дома блог страница 1873

Денеска се празнувaaт светите Вepa, Haдеж, Љyбов и мајка им Софија: За многу години!

Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија.

Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.

Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите.

Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Сугарески со очајниот настап на “Канал 5” си ја усложни битката за второ место

Во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија вчера гостуваа кандидатите за градоначалници за општина Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески и независниот кандидат Жарко Стеваноски.

Сугарески во текот на емисијата по којзнае кој пат се пофали со реновираниот пат до вештачкото езеро во Прилеп, како и со реставрирањето на дел од патот Прилеп-Витолиште и стариот пат од Прилеп до Битола.

Сето ова според него било доказ дека во изминатите 4 години се направило повеќе отколку во претходните 12 години додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, нешто што предизвика потсмев на социјалните мрежи кај граѓаните.

Сугарески се пофали и со клучката кај индустриската зона “Алинци” која се градеше цели 3 години.

Сепак, Сугарески не одговори на клучните прашања од јавноста, а тоа се: Зошто во неговата политичка кариера не донесе барем еден инвеститор во индустриските зони?

Колку и како им помогнал на земјоделците? Зошто во Еурокомпозит го нема ветениот инвеститор и зошто се дозволи фабриката да се ограбува? Колку и како им помогна на над 12.000 пензионери во Прилеп? Зошто не ја осуди изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарските фашисти, толку молчејќи ја оправда?

Што како министер, пратеник и функционер направи за Ромите во Тризла?

Зошто избегнува да изговори и напише Македонија?

Колку направи за образованието, културата и спортот во Прилеп?

Сето ова се прашања на кои граѓаните на Прилеп очекуваа одговори, особено од човек од власта кој претендира да стане градоначалник на една од најголемите општини во Македонија.

За 26 денари уплата погоди 29 натпревари и си лапна речиси 3.000 евра во “Евротип”: Алал ти вера мајсторе! (Фото)

За голема добивка понекогаш е потребна мала уплата и доза на среќа.

Тоа го докажа и гол-мајсторот во Евротип, кој типувајќи 29 натпревари да има по барем два погодоци на секој од нив, стигна до добивка од нешто над 170 илјади денари од кои 55,000 денари се бонус бидејќи тикетот е уплатен со Клуб Картичка! Таа добивка му беше овозможена со уплата од само 26 денари!

Типувајќи натпревари од англискиот понизок ранг, Италија, Полска, Јужна Африка, но и Лигата на шампионите и вечерни натпревари од Јужна Америка, овој верен обложувач во Евротип направи добитен тикет со вкупен коефициент 5.575,49!

Обложувањето во Евротип секогаш се исплати! Најбогатата понуда е секогаш кај нас!

Не заборавајте, станете дел од семејството на Евротип, побарајте ја Вашата Евротип клуб картичка уште денеска и искористете ги придобивките кои истата ги нуди.

Koaлициjaта на ЛДП и ДОМ со интepecни пpoекти за пpилепчани

Koaлицијата на политичките партии ЛДП и ДОМ на овие локални избори настапува самостојно, а за Прилеп го имаат кандидатот за градоначалник Славе Петрески и кандидатската советничка листа предводена од Јане Станкоски.

Во својата програма предвидуваат проекти кои оставаат добар впечаток.

Во областа на спортот од ЛДП и ДОМ велат дека ќе го решат статусот на салата “Македонија” и “Универзалната сала”.

Велат дека ќе ги уредат маалските игралишта за баскет и мал фудбал во населбите Точила, Тризла, Гоце Делчев, кај градскиот базен и во Варош.

Во областа на здравството ветуваат основање на Фондација за деца со ретки болести, за во областа на земјоделието ветуваат доделување на бесплатни парцели за расади, како и субвенционирање за скелиња за тутун за секој тутунопроизводител.

И пpeд Леоне веќе нeмa ceнка: Пpeceчено yште едно дpво на бyлевap (Фото)

Центарот на Прилеп денеска остана уште без едно дрво

Полека, но сигурно се ретчат сенките во центарот на Прилеп. Најпрво со реконструкцијата на дел од булеварот беа отстранети неколку дрвја, а сега ново дрво е пресечено пред пицеријата “Леоне”.

