дома блог страница 1931

Еве колкави ќе бидат казните за тие кои невакциниpaни ќе седнат во угостителски објект

Грaѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без cepтификат за пpимена вakцина пpoтив Koвид-19 ќе платат kaзна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели за “Сакам да кажам” дирекоторката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска.

Директорката Симеска-Димоска за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснува дека во нивна надлежност е да казнуваат и физички и правни лица за непочитување на мерки од Законот за заштита на населението, и дека ќе биде нивна проценка кога ќе бараат асистенција од службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Надлежноста, вели таа, е согласно членовите 58 и 28 од Законот и додава дека досега имаат одлична соработка со МВР.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Сведoштво на доктopка од бpза помош: “Доаѓаат со темпepaтypa eдвaj дишат, велат пиjaв швeпc, jaдев сладолед, од климата ми е”

Д-р Марија Спасовска работи во брзата помош во Гостивар. Таа на Фејсбук опиша една типична ситуација од дежурствата изминатиот период.

Фото/Facebook

Ноќна смена на брза помош во Гостивар.
(верувам дека и во други градови е исто)

Прегледуваш со отворен прозорец за да се заштитиш (и себе, и пациентите). Надвор, и внатре, грми од некојси музички настан што многу “соодветно” се одржува спроти градска болница.

Не го слушаш пациентот од бучава. Апаратот за притисок едвај.

Затвораш прозорец.

Влегува пациент, без маска, видно изнемоштен, кашла. Велам “Ве молам ставете маска”. Температура 37.5°C.
Добивам: “Ај докторке немој со тие глупости, Швепс пиев многу вчера и јадев сладолед, од тоа ми е. Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба”

Додека процесирам да не случајно сум ја утнала лекцијата на Медицински факултет за тоа како Швепс и температура се тесно поврзани, му даваме маска, прегледувам и по 100 ти пат вечерта со колегите го повторуваме истото “Ве молам тестирајте се што поскоро, и никаде без маска”.

– “Аха, важи”.

Отвораш прозорец. “…I got my Ni**as in Paris, and they goin’ gorrilas” ?И онака се слуша како DJот да е пред врата, си праиш мини-денс во себе додека се проветрува просторијата ?‍♀️

Ѕвони телефон. Итен повик. Трча екипата надвор, тргате веднаш. Со вклучени сирени, едвај проаѓате, или подобро кажано не проаѓате низ град затоа што не дај боже фраерите да не го прошетаат Maserati-то низ град од точка А до точка Б меѓу кои дистанцата е 500m преку сила. И не дај боже да не се паркираш точно пред бутик. “Што има везе, ќе пројдат овие, има тротоар, може и ќе прелетаат, тамам си е.”

Стигаш по 15 минути. Те чека, нормално, едно нервозно “Кај сте досега, вие брза помош сте или што сте?”

Пациентот со висока температура, ниска сатурација, едвај дише. “Нема Корона докторке, од климата му е”. Го подготвувате за транспорт, и се молиш дека до инфективно ќе ти се погодат улици со културни возачи.

Се враќаш во амбуланта, додека менуваш заштитна опрема ги слушаш колегите како пак кажуваат некому да стави маска.

Пак процесираш информации. Во амбуланта на брза помош во 2 наутро се доаѓа за болка во грло. “Без инекција не ми поминува, си знам јас најубаво, пиши сега еден Гарамицин и пола Дијазепам да спијам раат вечерва”.

Како супермаркет, само со бонус “не смееш да ме вратиш, тебе тоа ти е работа”. Се разбира, не даваме терапија без индикација, ама храброста да му кажеш на докторот што да ти пише е фасцинантна.

Музиката конечно е исклучена, здивнуваш. Гледаш Швепс во фрижидер и си викаш “Е не те пијам, nećeš ti meni температура и кашлица!”

И така.

Добра ноќ и добро утро Гостивар, вчера 82, денеска колку?

P.S. Да не бидам погрешно сфатена, имаме и еден куп златни, разбрани пациенти, кои многу си ги сакаме. Ама тоа не е темата на статусов.

Полициjaта утpoво yaпcи двајца прилепчани

Денеска (13.08.2021) во 07.00 часот во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп, врз основа на cyдcка нapeдба, ги пpивеле С.Ј.(47) и Ќ.Ш.(50), двajцата од Прилеп за издpжyвање кaзнa затвop.

С.Ј. е ocyден на затвopcка kaзна од две години за стopeно kpивично дело по член 236 од Kpивичниот законик, за тешка кpaжба.

Тој бил спpoведен во Kaзнено-попpaвната ycтанова Прилеп. Додека, Ќ.Ш. е пpиведен за издpжyвање затвopcка kaзна од една година за стopeно кpивично дело по член 238 од Kpивичниот законик за извршена paзбojничка кpaжба.

Тој бил спроведен во Казнено- поправната установа Битола – информираат од МВР.

Убедливо водcтво на ВMPO-ДПMHE над CДCM на најновата анкета од американскиот институт НДИ

Високи 64 отсто од граѓаните во Македонија веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, а 52 отсто велат дека има назадување на демократијата. Популарноста на ЕУ опаѓа, но останува висока поддршката за НАТО, покажува истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ).

Во анкетата се опфатени и прашања за политичките партии, политичарите и гласањето на избори. На прашањето „Ако на избори излегуваат партии, а не коалиции, за која партија би гласале?“, 14 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ, по 5 отсто за ДУИ и за Левица, 4 за Алијанса/Алтернатива.

Инаку, НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.

Во наше вpeме шyтките не бea вакви (Видео)

21 век и се’ е некаква уметност…

За познавачите на музичките стилови, за каква “уметност” станува збор тука?

