дома блог страница 190

Утре во “Цепенков” ќе биде отворена годишната изложба од прилепското Друштво на ликовни уметници

На 10 Октомври 2025г. / петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од НУЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена годишната изложба на ДЛУП за 2025 година. Изложбата е дел од програмата на Центарот за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам, и е дел од програмата по повод празнокот 11-ти Октомври. Изложбата ќе биде отворена 10 дена.

-Годинава својата креативност ќе ја изразат 13 уметници, членови на ДЛУП, кои ќе се претставаат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем – вели Маја Ралева Миладиновски од ДЛУП.

На изложбата ќе бидат изложени дела од Филип Перески, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева Миладиновски, Емил Солески, Филип Јовески, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Дарко Талески, Кирил Геговски, Лепа Милошеска, Бојана Артиноска, Славчо Павлоски.

Бозоски и Јоноски донираа по речиси 30.000 денари месечно…досега немаат кандидат наследник што би го направил истото

Прилепчани нема да го заборават потегот на двајцата советници од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Кире Јоноски и стопанственикот Диме Бозоски, кои во изминатите 4 години додека беа советници во Советот на општина Прилеп, месечните хонорари ги донираа во хуманитарни цели.

Па така, Јоноски и Бозоски излегоа во пресрет секаде каде што можеа и имаше потреба од собирање средства за семејства кои го изгубиле домот, за лекување на дечиња, во разни хуманитарни организации и сл.

Прилеп памети, па во пресрет на локалните избори кои треба да се случат на 19. октомври, на социјалните мрежи и во чаршијата се зборува на оваа тема и се очекува да се појават нови херои од новиот состав кои ќе го сторат истото.

Засега молк од сите кандидати на политичките партии, а ги има такви на кои месечен паушал од 29.000 денари нема да им промени многу, а ќе значи премногу за поединци и семејства.

Прилеп е наш заеднички дом во кој треба да се избориме секој еден достоинствено да живее!

Прилеп што се грижи за младите: ЗНАМ ветува мерки против булинг, стипендии за дефицитарни кадри и бесплатни дигитални курсеви за млади (ВИДЕО)

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Прилеп во своето ново видео-обраќање го става фокусот на младите, нивната безбедност, образование и идни можности.

Кандидатите за советници порачаа дека борбата против врсничкото насилство (булингот) мора да стане приоритет во локалните политики на идната локална власт во Прилеп. Преку едукативни активности во училиштата и подигнување на свеста кај учениците, наставниците и родителите, тие предлагаат системски пристап за превенција и поддршка на жртвите на насилство.

Под мотото „Прилеп учи дигитално“, ЗНАМ предлага воведување бесплатни курсеви за дигитални вештини за деца и млади, со цел тие да се подготват за вештините што ги бара современиот пазар на труд.

Дополнително, партијата најавува стипендии за ученици во дефицитарни струки – заварувачи, бравари, водоинсталатери, електричари и други – како поддршка за младите кои сакаат да останат и да работат во својот град.

„Нашата визија е Прилеп каде секое дете учи без страв, секој млад човек има шанса, а насилството нема место во училиштата,“ порачуваат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

На ваква струмичка филозофска мисла ќе позавидат и Аристотел и Сократ (ВИДЕО)

Предизборна дебата на кандидатите за градоначалници во Струмица – зборува кандидатот на СДСМ, Марјан Даскаловски…

– Македонија е една од најзагадените држави во Македонија!

Возел со 2,3 промили алкохол низ Прилеп – Заврши во полициска станица

-На 08.10.2025 во 01:45 часот на ул. “Леце Котески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Л.Т. (41) од с.Бегниште, кавадаречко.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило “форд” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,30 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – “безобѕирно управување со моторно возило” – информираат од СВР Битола.

Подгответе се за зимско сметање на времето – ќе се стемнува пред 17 часот

Во недела, 26 октомври 2025 година, во 3:00 часот наутро, ќе ги поместиме часовниците еден час назад на 2:00 часот наутро. Потоа ќе спиеме еден час, но деновите ќе бидат пократки односно ќе се стемнува порано.

Поместувањето на часовникот произлегува од желбата за подобро искористување на дневната светлина, особено во летните месеци. Намерата беше да се намали потрошувачката на енергија, но современите истражувања покажуваат дека овие заштеди се минимални. И покрај ова, часовниците сè уште се поместуваат напред во повеќето земји од Европската Унија.

Во 2018 година, Европската Унија предложи да се укине сезонското поместување на часовникот, но земјите-членки не успеаја да се договорат за униформно време. Поради оваа причина, ќе продолжиме да го поместуваме часовникот напред барем до 2026 година.

Иако повеќе од 70 земји низ целиот свет сè уште го поместуваат часовникот напред, неколку земји веќе ја укинаа практиката. Меѓу нив се:

Русија, Турција и Белорусија, кои се одлучија за трајно летно сметање на времето.

