дома блог страница 1875

Љубомиp Фpчковcки пpeдложен за амбacaдop на Македониja во Обединетите нации

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска потврди дека во законодавниот дом е пристигнат предлог од Министерството за надворешни работи за професорот Љубомир Фрчкоски да биде амбасадор на Македонија во Обединетите нации во САД.

-За Љубомир Фрчкоски доставен е предлог од МНР, истите се доставени до Комисијата за надворешни работи, но засега не е свикана седницата, рече денеска Џафери пред новинарите.

Тоа е потврда на претходните гласини дека поранешниот министер за внатрешни работи ќе биде шеф на македонската мисија при Организацијата на Обединетите Нации (ООН) во Њујорк.

Откако надлежните институции ја прекинаа постапката за негово назначување за амбасадор на земјава во Соединетите Американски Држави, по кампањата што против него ја поведе Обединета македонска дијаспора (ОМД), заминувањето во Њујорк би било „утешна награда“ за Фрчкоски.

(Видео) Французите направија омлет од претседателот: Макрон погоден со јајце од толпата

Одекна видео на социјалните мрежи, во кое Емануел Макрон, кој беше во посета на францускиот град Лион, беше погоден со јајце.

Како што може да се забележи на видеото, јајцето не се скрши.

Напаѓачот извика „Да живее револуцијата“. Мажот облечен во бермуди брзо беше совладан, уапсен и изнесен од зградата.

Инаку, ова не е прв пат францускиот претседател да биде нападнат. Претходно, на 8. јуни, доби шлаканица од човек во публика.

Лaтac: CДCM не е пapтиja, ja водат нapко дилepи, избopите се бopба на цивилен ceктop пpoтив нapко мафиja

Изборите се борба на граѓани, на цивилен сектор против нарко мафија, ова е Колумбија од пред 30,40 години која мафијата владееле со државата, кај нив нема политички елемент, вели новинарот Драган Павливиќ Латас во „Што не е јасно“ на Алфа потенцирајќи дека на едната страна на овие избори се ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нив се Алијанса, Алтернатива, а на друга страна има празен простор, бидејќи СДСМ не е партија, туку ја водат нарко дилери.

Латас ги посочи акцијата во Грчец и Арачиново каде по дојава нарко дилерите избегаа, како во Црна Гора е фатен полициски автомобил со дрога, но пред се како премиерот е ментор на нарко бизнис, марихуаната е нарко производ и тоа во светот најмногу се врти како нарко производ.

– Уште пред да дојдат на власт СДСМ отворено ги користеше нарко дилерите, ако се сеќавате на фалсификаторите на пасоши, човек кој лежеше во затвор за тоа, Чауш. Над 200 пасоши од МВР се дадени на крупни нарко дилери, снема еден тон марихуана од јужна Македонија, Заев даде милион евра на Арачиновци, која е единствена општина која зеде пари божем за борба против ковид. Во Прилеп фатен началник за шверц на марихуана, тој денес не е предмет на обвинителство и сликање како други што ги сликаа, истакна Латас.

Тој нагласи дека тоа им пречи на луѓето како Црвенковски бидејќи во СДСМ повеќе никој не верува во раководството, освен тој што има личен интерес и тој што традиционални се врзува за ликови кај кои понудата е измама, големи пароли, демократија, и ништо од тоа нема да направат.

Самиот СДСМ се урива внатре, сам од себе, затоа што не е партија и нема политичка структура во СДС, а тоа го потврди и Црвенковски, претседател на СДСМ и се уште човек со најголем индивидуален углед кај социјалдемократите, денеска дефинираше дека оваа влада која ја водат СДСМ и ДУИ е корумпирана држава, презадолжена и држава пред експлозија. Нивниот градоначалник во Куманово кажа дека во Македонија владее тортура и тоталитаризам, дека полицијата се обидува да ги намести изборите во Куманово, а полицијата ја води СДСМ, а Максим е градоначалник од СДСМ, изјави Латас.

3aeв почна со вицевите: Имаме со многу што да се пофалиме во овие четири години – ќе биде уште подобро

Премиерот Зоран Заев на денешниот прв ден од почетокот на кампањата за претстојните локални избори вети дека како партија и коалиција ќе водат позитивна кампања која ќе биде насочена кон она што било направено досега, но и кон идните планови за поддршка на локалните самоуправи и за поголем локален економски развој.

-Овие избори се избори на личност, програми, проекти, идеи, и во едни такви околности должност е за сите е да водиме позитивна кампања. Нашата земја оваа година слави 30 години од независност и колку сме навистина созреани и колку сме општествено одговорни сите ние со секоја година и со секои наредни избори може да докажувеме. Тука пред се мислам на нас политичарите, но, секако и на кандидатите што се претставуваат со своите изборни програми, рече Заев.

СДСМ и коалицијата, додаде, ќе води исклучително позитивна кампања.

-Ова затоа што имаме со многу што да се пофалиме во овие четири години, за сите проекти што се реализираат 550 милиони евра се директни поддршки од Владата за локалната самоуправа. Времето што е пред нас ги дава сите причини да веруваме дека ќе биде уште подобро, дека навистина ќе има уште многу проекти и оти животот на локално ниво ќе биде уште попримамлив, пред се младите да остануваат тука, рече Заев во одговор на новинарско прашање по учеството на почетокот на манифестацијата Преспански јаболкобер.

Тој додаде дека досега било направено многу во сферата на инфраструктурата, но, како што рече, претстојат уште многу предизвици.

-Верувам дека во следниот четиригодишен мандат ќе ја завршиме неопходната локална инфраструктура, водоводите, канализациите, прочистителните станици, локалните патишта и се што е неопходно базично, но ќе доминира период на нашата посветеност на локалниот економски развој. Секој наш регион има свои предности, нагласи Заев, и ако бидеме сплотени и единствени веднаш по изборите сите да работиме за граќаните ќе ги мултиплицираме ефектите, истакна премиерот.

На прашањето зошто изборната кампања СДСМ со коалицијата ја почнува од Битола, каде што вечер од 20 часот ќе има централен настан, а претходно и средби со граѓани на Демир Хисар, премиерот одговори дека агендите се прават во координација со сите учесници на изборите и нивните штабови за да не се дуплираат кога се претставуваат на терен.

-Важен е целиот овој наш регион, Битола и Пелагонискиот регион, и Преспанскиот, и Охридско-струшкиот се многу важни од секој можен аспект и веројатно затоа при разговорите одлучивме да почнеме токму од Битола. Утре сме веќе во главниот град, па продолжуваме понатаму во Струмичкиот регион, изјави Заев.

Од вечерва нагла промена на времето и пад на температурите

Од денеска доцна попладне до четврток подрачјето на земјава ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе донесе променливо облачно и значително посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти УХМР.

На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2).

Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.

Бензините пoeвтинуваат, дизлеот пocкапува: Ова се новите цени на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на Одлуката од 20.9.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 39,780 (денари/килограм).

Повкycна е од ajвap и малиџано: Овaa зимница им ce допаѓа на cите, еве како да ja напpaвите

Оваа есен направете нешто повкусно од ајвар и малиџано.

Ова е рецепт за славната ловечка салата.

СОСТОЈКИ:

1 л. доматно пире, 2 кг. пиперки, 500 гр. кромид, 500 гр. морков, 100 гр. сол, 100 гр. шеќер, 100 мл. јаболков оцет, 2 лажици магдонос, 1 ловоров лист, 1 конзерванс, 100 мл. масло, 6 чешниња лук

ПОДГОТОВКА:

Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови, па се меле лукот.

По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер.

Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.

Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша.

Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете во тегли.

Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.

Цpвенковcки: Maкедониja e кopyмпиpaна дpжава, живee на кpeдити, а кој живee на кpeдит yмиpa на paти

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски, ги искритикува актуелните власти во Македонија, велејќи дека постојано се повторува една мантра: дека друга алтернатива освен членство во Европската Унија – немаме, па прашува што во тој случај ќе направиме ние, за кои не постои план „Б“?

Црвенковски, на денешниот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година” во организација на Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност, праша што во случај Европската Унија да одлучи да нема повеќе проширување, без разлика дали ние сме ги исполниле сите услови. Дали тогаш ќе се самораспуштиме или самоукинеме?

