дома блог страница 1890

Вечното дерби на “Гоце Делчев”, Борче Јовчески секогаш со спортистите (Фото)

Во рамките од 16-финалето од Купот на Македонија, Победа го пречекува Вардар, во вечното дерби кое стартуваше од 15 часот на градскиот стадион “Гоце Делчев”.

На трибините веќе редовно поддршка на црвено-белите е кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески.

Јовчески е голем поддржувач на спортот и е како одомаќинет на спортските натпревари.

Прилепчани во огромен број навиваат за црвено-белите и очекуваат триумф над вечниот ривал Вардар.

Сугарески во едно дpyго вpeме: Влacта бега од откyпот на вишокот тyтyн (Видео)

Предизборието е секогаш добро време да се потсетиме што ветувале и за што се залагале политичарите во минатото, особено оние чии политички кариери траат повеќе од 2 децении

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, едно време беше жесток поборник за правата на тутунопроизводителите.

Обвинуваше дека минатата власт бегала од откупот на вишокот на тутун и ветуваше “мед и млеко” за напатениот земјоделски народ.

Колку од тоа е реализирано и колку се подобри животниот стандард на тутунарите сведоци сме сите.

Ниските откупни цени за минатата реколта, неисплатените средства од петтиот Ковид пакет, редиците пред откупните пунктови…. се само дел од проблемите кои тутунарите ги посочуваа и ги посочуваат секојдневно.

Покрај тоа последно тутунарите од прилепскиот регион реагираа и на фактот што за нив нема предвидено “зелена нафта”, a постојано се жалат и на недоволната заштита од државата од невремиња и неисплатените штети.

А кога вишокот на тутун е во прашање, Сугарески треба да прошета низ селските средини и да провери дали се уште има тутунопроизводители кои чуваат тутун од минатата реколта. Ќе се изненади колку тони се останати по таваните и плевните…

Црни облаци од чад над Прилеп (Видео)

Црни облаци чад се издигаа околу пладне над Прилеп

Облаците чад доаѓаа од подножјето на “Маркови Кули”, а упатени граѓани кои ни го испратија видеото велат дека се работи за несовесни поединци кои горат кабли и гуми за искористување на бакар.

Ова не е прв пат вакви облаци од чад да го загадуваат воздухот во Прилеп и засега никој ништо не презема за да го спречи проблемот.

(Документ) Мицкocки откpива што потпишал Beнко за болницата во Teтово: Министерството само побарало пypпанели

Во отсуство на одговори од надлежните, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски споделува информации кои ја зголемуваат одговорноста на оние кои бегаат од морална и секаква друга одговорност.

Вчера запрашав за начинот и материјалот на градба на модуларните болници. Еве и зошто. Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составени од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни. Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларниве болници. Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи), пишува Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него овие објекти спрема правилникот за заштита пожари и експлозии спаѓаат во група на објекти од категорија “Г” и за нив важи дека истите објекти мора да имаат огноотпорност од минимум 2 часа. Во реалноста, болницата во Тетово изгоре за 2 минути.

-Оттука, зошто во набавката се барале леснозапаливи PUR панели? Зошто не се барало атест за квалитет, зошто немало противпожарна заштита, и зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути? Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки!, пишува Мицкоски

Ни дoaѓа пopoeн дожд и зacилен ветep: Детална вpeмeнcка пpoгноза за пpecтojниот викенд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Времето петок ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела времето ќе биде сончево со умерена облачност, во планинските подрачја со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец.

Не ги пуштаат невакциниpaни во кафулињата, за битолчани тоа не е проблем, си сварија кафе на плоштадот Магнолија (Фото)

Незадоволни граѓани од Битола кои се противат на мерките за задолжителна вакцинација при посетата на угостителски објекти, пиеја кафе на плоштадот Магнолија.

Исто како и Французите во Париз, така и дел од битолчани го изразија својот револт од најновите мерки.

Си направија пикник, си сварија кафе и повикаа на нова ваква средба на 18.09 (сабота) на истата локација.

ФОТО: ИГОР ПЕТКОСКИ

На пописот досега за Бугари се изјасниле само 72 граѓани во Македонија

На пописот во Македонија што е во тек досега за Бугари се изјасниле само 72 граѓани. Ова во текст за „Фактор.бг“ го пишува поранешниот конзул на Бугарија во Софија Иван Анчев.

