дома блог страница 191

И малата ЛУНА од Прилеп трчаше на Скопски маратон – на крајот ја “болеле” нозете од трчањето (ФОТО)

Познатата фитнес инструкторка и бодибилдер Ангела Гелинческа истрча 5км на Скопскиот Wizz Аir маратон заедно со 3-годишната ќеркичка Луна, подвиг кој заслужува секаква пофалба.

-На Скопски маратон трчав со Луна, 5км ама исто како 21км да беа. Луна како и секогаш навиваше за мама, па ми пееше “сигма боиЦ”, ми кажа приказна за “Тежана“ (Снежана) и игравме “јис, камен, ножици“ … А да, и ми се пожали дека ја болеле нозете од трчањето… неа… ја болеле…Ах колку си ја сакам. Можи нозете болеа ама душата полна – напиша Ангела на својот Фејсбук профил.

Фотографии кои зрачат со љубов и топлина!

По лошиот старт на сезоната, ФК Пелистер и Капинковски се разделија

ФК Пелистер ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски.

Клубот му се заблгодарува на Капинковски за ангажманот и прифесионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата.

Во првите девет натпревари Пелистер запиша две победи, еден нерешен резултат и шест порази.

Клубот деновиве ќе го промовира новиот шеф на стручниот штаб.

Скопје како европска метропола: Николоски ветува ефикасен јавен превоз за сите граѓани

Од Скопје ќе создадеме европски град, метропола каква што заслужува да биде, истакнува вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочува дека програмата на партијата нуди урбани транспортни решенија кои ќе го унапредат јавниот превоз, обезбедувајќи пристап за сите граѓани и намалување на метежот.

„Нудиме современ систем за ефикасна транспортна мрежа, кој ќе го подобри движењето во градот и ќе овозможи побрз и поудобен превоз за сите“, наведува Николоски.

Според Николоски, проектот предвидува:

-Градски воз

-80 нови еколошки автобуси

-Нови вело патеки

„Со Даме сето ова ќе го постигнеме заедно. Скопје заслужува развој“, додава Николоски, нагласувајќи дека целта е метрополата да стане современ, урбан и еколошки град.

Град што се грижи за сите! ЗНАМ Прилеп со конкретни мерки за солидарно општество и грижа за ранливите

Во рамките на изборната кампања за претстојните локални избори, тројца кандидати за советници на Движење ЗНАМ за Наша Македонија – Прилеп се обратија пред граѓаните со своето програмско видување за пофер, похумано и посолидарно општество. Во фокусот на нивното обраќање беше социјалната грижа и хуманоста во заедницата, како темелни вредности на кои ќе се темели идното делување на локалната самоуправа.

Кандидатите ја истакнаа потребата Прилеп да стане општина што се грижи за секој човек, без исклучок, и ги претставија следните заложби:

Поддршка за децата без родителска грижа:

Воведување мерки за финансиска поддршка на децата и младите кои имаат статус на „деца без родители и родителска грижа“, сместени во установи или згрижувачки семејства на територијата на Општина Прилеп, сè до навршување на 18 години. Оваа поддршка ќе се реализира во рамките на општинските овластувања.

Отворање на „Сигурна куќа“ – општинско засолниште за жртви на семејно насилство:

Простор кој ќе нуди 24-часовна заштита, стручна психолошка и социјална помош, како и сместување до целосна реинтеграција на жртвите во општеството.

Формирање дневни центри за лица со попреченост и ретки болести:

Центри во кои ќе работат дефектолози, логопеди и други стручни лица, со цел обезбедување професионална грижа и поддршка за оваа најранлива категорија граѓани.

Со овие заложби, Движење ЗНАМ за Наша Македонија – Прилеп испраќа јасна порака дека грижата за луѓето е основата на секоја здрава и успешна заедница.

“Комфи Ангел” 20 год. е пример за успешна компанија – Лукаровска и Николовска на средба со менаџментот на прилепскиот текстилен гигант

Кандидатката за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ, Петра Лукароска и носителката на советничката листа, Драгица Николоска, денеска во посета на прилепскиот гигант во текстилната индустрија – компанијата “Комфи Ангел”.

