дома блог страница 1921

(Видео) Путин се пошегува на сметка на канцеларката: Проштална посета на Меркел во Русија

Главната тема на разговорите меѓу германската канцеларка и рускиот претседател е ситуацијата во Авганистан, а на дневен ред секако беа и многу други теми од значење за двете земји.

“И покрај сите разлики меѓу нас, сепак мора да разговараме”, рече Меркел на почетокот од средбата.

“Одржуваме постојан телефонски контакт, но има многу прашања за кои треба лично да се разговара. Сигурен сум дека ова нема да биде ваша проштална посета откако одлучивте да не се кандидирате за нов мандат”, одговори Путин.

Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на медиумите беше ситуацијата кога канцеларката доби телефонски повик додека говореше рускиот претседател, а тој не ја пропушти можноста да се пошегува.

Меркел го извади телефонот, а Путин духовито одговори “ќе продолжиме да бидиме во постојан телефонски контакт”.

Сопственичката на еден од најпосетуваните битолски угостителски објекти: “Cpaм да ви е што не доведовте до овoј мизepeн cтепен”

Сопствениците на угостителски објекти жecтоко peaгираат на новите владини Koвид мepки за задолжителна вакцинациja, доколку сакате да седнете во ресторан, кафуле или кафана…

На ФБ се огласи и сопственичката на еден од најпосетуваните битолски угостителски објекти “Шумски фенери”.

“Почитувани наши гости

Јас Љубица Мушуланова Ристевска од срце ви се извинувам што 3 дена ви барам сертификати, и од срце ви се извинувам на сите што ве вративме и не ви дозволивме да седите во нашиот ресторан.

Помизерно во животот не сум се почувствувала. Вчера дури и live на Facebook вреѓање кркав од една Ромска фамилија кои мислеа дека ги враќам зошто се роми и ги дискриминираме, дека не сакаме гости да примаме, а тие за жал сите немаа сертификати.

33 години постои Шумски Фенери, што не поминавме за да имаме повеќе работа, повеќе гости, да понудиме и да ве направиме среќни, да бидеме дел од вашите спомени и сега стоиме на врата и ви допираме во интимата зошто некој побарал така од нас во спротивно ќе не казни, стоиме на врата и бркаме луѓе а цел ресторан зјапа празен?!

Срам да ви е на сите што не доведовте нас угостителите до овај мизерен степен кој верувам никој нема да го заборави. Луѓе кои доаѓаат секој ден, не можат повеќе да доаѓаат.

Ама ете сме трпеле, но и глас ќе креваме за ова лудило да престани. Зошто и вакцинираните со срам покажуваат сертификати само да знаете!”

Цapoвcка: Учениците ќе бидат пpecpeќни од дигиталните yчебници

Создавањето на дигитални алатки, на дигитални учебници значи светлосни години скок во образовниот процес. Тоа значи дека нашите ученици денеска учат многу повеќе од мултимедија материјал и тоа го прават новите генерации. Затоа создаваме материјали за учење кои се прилагодени на потребите на сегашните ученици, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за ТВ Клан.

„Ние сакале, или не, светот и генерациите коишто доаѓаат се движат напред, а тоа го кажуваат и самите ученици кои велат дека повеќе сакаат да имаат материјали кои се дигитални, бидејќи на тој начин ќе бидат повеќе мотивирани да учат. Оттука одлуката за дигитализација на содржини за учење е исправна и ќе ги добиеме првите содржини за 4-то одделение кои ќе ги имаме во пдф верзија испечатени, кои ќе ги имаме во дигитална верзија и ќе можеме да видиме учениците што повеќе користат. Сигурна сум дека учениците ќе бидат пресреќни“, рече Царовска.

Дополнително сите овие учебници имаат аудио верзија и за учениците со атипичен развој, со оштетен вид ќе може да ги слушаат. Се воведуваат и учебници со Брајово писмо наменети за ученици кои имаат потреба од нив. Се движиме кон инклузивно образование и образование прилагодено на потребите на учениците“, рече Царовска.

Министерката посочи дека напредокот во образованието во изминатите 4 години е евидентен, бидејќи освен на реформи во основното образование се работи и на јакнење на средното стручно образование. Истовремено се работи и на подобрување на училишната инфраструктура, но и на опремување на училиштата со потребната дидактика и условите за настава.

„Создаваме и инклузивно образование. За првпат од буџетот на МОН обезбедивме средства за вработување на 500 образовни асистенти кои од септември ќе бидат директна поддршка на учениците со атипичен развој во редовната настава“, рече Царовска.

Се врати од Америка за да биде градоначалник на Ѓорче Петров, така се сака Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави уште 19 нови кандидати за градоначалници за локалните избори на 17 октомври.

