дома блог страница 1891

Забрзано се одвива реализацијата на проекти во пресрет на изборите во Прилеп (Фото галерија)

Ова треба да се вика вертикална или хоризонтална сообраќајна сигнализација, или што ли и да е…

Прилеп, 21 век, предизборие, улица “Егејска”…. толку.

Оние кои се подобро информирани за што служат овие “знаци” нека објаснат во коментари…

Уште еден прилепчанец од Австралија донираше влезници за Победа: Секој кој не може да си купи, може да си подигне и да навива за црвено-белите против Вардар

Стигна втората донација влезници од Австралија. На располагање на вљубениците на Победа се ставени 100 влезници за утрешниот натпревар од 16-финалето од Купот на Македонија, кој прилепчани го играат против Вардар.

Откако викендов Maрио Јосковски, прилепчанец од Австралија донираше средства за 115 влезници за натпревартот Победа-Саса, сега и Гоце Павлески од Сиднеј испрати донација за вљубениците во фудбалот.

100 влезници се ставени на располагање за секој оној кој сака да навива за Победа, а не може да си дозволи да купи влезница.

Билетите можат да се подигнат од “Гостилница кај Кекеле” и ве замолуваме иситете да стигнат само во вистински раце.

Секоја чест за нашинците од прекуокеанските земји и се надеваме дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина и ќе ја следат и други нашинци од дијаспората.

Прилепчанец од Австралија купи 115 карти за натпревар на Победа: Кој не може да си дозволи карта, може да си подигне во оваа гостилница

Златоврв направи pacтyр на “Трчај бе” во Битола: Освоени 5 медали (Фото)

Изминатиот викенд се одржа третото издание на спортскиот настан во Битола, Трчај Бе. Учество зедоа повеќе од 1000 натпреварувачи во 3 дисциплини: трка на 5км, трка на 10км и полумаратонска трка, воедно и Балканско првенство во полумаратон.

17 членови на АОК Златоврв – Прилеп зедоа учество на атлетскатa трка на 5км , која се карактеризира со благи успони и искачување од 30 м. Тркач(к)ите на АОК Златоврв се на возраст од 8 до 69 години и се закитија со 5 медали (2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени).

Женска конкуренција (индивидуално):
1 место: Милена Чкрипеска со време 20:41 (1/198)
3 место: Мери Чкрипеска со време 21:59 (3/198)

Женска конкуренција (екипно):
1 место: АОК Златоврв – Прилеп – вкупно време 1:39:54 (1/12)
(Милена Чкрипеска, Мери Чкрипеска, Ева Кузеска, Фросина Нацеска)

Машка конкуренција (индивидуално):
3 место: Михајел Ван Баелен со време 16:32 (3/247)

Машка конкуренција (екипно):
2 место: АОК Златоврв – Прилеп – вкупно време 1:28:07 (2/15)
(Михајел Ван Бален, Давид Трајкоски, Бојан Кузески, Бојан Балабаноски)

Мajcтори на колото во “Евротип”: Добитни тикети од кои бoли глaвa (Фото)

Викендот кој измина изобилуваше со натпревари од сите европски и светски лиги, по кратката пауза за репрезентативните натпревари, а обложувачите во спортските обложувалници Евротип не пропуштија да ја искористат богатата понуда!

Остварувајќи големи добивки во текот на викендот, обложувачите во Евротип докажаа дека користењето на клуб картичката може да Ви донесе големи придобивки.

Првата добивка доаѓа во Кичево, каде обложувач со влог од илјада денари, типувајќи 15 натпревари со вкупна квота скоро 464, стигна до добивка од над 545 илјади денари!

Во главниот град е остварена добивка од скоро 189 илјади денари, а неделниот тикет на кој среќниот обложувач имаше избрано 18 натпревари и вкупна квота од 3837, беше уплатен со само 30 денари!

Обложувач од Кавадарци, кој имаше „нос“ да одбере 13 натпревари на кои и двете екипи ќе постигнат макар по еден погодок, вложувајќи 100 денари и уплаќајки го својот тикет со Евротип клуб картичката дојде до добивка од 129 илјади денари.

Обложувањето во Евротип секогаш се исплати! Најбогатата понуда е секогаш кај нас! Не заборавајте, станете дел од семејството на Евротип, побарајте ја Вашата Евротип клуб картичка уште денеска и искористете ги придобивките кои истата ги нуди. www.evrotip.mk

Пpaтеничката со cкафандepoт од Битола: Не го слушавте Венко ајде тpк на бajaч сега

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ пред неколку месеци објави фотографија на Фејсбук облечена во скафандер посочувајќи дека пристигнува во Собрание за да учествува на седница на која требаше да бидат изгласани антикризните мерки.

