дома блог страница 1928

“Bo мaj не ми вepyвaa, во јуни не cлyшaa, во јули ме пpaвea бyдала, во август оcтанaa глyви, овие лyдаци се непопpaвливи”

Фејсбук статус на Проф. Д-р Дејан Трајковски

-Во мај не ми веруваа дека немаме колективен имунитет и дека ќе имаме бран од Делта сојот. Во јуни не слушаа кога велев дека треба да се воведат ПЦР тестови на граница или карантин за патниците.

Во јули ме правеа будала кога велев дека Тетово треба да се стави во 5-дневен локдаун по првиот увезен случај на Делта сојот.

Во август останаа глуви кога порачував да ги забранат свадбите и да ги спремат ковид болниците.

На сето тоа, не знаеја дали ќе растат бројките и решија да се јуначат и да гледаат десетици мртви дневно, не сфаќајќи дека немаат доволно вакцинирани.

Малку им беа 9.200 досега починати од ковид. Овие лудаци се навистина непоправливи.

Од денecка cтapтyвaaт новите антикoвид мepки: Pедapи ќе пpoвepyвaaт кој cмee да пие кафе, да влезе на cпopтcки нacтан, концepти, обyки…

Од денеска на сила стапуваат новите мерки против ширењето на коронавирусот според кои во кафеаните, кафулињата и на јавни настани ќе може да влезат само вакцинирани граѓани и тие што прележале Ковид -19 во изминатите 45 дена.

Од денеска се воведува задолжителна потврда за вакцинација, најмалку една доза, за лицата над 18 години.

За спроведување на мерките ќе има редари кои ќе вршат контрола на потврди за вакцинација при влез во секаков вид објект и на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за секакакви други настани (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено.

Останува забраната за ноќните клубови, кабареа и барови за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот. Хотелите ќе работат со полн капацитет и по 16-ти август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид–19.

Инаку од вкупно 3.497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3.047 се невакцинирани, а позитивни се 10 проценти од вакцинираните.

Ha Илинден пливaшe зa мajка cи, нa Гoлeмa Бoгopoдицa ќe пливa зa дeцaтa co peтки бoлecти

На Празникот Голема Богородица, 28 Август, Марко пред нова благородна цел. Повторно ќе плива за децата со ретки болести. По тој повод ќе се изработуваат маици со мотото на Марко „Never Give Up“.

Потсетување ЗА СИТЕ. Децата се најважниот дел од нашето секојдневие и не смееме да ги заборавиме, порачаа од тимот на Марко.

На 1 август годинава, 15-годишниот Марко направи уште еден подвиг, откако по трети пат ја исплива делницата Охрид – Св. Наум – Охрид, подвогот ѝ го посвети на мајка си.

Марко со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Заев и Шефтероски тврдат дека Кривогаштани многу се развило овие четири години?

„Вложуваме во инфраструктурни проекти за унапредување на условите за живот на граѓаните, за повисок животен стандард и забрзан економски развој“ – изјави премиерот Зоран Заев на увид на реконструкција на патниот правец Кривогаштани-Житоше.

„Рехабилитацијата на ваквите експресни регионални и локални патишта, кои изминативе години, како и годинава, се изведуваат очекуваме да го поттикнат економскиот развој. Секоја подобрена инфраструктура дали е тоа регионален или локален пат, дали е тоа вложување во канализациони мрежи и слично значат севкупно подобрување на животот на граѓаните”, истакна Заев.

На настанот, на кој присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски, градоначалникот на Општина Долнени, Џемил Ќамили и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат”, Беким Мемеди, премиерот Заев истакна дека овој патен правец ги поврзува општините Кривогаштани и Долнени, но е од огромно значење за развој на целиот овој регион.

Премиерот Заев истакна дека изминатиов период на дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, при што Владата води грижа за развој на сите региони со цел граѓаните без разлика дали живеат на село или во град да имаат подобри услови за живот.

„Имаме градежна офанзива низ целата земјата. Инвестираме над една милијарда евра во инфраструктурни проекти – патишта, водоводи, канализации, системи за наводнување, акумулации за наводнување, со цел да ја поттикнеме економијата и да го поддржиме градежниот сектор”, истакна премиерот Заев и посочи дека сето тоа ќе придонесе за повисок економски стандард, унапредување на животните услови и дополнителен стимул за младите од регионот да се задржат тука.

На ФБ со коментар се јави и градоначалникот на општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски.

– Денес, во присуство на премиерот Зоран Заев , директорот на ,,Македонија Пат” Беким Мемеди и градоначалникот на Општина Долнени Џемаил Ќамили, свечено ги најавивме почетокот на работите на асфалтирање на патниот правец Крививогаштани-Подвис. Благодарам на сите кои присуствуваа на овој настан, а особено на премиерот Зоран Заев кој не’ почести со своето присуство. Со реконструкција на патот Кривогаштани-Подвис,Подвис-Житоше(Општина Долнени) ќе се обезбеди побезбеден и побрз сообраќај, бидејќи овој пат веќе долго време не беше реконструиран, напиша градоначалникот на општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски.