Исланд, кој поради својата локација нема потреба да го поместува часовникот.

Во Европската Унија, повеќето земји сè уште ја следат сезонската промена на часовниците, а и Македонија го следи тоа правило.

Битолски театар гостува на првото издание на фестивалот на монодрама во Албанија

Народен театар – Битола на 11-ти октомври ќе учествува на првото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Verbum Est – Është Fjala“ со авторската претстава на Марјан Георгиевски – „Железно небо“. Фестивалот се одржува од 6-ти до 12-ти октомври во Поградец, Албанија а покрај Македонија учествуваат монодрами од Италија, САД, Косово, Албанија, Украина, Колумбија и Шпанија.

Георгиевски заедно со Александар Димовски го создаде овој “cinema theatre”, користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот.
Се работи за приказна за еден балканец, за се она што му е обесено на вратот, за неостварените мечти, за “зацапаноста” во малограѓанштината, за соништата кои не можат да се остварат.

За тоа кога сме притиснати до ѕид – како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце.За бегањето од сопствените корени. Како е да се сонува со џебови полни камења? „Пред недела дена мислев дека имам совршен живот, а денес сакам да си излезам од кожата“.

Дизајн на звук и музика Александар Димовски, видео оператор Владимир Переловски, фотографија на плакат Сашо Илковски. Игра Марјан Георгиевски, а гласовите се на Јасмина Василева, Марко Богдановски, Марија Стефановска, Невена Ѓаковска.

Коњановски: Битолчани и во иднина ќе добиваат субвенции за инвертери, за сончеви колектори

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник за општина Битола од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, посочувајќи дека минатогодишниот мандат го извршувал посветено, одговорно, отчетно, а новиот мандат ќе значи континуитет на активностите кои секојдневно се реализираат на терен. Коњановски истакна дека Битола во изминатите четири години беше едно градилиште и посочи дека истата ќе продолжи да се гради и развива не само инфраструктурно, туку и во делот на културата и спортот чии впрочем и обележја се на градот Битола.

Коњановски во продолжение го елаборираше и проектот за топлификација на Битола, при што истакна дека станува збор за капитален проект од 40 милиони евра, и кажа дека дел е реализиран, а во делот на станицата за дотоплување ќе се реализира и дека на повидок се активностите за прочистителна станица.

„Во делот на топлификацијата, неколку проекти се во фаза на реализација, топлификацијата е веќе дел од проектот кој е завршен. Тоа е еден од капиталните проекти над 40 милиони евра кој ќе се реализираат и се реализираат останува уште станицата за дотоплување. Пред отпочнување сме на работи и активности за прочистителната станица“, кажа Коњановски и надополни:

„36 институции во Општина Битола се поврзани на проектот со топлификација. Направена е мрежа од 15,5 км градска инфраструктура и уште толку до РЕК Битола поврзување“.

Коњановски посочи дека во неговиот мандат беше ресетирано и ставено во функција МЈП Пелалинк, дека беа ставени на располагање на сите капацитети во делот на транспортни средства и дека се очекува преку новиот повик од Владата, Битола да добие уште најмалку 6-7 електрични автобуси со кои ќе се подобри јавниот превоз во општината.

„Конечно рестартирање на меѓурегионалното јавно претпријатие за превоз Пелалинк. Го рестартиравме, ги ставивме сите капацитети кои ги имаме во делот на транспортни средства, минибус, неколку електрични автобуси од помала категорија, комби возила заедно со општините Новаци и Могила. Од Владата на Република Македонија од новиот повик информирани сме дека од пакетот на 120 електрични автобуси за локалните самоуправи освен градот Скопје кадешто ќе припаднат 80,40 остануваат за нас од кои Општина Битола треба да добие најмалку 6-7“.

Коњановски во однос на претходно изнесеното се надоврза и посочи на сè она што е преземено, што се презема, но и што се планира во делот на заштита на животната средина во Битола и кажа:

„Проектот на топлификација решава дел од проблемите, но не комплетно. Современ систем за ослободување на возилата и од централното градско подрачје и воопшто од нашето користење е воспоставување на квалитетен градски сообраќај. Со набавка на дел од еколошки автобуси ќе се обидеме да ја санираме положбата колку што може и на граѓаните да им овозможиме алтернатива. Сме со идеа и да го затвориме централното градско подрачје и тоа веќе постои одлука се чека сообраќајниот режим кој треба да стапи. Во делот на субвенциите имаме премногу субвенции и во делот на инвертери, колектори за сончева енергија, 10 училишта се покриени со сончеви колектори, а до крајот на мандатот ќе бидат сите, имаме и енергетски фасади“, вели Коњановски.

