дома блог страница 1861

(Видео) Со кое лице Заев вечер ќе им се испули на прилепчани и потомците на жpтвите од Бyгapите?”

Со Зоран Заев, дното веќе одамна е пробиено. Со неговите говори, вулгарни зборови и гестикулации кои не доликуваат никако на Премиер, а се дел од неговата секојдневна комуникација тој е навреда и срам за секој човек во Македонија!, истакна на денешната прес-конференција пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Лашкоска:

Зоран Заев е човекот благодарение на кој доживеавме целосно понижување како народ. Човекот кој за својата фотеља и за полнење на џебот на мафијата ни ја менува и распродава историјата од час во час!

Токму тој, Зоран Заев, за кој знаеме дека не знае што е срам, денес решил директно да дојде, во очи да не гледа и да не понижува нас, прилепчани!

Г-дине Зоран Заев, за човек без срам и чувство не е ни чудно што си дозволува вечер, на одбележувањето на 80 години од започнувањето на антифашистичкото востание и НОБ да дојде да се обрати од Прилеп на прилепчани и на целиот народ во Р. Македонија. Истиот Зоран Заев,кој со месеци не убедува дека бугарскиот фашистички окупатор, против кој на 11 Октомври 1941г. пукнала првата пушка, не бил окупатор, ами администрација во Прилеп и Македонија.

Г-дине Заев, Участакот, или Меморијалниот музеј 11-ти Октомври пред кој вечер ќе се обраќате, а е целосно реновиран и реконструиран од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, бил бугарски затвор и со негов напад, со испукување на првата пушка од прилепчанецот Душко Наумоски,токму против бугарскиот фашистички окупатор започнала НОБ од Прилеп.

Прилеп и прилепчани нема да Ви дозволиме да ни ја менувате,да ни ја бришете историјата. Оти народ без историја,нема своја иднина. А историјата е толку богата и не опоменува што никако не можете да ја промените,колку и труд да вложувате.

Не можете оти Прилеп е град првоборец и град народен херој!

Во криптата која е во склоп на Могилата на непобедените се наоѓаат коските на 462 паднати борци од Прилеп. Прилеп е град на Ченто, на Кузман Јосифоски-Питу,на Мирче Ацев, на Кире Гаврилоски и уште многу други херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија!

Иако се ова,вложувате максимални напори да го избришете, Ви порачуваме, нема да успеете! Народот на Македонија нема да Ви дозволи!

И г-дине Заев, ова вечер е Вашето последно обраќање во Прилеп за што народот на 17-ти Октомври само ќе Ви потврди!, истакна Лашкоска.

Утpe е пocледниот спoeн викенд за овaa година – до кpajoт ocтанyвaaт yште два нepaботни дена, но ќе одмapaме caмо еднаш

Утре е последниот споен викенд за оваа календарска година.

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на секоја година во Македонија.

До крајот на годината ни остануваат само уште два неработни дена од кои едниот се паѓа во сабота и не се поместува, што значи само уште еден.

Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година:

За сите граѓани на РМ

23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Cooбpaќajна нecpeќа на магиcтpaлниот пат Oxpид-Кичево – три лица повpeдени

На 09.10.2021 во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за с.Годивје-Дебрца се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

И денеска цел ден ќе врне, а утре за празникот уште полошо време

Претежно облачно време ќе преовладува и денеска во земјава.

Ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а на планините ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 14 степени.

Во Скопје, претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.

Облачното и студено време ќе продолжи и следните денови. Ќе има и повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и некаде ќе наврнат до 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе бидат со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи.

Џафероски ги обвини ДУИ за башибозук во Долнени? Раскол во коалицијата?

Фејсбук статус на Аднан Џафероски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Долнени.

-Денеска, заедно со потпретседателот на СДСМ и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги посетивме жителите на Црнилиште, Лажани и Дебреште.

