дома блог страница 192

(ВИДЕО) Ретка можност снимена на видео – Падобранец долови како изгледа виножитото одблиску

Виножитото е еден од оние феномени на небото што малкумина ги остава целосно рамнодушни. Шарениот лак што се протега низ небото има и силно симболично значење во многу култури – или како знак на надеж или како мост помеѓу земјата и небото.

Всушност, тоа е оптички феномен што се јавува кога сончевата светлина поминува низ ситни капки во атмосферата, кои дејствуваат како ситни леќи. Во овој процес, светлосните зраци се прекршуваат, одбиваат и расејуваат, а крајниот резултат е спектар на бои што нашите очи и камери можат да ги согледаат.

За набљудувач што стои на земја, виножитото има облик на лак што достигнува до површината на Земјата. Меѓутоа, ако набљудувачот стои повисоко, тој би видел сè поголем дел од виножитото, сè додека во одреден момент виножитото не стане полн круг.

Токму ова го забележал падобранецот Пол Дјуи од Велика Британија додека паѓал на земја. Тој ја снимил сцената, а видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Јан Закл, инструктор по падобранство кој бил на летот со Дјуи, рекол: „Можев да го гледам виножитото речиси до слетувањето“.

Тој го нарекол искуството нешто посебно. Во коментарите на социјалните мрежи каде што се појави видеото, корисниците се претежно воодушевени од видеото, а многумина признаваат дека не знаеле дека виножитото може да изгледа како полн круг.

Виножитото е всушност илузија

Виножитото не е објект што постои во вселената, туку илузија што зависи од положбата на набљудувачот и аголот под кој светлината, прекршувајќи се додека минува низ капките, стигнува до неговите очи. Истото виножито може да биде видено различно од различни луѓе, во зависност од нивната положба. Обично гледаме виножито кога капките вода во атмосферата се пред нас, а сонцето е доволно ниско зад нас. Планинарите или алпинистите понекогаш можат да го видат виножитото како полн круг.

Дунимаглоски: “Ќе ги направам сите полски патишта околу Прилеп и населените места, моите проекти се реални, нивните утопија” (ВИДЕО)

Доколку станам градоначалник, сите полски патишта околу градот, и околу населените места, ќе ги опесочам, ќе ги направам со шљунак од Мермерниот Комбинат – ветува независниот кандидат за градоначалник на општина Прилеп, Љупчо Дунимаглоски.

-Тоа е инвестиција која не сака многу пари. Затоа направете разлика, меѓу моите проекти што се издржливи и проектите што ги предлагаат моите противкандидати, кои се неиздржливи и се утопија – вели Дунимаглоски, кој повикува на 19. октомври сите граѓани, партиски и непартиски определени да гласаат за бројот 50 и да го поддржат токму него за градоначалник.

Вечер за пеење, смеа и уживање – Несекојдневен настан во Прилеп кој не смеете да го пропуштите

Интересен и несекојдневен спој на одлична музика и комедија – овој викенд во Прилеп, уживање кое не сакате да го пропуштите.

Вашето омилено место за кафе шема, закуски и вкусни оброци – Brunch Box Cafe, оваа сабота (11.октомври) ве кани на викенд опуштање со одличното музичко дуо NALA бенд и стенд ап комичарот, Александар Георгиевски.

Вечер за одличен помин со вашите најмили или пријатели и ретка можност на едно место да слушате убави музички звуци, да се засладите со некој вкусен десерт или да уживате во вкусен бургер, а истовремено и да се насмеете до солзи.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078845442

Почеток 21:30часот

Локација: Brunch Box Cafe – веднаш до градската болница

Влезниците се по цена од 200 денари

Можело и со вакви цени, а врвен квалитет и вкус – Учениците се преблагодарни на овој локал во Прилеп, а работат и по порачка (ФОТО)

ГРОЗНО! Кавадарчанец физички ги нападнал и допирал по телата неговите ќерки близначки

-ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување”. Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата – информираат од МВР.

По кратко боледување почина балканската музичка ѕвезда Халид Бешлиќ

На 71 годишна возраст по кратка борба со тешка болест денес почина Халид Бешлиќ.

Кон крајот на август, Халид Бешлиќ бил хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што бил под постојан надзор на лекарите.

Бешлиќ остави зад себе богато музичко наследство и бројни безвременски хитови, со кои стана една од најпрепознатливите легенди на народната музика во регионот.

Меѓу неговите најголеми хитови се: „Миљачка“, „Ја без тебе не могу да живим“, „Романија“, „Хеј зоро, не свани“, „Први пољубац“, „Нечу, нечу дијаманте“, „Севдах да се догоди“, „Врачам се мајци у Босну“…

Витаминка ја презентира својата понуда на “Ануга”, најголемиот глобален саем за храна во Келн, Германија (ФОТО)

Витаминка и оваа година го продолжува својот континуиран настап на најголемиот меѓународен саем за храна и пијалаци – Ануга, кој традиционално се одржува во Келн, Германија. Со богата и внимателно селектирана понуда од својата слатка и солена програма, компанијата повторно ја претставува македонската прехранбена индустрија пред светската бизнис и стручна јавност. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да ги запознаат и дегустираат најпознатите брендови на компанијата, како и најновите производи кои ги следат современите прехранбени трендови и вкусови.