Доаѓав на работа еднаш неделно, два пати, три пати неделно…платата ми беше 61.000 денари (Видео)

“Сум доаѓала повеќе пати од Нова година на работа, два пати неделно, еднаш неделно, три пати неделно”, а платата и’ била 61.000 денари.

Од вчера на социјалните мрежи одново се споделува интервју старо 3 години, во кој главна актерка е поранешната членка на ДИК од партијата БЕСА, Ермира Асани Салија.

Таа беше актуелна во 2018 година, кога целиот состав на ДИК си поднесе оставки откако јавноста дозна дека си делеле дебели бонуси на платите, но Ермира одлучи да не го следи тој чекор, па беше единствен член на Државната изборна комисија.

Земала плата во висина од 61.000 денари, а како што вели во интервјуто на работа одела еднаш неделно, два пати, три пати неделно…, а причината според нејзе е тоа што немало кој да свика седница.

Фамозното интервју од тогашниот серијал “Проверено” на “IRL” со Асани Салија, можете да го проследите на линкот во продолжение, почнувајќи од 13-та минута:

A најјакиот исечок од интервјуто несомнено е овој:

Таа е шампион во трки со автомобили, а на инструкторите им се претстави како почетник: Погледнете како си поминаа (Видео)

Леона Чин е малезиски женски шампион во трки со автомобили

Решила да се пошегува со неколку инструктори по возење, претставувајќи се како почетник возач.

Погледнете како си поминале:

Прв близок контакт на Меси и Рамос без картон (Фото/Видео)

Лионел Меси и Серхио Рамос до неодамна важеа за лути ривали во дресовите на Барселона и Реал Мадрид.

Којзнае колку пати Рамос беше бpyтален во дуелите со Аргентинецот, а сега ќе играат за ист тим.

И двајцата како слободни играчи летово пристигнаа во редовите на ПСЖ, па заедно ќе се борат за остварување на сонот на парижаните – освојување на Лигата на шампионите.

Во продолжение неколку видеа од “идиотските” стартови на Рамос врз Меси:

A eве ги сега:

Пpoблеми во pajoт: Cтатиcтика моли за попишyвачи, фалат yште 1.000 до 1.500

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека има слаб интерес кај луѓето да се пријават на конкурсот за попишувачи за претстојниот Попис и оти им недостигаат од 1000 до 1500 лица

Тој смета дека слабиот интерес за попишувачи не се должи на пандемијата, туку поради тоа што огласот бил излезен за време на летните одмори, во период кога има работа во земјоделството и кога луѓето се заминати сезонски да работат надвор од државата. Во вечерашното гостување на телевизијата „Сител“ Симовски апелира заинтересираните да се јават на конкурсот.

– Пописот напролет се одложи за септември. И ова беше период кога моравме да го објавиме огласот за попишувачи. Не очекував дека ќе има толку слаб интересот, особено во пописните реони кои го покриваат градот Скопје и околината, Охрид, Струмица, Ново Село и пописните реони каде што живее албанското население. Ни недостасуваат околу 1000 до 1500 попишувачи, вели Симовски.

Тој информира дека во 20 реони од вкупно 50 веќе има задоволителен број попишувачи.

Симовски оценува дека стравот од пандемија не е причина за малиот интерес на граѓаните да аплицираат за попишувачи, оти огласот бил објавен во време кога бројот на заразени бил многу мал. Но, и сега кога бројот се зголемува, луѓето инсистираат да нема никакви мерки.

– Инсистираме да одиме по кафеани, журки, да правиме свадби. Ако имаме страв од пандемијата за пописот, зошто немаме страв од работите кои ги набројав. Непочитувањето на мерките не доведе до ваква ситуација. Од една страна велиме, се плашиме, не примаме попишувачи и не сакаме да бидеме попишувачи, а од друга страна, сакаме да седиме по кафеани и ни пречи да се вакцинираме, вели Симовски, потенцирајќи дека тие работи се малку нелогични, односно пандемијата да се земе како оправдување.

Според него, има доволно време да се пријават заинтересираните на огласот за попишувачи за кои обуката почнува од 28 месецов.

– Ќе ги искористиме сите можности да ја пренесеме информацијата дека ни требаат попишувачи, потенцира Симовски, кој, меѓу другото, смета дека луѓето не се доволно информирани дека им требаат попишувачи.

Доколку не успеат да соберат доволен број попишувачи, Симовски вели дека имаат план Б, но се надева дека, сепак, нема да има потреба од алтернативи.

Директорот на ДЗС истакна дека пописот ќе се спроведе според мерките за заштита. Половина од попишувачите веќе се вакцинирани, а другите изразуваат желба за да бидат имунизирани.

Тој потенцира дека пописот е законска обврска и не сака да бидат доведени во ситуација да применуваат санкции. Според законот, Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година треба да се одржи од 5 до 30 септември.

Најјако: Heвакциниpaни келнepи ќе можат да служат гocти, а невакциниpaни гocти не ќе можат да пијат кафе

Келнерите и готвачите во угостителските објекти не се обврзани да се вакцинираат. За разлика од гостите кои ако сакаат да влезат во кафеана или кафуле мора да приложат сертификат за вакцинација, персоналот нема потреба да има.

-Вработените не се должни иако е препорачано да се вакцинираат. Тие секако може да одат на работа. Целта на оваа мерка е да се спречи поголема група на луѓе односно гости кои се без вакцина да бидат на едно место и со тоа да се намали ризикот и од ширење на вирусот во угостителски објекти, велат од МЗ за Алфа.

Треба да се нагласи дека, ваквиот чин на селекција при рестрикциите е спротивен на членот 3 од Уставот на Република Македонија, според кој „се забранува секаков вид на дискриминација, па дури и по основ на здравствена состојба“.

Целиот прилог погледнете го на “АЛФА ТВ”