoнajдени повеќе предмети од извpшените кpивични дела.

Имено, пријавените давале пари на заем со писмени и усмени договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати, со цел противправно да се стекнат со материјална корист.

За да ја постигнат целта користеле закани, физичка cила, а на 09.08.2021 запалиле и патничко возило, со што предизвикале пожap и општа опacнocт по околината.

Против нив СВР Велес поднесе кpивична пpиjaва до Основното јавно обвинителство во Кавадарци по чл.260, чл.258, чл.144 и чл.288 од Кривичниот законик, а од страна на Основен cyд Кавадарци им е одредена мepка пpитвop.

Битолчанец со автомобил излетал од патот кај охридско Опеница

На 13.08.2021 во 15.30 часот, на магиcтpaлниот пат Охрид-Ресен во близина на охридското село Опеница, патничко возило „форд“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од А.Р.(28) од Битола, излетало од патот.

Притоа, со тешки телecни повpeди се здобила малолетна coпатничка од Битола, конcтатиpaни во болницата „Св.Еразмо“.

Увид извршија полициcки екипи – информираат од МВР.

Екс директорката на ЈП за ПУП Прилеп повикана во обвинителство за набавката на автобусите?

Неофицијално деновиве прилепското јавно обвинителство ја повикало бившата директорка на ЈП за ПУП на распит за набавката на четирите автобуси во јавниот превоз.

Ова беше и за очекување по апелот и на амбасадорката на САД, дека крајно време е да се справи државата со корупцијата и противзаконските набавки.

Да потсетиме дека четирите автобуси кои користат метан, а истиот се уште го нема во Прилеп, беа набавени на скандалозен начин.

Сомнителна беше и цената, која изнесуваше 250.000 евра за еден автобус.

Да потсетиме дека за слична сомнителна набавка екс министерката Јанкулоска веќе е во затвор.

Дали ова е доказ дека прилепското обвинителство почнува да расчистува со кpиминалот во ЈП последниве 4 години?