Победа загyби во Виница

Фудбалерите на Победа го претрпеа првиот пораз во годинашниот шампионат во Втората лига-Исток. Љубителите на фудбалот кои имаа можност во живо на видео стримот на ФФМ да го проследат мечот од 4-то коло во Виница и самите видоа дека Победа во најголем дел од мечот имаше посед (сигурно сооднос 70%-30%).

Победа загуби со 2-1 и практично како сите 3 гола да се дело на момците во бели дресови. За домашното водство од 1-0 во 3-тата минута лоша реакција на Дигаловски кој наместо да ја избие топката со глава-како да му асистираше на Митревски кој го совлада Столевски. Израмни Бојан Спиркоски за Победа во 23-тата минута со резантен и максимално прецизен удар од околу 16 метри. А конечните 2-1 беа поставени во 90-тата минуита кога по еден центаршут при слободен удар за домашните во казнениот простор на Победа несреќен автогол си постигна Дебрешлиоски.

Победа играше, имаше посед но создаде само една изгледна шанса за гол-во 45-тата минута.Ударот на Најдов го одбрани Јованоски, а по одбиената топка Б. Спиркоски постигна гол за 1-2 но погодокот беше поништен поради офсајд. Во вториот дел изгледен беше и противнападот и ситуацијата во која Б.Спиркоски во 56-тата минута мораше да биде несебичен и да одигра од прва повратна-затоа што сами на втора статива топка очекуваа Најдов и Неделков.Ако таа шанса беше искористена и Победа поведеше тогаш конечниот епилог, според односот на силите на теренот, сигурно ќе беше сосема поинаков од конечниот резултат.

Залудна беше големата теренска надмоќност затоа што во спората игра изостануваше тој точен и навремен завршен пас за креирање на шанса пред противничлкиот гол. Многу играчи денес беа под потребното ниво. Дресот и грбот на Победа тежат и кога се носат едноставно треба и мора максимално да се одговори на секоја поставена задача и улога на теренот. Недозволиво е фудбалерите на Победа да имаат две лица – едно за домашни а сосема друго непрепознатливо за гостински натпревари….

Победа:Столевски, Дигаловски(од 49 мин Петејчук), Ангелески, Стомнароски, Бошески (од 61 мин Кисески-Илијоски), Митрески(од 78 мин Дебрешлиоски), Момировски, Дунимаглоски, Неделков (од 61 мин Јошески), Најдов(од 61 мин Тодороски), и Б.Спиркоски.

Резултати 4 коло:Слога-Победа 2-1, Кожуф-Беласица 1-2, Братство-Кит-Го 0-4, Осогово-Локомотива 2-1 и Саса-Детонит 1-0.

Табела.Слога 12, Беласица и Саса по 10, Победа 7 Кит-Го 6, Кожуф и Осогово по 4, а по 1 бод имаат:Локомотива, Детонит и Братство.

Двојки за 5 коло (сабота 25 септември-15 часот): Победа-Осогово, Локомотива-Братство, Беласица-Саса, Детонит-Слога и Кит-Го-Кожуф.

Петар Димоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.