Истата пратеничка вчера го навлече гневот на граѓаните откако застана во одбрана на министерот Венко Филипче по несреќата во Тетово во која починаа 14 лица.

Таа им порача на сите граѓани кои не се согласуваат со министерот и бараат одговорност да одат на бајачка.

-Година и пол Венко Филипче ве убедува да се вакцинирате и да се заштитите!! Да не се групирате, да се пазите! Година и пол!!!!! Како да сме 2021 пне!!

Ревносно и разбирливо ви укажуваше СЕКОЈ БОЖЈИ ДЕН какви последици има вирусот и зошто треба да се пазите!! Ама нееееееееееее!!!

Секоја почит за министерот!
Ајде трк на бајач сега
, пишува Стојчевска.

Изгубил “туарег” поради долг, па пpијавил дека му го yкpaле за да скрие од дома

На 13.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.

На 06.09.2021 во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Скопје му било одземено патничко возило „фолксваген туарег“ со италијански регистарски ознаки.

Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување.

Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Светската куќа на кошарката потсети на најголемиот македонски успех: Пред 10 години Владо извика “Леле луѓе што направивме” (Видео)

Пред точно 10 години, македонските кошаркарски репрезентативци на гости во Литванија во Каунас на Европското првенство испишаа една голема историја која направи секој еден Македонец да се почувствува горд!

Владо Илиевски е името кое направи шок во последните 11 секунди од натпреварот. Тој со својата постигната тројка и донесе на Македонија водство иако нашата репрезентација губеше со 2 поени разлика.

Македонија се пласираеше во полуфиналето, таму загуби од Шпанија, а потоа и во битката за бронза тесен пораз од Русија.

Како и да е четвртото место беше најголемиот успех, а потоа спектакуларен пречек на Плоштадот во Скопје.

На овој меч Илиевски го изговори легендарното: „ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ!“

Инаку, ФИБА ЕуроБаскер на својот Фејсбук објави видео од овој историски момент за Македонија и напиша:

„Најголемото изненадување во историјата на европските првенства? Пред десет години, Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија“, пишува во објавата на ФИБА.

Јане Станкоски носител на листа на Коалицијата ЛДП и ДОМ

Носител на советничката листа на граѓанското движење “Одлучно за промени”, формирано од партиите ЛДП и ДОМ, е Јане Станкоски, магистер по менаџмент на природни ресурси и животна средина, кој моментално е директор на компанијата за откуп и преработка на тутун СЕКЕ.

Станкоски исто така е предавач на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје.

Тој е роден во Прилеп, сопруг и татко на три деца. Својот работен век досега го поминал во бизнисот поврзан со земјоделството, а еден период беше и директор на Земјоделскиот инспекторат.

Граѓанското движење “Одлучно за промени” за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидираше Славе Петрески, стопанственик и бизнисмен.

Се шири опозицискиот блок: Две нови партии повикаа да се гласа за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на прес-конференција за медиумите соопшти дека неговата партија ќе настапи самостојно со свои советничките листи на престојните локални избори.

Сепак неговата партија во целост ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, низ сите општини низ државата каде најголемата опозициска партија има свој кандидат со цел да не се направи штета на опозицискиот фронт бидејќи е јасно дека градоначалник се избира со мнозински модел.

-Органите на партијата донесоа одлука за повлекување на веќе утврдените кандидати за градоначалници во 15 општини. Синоќа кога истече крајниот рок Единствена Македонија не ги поднесе утврдените кандидатски листи за градоначалници. Единствена Македонија нема да учествува на локалните избори со градоначалници. Единствена Македонија го слуша гласот на народот и го прифати повикот на ВМРО-ДПМНЕ да поддржат нивните кандидати за градоначалници. Не сакаме да правиме штета со изборот на градоначалници бидејќи познато е дека градоначалниците се избираат со мнозински модел, вели Бачев.

За поддршка за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ повика и претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски.

„Ги молам моите браќаи сестри Роми од РМ за престојните локални избори на 17-10-2021, да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги прифати барањата на Ромите во РМ. ТОј што ке ни направи ручек, ние ќе му вратиме со вечера“, порача Демировски.

Полицaeц со “шкода jeти” yдpил во пешак

На 12.09.2021 во 07.50 часот во СВР Велес било пpиjaвено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, coпcтвеност на МВР, yпpaвyвано од полициcки cлyжбеник В.А.(25) од Велес, yдpило во пешакот Д.Т.(75) од Велес.

Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во болницата во Велес.

Увид на местото на нacтанот извpшила екипа од СВР Велес.