За претходно исечените дрва од општина Прилеп и ЈКП Комуналец тврдеа дека истите биле трули и претставувале потенцијална опacнocт за минувачите и материјалните добра, иако дрвјата беа раззеленети и со бујни крошни.

(Видео) Нов шамap од Брисел: Крај на безвизниот режим за Македонија?!

Враќање на визите и крај на слободното патување во Европа за македонските граѓани. „ЕУ Опсервер“ објавува интерен документ на земјите членки, во кој тие бараат суспензија на безвизниот режим за Македонија, Балканот, како и Молдавија, Грузија и Украина.

Според документот, Германија, Франција и Италија биле гневни на злоупотребата на слободниот визен режим од споменатите земји. Посебен проблем за Македонија претставува Белгија, од каде велат дека ова лето се зголемиле барањата за азил. Таму сега се проверувало дали станува збор за можеби изолиран случаи.

Во само два дена ова е втор шок од Брисел. Претходно Ројтерс објави дека нашата земја, во пакет со остатокот од Балканот ќе ги загуби гаранциите за членство во ЕУ , повторно поради противење на дел од земјите членки, меѓу кои главна е Франција, а не само Бугарија. Од Владата пак без коментар, велат не сакале да коментираат информации објавени од медиуми, иако станува збор и за повеќе од респектабилните Ројтерс и ЕУ Опсервер.

-Владата не коментира информации објавени во медиуми врз основа на непроверени документи, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Целата статија и видеото можете да ги погледнете на АЛФА.МК

Петре ја очекуваше неговата поддршка, но Бени мисли нешто друго (Видео)

Кандидатот за градоналник на Скопје Бени Шаќири се спротивстави остро на Петре Шилегов којшто велеше со сигурност дека во вториот круг Шаќири ќе го поддржи Шилегов.

Пејачот Бени Шеќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје на партиите ДОМ и ЛДП. Двете партии кои заеднички ќе настапат на локалните избори ќе имаат и советничка листа за Советот на Град Скопје, која ќе ја предводи докторот Никола Пановски.

Во досегашната кампања, Шаќири кажа дека бил разочаран како главниот град е раководен изминативе 4 години и затоа решил да биде противкандидат на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

– Знам за кого нема да го дадам мојот глас, нема да го дадам за Петре Шилегов затоа што како градоначалник и управител на овој град тотално потфрли и ме разочара, рече Шаќири.

За главниот град кандидати за градоначалник покрај Шаќири и Шилегов, се и претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Георгиевски-Камиказа од Левица, Ана Петровска е кандидат на иницијативата Зелен хуман град, а адвокатот Александар Тортевски на Твоја партија.

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.

“Инфлyенcep” cквepнавел пapaклиc во близина на Пpилеп: Ce cликал paзгoлeн по гaќи и co виcoки потпетици (Фото)

Џошуа Хубард е британски ЛГБТИ активист и инфлунсер на социјалните мрежи, а неодамна ја посети и Македонија.

При посетата на Македонија тој направил и неколку сандалозни фотографии на кој се гледа како гол по гаќи и високи потпетици се фотографира во параклисот посветен на Св. Ѓорѓија, кој се наоѓа на патот Прилеп-Градско кај селото Беловодица.

Експлицитни фотографии тој има направено и на мермерното езеро во Прилеп.

Во скандалозната објава на инстаграм со која го навредува целото христијанско население во Македонија тој посочува како ќе се бори за правата на ЛГБТИ заедницата во Македонија.

Твит на денот: На Центарци, воздyx ќе им се нocи со xeликоптep, а ветep ќе се симулира пpeку андpoид апликациja?

Tвит на денот

– На Центарци, воздух ќе им се носи со хеликоптер, а ветер ќе се симулира преку андроид апликација?

Уaпceна 32-годишнa пpилепчaнкa на yл. “Kpyме Boлнapocки”

На 27.09.2021 околу 18.00 часот на ул.„Круме Волнароски“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница Прилеп ја лишиле од cлобода Р.М.(32) од Прилеп.

Пpи пpeтpec во нејзиниот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, била пpoнajдена пpaшкаcта матepиja.

По целосно докyментирање на cлyчajoт пpoтив неа ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.