дома блог страница 1874

Два пати во еден месец се греби и асфалтира иста улица со наши пари во Прилеп (Видео)

Министерот Бочварски и градоначалникот Јованоски извршија увид и во завршните работи за реконструкција на улицата „Мице Козар“, која е дел од втората фаза на проектот на Министерството за транспорт и врски и Светска банка за реконструкција на локалните патишта во сите општини – вака пишува во веста објавена на 2. септември на веб страната на општина Прилеп.

Неполн месец откако на оваа улица се фотографираа министерот Бочварски, неговиот поранешен колега и кандидат за градоначалник, Сугарески, заедно со пратеникот Талевски и се’ уште актуелниот градоначалник Јованоски, улицата наново беше изгребана и наново се асфалтира.

Граѓаните шокирани и со неверување реагираат на ваквиот потег на надлежните и прашуваат зошто се расфрлаат и трошат народните пари на иста работа по два пати.

Според неофицијални информации техничкиот надзор утврдил дека бил турен мал слој на асфалт и не дал согласност за користење на улицата.

Ако е така, тогаш добро би било да се проверат и останатите улици кои на големо се гребат и асфалтираат во овие предизборни денови.

Колку убава куќа имате, му рече Фон дер Лајен на Заев за барокната фасада на Владата (Видео)

Барокната владина зграда и се допаѓа на претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен која само што излезе од автомобилот, првото нешто што го направи беше да ја пофали зградата.

Таа обраќајќи се кон премиерот Зоран Заев му рече дека зградата изгледа многу убаво.

Интересно е што изјавата на Претседателката на Европската Комисија доаѓа во време кога СДСМ и партијата од која доаѓа премиерот ги убедува граѓаните дека парите потрошени на реновирање на објектите се фрлени пари. Очигледно гостинката не мисли така.

Премиерот ништо не искоментира. Слична ситуација Заев имаше и при посетата на Вучиќ кој исто така им се восхитуваше на проектите дел од Скопје 2014.

После два дена МВР излезе со детали за cooбpaќajката во центарот на Прилеп: Повpeдени се четири лица, меѓу кои две деца

На 26.09.2021 во 18.45 часот на кpcтосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул„Кузман Јосифоски“ во Прилеп се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со прилепcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Д.Д.(30) од Прилеп и работна машина yпpaвyвана од С.С.(40) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телecни повpeди се здобила малолетна сопатничка во работната машина, додека возачот С.С. и сопатничката С.Б.(44), како и малолетна сопатничка во патничкото возило се здобиле со телecни повpeди, конcтатиpaни во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа на Полициcката станица Прилеп – информираат од МВР.

Прилепчанец пронajден починат покpaj дpво во ceло Kpcтец: Нajвepojатно паднал додека бepeл јаболка, велат од МВР

На 27.09.2021 во 16.00 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека во с.Крстец, прилепско, до дрво во дворно место од семејната куќа бил пpoнajден починат К.Т.(70) од Прилеп.

Од екипа на Итна медицинcка помош била конcтатиpaна cмpт, а кај него биле забележани повpeди, нajвеpojaтно при пад од дрво.

Тој во текот на денот бил виден како бере јаболка од дрвото.

Увид на место извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдyкциja – информираат од МВР.

(Видео) “Вие две можете да ја напуштите емисијата”: На водителки сред емисија им соопштија дека се позитивни на кopoнавиpyc

На водителите Ана Наваро и Сани Хостин среде американското шоу „The View“ на телевизијата ABC им беше кажано дека мора да го напуштат шоуто.

– Вие две мора да излезете на кратко, им рекол човекот зад камерите.

Ана и Сани биле вакцинирани со двете дози, но морале да го напуштат студиото пред доаѓањето на американската потпретседателка Камала Харис, бидејќи им било потврдено дека имаат коронавиpyc. Со нив во студиото биле уште двајца водители.

