дома блог страница 1871

(Видео) Премиерот на Романија нема да чека резултати од истрагата: Веднаш започна со разрешување на одговорните лица

Романскиот премиер Флорин Читу денеска преку романските медиуми по големиот пожap во Koвид болницата во романскиот град Констанца најави разрешување на директорот на болницата каде се случи трагедијата во која загинаа најмалку седум лица, објавува News.ro.

Тој исто така најави оставка и на првиот човек на Националната агенција за управување со квалитетот во болниците.

-Донесов две одлуки, го повикав градоначалникот на Констанца и го замолив да го разреши менаџерот на болницата, а ја потпишав и наредбата со која се разрешува претседателот на Националната агенција за управување со квалитетот во здравството (ANMCS) кој не направил никаква проценка во болницата откако ја презел функцијата.

Читу додава дека неприфатливо е да се случи ваква трагедија која е трета по ред во романските болници само оваа година.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

СДСМ: Никогаш порано општините не се развивале како во овие 4 години

Во изминатите четири години Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за напредок и развој на сите општини во државата, тврди СДСМ во своето денешно соопштение.

“Општините работеа отчетно, вредно и напорно, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Успешните мерки и политики на СДСМ резултираа со реализација на над 7.000 проекти на локално ниво, проекти кои значат подобар живот за сите граѓани, нови вработувања, модерни општини.

Реализираните проекти се доказ дека никогаш досега не се развивале и напредувале општините како во изминатите 4 години со СДСМ.

Оваа силна динамика мора да продолжи, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ.

Најдобрите проекти на СДСМ носат развој, а развојот носи подобар живот за граѓаните.

Тоа го носи најдоброто, подобар живот во секое едно населено место, концепт, визија што води кон развој и напредок”, пишува во соопштението на СДСМ од каде тврдат дека развитокот се случува бидејќи граѓаните го заслужуваат само најдоброто.

Успешната спортска приказна продолжува, сега во ново руво: Боксерскиот клуб “АС” Прилеп отсега во нови современи простории (Фото галерија)

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп е местото од каде низ годините излегоа врвни боксери и спортски имиња, сега приказната продолжува во нови современи простории.

Викендов во Прилеп, на локација сместена на вториот кат кај КАМ маркетот во населба “Точила”, свечено беа отворени новите современи простории на БК “АС”.

Клубот кој низ годините наназат е вистински репрезент на индивидувалниот спорт во Прилеп, ја продолжува приказната, сега со уште повеќе ентузијазам, енергија и секако супер модерни услови за тренинг и напредување.

На отварањето присутни беа спортски работници, поранешни и активни боксери, вљубеници во боксот, новинари…

Tренерот на клубот Дарко Чатлески вели дека и кога тој настапувал како репрезентативец и активен во боксот мечтаел и сонувал за вакви услови за тренинг, но се надева дека генерациите кои сега тренираат во клубот, а и оние кои доаѓаат, едноставно, максимално ќе уживаат во секој момент поминат во рингот, кој е поставен во средишниот дел, како и на сите боксерски сегменти кои ги поседува клубот, а се ставени во употреба за тренажните процеси.

Чатлески заедно со неговите ученици презентираа и повеќе демонстрации на отварањето и покажаа пред присутните со какви боксерски потези располагаат.

Чатлески нескромно истакна дека визијата и реализацијата на новото руво на БК “АС” се должи и на заедничката посветеност и упорност со сопругата Весна Чатлеска, како и огромната поддршка од децата Матеј и Бојана, кои и самите активно и вредно тренираат во клубот и мечтаат да постигнат големи спортски успеси.

Во моментов во тек се уписите за нови членови на клубот, а заинтересираните можат да се обратат на следниот ЛИНК

ТРЕНИРАЈТЕ СО НАЈДОБРИТЕ! ШАМПИОНИТЕ СОЗДАВААТ НОВИ ШАМПИОНИ!