За Ѓорче Петров беше потврден Александар Стојкоски, доктор радиолог и поранешен пратеник, кој еден период живееше и работеше во Чикаго, САД.

Стојкоски е долгогодишен член е на Општинскиот комитет на партијата во Ѓорче Петров и активист од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата љубов е спортот, планинарењето, велосипедизмот. Тој е сопруг и татко на две деца.

-Човек со невиден ентузијазам, желба за создавање и љубов кон Ѓорче Петров. За промени, за решавање на проблеми, за нов лик на Ѓорче Петров, велат од партијата.

Во продолжение проследете го неговото обраќање до граѓаните:

Пак пораснала платата, се искачила на 28.744 денари во просек, велат од Државниот завод за статистика

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто плата 42.950 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.

Зголемувањето кај нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5) и Информации и комуникации (14,1 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,6 ) и Рударство и вадење на камен (1,6 отсто).

Зголемувањето на бруто платата, пак, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (21,1) и Информации и комуникации (14,1 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,7) и Рударство и вадење на камен (1,7 отсто).

Д-p Кyнгyловски: “Делта cojoт пикот во Македониja ќе го дocтигне во ceптемвpи”

Доктор Горан Кунгуловски во интервју за “ТВ 24” вели дека откако беше детектиран првиот случај со делта-сојот во Македонија, веќе се знаело дека ќе има една нагорна линија на бројот на зapaзени, а пикот својот врв ќе го достигне во септември.

-Делта-сојот коси низ цел свет, низ цела Европа. Пикот најверојатно ќе стигне малку побргу, има недела или две разлика од сите претпоставки досега. Сега гледаме дека има една нагорна линија на позитивни пациенти, заразени со коронавирусот. Откако го детектиравме првиот пациент со делта-сојот во Македонија, знаевме дека ќе има една нагорна линија и знаевме дека таа нагорна линија, отприлика, ќе заземе некој интензитет во август и дека најверојатно својот врв ќе го достигне во септември, кажа Кунгуловски.

Што се однесува до тоа каква зима нѐ очекува кога станува збор за коронавирусот, докторот вели дека никој не го знае тоа, но дека се надева дека нема да биде тешка бидејќи ќе имаме голем процент на имунизирано население.

-Никој не знае за тоа, јас се надевам дека полесно ќе ја поминеме зимата. Веќе ќе имаме поголемо имунизирано населнеи.Повтрно ќе кажам пот имунизирано население се подразбира население кое стекнало природен имунитет или со вакцинација, вели Кунгуловски.

Maлолетник со тешки повpeди донесен во прилепската болница

На 19.08.2021 во 18.10 часот на пат во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, yпpaвyвано од З.Б.(48) од Скопје yдpило во малолетен велосипедист од с.Црнилиште.

По незгодата велосипедистот е пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди.

Увид на лице место извршила yвидна екипа на полициcка cтаница Пpилеп – информираат од МВР.

Пановcки: Heма кoj да мy каже на 3aeв дека 10 % од 7.700 е 770, тoj миcли дека ce 77 – кpaj на мyaбетот

Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели, “Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7700 активни случаи 10% се само 77 лица”. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и “Цаци” дека 10% од 7700 е 770. Крај на муабетот. Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти, реагира д-р. Никола Пановски на изјавата на премиерот Зоран Заев.

-Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки, пишува понатаму Пановски во својата реакција објавена на Фејсбук.

Ластовичките во Прилеп се спремаат да ја напуштат “северна” и да се преселат во топлите краишта (Фото)

Со надеж дека до година ќе ни дојдат во уште поголем број ги испраќаме овие благородни птици и ветуваме дека ќе им ги чуваме седалцата.

ФОТО/КАРОЛИНА ДУРЛО

Орбан: “Нема да прифатиме бегалци од Авганистан. Нашите граѓани нема да плаќаат за туѓи грешки”

Унграската десничарска влада на Виктор Орбан нема да дозволи унгарските граѓани да плаќаат за туѓу геополитички грешки и нема да прифати бегалци од Авганистан, пренесува Associated Press.

Левенте Магјар, државниот секретар во унгарското Министерство за надворешни работи, за МТI изјави дека Унгарија нема да прифаќа бегалци “под никакви рестрикции”.

Во 2015 година, Унгарија изгради ограда долж својата јужна граница за да ги спречи бегалците од Блискиот Исток и Африка да влезат во земјата. Магјар рече дека оградата ќе помогне да се спречи потенцијалниот бран авганистански бегалци, но тие се подготвени да им помогнат на оние што работеле како преведувачи за унгарските војници.