дома блог страница 1866

Kaндидатот на СДСМ требало да знае дека Јакимоски е петкратен првак во карате, па затоа задава вакви силни yдapи (Видео)

Предизборен дуел на кандидатите за градоначалници за општина Карпош во емисијата “Само вистина” на “Канал 5” телевизија

Кандидатот на СДСМ за оваа општина, Душко Весовски, пред да излезе на дуел со Јакимовски требало да знае дека тој не е само политичар, туку и поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.

После ова веројатно тешко дека ќе го видиме во некоја наредна дебата:

Oва се вика шамapeње во живо на телевизија (Видео)

Дуел на телевизија “КЛАН” на кандидатите за градоначалници за општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски и СДСМ, Велимир Смилевски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пуштен на најјако:

Фуркан го фати Заев во тесно (Видео)

Новинарот Фуркан Салиу го фати премиерот Зоран Заев во тесно, после прес конференцијата на која тој истакна дека не ги прифаќа оставките од министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Хасани.

Погледнете во продолжение:

Исполнување на сонот: Антонио им подари на прилепчани супер модерно место за вежбање – FIT STAR е вистинско освежување во Прилеп

На вториот кат од КАМ маркетот во Toчила се отвори теретаната “FIT STAR”.

Се работи за нов модерен и со супер услови за вежбање простор кој ќе ги задоволи сите потреби на оние кои вложуваат и се грижат за своето тело.

“FIT STAR” е исполнување на сонот на Антонио Стојаноски, кој конечно после долга работа го постигна тоа што го сакаше.

На прилепчани им понуди место каде ќе можат да вежбаат на квалитетни справи, безбедно, со одличен инструктор, што ќе им овозможи видливи резултати.

Отварањето беше одлично организирано, а како портал кој ги поддржува сите млади луѓе во започнувањето на нови бизниси бевме таму и навистина имаше што да видиме.

Просторот е навистина голем, удобен, има многу справи и претставува вистинско освежување во понудата за вежбање во Прилеп.

Посетете ги и уверете се и самите!

Падна влaдата во Poманиja

Парламентот на Романија денеска изгласа недоверба на конзервативната влада на премиерот Флорин Читу.

„За“ недоверба на владата гласаа 281 од вкупно 446 пратеници.

За предлогот на најголемата опозициска Социјалдемократска партија гласаа и партиите Сојуз за спас на Романија и Алијанса за обединување на Романците.

По изгласувањето на недоверба, Читу може да продолжи да ја води владата најмногу 45 дена, но со ограничен капацитет за дејствување, на пример не би можел да потпишува итни укази.

Се уште не е познато дали ќе има предвремени избори, бидејќи редовните се закажани за 2024 година.

Кризата беше предизвикана од распадот на коалицијата помеѓу Националната либерална партија на Читу и Сојузот за спас на Романија.

Сојузот излезе од коалицијата откако Читу, поддржан од претседателот Клаус Јоханис, разреши двајца министри од Сојузот.

3aeв не ги прифати ocтавките на Филипче и Xacaни: Нема причини за прифаќање на понудените ocтавки

Премиерот Заев не ги прифати оставките на министерот Филипче и заменикот Хасани, за пожарот што избувна на 8 септември годинава во Модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица

– Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, кои од морални прични поднесоа оставки. За евентуалните грешки причинети од човечки фактор ќе се произнесат надлежните органи, изјави денеска премиерот Заев, додавајќи оти им ја дава довербата да продолжат да го водат здравствениот систем.


– Откриена е причината за пожарот и таа е јасно и јавно објавена. Ја примив оваа информација и постапувам и веднаш дадов насоки до Минизтерството за здравтсво во најкус можен рок да се извршат темелни теренски контроли во сите модуларни болници. Сега е најважно да се засилат контролите и проверките за да се намали ризикот од вакви несреќи предизвикани од страни предмети во иднина, поради што за жал изгубивме 14 животи
, рече Заев.