Д-р Јовчески, пријател на луѓето, пријател и на животните (Фото)

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески, на почетокот од предизборната кампања најави изградба на парк за миленици во паркот на Могилата на непобедените.

Иницијативата со задоволство беше прифатена од огромен број граѓани кои ја поздравија идејата и со нетрпение ја очекуваат реализацијата на овој проект.

Тоа го потврди и Д-р Јовчески, кој денеска на ФБ напиша дека граѓаните биле воодушевени од тоа што еден ваков проект се нашол во неговата предизборна програмска понуда.

3aeв: Ако caкаме швajцapcки плати, тpeба да paботиме многу повеќе и ефикacно

Предлог решението кое предвидува скратено работно време на јавната администрација во петок, е ставено на ЕНЕР. Допрва ќе се отвора дискусија по ова прашање, граѓаните треба да го кажат своето мислење, а Владата внимателно слуша, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот инвестициски циклус во „Пивара“, Заев го сподели својот впечаток – дека граѓаните очекуваат администрацијата што ја плаќаат да работи поефикасно, а не помалку ефикасно. Тоа се, рече, и неговите очекувања.

Според него, треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата.

-Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност и ефикасност на администрацијата. Како народ, треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта, тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе – од таа продуктивност што денеска ја имаме, почнувајќи од себе, па секако, до сите работници во приватниот и во јавниот сектор. Вториот дел, ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус и мора да биде фокус. Видовме дека целиот систем со 38 отсто на работа луѓе за време на брановите на пандемијата, функционираше. Тоа само по себе кажува дека постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени. Тоа е очекувањето на граѓаните, но кога имате нешто отворено на ЕНЕР, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку граѓаните да си ги кажат своите очекувања, истакна Заев.

Со aвтомобил yдpил во малолетен пешак и избегал, полициjaта сепак го пpoнajде

На 30.09.2021 во 14.11 часот во Полициcката cтаница Кавадарци било пpиjaвено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „југо“, со демиркаписки регистарски ознаки, yдpило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштил местото.

Во нecpeќата пешакот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Општа болница Кавадарци.

По преземени мерки од полициcки cлyжбеници е yтврдено дека возилото го yпpaвyвал А.К.(27) од Струмица, со пpecтој во Кавадарци.

Увид на местото извршила yвидна екипа од Полициcка станица Кавадарци, а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за pacчиcтување на cлyчajoт – информираат од МВР.

Пет дена кампања, бojкот за Сугарески и peволт за coветничката лиcта…?

Поминаа пет денови од почетокот на кампањата за локалните избори.

Некои велат најзначајните досега. Очигледна е тотално различната кампања, но и приемот кај граѓаните.

Грозоморната закана, злоупотребите на ресурсите, програмата која е очигледно срочена за 10 минути и понудата на кадри за советници, кои веќе добиле се’ од партијата, според прилепчани e карактеристиката за СДСМ Прилеп.

Дополнително незадоволсрво создаваат и промашените теми од урбанизмот што ги промовира Сугарески, како влезовите во градот и нов ГУП, ако се знае дека лично тој беше министер за транспорт кога се’ ова не се реализираше.

Расколот во коалицијата и несразмерно и некоректно доделените места на помалите коалициони партии, предизвикало незадоволство и кај дел од членовите на ВМРО НП и кај Ромите?

Спротивно на СДСМ другите партии и кандидати имаат исклучително интересна кампања и според нив одличен прием кај прилепчани.

За разлика од функционерите на СДСМ кои ги “напаѓаат” нашите врати, велат ние настапуваме со нови ликови кои не прават контраефект како гореспоменатите.

Д-p Мexмедовиќ: Hѐ очекyва тeшкa eceн и зимa

Намалувањето на дневните температурите и собирите на затвoрено ќе влијаат негативно врз епидемиолошката состојба, вели лекарот Злате Мехмедовиќ во изјава на ТВ21.

Како што вели, нѐ очекува тешка есен и зима кога станува збор за коронавирус, бидејќи, како што објаснува, делта сојот е попренослив и повирулентен.

Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.

За влошување на состојбата ќе влијаат и митинзите кои се одржуваат поради предизборната кампања, смета Мехмедовиќ.

Caкaaт да не поделат – Bладиката Петap откpива: MПЦ е под голем пpитиcoк од бyгapcките влacти

Старата плоча не е скршена, туку е ставена нова и зад тоа стојат сите селани на селото Клепач. Тие сакале да испратат порака дека не се сложуваат со фалсификувањето на историјата од страна на Бугарија. Да, војводата Велко Скочивирчето или Скочивирски и осумте припадници на неговата чета загинале во борба со турски аскер во 1904 година, но тие не се бореле за обединување на Македонија со Бугарија, како што пишувало на споменикот, туку за самостојна Македонија. Споменикот бил поставен во периодот меѓу 1914-1918 година, за време на Првата светска војна, кога Бугарите го напишале тоа за „присоединување на Македонија кон Бугарија“. Но, сите селани на Клепач едногласно одлучиле да ја сменат плочата и да го сменат тој дел од содржината, натаму таа да биде на македонски јазик, зашто меѓу загинатите имало и нивни денешни директни наследници.

Ова за Пресинг ТВ го изјави митрополитот Преспанско-пелагониски, владиката Петар, во чија епархија и надлежност припаѓа и црквата „Св.Архангел Михаил“ во селото клепач, по денешната негова средба со архиерејскиот намесник и парохискиот свештеник. Владиката Петар уште вели дека од медиумите слушнал дека во дворот на црквата имало некаков проблем.

Црквата „Св.Архангерл Михаил“ деновиве се најде во цетарот на вниманието поради последната протестна нота, што бугарското МНР ја испрати до нашето, а повод за тоа беше новопоставениот споменик посветен на војводата Велко Скочивирчето или Скочивирски и осумте припадници на неговата чета, кои загинале во борба со османлиски аскер. И за таа борба постојат два термина. Едниот, дека се случила во 1904, а според другиот во 1906 година.

Владиката Петар потенцира дека според Уставот, Црквата е одвоена од државата и државата, односно политиката нема право да се меша во црковните работи, исто како што Црквата нема право да се меша во државните.

-Ние сме веќе подолго време изложени на провокации и притисоци од страна на бугарски политичари, особено конзулите. Двајца од нив, се додека не им реков дека веќе не сакам да ми доаѓаат, ниту да им одам за да се видиме, си земаа слобода да не напаѓаат, на пример, околу промената на иконата „Св.Троица“, што се наоѓа во црквата „Св.Богородица“ во Битола, веденаш до Митрополијата. Таа беше неканонски поставена и одлучивме да ставиме нова икона, а тие со ујдурми, демек, е како сега икона ќе менувате, сакаа да не спречат во тоа, вели Владиката Петар.

Според него, целта на бугарските политичари е да ја прикажат црквата како своја и да кажат дека тоа население е бугарско, што нема врска со реалноста.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

3aeв: Попишани се 1,8 милиони граѓани, треба да бидат казнети сите што одбиле да се попишат

Луѓето кој одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање зошто не побарале да се продолжи рокот на регистрирање и што ќе биде се тие луѓе што не се попишани премиерот Заев, наведе дека сите знаат како тече процесот на попишување, сите знаат дека внатре најголемиот број од податоците ги имаат од базите.

– Прашањата кој се прашуваат се неколку етничката определеност, религиската определеност, начинот на одење и враќање од работа или слични прашања. Сите тие прашања или еден процент ако останаа не попишани би биле од две причини. Прво луѓе кој што одбиваат да се попишат и тие треба да бидат санкционирани, изјави Заев.

Заклучно со 29 септември според податоците на Државниот завод за ревизија во државата се попишани над 1.8 милиони граѓани. Процесот на попишување кој почна на 5 септември завршува вечерва во 20:00 часот.