Димовcки: “И пocледната paбота за кoja BMPO пpeдyпpeдyваше ќе ce cлyчи”

И последната работа што ВМРО ја предупредуваше, ќе се случи – напиша на Твитер поранешниот пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев, дека Македонија е подготвена да прими бегалци од Авганистан.

Во наредните твитови на истата тема денеска Димовски напиша:

Обjaвени peзyлтатите од конкypcoт за cмecтyвање во yченички домови за yчебната 2021-2022 година

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека објавени се резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2021/2022 година и истите можат да се погледнат на следниот линк.

„Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31.8.2021 година. При сместувањето, учениците, раководствата и вработените во домовите задолжително да се водат согласно насоките наведени во Протоколот за постапување при сместување на ученици во Јавните ученички домови“, соопштува МОН.

Кандидатите чии апликации не се прифатени, во следните три работни дена имаат можност за приговор кој се доставува до Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, 1000 Скопје).

„Согласно конкурсот кој беше објавен за оваа намена, право на сместување во ученички дом имаат учениците кои ги исполнуваат следните услови: да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година; да се државјани на Република Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз“, соопштува МОН.

Од таму посочуваат дека годинава учениците за прв пат имаа избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски со пополнување на електронска пријава и прикачување на соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk , или со достава на потребната конкурсна документација директно во ученичкиот дом.

Mицкocки: Утpe ќе бидат обjaвени дoceга yтвpдените кандидати, BMPO-ДПMHE на овие избopи нacтапyва со многy нови ликови

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил најави дека во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени досега утврдените кандидати од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес заседаваше Централниот комитет и ги потврди одлуките за кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори. И во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени досега утврдените кандидати.

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа.

И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца.

ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика!, напиша Мицкоски

3aeв за “Канал 5”: Ние сме солидарна земја, ќе прифатиме Авганистанци во хотели и одморалишта

Македонскиот премиерот и лидер на СДСМ Заев во одговор до Канал 5 на прашањето дали и како нашата Влада ќе реагира после новите случувања во Авганистан одговорил дека Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и нашата Влада и дека ги информирал нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите.

“Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан.

Подготвени сме да обезбедиме сместување во хотели и одморалишта за што оперативата и трошоците за време на нивниот престој, до обезбедување трајна дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД

Ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи.

Заеднички со САД ќе ги планираме идните чекори за натамошното постапување”, се вели во изјавата на премиерот за профст на Авганистанци кои сакаат да избегаат од талибанските сили кои ја преземаа власта по заминувањето на американската армија.

Бројот на Авганистанци кои се во опасност од реваншизам од Талибаните поради соработка со САД се движи од 50 до 80 илјади луѓе иако дел од медиумите во регионот тврдат дека може да се искачи до над 1 милион луѓе.

Предходно Косово најави дека ќе прифати луѓе кои бегаат од Авганистан на пар кин САД.

Гepoвcки со coвет до сите оние кои влacта сака да ги поткyпи

Земете си ги бонусите, решенијата за вработување, субвенциите, ваучерите. Земете си ги, драги мои, а пак гласајте за кого сакате. Зад параванот сте сами и никој не може да види што сте направиле со гласачкото ливче.

Земете им ги парите, насмевнете им се и заебете ги! Нема послатко од тоа!

И бидете без грижа. Без оглед за кого сте гласале и кој ќе победи, на следните избори пак ќе се делат бонуси, субвенции, ваучери, вработувања… Пак ќе имате за земање.

Ова е сугестијата што на граѓаните кои се предмет на корупција им ја дава новинарот Бранко Героски во својата најнова колумна за Плусинфо.

Победа триумфално во битолско Црнобуки: Им даде на домаќините 3 гoлa

Вчера попладнето на доста добриот терен во битолското населено место Црнобуки, фудбалерите на Победа во контролен натпревар го совладаа истоимениот домашен третолигаш со 3-0, полувреме 2-0.

Тренерот Крстески на овој меч им даде шанса на сите расположиви фудбалери, со исклучок на Кукески (посериозна повреда на коленото) и Дунимаглоски (полесна повреда).

Во двете полувремиња настапија различни состави, а единствен кој одигра 90 минути беше Стомнароски.

Разликата во квалитетот беше евидентна па покрај 3-те гола прилепчани пропуштија барем 6-7 изгледни шанси, а голманите Столевски и Котевски имаа по 1-2 сериозни одбрани.

Стрелци на головите беа: за 0-1 Бојан Спиркоски во 6-тата минута со шут од 16 метри по асистенција на Најдов,
за 0-2 Андреј Петкоски во 16-тата минута со глава по центаршут на Даниел Карчески и за 0-3 Филип Спиркоски по соло акција и прецизен шут од 12-13 метри.

Победа 1 полувреме: Столевски, Дигаловски Стомнароски, Петкоски, Кисески-Илијоски, Карчески, Момироски, Ангелески, Јошески, Најдов и Б.Спиркоски.

Победа 2 полувреме: Котевски, С.Спиркоски, Дебрешлиоски, Поп-Антоски, Митрески, Бошески, Јосифоски, Стомнароски, Неделков, Ф. Спиркоски и Алимоски.

Петар Димоски