дома блог страница 189

Цената на нафтата драстично падна – поевтини за над 13%

Драматичната најава на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделен прекин на огнот со Иран веднаш ги „собори“ цените на суровата нафта на светските берзи. По неколкунеделна неизвесност и страв од глобален колапс, пазарите конечно здивнаа.

Цената на нафтата од типот Брент забележа пад од 13,3 проценти и сега се тргува за околу 94,74 долари за барел. Уште подрастичен е падот кај американската лесна нафта (WTI).

Сепак, експертите предупредуваат дека иако ова е позитивен сигнал, цените се сè уште значително повисоки од оние во февруари, кога барел нафта чинеше околу 73 долари пред почетокот на конфликтот.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ОРЕВОКРШАЧКА НА СЦЕНАТА НА НОБ

Видеолотарија Касинос Австрија, во рамки на своето партнерство со Националната опера и балет, со особено задоволство ја најавува премиерата на еден од најомилените балети на сите времиња – „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски.

Оваа волшебна балетска фантазија во два чина ќе биде изведена на сцената на МОБ вечерва, 8 април од 20:00 часот.
Диригент на претставата е Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата и либретото се дело на Саша Евтимова. Сценографијата ја потпишува Марија Ветероска, костимографијата Марија Пупучевска, концерт мајстор е Климент Тодоровски, а асистенти кореографи се Дмитро Чеботар и Маја Митровска Богојевска.

Во главните улоги настапуваат: Христина Наќевска Митрашиновиќ (Шеќерна Вила), Франциско Хименез Руиз (Кавалер), Балаж Лочеи (Снежен крал), Наташа Трендафилова Гицев (Снежна кралица), Игор Веланоски (Дроселмаер), Бобан Ковачевски (Крал на глувците), Веселин Трајкоски (Лукас – Оревокршач), Гала Кочевска (Клара) и Марко Мијатовиќ (Фриц). Во изведбата учествуваат истакнати солисти, ансамблот, оркестарот и хорот на Националната опера и балет, како и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Силно веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и придонесуваат кон развојот на општеството.

Трамп успеа: “Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“.

„Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите видови и ќе бидеме блиску за да се осигураме дека сè ќе оди како што треба. Сигурен сум дека ќе биде така“, напиша Трамп утрово на својата мрежа Truth Social.

Како што додаде, „исто како што го доживуваме во САД, ова може да биде златното доба на Блискиот Исток“.

Неколку часа претходно, Трамп изјави дека по разговорите со раководството на Пакистан, се согласил на прекин на огнот меѓу САД и Иран во период од две недели.

Кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат двонеделен договор за прекин на огнот, иранските власти објавија соопштение во кое го потврдуваат договорот, велејќи дека договорот вклучува „продолжена иранска контрола врз Ормуската Теснина“.

Прилепскиот карате клуб “Феникс” блесна на „Олимпик Опен 2026“ – трето место во генерален пласман во конкуренција на 75 клубови

Карате клубот „Феникс“ oд Прилеп одново потврди дека припаѓа во самиот врв, освојувајќи го третото место во генерален пласман на меѓународниот турнир „Олимпик Опен 2026“, кој се одржа на 5 април во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Во силна конкуренција од дури 1075 натпреварувачи, 75 клубови и 10 држави, младите каратисти на „Феникс“ имаа извонреден настап, освојувајќи бројни медали и демонстрирајќи висок квалитет, дисциплина и борбен дух.

Најуспешни поединци беа:

Димитар Јанески – 🥇🥇🥉
Јована Димитриоска – 🥇🥈
Јована Конеска – 🥇🥇
Андреа Чочева – 🥇🥉
Доротеа Стојаноска – 🥇
Мила Билбилоска – 🥇
Ненад Спиркоски – 🥇🥈
Сергеј Ѓуриќ – 🥇🥉
Ненад Гоцески – 🥈🥉
Горазд Мантароски – 🥉
Филип Момироски – 🥉
Матеј Темелкоски – 🥉
Јаков Сиљаноски – 🥉
Ева Момироска – 🥉
Ксенија Котеска – 🥉
Анастасија Јанеска – 🥉
Антонио Нунески – 🥉
Леонид Стеваноски – 🥉

Забележителен настап имаше и Матеа Мисеска, која достојно го претстави клубот.

Посебно внимание заслужуваат Димитар Јанески и Јована Димитриоска, кои настапија во финалето на У12 Опен категориите – Димитар го освои златниот медал, додека Јована се закити со сребро.

Овој резултат е уште една потврда за континуираниот напредок и квалитетната работа во клубот „Феникс“, кој гордо го претставува својот град и држава на меѓународната сцена.

Се слави Архангел Гаврил – Ангелот што го најави христовото доаѓање

Православните христијани денес (08.04) го слават празникот Собор на Свети Архангел Гаврил.

Иако овој празник не е одбележан со црвени или црни букви во православниот календар, сепак станува збор за ден што се слави меѓу народот, во чест на најавувањето на христовото доаѓање од страна на Архангелот.

Се верува дека светиот Архангел Гаврил бил испратен за да најави кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од пречистата Дева.

Се верува и дека Гаврил им го најавил на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија, а го поучувал и Мојсеј како да ја напише книгата Битие.

Според верувањата, Гаврил е еден од седумте серафими најблиски до Бога. Секој од архангелите има посебна служба, а сите тие се рамночесни.