Лукароска и Николоска остварија средба со сопственичката на компанијата, Ирена Јакимовска, а после средбата на социјалните мрежи напишаа:

-Повеќе од 20 години „Комфи Ангел“ е пример за успешна и општествено одговорна компанија. Соработката на локалната самоуправа со прилепските компании, градењето партнерство со малите и средни фирми, со бизнис секторот, е од обострана и клучна важност за развој на локалната заедница.

Во Прилеп отворена изложбата ,,Падот на ангелите,, од уметникот Никола Пијанманов

„Падот на ангелите“ е изложбата на слики од уметникот Никола Пијанманов, што беше отворена синоќа во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Уметникот се претставува со 18 слики.

На отворањето на изложбата уметникот Никола Пијанманов и Александар Еленин, главен и одговорен уредник на „Стремеж“, водеа дијалог за паднатите, за очајот и за последното возвишено воинство.

Еленин пишувајќи за изложбата ќе забележи: „ги гледаме сите беспомошни и безмилосно згазени, сите луди војни и грозоморни геноциди, сета светска неправда и безумие, сиот систематски хаос и пекол кој ни ја краде сегашноста и убива иднината. И токму за сите тие беспомошни – за девојчето чија солза е единствен знак на живот врз од смрт преплашеното лице, за очајните и болните по болничките чекалници, за проколнатите без никаква вина, за сите избодени, скршени и паднати ангели во и околу нас, за сите згаснати соништа и радости – за сите нив овие слики гласно молчат“.

Никола Пијанманов, има реализирано бројни самостојни и групни изложби во земјава и странство. Остварил студиски уметнички престои во Париз и во Њујорк, а реализирал повеќе сликарски проекти во претстави, илустрирал книги, изработил дела во јавен простор.

Празничниот викенд во Прилеп најдобро ќе пулсира во Terasa – Два дена, две бенд дружби, една неповторлива атмосфера

Подгответе се за празничен викенд исполнет со незаборавна атмосфера, одлична музика и многу позитивна енергија – само во Pub Club Terasa во Прилеп!

Во деновите кога се празнува Денот на народното востание и кога градот ќе врие од народ, најдобрата тераса подготви музичка програма за топло добредојде и одличен помин на сите гости во градот под Марковите Кули.

Во петок, 10. октомври, со почеток од 21:30часот, настапуваат дечките од “Метрополис Бенд”, дуото од Прилеп со кое ќе уживате во одличен репертоар на македонски и екс ЈУ хитови.

Во сабота, 11. октомври, за прв пат во Terasa Pub Club, настапуваат МАЕСТРАЛНИТЕ,  Мартин Овен и Илија Кикиритков – необичен спој на виолина и гитара, талентирани музичари кои верувајте дека вреди да се чујат и да се ужива во нивниот настап.

 

Ваше е да соберете убава екипа, да резервирате навреме на телефонскиот број:    070-304-967 и да уживате во прекрасниот амбиент кој го пружа Pub Club Terasa.

Kaко и секогаш, тимот на Terasa ве очекува со огромен избор на закуски и мезлаци, над 30 видови на пиво и секакви освежителни пијалоци.

Наздравје и убав помин!

Секоја чест! Кандидат за советник ќе го донира секој месечен хонорар од општината ако седне во идниот Совет

Интересна изборна битка се води за Советот во општина Битола, каде покрај политичките партии, традиционално има повеќе независни советнички листи со кандидатски листи.

Една од нив е независната советничка листа на “ГРаѓанската ИНицијатива ГРИН”, oд каде нудат луѓе од различни профили кои треба да му пркосат на партиите во идниот состав на Советот.

Oд граѓанската иницијатива вчера информираа дека нивниот кандидат за советник Александар Талевски – Крт, кој доаѓа од бизнис секторот, доколку стане член на новиот совет во Општина Битола, месечниот паушал кој би го добивал од Општина Битола транспарентно секој месец ќе го ДОНИРА на одредени категории на луѓе или институции каде што е неопходен.

Еден убав потег кој наиде на голем број позитивни реакции и пофалби од граѓаните.