„Присуството на Ануга претставува извонредна можност за директен контакт со партнери и потенцијални купувачи од целиот свет. Настапот меѓу водечките глобални производители на храна е уште една потврда дека Витаминка е препознаена како сигурен и иновативен бренд надвор од македонските граници. Тоа е дополнителен поттик за постојан развој, зајакнување на извозот и ширење на нашето присуство на нови пазари“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Ануга и оваа година се потврдува како централно место на светската прехранбена индустрија, каде што се презентираат најновите иновации и трендови. Саемот обединува повеќе од 7800 изложувачи од над 110 земји, меѓу кои и водечки компании од Европа, Америка и Азија, кои ги претставуваат најдобрите решенија и инспирации од светот на храната.

Присуството на Витаминка на оваа значајна манифестација уште еднаш ја нагласува посветеноста на компанијата кон квалитет, развој и промоција на македонските производи на глобалната сцена.

Влатко Лозаноски ќе пее во петок во Прилеп на одбележувањето на Денот на народното востание

Како дел од програмата за одбележување на празникот 11 Октомври – Денот на народното востание, на Камената бина во Прилеп, во петок (10.10.), веднаш по импровизираниот напад на Участакот, свој концерт со почеток од 20:15часот ќе одржи естрадната музичка ѕвезда Влатко Лозаноски.

Општина Прилеп ги поканува сите граѓани заеднички да го прославиме еден од најважните датуми во поновата македонска историја, денот кога прилепчани неможејќи да ја поднесат тиранијата на фашистичките и нацистичките окупатори, се кренале и со оружје во рака го повеле македонскиот народ во борба.

Сите бои на есента на една фотографија – Вкусете ја Италија во центарот на Прилеп (Фото галерија)

Во срцето на Прилеп, веднаш до Комерцијална банка, се наоѓа La Piazza – италијанскиот ресторан кој ги обединува боите и мирисите на есента со беспрекорниот вкус на Италија.

Тука секој залак е како палета на есенски нијанси: од топлите портокалови и црвени нијанси на свежи пици, до богатиот златен тон на кремасти пасти и рижота, па се до темно кафеавите и сребрени одбрани месни и морски специјалитети.

Посно или мрсно, класично или авангардно, менито на La Piazza e совршена разиграна приказна на вкусови, каде покрај класичните оброци кои ги нуди еден италијански ресторан, ќе можете да уживате во морски специјалитети, кои нема да ги најдете на друго место во Прилеп и целиот регион. Тука топло ви ги препорачуваме ракчињата во црвен и алфредо сос, или маестралните саганаки.

Кога сме кај специјалитетите, нема да погрешите ако се одлучите и за совршените ќофтиња во бел сос или приготвени во фурна, како и гурманското свинско ребро прелиено со BBQ сос.

La Piazza не е само вечера – тоа е цело искуство:

Ресторанот нуди богата винска карта, разни коктели и освежителни пијалоци, најдобрите кафиња и несекојдневен избор на доручеци и бургери, за да уживате во секој момент.

За љубителите на посното, La Piazza нуди богати салати, предјадења и рижота, и што ли уште не… а сето тоа подготвено со иста страст и внимание.

Ова е само мал дел од царството на вкусови и бои со кои може да се пофали овој гастрономски бренд на градот под Марковите Кули. Целото мени можете да го погледнете ТУКА.

Прилепчани добро знаат, а сите вие останатите од другите градови и нашинци низ Европа и светот, топло ве покануваме да ги посетите кога ќе го посетите нашиот град.

Запомнете, во La Piazza, секој ден е празник на вкусовите, боите и мирисите на Италија – есен која можете да ја видите, да ја почувствувате и да ја вкусите.

Наздравје!

Младите во фокус: ЗНАМ со јасна визија за активна и силна младина во Прилеп (ВИДЕО)

Младите се иднината на нашата општина, но и нејзината сила денес. Кандидатите за советници од Движењето ЗНАМ за наша Македонија имаат јасна визија – младите да бидат вклучени, слушнати и поддржани.

ЗНАМ се залага за поголемо учество на младите во културните, образовните и општествените активности, создавање на простор каде што нивниот глас ќе се слуша и ќе влијае.

Преку активно вклучување во општински проекти и иницијативи, младите ќе бидат дел од процесите на одлучување, не само како публика, туку како активни креатори на политики.

Дополнително, преку локални програми за обука, поддршка на младинско претприемништво и поврзување со компании, ќе се создадат услови за развој на вештини, нови можности за вработување и мотив младите да останат тука – во Прилеп, градот што го градиме заедно.

На 41 година, подобра од 20 години помлади – Мери Гичева им даде 11 гола на шампионките од Ѓорче Петров

Во натпревар од 4. коло на Првата лига на Македонија за жени, ракометарките на МРК Ѓорче Петров извојуваа победа на гостински терен во Прилеп против ЖРК Деспина со резултат 25:28.

Средбата се одигра во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, а она што го одбележа натпреварот беа настапите на Кристина Наумовска во победничкиот тим, која постигна 11 погодоци, и легендарната ракометарка од Прилеп, Мери Гичева, која исто така запиша 11 погодоци на своето име.

Гичева и на 41 година се’ уште е помеѓу најдобрите во лигата и не знае да престане да ги тресе противничките мрежи.

Резултати – 4. коло:

Деспина – МРК Ѓорче Петров 25:28
Стружанка – Атлетик 20:37
Јехона – Овче Поле СУ 11:33

Табела:

Овче Поле СУ – 6 бодови
Атлетик – 6
МРК Ѓорче Петров – 4
Деспина – 4
Стружанка – 2
Јехона – 2
Шампион – 0

Следно, 5. коло (11 октомври):

Овче Поле СУ – Деспина
Атлетик – Шампион
МРК Ѓорче Петров – Стружанка