Времето на башибозукот на актуелната локална самоуправа завршува на 17 октомври. На граѓаните на Општина Долнени им е доста од нивните лаги, манипулации и негрижа.

Додека тие 4 години не мрднаа со прст да направат нешто за општината, јас се обврзувам од првиот ден да ги засукам ракавите и со поддршка од централната власт да почнеме чекор по чекор да ги решаваме проблемите на граѓаните.

Време е за нови улици, патишта, водоводи, канализации и речни корита – напиша Џафероски.

Koвид пpcти – нова нycпojaва од Koвид 19 кoja тpae co мeceци

Промените на кожата познати како „ковид прсти“ на нозете може да бидат несакан ефект во борбата на имунолошкиот систем против вирусот, покажаа новите истражувања.

Во рамките на болеста, се појавува воспалителна промена со црвенило на рацете и нозете, а состојбата понекогаш трае со месеци и наликува на кожа изложена на студ.

Обично се развива во рок од една до четири недели од инфекцијата и може да се манифестира со оток на прстите на нозете и прстите на рацете, или со промена на бојата на кожата.

Научниците, кои резултатите од истражувањето ги објавија во British Journal of Dermatology, проучуваа 50 луѓе со ковид прсти и 13 со слични промени на кожата што се случиле пред пандемијата.

Откриле дека еден механизам е во основата на двата услови. Телото создава имунолошки одговор со високо ниво на одредени автоантитела, кои погрешно се насочени и реагираат не само на вирусот, туку и ги напаѓаат сопствените клетки и ткива на пациентот.

Исто така, откриле и преклопување со интерферон тип I, клучен протеин во антивирусниот одговор.

Покрај имунолошкиот систем, клетките што ги обложуваат крвните садови кои ги снабдуваат погодените области, исто така, се чини дека играа клучна улога во развојот на ковид-прсти и промените на кожата.

Водачот на студијата, д-р Чарлс Кејсус, рече дека истражувањето овозможило подлабоко разбирање на ваквата состојба на кожата.

-Епидемиологијата и клиничките карактеристики на овие промени на кожата се опширно проучени и објавени, меѓутоа, малку се знае за патофизиологијата на овие промени, рече тој.

Извор: “Република.мк”

Kpcтот на Маркови Кули вечерва одзема здив (Фото)

Прекрасни фотографии од црквата Св. Петка во прилепската населба Точика и крстот на Марковите Кули

Едноставо одзема здив…

Aтлантис на Витаминка повтopно е poзов, со цел зголемување на свесноста за paк на дojка

Чоколадните морски школки Атлантис добија розова едиција која е достапна во сите продажни објекти и дел од средствата на продадените количини ќе биде наменет за лицата со рак на дојка. На овој начин компанијата Витаминка повторно активно се вклучува во поддршката на активностите на Здружението Борка за зголемување на свеста за овој тип рак.

„Атлантис по втор пат е обоен во розово со што продолжуваме да ја искажуваме нашата целосна поддршка за заложбите на здружението Борка и помошта за лицата со рак на дојка. Подигањето на свеста за ова заболување е единствениот начин за борбата против него и затоа целта на розовиот Атлантис е, исто така и да потсети за зачестеноста на ова заболување и да упати на важноста од превенцијата, редовни прегледи и рано откривање на заболувањето”, велат од Витаминка.

Од Здружението за борба против ракот „Борка – за секој нов ден“, велат во периодов е потребно на секаков начин да се зголеми свесноста за раната детекција.

„Поддршката од Витаминка и апелот преку розовиот Атлантис како потсетување за болеста, ни значи многу во овој период, затоа што претпазливоста во услови на пандемија го намали бројот на редовните прегледи и дијагностички посети, што е клучно во борбата против ракот на дојка. Жените ги занемарија редовните прегледи, што создава опасност од ненавремено дијагностицирање на болеста и откривање во доцен стадиум. Затоа, и овој пат заедно со Витаминка апелираме на поголема свесност кај сите, не само пациентите, за редовни прегледи, навремени интервенции и рана детекција”, истакна Биба Додева од здружението „Борка“.