Ако во Македонија за Бугари се определат само 1.000 луѓе тоа би не лишило од секакви аргументи во дијалогот со властите во Скопје-искрен е конзулот.

Тој понатаму продолжува со жалбите.

Седумдесет и двајца. При 130.000 бугарски пасоши издадени од северномакедонски граѓани. Сите тие баратели на пасош кои не мора да ги наречам Бугари пред нотар се декларирале дека имале бугарска свест и пополниле декларација со неточно податоци кое потпаѓа под членот 313 од Кривичниот законик на Бугарија-се закани конзулот.

Прилепчани ве поздрави Парма! На денешен ден пред 21 година во Македонија гостуваа Буфон, Канаваро, Турам, Аморосо, Ди Вајо…

14 септември 2000 година и ден денеска е еден од најголемите датуми кога фудбалот во Прилеп е во прашање.

Во рамките на првото коло од Купот на УЕФА, Победа се соочи со ѕвездениот тим на калчолигашот Парма. Иако црвено-белите беа поразени во двата дуели, љубителите на фудбалот и денес се сеќаваат кој се гостуваше тогаш во Македонија.

Во редовите на Парма тогаш беа: Џиџи Буфон, Фабио Канаваро, Лилијан Турам, Серџо Консисао, Аморосо, Саво Милошевиќ, Жуниор и Марко Ди Вајо.

Оваа ѕвездена екипа против себе го имаше тимот кој на Прилеп му го донесе првиот трофеј во натпреварувачката 2000/2001 година освојувајќи го Купот на Македонија.

Во редовите на црвено-белите тогаш беа: Боби Тенев, Панче Ќумбев, Игор Николаевски, Благојче Нацев, Жилсон, Раде Каранфиловски, Панче Ристовски, Тони Наумоски, Николче Здравески, Дарко Диниќ, Сашко Крстев, Тони Мегленски, Горанчо Тодоровски и Влатко Стојчевски.

Натпреварот кој тогаш се одигра на Градски стадион во Скопје пред 9.500 публика, заврши со триумф на Италијанците од 0:2.

Стрелци на головите беа: Серџо Консисао во 23-та минута и Марко Ди Вајо во 74-та.

Парма на својата официјална Фејсбук страна денеска потсети на дуелот против прилепчани, а во преден план на фотографијата се легендата на ФК Победа и македонскиот фудбал, Панче Ќумбев со Саво Милошевиќ.

Како ли само моќно изгледале “Мајмуните”… морници по цела кожа….

Прекрасен проект: Виртуелна прошетка низ манастирот Св. Преображение кај село Зрзе

3дружението “Концепт за култура” од Скопје, кое работи на промоција на културно историското наследство на Македонија, во соработка со Министерството за култура, се во процес на изработка на 40 виртуелни прошетки (20 цркви и манастири и 20 археолошки локалитети).

Една од овие виртуелни прошетки е направена во црквата Св. Преображение кај с. Зрзе.

Самиот манастир е изграден врз античка населба, во непосредна близина на манастирот се наоѓа ранохристијанска базилка од V-VI век, а при археолошките истражувања во манастирот е пронајден бакарен крст, енколпион, од X век.

Сето тоа сведочи дека Манастирот Зрзе претставува еден од најзначајните култни простори во Македонија.

Манастирот со црквата Св. Преображение или Св. Спас како што се споменува во некои натписи од средината на XIV, па сè до XIX век е активно монашко жариште.

Според натписот откриен над јужната врата од надворешната страна (испишан околу 1400 г.), основач на најстарата еднокорабна црква од денешниот комплекс е монахот Герман во времето на царот Душан (околу 1346- 1355 г.).

Во 1368/69 ктиторското право било предадено од страна на митрополитот Јован и јеромонахот Макариј, внуците на монахот Греман, на кметот Константин и неговите синови Јаков, Калојан и Димитар.

Фрагментите од првобитниот фреско-живопис, зачувани се само во најниската зона на олтарот.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете ТУКА

Попyлapниот македонски пejaч и прилепски зет кандидат за советник во Советот на општина Битола

Македонскиоит пејач на поп музика и виолинист Димитар Андоновски е еден од кандидатите за членови на Совет на Општина Битола, кој се најде на објавената листа од страна на СДСМ.

На листата има 31 кандидат, а Андоновски се наоѓа на 21-то место.