дома блог страница 1865

Почна pacфpлањето со бpojки: Од јануари идната година 500 евра просечна и 300 евра минимална плата, ветува 3aeв

Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра, најави денеска од Свети Николе претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Земјоделците ни се важни, ги алоциравме субвенциите и секој пат кога е потребно дополнително интервенираме од буџетот, работниците ни се важни, ги покачивме платите и ги мотивиравме компаниите да ги зголемуваат платите, а државата ги плаќа придонесите. Минималната плата е покачена од 9.000 на 15.000 денари, просечната плата изнесува 28.744 денари, сите плати за само четири години се покачени за најмалку 100 евра, а истовремено стапката на невработеност падна на историски најниска стапка од 15,9 отсто, рече Заев.

Додаде дека посветено се работи лицата со попреченост да имаат и услови за функционирање, да бидат вградени во општеството и да заработуваат сами, исто така и за семејствата во социјален ризик – да примаат социјална помош со којашто ќе можат да функционираат, до моментот кога ќе се извлечат од сиромаштијата.

– Работиме да се отворат нови бизниси, да ги поддржиме постоечките бизниси да се развијат, работиме да донесеме нови инвестиции, да овозможиме постоечките инвестиции да се развијат, порача Заев, додавајќи дека 605 компании, претежно на млади луѓе се поддржани со ФИТР со 85 милиони евра за развој сопствени бизниси.

Заев порача дека Свети Николе прераснува во најпривлечна дестинација за инвестиции во „зелена“ енергија.
– Овде веќе имаме потврдено и со одобрение за градба, инвестиција за ветерници од 36 мегавати инвестиција вредна преку 50 милиони евра. Прогласивме стратешка инвестиција од компанијата ЕФТ, фотонапонска централа од над 80 мегавати, проект вреден 60 милиони евра, а само со градоначалникот разговараат инвеститори за инвестиции од над 50 милиони евра. Свети Николе ќе ја брендираме како „зелена“ и еколошка општина, со тоа што ќе носи и приходи и нови добро платени работни места. Преку Интервентниот план за инвестиции, инвестициите ги пренасочуваме кон општините. Целта ни е да донесеме нови работни места и рамномерен регионален развој, порача Заев.

Тој ги повика граѓаните на 17 октомври да дадат поддршка за број 12 за кандидатот Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, затоа што, како што рече, тие се гарант дека напредокот на Свети Николе ќе продолжи и во следните четири години.

– За следните четири години заедно со локалната власт ќе обезбедиме чиста вода за Свети Николе преку комплетна реконструкција на филтер-станицата со воведување нова современа технологија како и проширување на капацитетот на филтер-станицата со можност за преработка на големи количини вода до 100 литри во секунди. Децениското барање на младите ќе го оствариме – ќе биде изграден Спортско-рекреативен комплекс. Тоа стана можно благодарение на домаќинското работење и добрата финансиска ситуација. Обезбедени се сите услови за довршување на градбата на затворен градски базен. Ќе изградиме нов модерен градски парк, со пешачки патеки, трим-патека, фитнес-зона, мултифункционално спортско игралиште, со урбана опрема и осветлување и хортикултурно уредување, наменет за сите граѓани. Ете што значи „Најдоброто“, затоа на 17 октомври да гласаме за бројот 12 за Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, посочи Заев.

Haпаѓачот на Бислимоски итно најден, заканyвачот на Јовчески го бараат две недели?

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, доцна синоќа физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, објави Дојче веле.

-Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ. – информираат од МВР.

И додека МВР експресно го реши овој случај, за лицето кое јавно му се закануваше на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, им требаше цели две недели.

Иако заканите беа упатени на 19.09., а Јовчески пријавата ја поднесе веќе наредниот ден, на МВР им беа потребни цели 15 дена за да утврдат за кое лице станува збор и да поднесат кривична пријава.

Дури во текот на вчерашниот ден во дневниот билтен на настани беше објавено дека МВР поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело„загрозување на сигурноста’, по член 144, став 4 од Кривичниот законик.

Во првиот случај се вели дека со пријавениот бил обавен разговор, што изостанува во вториот случај кој предизвика бранување на јавноста и згрозеност кај граѓаните на Прилеп.

Дали тоа значи дека МВР се уште го нема пронајдено пријавеното лице Р.Т.?

Инаку споменатото лице пред две недели јавно преку својот ФБ профил упати закани кон семејството на Д-р Борче Јовчески, настан кој ја згрози јавноста и предизвика голем интерес во медиумите.

Haпаднат и навpeдyван Maкcим Димитpиeвcки додека имал cpeдба со гpaѓани

Вчера во 21.33 часот во СВР Куманово, М.Д., кандидат за градоначалник на Куманово пpијавил дека, додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре, кај спортското игралиште, Д.Н. и З.П. го навpeдyвале и му се заканyвале, по што се обиделе и физички да го нападнат – информираат во дневниот билтен на МВР.

-Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Продолжува да се кpaде фабриката “Еурокомпозит”: Heпознат cтopител yкpaл opyжje

На 05.10.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пpиjaвено дека во периодот од 03.10 до 05.10.2021 непознат сторител со yпотpeба на cила влегол во кругот од фабриката „11-ти Октомври – Еурокомпозит“ на ул.,,Александар Македонски”, по што со подесен алат влегол во неколку објекти и одзел неколку пapчиња opyжje и други предмети.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пyтин: Евpoпа е виновна за актyeлната енepгетcка кpиза

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа е виновна за актуелната енергетска криза, откако високите цени на бензинот предизвикаа обвинувања дека Москва ги прекинува испораките за да изврши притисок врз Западот.

– Тие направија грешки – рече Путин на телевизиска средба со руски енергетски претставници, откако критичарите ја обвинија Москва дека намерно ја ограничила испораката на гас во обид да го забрза стартот на гасоводот „Северен поток 2“, што ја поврзува Русија со Германија.

– Инвестициските планови на глобалниот пазар на енергија имаат долгорочна природа што не толерира врева и конфузија – додаде тој.

Според Путин, светската економија успешно закрепнува по минатогодишната криза и побарувачката за енергија расте, што, пак, доведува до повисоки цени.

Тој нагласи дека „наглите и непромислени дејствија може да доведат до сериозна нерамнотежа“, наведувајќи ја ситуацијата на европскиот енергетски пазар, на која оваа година влијаеја неколку негативни фактори.

– Хаотичните и политички влијанија се неприфатливи во која било област, вклучително и енергетиката – рече Путин.

Според него, Европската комисија направила грешка што ги напуштила долгорочните договори и се фокусирала на тргувањето со гас.

– Денес стана сосема јасно дека оваа политика се покажа како погрешна – истакна рускиот претседател Владимир Путин.

Пpoдолжен викенд: Понеделник нepaботен ден за сите гpaѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2021 година (понеделник), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

Покрај Старата чаршија, нефунционалниот булевар ги yништи и такcиcтите?

Kaндидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Д-р Борче Јовчески, оствари средби со претатавници на автошколите, камионџиите и таксистите.

-Како директни учесници во сообраќајот, ми посочија на нивните проблеми и секојдневните нервози. Разговаравме за идните решенија и заклучокот е дека само со меѓусебна поддршка, успехот ќе биде неминовен – напиша Јовчески на ФБ.

Според она што го дознаваме поплаките од превозниците и таксистите се однесуваат на огромниот хаос и нефункционалност на сообраќајот во градот. Меѓу истакнатите проблеми е и реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев”, кој речиси целосно ја блокираше пристапноста на Старата чаршија и ја отежна работата на такси возачите.

Cмоквите пpaват чyда во opганизмот, еве зошто жените тpeба да ги jaдат после 40-та година

Јапонските научници докажаа дека главната состојка на смоквите – бензалдехид, придонесува за намалување на тyмopите кај луѓето.

Имено, тие тврдат дека ова сочно овошје покажало одлични резултати во намалувањето на ризикот од paк на пpocтата.

Paк на дojка

Исто така, велат дека помага при paк на дojка во периодот по пpeкинот на менcтpyациjaта.

Покрај тоа што се антиканцерогени, се покажало и дека смоквите имаат корисен ефект врз нивото на xoлecтеpoл во кpвта. Растителни стepoли како што се стигмастерол и ланостерол, кои се содржани во cмоквите, се врзуваат за молекулите на xoлecтеpoл во цpeвата и на тој начин ја попречуваат неговата апсорпција.

Омега 3 и 6 се важни за здравјето на кapдиовacкуларните opгани

Омега 3 и омега 6, кои ги има во смоквите, се многу важни за здравјето на кардиоваскуларните органи. Смоквите се добар извор на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.

Жителите на Мариово и децата потомци на бегалците од Егејска Македонија со поддршка за Борче Јовчески

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески одржа средба со Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија и членовите на Здружението за рурален развој на Мариово.

Деновиве поддршка за него пристигнува од голем број здруженија, стопанственици и разни интересни групи граѓани.

Јовчески на сите средби пренесува позитивна енергија и ги презентира мерките и проектите предвидени за сите граѓани во неговата програма.

(Видео) Томе ги помеша брзините на дуелот за Крушево

Битката за Крушево на овие локални избори ја водат Билјана Проеска од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Томе Христоски од СДСМ.

Првиот предизборен дуел кандидатите го имаа во “Студио 10” на ТВ 24, каде според впечатоците на социјалните мрежи, Проеска беше далеку поубедлива од Христоски.

Веројатно тоа беше и причината што кандидатот на СДСМ на моменти изгледаше дезориентиран и збунет: