дома блог страница 1920

Филипче: Poдителите можат да побapaaт нивното дете да не пoceтyва нacтава со физичко пpиcycтво

Откако се донесе одлука наставата за сите ученици да почнува од 1 септември и сите да бидат со физичко присуство, министерот за здарвство, Венко Филипче, вели дека родителите може да побараат од училиштето од немедицински причини нивното дете да не посетува настава со физичко присуство, а училиштето може да даде или да не даде согласност.

Во изјава за Канал 5, Филипче вели дека во зависност од тоа дали ќе се зголемува бројот на заболени ќе се размислува за евентуално повлекување на одлуката за настава со физичко присуство на учениците.

Тоа што е битно е дека во било кој момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство – изјави Филипче.

Човек со огpoмно cpце: Никола подари целосна опрема за фризерски салон на самоxpaна мajка со три деца

Никола Милески од Скопје на својот ФБ профил напиша дека подарува целосна опрема за фризерски салон и предизвика воодушевување кај илјадници корисници на социјалната мрежа

-Другари доколку познавате некое младо дете кое сака да си отвори салон а нема услови и средства целава опрема на сликата јас ќе му ја подарам. Контактирајте ме слободно и ќе биде негова. Целата опрема е во добра состојба! Опремата е подарена, напиша Никола на ФБ, по што следуваа илјадници коментари со пофалби за хуманиот гест.

Подоцна тој информираше дека опремата ја подарува на самохрана мајка со три деца од Крива Паланка.

Гepманиja ja oбележа Maкедониja како земja со виcoк pизик: Ако патувате ќе мopa да одите во кapaнтин

Поради растечкиот број на новоинфицирани со коронавирус, германската влада ги прогласи Македонија, Косово, Крит и други грчки острови за подрачја со висок ризик.

Од недела на германската листа на подрачја и земји со висок ризик од коронавирус се ставени Македонија и Косово од балканските земји, грчкиот остров Крит и неколку други острови во јужен Егеј, како Родос, Кос, Миконос и Наксос, како и неколку региони во Ирска, додека од листата се симнати делови од Шпанија: Канарските Острови, Каталонија, Валенсија, Кастилја и Астурија, кои досега важеа за високоризични корона-подрачја, соопшти денеска Институтот Роберт Кох. Со тоа на германската „црвена листа” ќе има околу 70 земји, кои целосно или делумно имаат статус на високоризични во однос на Ковид-19.

Патниците кои доаѓаат од земји со висок ковид-ризик, а не се вакцинирани или ја немаат прележано болеста, мора да одат во десетдневен карантин.

Тој може да биде прекинат по петтиот ден, со приложување негативен корона тест.

За целосно вакцинираните и оние кои ја прележале инфекцијата, не постои обврска за карантин.

Пyтин: He cмee да ce дозволи “тepopиcтите” да го напyштат Авгaниcтан, дypи и ако тие се пpeпpaвaaт дека се бегалци

Рускиот претседател Владимир Путин повика на спречување на распадот на Авганистан, кој сега е во рацете на Талибанците, и додаде дека не треба да им се дозволи на „терористите“ да ја напуштат земјата, дури и ако тие „се преправаат дека се бегалци“.

На заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Москва, Путин ја критикуваше неодговорната западна политика на наметнување странски вредности на Авганистанците.

„Желбата за градење демократија во други земји според странски модели треба да се запре, без да се земат предвид историските, националните и верските особености и целосно да се игнорира традицијата според која живеат другите народи“, рече Путин.

Рускиот претседател изрази уверување дека тоа е лекција од Авганистан.

Путин додаде дека Талибанците ја контролирале речиси целата територија на Авганистан и дека тоа е реалност што треба да се земе предвид сега за да се спречи распаѓање на авганистанската држава во иднина.

Според него, важно е да се спречи заминувањето на терористите во соседните земји кои можат да се преправаат дека се бегалци.

Москва, која смета дека авганистанската криза е последица на брзото заминување, дури и бегство на американските сили, го поддржува започнувањето на национален дијалог во Авганистан со учество на сите политички, етнички и исповеднички сили на таа земја, анализираат светските медиуми.

Државата ќе им изгради нoви дoмoви на cитe штo ги изгyбиja куќите вo пoжapитe вo Тypциja

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека најдоцна во рок од една година ќе бидат изградени нови домови за граѓаните кои во текот на шумските пожари во Турција станаа без покрив над глава, јави Анадолија.

– Ќе ги анализираме сите планови против шумските пожари, поплавите, свлечиштата и сушите, изјави Ердоган во обраќањето до нацијата по средбата на Кабинетот во Анкара.

Тој напомена дека властите значајно ќе им помогнат на граѓаните кои се нашле во тешка ситуација за време на неодамнешните природни катастрофи.

– На местото на секое изгорено дрво ќе засадиме ново, ќе ја обновиме секоја изгорена куќа и ќе ја подигнеме секоја зграда уништена од поплавите, додаде турскиот претседател. Како што рече, околу 150.000 хектари земја беа зафатени од пожари во 54 различни градови во Турција само во 2021 година.

– Иако терористичките организации се сомничат за подметнување на некои пожари во нашата земја, јасно е дека се соочуваме со општа катастрофа, изјави тој. Ердоган рече дека шумските пожари од големи размери веќе се претвориле во значаен глобален проблем.

Во своето обраќање, Ердоган, исто така, се осврна и на областите во Турција со ниска стапка на вакцинирани против коронавирусот.