Според христијанската вера, Архангел Михаил (кој се слави во ноември, па затоа е познат и како зимски Свети Арангел) е серафимот чијашто служба е да ги крши непријателите на Божјата вера, а службата на Гаврил е благовестење за човековото спасение.

За овој празник во минатото биле врзани голем број верувања. Иако празникот не е одбележан со црвени букви, жените се воздржувале од шиење и плетење, или други рачни работи, а се верувало дека ова е идеален ден за започнување нови работи и за промени.

На светиот Архангел Гаврил треба да му се молат жените што посакуваат потомство, затоа што се верува дека тој носи убави и светли вести.

Прилепчанец го отпеа херојското дело на Патчев и дружината – 124 години од херојската саможртва во прилепско Кадино Село (ВИДЕО)

На 7-ми април далечната 1902 година во нерамна битка против 500 војници турски аскер, Методија Патчев и неговата дружина после 24 часовна борба, сами си го одзеле животот, а нивниот подвиг предизвикал восхит не само кај својот народ туку и кај непријателот

Херојската саможртва на Патчев и денеска се памети, па голем број патриоти присуствуваа и денеска во Кадино Село и му оддадоа почит на војводата и неговата чета, а за херојското дело на Патчев и дружината пее и Трајче Каралиоски, наставникот од Прилеп кој долги години е присутен и на естрадата.

Во чест на 124-годишнината од смртта на Методи Патчев, песната на Каралиоски и одличниот спот снимен од фото “Беџо” во продолжение:

Премиерот најави нови мерки против скапотијата по Велигден

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови мерки за контрола на цените на прехранбените производи. Мицкоски рече дека на првата седница по Велигден владата ќе донесе нови мерки кои ќе бидат таргетирани, но повтори дека Владата прави анализа и е претпазлива во носењето на решенијата бидејќи не се знае колку ќе трае кризата.

-Следните мерки на Владата ќе бидат потергетирани и ќе се однесуваат на одредени групи на граѓани и на одредени производи главно основни прехранбени производи. Тие ќе бидат комбинирани со намалување на ДДВ-то и со ограничување на профитната маржа – рече Мицкоски.

Тој потврди дека законот за нефер трговски практики за зголемување на казните е готов.

-Јас имав состанок со претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Мислам дека прашање на денови е кога тој ќе влезе во владиина процедура – рече Мицкоски.

Мицкоски дека очекува инфлација меѓу 4 и 5% во март.

Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5% – рече тој.

Ќе има што да се види: Пристигнуваат нови жители во битолската ЗООЛОШКА ГРАДИНА (Фото)

Привилегија за најмладите е што Битола има зоолошка градина, најчесто посетувана од нив заедно со своите најблиски. И оваа зоолошка градина е единствена во овој регион. Грижата на Општина Битола на дело се манифестира преку помагање за
подобрување на благосостојбата на животните, со што станува уште попривлечна за посетителите, особено во пролетниот и летниот период, а често е посетувана и од група ученици како од Битола, така и од други градови, но и од соседна Грција.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски беше во посета на градината каде ќе се реализираат два проекти. Од директорот Жарко Тренковски беше информиран за плановите и динамиката на изведба.

Едниот проект е изградба на објект терариум, а другиот изградба на објект за копитари и двата од министерството за култура и туризам, а аплицирани од Општина Битола на вториот владин повик.

Во моментов во зоолошката градина се работи на интензивно пролетно средување, на оплеменување на живеалиштата. Денеска се очекуваат да пристигнат и нови жители на зоолошката градина ( мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури, коати) од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок со потпишаниот меморандум за соработка меѓу зоолошките градини од Битола и Белград, следните животни: бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, був.

Зоолошката градина оваа година планира програма за едукација на вработените во зоолошката градина во Загреб.

Мицкоски: Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, очекуваме голем напредок во значајни области

Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, со оваа администрација, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање „што очекува од стратешкиот дијалог во САД каде има денес македонска делегација“.

Нашата делегација таму ја предводи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а од другата страна е вториот човек на Стејт Департментот.

-Исклучително високо ниво. Теми кои ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, апликациите и имплементацијата, билатералната соработка, енергетиката, инфраструктурата која ја градиме и во која силно инвестираме. Потоа одбрамбената индустрија, соработката во овој дел. Тоа се неколку области во кои што очекуваме да се постигне голем напредок. Истовремено да се промовира една инвестиција во значаен производен објект. Тоа е рудата антимон која ќе се експлоатира во паланечкото село Луке. Редок минерал, што може за нашата економија да значи многу, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека истрагите таму се при крај и очекува многу скоро тоа да биде започнато.

-Ќе се извезува во САД. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома во САД, тоа е еден заокружен циклус. Нешто кое што е многу важно за Македонија како држава и за нас како граѓани, рече Мицкоски.

Во четврток традиционален Велигденски панаѓур во дворот на OOУ “Кире Гаврилоски-Јане”

По повод големиот христијански празник Велигден, во дворот на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп ќе се одржи традиционалниот Велигденски панаѓур – настан кој на едно место секоја година собира стотици посетители, ученици, но и родители, баби, дедовци….

Панаѓурот ќе се одржи во четврток, на 9 април 2026 година, со почеток во 11:00 часот.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата изложба на рачно изработени предмети, создадени од вредните ученици, нивните родители и наставници, и секако да си купат нешто за дома и да ја разубават празничната атмосфера во домот. Панаѓурот има за цел да го долови празничниот дух и да ја поттикне креативноста и заедништвото во училиштето.

Од училиштето упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат и да бидат дел од оваа убава велигденска приказна.