На крај, Коњановски заклучи и кажа дека во негов мандат постојат 65 проекти со кои аплицирале пред Владата кои чекаат на реализација и за истите се обезбедени средства.

(ВИДЕО) Ќе се развивал спортот во Прилеп

Време е спортот повторно да стане гордост на нашиот град! Градиме нови сали, игралишта и модерни терени за сите генерации – се вели во новиот предизборен спот на ВМРО-ДПМНЕ,

Во своето обраќање до граѓаните, кандидатот за советник, Златко Рикалоски ветува:

-Градиме нова ера за спортот во Прилеп. На местото од Соколана, нова спортска сала до 2.000 седишта, за спорт, култура и настани. Го обнувуваме спортскиот комплекс “Партизан”, во секое маало ново игралиште, отворени спортски паркови и фитенс зони, сите спортски клубови и школи на едно место – фестивал на спортот за цел град.

Утре во “Цепенков” во Прилеп, изложба во чест на Богдан Богдановиќ – креаторот на Могилата на непобедените

Шеснаесето гостување на изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп (Македонија), во соработка со НУ Завод и Музеј Прилеп. Изложбата ќе биде отворена на 9.10.2025 / четврток/ во 14.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“.

Изложбата ќе ги претстави резултатите од најновите истражувања на спомениците на Богдан Богдановиќ во Македонија, заедно со богата ретроспективна поставка на целиот опус на овој автор. Изложбата беше најавена со работилници за деца и млади во текот на целата измината недела, ( ги реализираше Завод и музеј Прилеп) преку кои на креативно-ликовен начин го запознаа уметничкиот свет на Богдановиќ, но и сопственото културно наследство на локалитетот Могила на непобедените. Работилниците ги водеше историчарката на уметност Аида Шарац Бербиќ, музејски едукатор.

За време на траењето на изложбата, до 25 октомври, подготвена е богата придружна програма која вклучува кустоски водства низ изложбата, премиерно прикажување на филмот „Делото на Богдан Богдановиќ видено од земја и од небо“ (88 мин.) од авторот Предраг Новаковиќ, како и дигиталната училница „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“.

Биографија на Богдан Богдановиќ

Богдан Богдановиќ (1922, Белград – 2010, Виена) бил српски и југословенски архитект. Целиот свој живот ги градеше меморијалите посветени на Народноослободителната борба и Револуцијата во Втората светска војна. И самиот бил учесник во оваа војна, како доброволец и партизан, кога бил и тешко ранет.

По дипломирањето на Архитектонскиот факултет во Белград во 1950 година, се вработува на истиот факултет и до пензионирањето во 1987 година предава урбанистички предмети. Ја основал Алтернативната школа за филозофија на архитектурата во Мали Поповиќ (1976), бил градоначалник на Белград (1982–1986), и целиот живот, покрај проектирањето, цртал и пишувал – зад себе оставил повеќе од 12.000 цртежи (во Архитектонскиот центар во Виена), околу 500 текстови во весници и списанија и 20 книги.

Најзначајното наследство на Богдановиќ се 20 монументални споменици посветени на жртвите на фашизмот и НОБ, изградени низ целата СФРЈ од почетокот на 1950-тите до почетокот на 1980-тите години.

________________________________________

Каталог на архитектонски дела на Богдан Богдановиќ

1. Споменик на еврејските жртви на фашизмот, Белград (1951–1952)
2. Спомен-гробје на жртвите на фашизмот, Сремска Митровица (1959–1960)
3. Споменик на паднатите борци од НОБ, Прилеп (1960–1961)
4. Партизанско спомен-гробје, Мостар (1959–1965)
5. Спомен-парк „Слобдиште“, Крушевац (1960–1965)
6. Споменик „Камен цвет“, Јасеновац (1959–1966)
7. Споменик на револуцијата, Косовска Митровица (1960–1973)
8. Спомен-парк на револуцијата, Лесковац (1964–1971)
9. Споменик на историјата на борбата за ослободување 1804–1945, Књажевац (1969–1971)
10. Партизанска некропола, Штип (1969–1974)
11. Спомен-парк на Гаравиците, Бихаќ (1969–1981)
12. Спомен-парк на борбата и победата, Чачак (1970–1980)
13. Споменик на почетокот на востанието, Бела Црква кај Крупањ (1971)
14. Некропола на жртвите на фашизмот, Нови Травник (1971–1975)
15. Споменик на стреланите родољуби и Роми, Арапова долина, Лесковац (1971–1973)
16. Споменик на слободата на Јасиковец, Беране (1972–1977)
17. Споменик на паднатите борци на револуцијата, Власотинце (1973–1975)
18. Спомен-комплекс „Дудик“, Вуковар (1978–1980)
19. Спомен-парк на Попинска Река, Штулац кај Врњачка Бања (1979–1981)
20. Спомен-комплекс во Клис кај Сплит (1988) – урнат во 1995 година