Инаку и во Советот на општина Прилеп доскоро имаше примери, каде советници од ВМРО-ДПМНЕ ги донираа своите месечни хонорари. Прилепчани никогаш нема да го заборават хуманиот потег на Д-р Кире Јоноски и стопанственикот Диме Бозоски.

(ФОТО) Напред девојки, Прилеп се гордее со вас! Ангела и Тамара отпатуваа на Балканско првенство во Романија

Девојките борачки од Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп, Тамара Цветкоска и Ангела Трајкоска, синоќа отпатуваа на Балканското првенство во Романија.

Балканското во Романија започна на 7. октомври, а ќе трае до 12. октомври. Тамара и Ангела ќе настапат во категорија на кадети до 17 години, Ангела до 53кг, а Тамара до 61кг.

Со нив е тренерот Стојанчо Тушески.

Инаку, во пресрет на првенството, девојките имаа активни подготовки во Косово и Бугарија, па очекувањата се дека ќе изборат добри резултати.

Напред девојки!

“Розов октомври” – ПЗУ Д-р Моника со порака: Провери ги градите денес!

Октомври е месец посветен на борбата против рак на дојка. Розовата боја се користи како симбол за подигнување на свеста од 1985 година. Првата идеја ја оформила и реализирала American Cancer Society (Американското општество за борба против ракот) и фармацевтската компанија Imperial Chemical Industries (ICI). Од тој момент па се до ден денес розовата боја е симбол за борбата против рак на дојка.

Оваа иницијатива се реализира преку различни активности како настани за собирање на средства, информативни сесии, разнообразни кампањи и акции на социјалните мрежи. Основната цел е да се намали инциденцата на рак на дојка и да се подобри препознавањето и лекувањето на оваа форма на рак. Ракот на дојка е најчестата форма на рак кај жените низ целиот свет, но во последните години оваа состојба почна да се забележува и кај мажите.

Твоето здравје е твојата сила!

Октомври нека биде потсетник дека секоја жена заслужува да биде сигурна, здрава и мирна.

ПЗУ Д-р Моника те потсетува:

Раното откривање на карцином на дојка спасува животи!
Затоа — не одложувај. Направи мал чекор што може да направи голема разлика.
Провери ги градите!

Закажи преглед уште денес:

071 469 469 / 048 404 469

Кое е значењето на розовата панделка?

Панделката е симбол на секоја добротворна цел. Фондацијата за рак на дојка на Сузан Комен е првата организација која им делела розови панделки на преживеаните од рак на дојката во 1990 година. Со текот на годините овој симбол станал општоприфатен од целиот свет. Розовата панделка е симбол на борбата против ракот на дојка и на надежта за преживување и пребродување на оваа болест.

Зошто е искористена розовата боја?

Розовата е суштинска женска боја. Весела, го слави животот. Многу студии покажале дека оваа боја има смирувачки ефект, и го намалува стресот. Пастелната розова е нијанса што се поврзува со здравјето. Не можете да ја поврзете розовата со лоша работа. Со други зборови, розовата е сè што ракот евидентно не е – вели Маргарет Велч, директор на Color Association of United States.

Октомври е розов месец и совршен повод за едукација за женското здравје, но нека биде само почеток за будење на свеста кај жените преку целата година.

Зошто Октомври е прогласен за розов месец?

„Национален месец за подигнување на свеста за ракот на дојката“ бил слоганот на најпрвата кампања на оваа тема. Овој настан се одржал во Америка во октомври 1985 година. Токму затоа подоцна името се променило во Розов октомври.

Целта на Розовиот октомври е да ги поттикне жените (и мажите) да ги извршуваат рутинските прегледи на дојките, да бидат свесни за симптомите на ракот на дојка и да ја подигнат јавната свест за оваа болест.

Медикус Хелп во изминативе 20 години активно е вклучен во многубројни активности. Без разлика дали пристапуваме индивидуално или во соработка со други здруженија и организации нашата цел е да ја подигнеме свеста и да ги подобриме условите во кои живеат и се лекуваат жените кои се борат со оваа болест. Како и секоја година, така и оваа имаме богата содржина за време на месец Октомври, ќе едуцираме, ќе подаруваме и ќе помогнеме таму каде што е најпотребно.