– Ги повикувам сите граѓани, почнувајќи од овие области, да се вакцинираат што е можно поскоро. Ние, исто така, редовно ќе бараме ПЦР-тестови од невакцинирани студенти и универзитетскиот персонал, рече тој. Турскиот претседател истакна дека наставниот кадар ќе треба да се тестира на почетокот на учебната година.

– На почетокот на наставата, од 6 септември, од наставниот персонал кој уште не е вакциниран, ќе бараме ПЦР-тестирање најмалку двапати неделно, додаде тој. Исто така, на јавните настани, како концерти и кина, наскоро исто така ќе се бара негативен ПЦР-тест со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот.

– За патувањето со авиони и меѓуградски автобуси исто така ќе биде потребен ПЦР-тест, изјави Ердоган.

Jaдете домати, нayчниците oткpиja дека тие се cилно opyжje пpoтив cpцевите заболyвања

Не е новост дека исхраната богата со зеленчук може да помогне да се намали опасноста од срцеви заболувања, но стручните лица овојпат анализирале над 100 испитувања, при што се покажало дека некои намирници имаат особено силно влијание во намалувањето на повеќе видови срцеви болести и смртноста притоа.

Поточно, научниците ја проучувале врската помеѓу срцевите заболувања и исхраната, односно – црвеното месо, пилешкото, јајца, млечни производи, семиња и житарки.

Заклучоците велат дека исхраната со малку месо, а многу зеленчук, е поврзана со помал ризик од смрт од срцеви заболувања.

Зелјестите растенија и доматите можат значително да ја намалат таа опасност. Тоа, зашто доматите, на пример, се богати со антиоксидансот ликопен, за којшто е докажано дека ја подобрува васкуларната функција и штити од болести.

Покрај тоа, замената на путерот, кој е богат со заситени масти, со мононезаситени масти, какви што има маслиновото масло, дополнително го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Истражувачите, исто така, велат дека е доволно да јадете најмалку две порции зеленчук дневно за да го намалите тој ризик и до 34 отсто. Зелениот зеленчук и доматите се најкорисни во овој поглед.

“Најдобрио прмиејер кој ја улегна нашата земја во НАТО, сега имаме ја најсилната армија во регијоно”

Белким е зафрканција…

Коментар на објава на премиерот Зоран Заев…

5 девojки од Битола ќе ја пpeтcтавyвaaт Македониja на Светското првенcтво во куглање

Непосредно пред заминувањето на Светското првенство во куглање за натпреварувачки до 18 години, кое викендов започнува во Словенија, градоначалничката Наташа Петровска се сретна со македонските репрезентативки и нивниот тренер, при што им посака многу успеси во тамошните натпревари.

Девојките, заедно со тренерот Игор Михајловски, изразија посебна благодарност до градоначалничката Петровска за создадените услови за тренинг и поддршката која ја добиваат од општината.

За прв пат во историјата на овој спорт, македонската репрезентација е составена само од натпреварувачки од Битола.

(Видео) Путин се пошегува на сметка на канцеларката: Проштална посета на Меркел во Русија

Главната тема на разговорите меѓу германската канцеларка и рускиот претседател е ситуацијата во Авганистан, а на дневен ред секако беа и многу други теми од значење за двете земји.

“И покрај сите разлики меѓу нас, сепак мора да разговараме”, рече Меркел на почетокот од средбата.

“Одржуваме постојан телефонски контакт, но има многу прашања за кои треба лично да се разговара. Сигурен сум дека ова нема да биде ваша проштална посета откако одлучивте да не се кандидирате за нов мандат”, одговори Путин.

Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на медиумите беше ситуацијата кога канцеларката доби телефонски повик додека говореше рускиот претседател, а тој не ја пропушти можноста да се пошегува.

Меркел го извади телефонот, а Путин духовито одговори “ќе продолжиме да бидиме во постојан телефонски контакт”.

Сопственичката на еден од најпосетуваните битолски угостителски објекти: “Cpaм да ви е што не доведовте до овoј мизepeн cтепен”

Сопствениците на угостителски објекти жecтоко peaгираат на новите владини Koвид мepки за задолжителна вакцинациja, доколку сакате да седнете во ресторан, кафуле или кафана…

На ФБ се огласи и сопственичката на еден од најпосетуваните битолски угостителски објекти “Шумски фенери”.

“Почитувани наши гости

Јас Љубица Мушуланова Ристевска од срце ви се извинувам што 3 дена ви барам сертификати, и од срце ви се извинувам на сите што ве вративме и не ви дозволивме да седите во нашиот ресторан.

Помизерно во животот не сум се почувствувала. Вчера дури и live на Facebook вреѓање кркав од една Ромска фамилија кои мислеа дека ги враќам зошто се роми и ги дискриминираме, дека не сакаме гости да примаме, а тие за жал сите немаа сертификати.

33 години постои Шумски Фенери, што не поминавме за да имаме повеќе работа, повеќе гости, да понудиме и да ве направиме среќни, да бидеме дел од вашите спомени и сега стоиме на врата и ви допираме во интимата зошто некој побарал така од нас во спротивно ќе не казни, стоиме на врата и бркаме луѓе а цел ресторан зјапа празен?!

Срам да ви е на сите што не доведовте нас угостителите до овај мизерен степен кој верувам никој нема да го заборави. Луѓе кои доаѓаат секој ден, не можат повеќе да доаѓаат.

Ама ете сме трпеле, но и глас ќе креваме за ова лудило да престани. Зошто и вакцинираните со срам покажуваат сертификати само да знаете!”