– Се чини дека тука се случува нешто за што не сум 100 проценти свесна. Може ли некој да ми објасни што се случува?, коментираше водителката.

Потоа им објасни на гледачите што се случува.

– Бидејќи ова ќе биде главна вест во секој момент, Сани и Ана очигледно се позитивни на коронавиpyc. Колку и да се трудите, вакви работи се случуваат, тие веројатно брзо ќе закрепнат и сигурно ќе биде добро, бидејќи и двете се целосно вакцинирани, вели Бехар.

Димитриевски: Ќе биде тешко против Лихтенштајн, тие се добра репрезентација

Во пресрет на собирот на македонската А репрезентација за октомвриските натпревари против Лихтенштајн (8. октомври, Вадуц) и Германија (11. октомври, Скопје), репрезентативениот голман, Столе Димитриевски вели дека нашиот најважен меч е дуелот против Лихтенштајн на гостински терен.

Германија, вели Димитриевски, е многу поатрактивен натпревар за сите во тимот и добра шанса да ги одмериме силите на тоа ниво, но целата концентрација треба да ја насочиме на првиот натпревар.

„Мислам дека првиот натпревар против Лихтенштајн е најважниот за нас. Фаворити сме, треба да го добиеме тој меч, но ќе биде многу тешко затоа што Лихтенштајн е добра репрезентација. Видовме дека против Ерменија одиграа одличен натпревар и остварија позитивен резултат, 1:1 на гостински терен. Квалитетно се спротиставија и на Германија. Фаворитот во нашата група ја осигура победата во последните 20-на минути.

Треба да бидеме фокусирани во текот на сите 90. минути за да дојдеме до победа. Мораме да одиграме сериозен натпревар, да бидеме цврсти на сите делови од теренот и секако внимателни во дефанзивниот ред за да останеме без примен гол. Се разбира и да реализираме некоја од шансите за погодок што мислам дека секако ќе ги направиме.

Германија е многу поатрактивен натпревар за сите нас, но треба да останеме фокусирани на првиот меч против Лихтенштајн. Победивме на гости против Германија, сакаме да се надигруваме на тоа ниво, но сега ќе биде сосема поинаку. Повторно ќе кажам, најважно за нас е да оствариме најпрвин позитивен резултат во Вадуц, а тоа за нас е победа“.

Подготовките за двата меча против Лихтенштајн и Ерменија, македонската репрезентација ќе ги започне на 4. октомври.

Извор:ffm.mk

Јовчески: Прилеп ќе добие три монтажни катни гаражи во централното подрачје

Изминативе години, сите сме сведоци дека еден од најголемите проблеми на граѓаните е недостаток на паркинг простор во централното градско подрачје на Прилеп. Проблем кој го попречува секојдневниот начин на функционирање,проблем кој мора и ќе биде решен – истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески.

Неговата прес конференција во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Ова е еден од главните проекти на чие реализирање ќе започнам веднаш по стапувањето на функцијата градоначалник на Прилеп!

Монтажните катни гаражи се еден од водечките проекти во програмата кои даваат одговор на ова прашање и го решаваат проблемот со паркинг на секој граѓанин.

Поставени на атрактивни и лесно достапни, добро познати локации за граѓаните, на неколку минути одење пешки до старата градска чаршија и центарот на градот, ќе бидат поставени во близина на споменикот Карпалак, непосредно пред Кам маркет, на постоечкиот паркинг простор. Втората монтажна катна гаража ќе биде изградена зад Стара Градска Кафеана а третата помеѓу Општината и Поштата.

Истите,како ќе изгледаат можете да ги видите. Ова се изработените веќе 3 Д проекти на катните гаражи кои планираме да ги поставиме.

Несомнено, паркинг просторот стана еден од главните фактори за успешноста во работата воопшто, на многу гранки од стопанството, а за жал проблемот со паркинг простор е најизразен во централните градски подрачја каде е сконцентриран поголем дел од јавниот живот во градовите и најголем дел од јавните институции.

За таа цел изградбата на монтажни катни гаражи во делови од центарот на градот во голема мера ке влијае на задоволување на потребата од паркинг простор и повторно заживување на старата градска чаршија која во последниве години беше оставена речиси без можност да се паркира во нејзина близина, а и слободно ќе речам – отцепена од централното градско подрачје заради немањето слух за овој проблем кој дуќанџиите гласно го кажуваат.

Имено монтажните катни гаражи ќе овозможат искористување на истиот паркинг простор на неколку нивоа (еден или два етажи), а со тоа и зголемување на бројот на паркирани возила, блиску до бараната дестинација.

Овој начин на решавање или поточно ублажување на оваа проблематика, е брз, релативно економичен и ефикасен метод кој го применуваат скоро сите развиени градови.

Прилеп во наредните 4 години ветувам дека ќе стане современ,модерен град со решена инфраструктура и решени сообраќајни проблеми.

Прилеп ќе биде град за сите луѓе”.

Сугарески ќе ги уредувал влезовите, не како министер, туку како градоначалник (Видео)

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, вчера ја одржа првата прес конференција од изборната кампања.

Сугарески меѓудругото во главните ветувања кажа дека ќе ги уредувал влезовите на Прилеп, а потоа вети и булеварски улици, уредување на Градската река, кружни текови…

Се’ она што не се направи и не се помогна во изминатите 4 години додека беше и министер за транспорт и врски, Сугарески ќе го направел кога ќе станел градоначалник.

Неговата прес конференција во продолжение:

Витаминка дел од средбата на бизниси од Централна и Источна Европа

Врвни европски малопродажни синџири и дистрибутери беа на дводневна средба во Будимпешта, Унгарија со добавувачи на прехранбени производи од истиот регион, каде што со свој претставник беше присутна и Витаминка.

Целта на средбата е да се најдат нови брендови и производи потребни за меѓународна дистрибуција на големите ланци и брендови.

На годинешната средба беа застапени повеќе категории, од кои во голем дел Витаминка има свои производи, како; закуски, зачини, кондиторски производи, додатоци за храна, суви намирници како и бебешка храна, конзервирана храна, млечни производи, сезонски производи и замрзната храна.

„Stamegna во Будимпешта е една од најзначајните деловни средби во сегментот производи за широка потрошувачка кој е создаден со единствена намена, да отвори можности за растење и развивање посебно за производители на прехранбени производи, а со тоа што ги поврзува со најголемите продажни ланци во Европа, исто така го отвора патот за пласирање на квалитетот многу пошироко. Воедно е корисен и од аспект на запознавање со најновите трендови како побарувачка и стандарди во прехранбената индустрија”, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Следејќи ги новите трендови во исхраната, од големите малопродажни синџири се повеќе се бараат производи специфични гурмански, етнички, здрави, органски – био и растителни.

Ваквитe средби меѓу бизниси се одличен начин за проширување на извозот, поврзување со водечките купувачи или за истражување на можностите и капацитетите на поширокиот пазар.

Шестоодделенец од Прилеп се натпреваруваше во финале на Олимпијада по Англиски јазик: Помеѓу 48.125 ученици од светот оствари огромен резултат (Фото)

На Меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo English Language Olympiad, на кој учествуваа 48,125 учецници од 42 земји, нашиот Даниел Дамески од ООУ “Климент Охридски” Прилеп се пласираше во финалето и оставри резултат од 94% точни одговори.

186 учесници од целиот свет влегоа во финалето, а помеѓу нив беше и Даниел Дамески, ученик од VI-1 одделение во ООУ “Климент Охридски” Прилеп.

Под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, Даниел одлично ги претстави Прилеп и Македонија на ова меѓународно натпреварување.

Од училиштето му се заблагодарија на Даниел и истакнаа дека се гордеат на неговиот успех.