Пожap во стapcкиот дом во Прилеп

На 08.10.2021 во 18.30 часот било пpиjaвено дека во Прилеп, во помошна пpocтopиja – сушара во дом за стари лица настанал пожap – информираат од МВР.

Повpeдени лица нема, а пожapoт бил изгacнат од Tepиторијалната пpoтивпожapна единица Прилеп.

Извpшен бил yвид од yвидна екипа од Полициcката cтаница Прилеп – се вели во соопштението од МВР.

Oд МВР притоа не соопштуваат за кој старски дом се работи, иако во Прилеп постои само државниот дом за стари лица “Киро Крстески-Платник”

Мицкocки од Прилеп со поддpшка за тyтyнapите: 3eмjoделcките cyбвенции, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја пpeдводи владата, ќе бидат нajмалку 5% од бyџетот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од средбата со граѓаните во општина Прилеп изрази огромна поддршка за земјоделците, особено за тутунопроизводителите, при која прилика вети дека во првиот момент кога партијата ќе го преземе раководството на владата, земјоделските субвенции ќе изнесуваат 5% од државниот буџет.

Мицкоски, ова го истакна одговарајќи на новинарски прашања за став по однос на тоа што се уште не е исплатен петтиот пакет антикризни мерки, од кој што исплата на финансиски средства чекаат и тутунарите од прилепско, без кои средства може да се рачуна дека тутунопроизводителите годината ја обработиле на вересија.

Тој истакна дека во Македонија треба да се зголеми вложувањето и инвестирањето во земјоделието затоа што државата е производител на навистина квалитетна храна и производи, како и производител на квалитетен тутун.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме и тоа ќе го направиме веднаш кога ќе ја имаме можноста да ја водиме владата во Македонија, субвенциите за земјоделците, во кои што посебно место ќе имаат тутунопроизводителите, да изнесуваат 5% од буџетот и тие 5% практично, директно да ги вложиме во земјоделието, во храната, бидејќи Македонија е производител на навистина квалитетна храна, производител е на квалитетен тутун, овде регионот на Прилеп и прилепско. И ќе дадеме се од себе, преку методологија и механизми со кои што ги имаме предвидено во програмата „Обнова за Македонија“, да не ни се случуваат вакви работи какви што денеска се случуваат во Прилеп, односно како што се случуваше минатата година при откупот на тутунот на минатата сезона. Така што, мојата порака и до земјоделците и до тутунопроизводителите е да бидат спокојни, да не се обесхрабруваат, крајот доаѓа на овие криминалци и политички измамници. Најмалку пет проценти од државниот буџет директно ќе биде вложен во земјоделието, со посебен акцент на тутунопроизводителите, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека во изминатиот период бевме сведоци, како се шверцуваше тутун, а во јавноста се шпекулираше дека тоа го прават фирми блиски до Љупчо Николовски, при што царинската управа тоа го потврди додека домашниот тутун остануваше во амбарите непродаден.

Мицкоски додаде дека тој изразува жалење и поддршка и дека навистина сочувствува со болка и мака која што во моментов ја чувствуваат и живеат тутунарите затоа што во континуитет се лажени од оваа Влада, предводена од Зоран Заев

-Како човек, изразувам жалење и поддршка за луѓето кои што се тутунопроизводители и кои што континуирано се лажени од оваа Влада, и од Љупчо Николовски, и од Зоран Заев. Минатата година беше историски најлошата за нив, голем број трауми и лични искуства слушав и навистина сето тоа, мене како човек, ме погоди. И сочувствувам со сета нивна болка, со сета нивна мака која што тие луѓе во моментот ја чувствуваат и ја живеат. Самите рековте дека оној, би рекол егзибионистички донесен петти пакет и не е исплатен, тоа го кажуваат и тутунопроизводителите овдека во прилепско, истакна Мицкоски.