Тој смета дека во Македонија мора да се изработи платформа, национална стратегија за иднината, со која би се утврдиле насоките по кои државата ќе се движи во иднина, без разлика дали тој пат ќе заврши со членство во Европската Унија или не. Смета дека би било идеално таа национална стратегија да ја изработат политичките партии, но исто така вели, дека не гледа начин, со оглед на нивните релации тоа и да го направат.

Секако, потсетува, таа национална стратегија не може да нѝ ја изработи некој од надвор.

Македонија, според поранешниот претседател е корумпирана држава. Дополнително, Македонија живее на кредити, а кој живее на креди, вели Црвенковски – умира на рати!

извор: Република

Шилегов попpaва точак, Сугаре пие кафе, друг бери дуњи – СДСМ го објави првиот спот за избopите

Мојот градоначалник си го знае својот народ. И решава проблеми Мојот градоначалник е од мое маало. Постојано е меѓу народот, добар со сите. Со конкретен план и решенија за проблемите Мојот градоначалник е подготвен за сѐ – се вели во првиот спот за локалните избори објавен од СДСМ.

Во него Шилегов поправа велосипед, Сугаре пие кафе, друг бере дуњи, четврт помага на стари лица….

Видеото можете да го погледнете ТУКА

3aeв: Го cменив името, па победив на избopите затoa што гpaѓаните почнaa да вepyвaaт во иднината

Го започнавме проектот „Отворен Балкан“ за да покажеме дека самите можеме да направиме многу позитивни работи, рече премиерот Зоран Заев во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“.

На прашањето зошто се приклучил кон иницијативата, за која многумина тврдат дека е само ПР акција на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој нагласи дека станува збор за идеја на српскиот претседател, но дека тоа е транспарентен проект што го спроведуваат три земји.

„Тоа го направивме првенствено затоа што сакаме на земјите од ЕУ, кои се воздржани во однос на проширувањето, како Данска, Холандија или Франција, да им покажеме дека самите можеме да направиме нешто позитивно“, објасни тој.

Заев рече дека се работи за земјоделски производи побрзо да стигнат на пазарот во соседните земји.

„Познати сме по нашите добри производи. Во моментов, секогаш има 200 камиони кои чекаат на граница. Зошто да не им помогнете на овие претприемачи велејќи дека контролата на храната од Македонија е препознаена и во Србија? Се работи за заемно признавање на документи“, додаде тој.

Заев рече дека во следниот чекор ќе се направи обид за подобрување на културната соработка, на пример, преку соработка на филмската индустрија.

Запрашан за претстојната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во Скопје, и на кои теми Европејците треба повеќе да разговараат, Заев рече дека понекогаш членките на Унијата забораваат на причината за соработката.

„ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода. ЕУ не е совршена, но исто така е најдобра кога станува збор за правата на вработените. Сепак, ЕУ мора да ги зајакне процесите на донесување одлуки, а тоа значи дека малите земји не можат веднаш да се третираат исто како големите. Мора да се земе предвид каде живеат и колкава е економијата. Заслугите исто така треба да бидат наградени. Ова предвидува нова методологија. Ако некој е добар тогаш треба да напредува, а ако има лоши резултати тогаш треба да се врати на стартната позиција“, вели Заев.

Тој рече дека Македонија може да сподели нешто позитивно во ЕУ, а тоа го покажало Охридскиот мировен договор и третманот на малцинствата, преку зајакнување на локалната самоуправа.

Смета дека ова е многу корисен модел не само за Босна и Херцеговина, туку и за земјите од ЕУ кои имаат меѓуетнички проблеми.

На прашањето дали Македонија ќе донесе подготвеност за компромиси во ЕУ, Заев рече дека подготвеноста не е видлива во Унијата.

„Го сменив името на земјата, а потоа победив на изборите. И тоа е затоа што граѓаните почнаа да веруваат во иднината. Кога го потпишав Договорот од Преспа со тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас во 2018 година, 85% од граѓаните беа против. Ми се заканија, запалија пожар пред мојата куќа, имаше хаос во земјата и имаше протести и во Грција. Потоа победив на изборите. Тоа значи дека ако сериозно знаете дека правите нешто добро за земјата и граѓаните, тогаш треба да донесувате одлуки, иако населението не ги поддржува и не треба да се мисли на својата кариера “, објасни тој.