Сугарески “излезе од зад решетки” (Фото)

Пред неколку дена на социјалните мрежи се раширија фотографии од плакат на кандидатот за градоначалник на СДСМ Прилеп, Горан Сугарески, залепен зад решетки од порта во центарот на градот.

Граѓаните фаќаа сеир и коментираа дали се работи за интуиција или реална поддршка за Сугарески…

Се чини дека сепак се работи за поддржувачи на Сугарески, затоа што денеска плакатот беше залепен од другата страна на решетките…

Хрватски медиуми објавуваат: Повторно ќе нема датум за преговори со ЕУ за Македонија

Хрватските медиуми наведуваат дека добиле увид во нацрт-заклучокот од самитот ЕУ-Западен Балкан, кој започнува во Словенија.

Едно од прашањата на тој самит секако е прашањето дали земјите од Западен Балкан воопшто имаат шанса да се приклучат на Унијата, за што се пишува широко со денови, откако се појави документ според кој Брисел нема намера да прифати речиси никого во своите кругови.

Претходно се појави информација за словенечки предлог, според кој официјална Љубљана сака да го внесе Западен Балкан во ЕУ до 2030 година – како краен рок до кој земјите што се во статус на преговори со ЕУ треба официјално влезат во тој блок.

Сепак, самитот се уште не е започнат, а веќе има нацрт заклучок од него во медиумите.

Како што пишува Јутарњи лист, наведувајќи дека како ексклузивност имал увид во нацртот на тој заклучок, во тој текст „нема датум за проширување на Европската унија“.

Според весникот, лидерите на ЕУ го отфрлиле предлогот на Словенија за 2030 година, така што „нема датум“, пренесува Јутарњи, истакнувајќи дека нацрт -заклучокот всушност е како копија на текст објавен од Ројтерс на 28 септември, според кој Европската унија повеќе не може да гарантира идно членство за шесте земји од Западен Балкан “.

Јутарњи потсетува дека ЕУ јасен рок за членство ЕУ отфрли по приемот на Романија и Бугарија, бидејќи двете земји, кога нивниот датум на пристапување беше одреден во 2007 година, престанаа со скоро сите реформи.

Најновиот документ започнува со вообичаената фраза, колку е важен Западен Балкан, а потоа следува делот за условите за членство во ЕУ, според новата методологија. Народно кажано, кога ќе ги решиме своите проблеми, а има и такви, дури тогаш можеме да зборуваме за вашиот влез“, пишува Јутарњи.

Поради се, заклучува весникот, Западен Балкан е на пат да стане Источно партнерство – Молдавија, Украина, Белорусија.

Дојде и Бочварски да го поддржи Сугарески, а експресниот пат остана само ветување

Во поддршка на Горан Сугарески во Прилеп дојде и актуелниот министер за транспорт и врски, кој го наследи Сугарески на таа позиција.

Во четири години министерување на овие двајца луѓе видовме само низа фотосесии, а изградбата на експерсниот пат Прилеп-Градско ни од далеку не е на повидок.

Веројатно кога оделе заедно од врата до врата по прилепските куќи се потеле кога ќе го добиеле прашање за овој горлив проблем за прилепчани и пелагониските стопанственици.

3aeв контpa пpoизводителите: He е точно дека пpoизводите ќе пocкапат за 50 отcто

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес конференција рече дека тврдењето на прехранбениот сектор дека производите ќе поскапат за 50% е претерано.

Тоа не е точно. Инфлацијата во државата е контролирана и таа е до 2,7% и тоа е ниско ниво. Осетлива инфлација се чувствува над 15, 20 и тоа е факт. Ние не можеме да бидеме изолирани од настаните во светот. Отворен пазар сме и зависни од Европа и надвор од неа. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите на просечно ниво, не повеќе од 3%. Владата е тука за да помогне – рече Заев.