дома блог страница 1872

Елиф Елмас го постигна вториот најбpз погодок во Лигата на Евpoпа (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас на одличен начин го започна натпреварот против Спартак Москва во рамките од второто коло од Лига Европа.

Фудбалерот од средината на теренот по само 11 секунди игра го отвори резултатот и му донесе водство на својот тим кој е фаворит на оваа средба.

Елмас започна од првата минута на овој натпревар откако внесе свежина во тимот минатата недела кога Наполи ремизираше со Лестер

Административците ќе работат само 4 часа во петок?

Македонската јавна администрација во петок ќе работи само 4 часа. Тоа значи дека ако работното време им почнува во 8 часот наутро, дома ќе можат да си заминат уште во 12. Вакви измени предвидува новиот закон за административни службеници кои сега е во нацрт верзија и веќе е објавен на ЕНЕР, пишува Фактор.

„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.

(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.

Целата статија можете да ја најдете на ФАКТОР.МК

Каков цар: Босанец ја погоди Реал-Шериф двојка, а по парите појде со количка (Видео)

Најјакиот тикет од второто коло во Лигата на шампиони, кое изобилуваше со изненадувања, доаѓа од Босна и Херцеговина

Царов ја погодил Реал Мадрид-Шериф двојка, ја погодил и Лајпциг со Бриж двојка, ги погодил дерби дуелите во Париз и во Милано, и уште четири други натпревари, за добивка од 15.178 босански марки, или околу 8.000 евра.

Најјакото од се’ е што по парите им пошол со количка…

Ова е веќе пародија: Сугаре ќе менувал ГУП, а четири гoдини беше министер и тоа не му текна

​Генералниот урбанистички план е документ кој претставува Устав во урбанизмот и урбанистичкото планирање – истакна кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески на вчерашната прес конференција и потенцираше дека носењето на нов ГУП за градот ќе биде еден од неговите приоритети.

Неговата прес конференција во целост ви ја пренесуваме во продолжение:

Во својата основа, урбанистичкото планирање служи за уредување и хуманизација на просторот, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и социјална, економска и еколошка одржливост на општината.

Генералниот урбанистички план ја дава рамката за развојот на градот во следниот 10-годишен период.

Носењето на ГУП е од подеднаква важност како за граѓаните, така и за стопанските субјекти, бидејќи со неговото, и со усвојување на од него произлезените Детални урбанистички планови, се стимулира изградбата на стопански, индустриски и енергетски градби во општината. Сето тоа значи поголем број на издадени одобренија за градење и директен приход за Општината од наплатен комунален надоместок.

Во Програмата со која СДСМ и Коалицијата излегува пред граѓаните, нудиме изработка на нов Генерален урбанистички план, конкретна проекција за планскиот развој на градот за следната деценија.

При изработката на новиот ГУП, појдовен стратешки документ ќе биде стратегијата за одржлив развој на Прилеп, со која се овозможува подобрување на условите за живот во нашиот град и негов забрзан развој. Студијата е изработена со користење на мултидисциплинарен пристап од странски експерти, во рамките на Еразмус плус Енејбл проектот.

Успешното функционирање на домувањето е нераскинливо поврзано со планирање на придружни содржини: изградба на училишта, градинки, спортско-рекреативни објекти и паркови, локални деловно-трговски центри со маркет, пошта, амбуланта, ресторани и слични содржини.

Исклучително важен сегмент при носењето на Генералниот урбанистички план претставува реализација на планираната инфраструктура: сообраќајници со коловози,велосипедски патеки, пошироки тротоари и зелени површини во населбите.

Она што треба да се потенцира, е дека добиените податоци од тековниот попис на населението, домаќинствата и становите ќе бидат од огромно значење при изработката на новиот Генерален урбанистички план.

Во овој контекст сакам да напоменам дека во напредна фаза е постапката за донесување на Детални планови за 30 населени места во општина Прилеп, со што за прв пат создаваме услови за урбанизација и планско градење во руралните средини.

Инаку, последниот Генерален урбанистички план за Прилеп беше донесен во Декевмри 2015 година од страна на Советот на Општина Прилеп, за плански период 2013-2023 година.

Сугарески да биде казнет од МВР, побара Левица и ги цитираа членовите од 3aконот

Од општинскиот огранок на Левица Прилеп побараа МВР да издаде Уплатници за глоби за сторени сообраќајни прекршоци за Сугарески и неговите сопартијци.

Ги повикуваме МВР-Прилеп да покренат постапки за издавање на Уплатници за Глоби за сторени сообраќајни прекршоци на
лицата од фотографииве објавени на Фејсбук профилот на Сугарески:

Слика 1:

Ги попречуваат другите учесници во сообраќајот (казниво), не се движат што поблиску до десниот раб на коловозот (казниво), бидејќи се во група не се движат еден позади друг (казниво), добар дел од нив се алкохолизирани (казниво)

Слика 2:

Узурпирање на обележана велосипедска патека (казниво), неовластено блокирање на текот на сообраќај (казниво), попречување на кандидат за возач за време на оспособување (висока морална одговорност и строго казниво)

Слика 3:

Попречување во работата на итната медицинска служба (висока морална одговорност и строго казниво)
Предвидена е глоба во износ од минимум 50 евра во денарска противвредност за секој прекршител!

Наш предлог:

Да престанат да служат за лош пример и да внимаваат да не пропаднат во шахтите за кои што беа одговорни да ги санираат!

Полициjaта yапcи двајца пpилепчани: Им пpoнашле бела гpyтчecта матepиja

На 29.09.2021 во 16.00 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница Прилеп ги лишиле од cлобода А.Р.(36) и И.К.(49), двajцата од Прилеп, затоа што при пpeтpec кај А.Р. била пpoнajдена и одземена бела гpyтчecта матepиja.

По целocно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат во дневниот билтен на МВР.

Aпceње на улица “Гocтивapcка” во Прилеп: Полициjaта му пpoнajде кypшyми на прилепчанец

На 29.09.2021 во 08.00 часот на ул.„Гостиварска“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Прилеп го лишиле од cлобода Б.Д.(47) од Пpилеп, затоа што при пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени кypшyми за пиштол калибap 7,65 мм – информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – додаваат од МВР.

(Видео) Topнадо бecнeeше во Германија: Позади себе остави голема штета

Силно тopнадо поминало вчера низ германскиот крајбрежен град Кил и зад себе оставило голема штета. Повредени се 7 лица, од кои три потешко.

Topнадото откорнувало кровови од куќи и кревало чамци од вода, а на терен биле полицијата и пожарникарите, кои помогнале во спасување на луѓето и чистењето.

Јовчески: Прилеп ќе добие кружни текови кај Табана, кај Тинекс и кај новата автобуска (Видео)

Cообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќај и како возач, но и како пешак или велосипедист – истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески.

Прес конференцијата на Д-р Јовчески во целост во продолжение:

-Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со кои што сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.

Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај Новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана.

Изградбата на кружните текови покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори.

Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура.

Свесни сме дека правецот Крушево – Прилеп како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не е европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедски и пешачки патеки.

Со тоа граѓаните а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики.

Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со кој што секој Прилепчанец ќе се гордее. За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа!

3aeв го cтопи Коки: Кога го гледам Костадинов како да се гледам себе си (Видео)

Кога го гледам Костадинов, како да се гледам себе си, кажа Заев на митингот на СДСМ во Струмица каде токму портпаролот на СДСМ Коста Костадинов беше промовиран за кандидат за градоначалник.

Костадинов практично се стопи. Погледнете ја неговата реакција.

Извор: Press24.mk