дома блог страница 1860

Можеме ли одново против “панцирите”: Вечерва Македонија решава дали ќе игра бараж за Светско

Македонската фудбалска репрезентација вечер од 20:45 часот е домаќин на Германија во натпревар од 8. коло Ј-група во квалификациите за Светското првенство 2022.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски најавуваат голема борбеност и обид за ново изненадување против силниот противник кој веќе еднаш беше совладан во овој циклус.

Капитенот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција во пресрет на мечот побара дисциплинирана игра.

-Германија е врвот на светскиот фудбал и треба да се одговори со тактичка и физичка дисциплина. Гигант како Германија не простуваат грешки, ти даваат многу малку и тоа треба мора да се искористи. Тие за мене се најголемата репрезентација на светот. Спортски е да се надеваш на успех, но секој меч, секој ден е нешто ново. Како искусен играч мора да кажам дека мора да се искористи сè што ќе ни се пружи, рече Ристовски.

Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

На другите две средби од ова коло играат: Романија – Ерменија и Исланд – Лихтенштајн.

(Видео) Јутјубер под дрво пронајде морничава пештера и засолниште на витезите темплари

Јутјуб истражувач дојде до неверојатно откиритие откако под дрво пронајде пештера и засолниште на витезите темплари.

Во видеото кое е објавено на Јутјуб, Брендон објаснува дека за пештерата која се наоѓа во Шефнал, Англија и која е стара 700 години, прочитал на интернет.

Иако во пештерата беа јасно видливи човечки стапки и графити по ѕидовите, таа сеуште беше во беспрекорна состојба со оглед на тоа дека смета дека објектите потекнуваат од 18ти век. Иако постојат некои информации дека пештерата е изградена од витезите темплари, нема јасни докази за тоа.

Осврт на еден од најдобрите прилепски новинари за синоќешната “приватна забава” за Заев во центарот на Прилеп

Еден од најпознатите новинари од Прилеп, Дарко Штаргоски, преку јавна објава на својот Фејсбук профил даде осврт за синоќешниот начин на празнување на 11-октомври во центарот на Прилеп.

-Значи 11 Октомври е празник за народот, бидејќи е еден од најсветлите датуми во нашата историја и бидејќи народот сам си ја донесе слободата. А не е празник за одбрана група луѓе.

За прв пат во историјата просторот каде се одвива главната манифестација за празникот не беше достапна за обичните граѓани, туку просторот беше заграден со метални огради и имаше огромно полициско обезбедување.

Внатре во тој обележан простор можеа да влезат луѓе само со посебни пропусници. Вака не се одбележува празник. Се плашиме од некого? – напиша Штаргоски.

Да повтopиме како и пpoтив кого започнал нapoдниот отпop од Пpилеп: Честит 11-октомври, Денот на народното вocтание

Имајќи во предвид дека одбележувањето на 11 Октомври има оставено посебен белег на историјата на Прилеп и Македонија, имаме обврска да направиме една ретроспектива на настаните од тој период и да ви пренесеме изворни и точни податоци за отпочнувањето на четири годишната борба против фашистичките окупатори.

Неподносливата агресија која ја вршел бугарскиот фашистички окупатор била причината за кревање на македонскиот народ и организирање во вооружени чети, како и подготовка на вооружени акции против ваквиот терор.

Прилепчани секогаш биле обдарени со посебен револуционерен дух и затоа биле првите кои се спротивставиле на новоформираната власт во нивниот град и започнале со подготовка на планови и стратегија за нивна реализација.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата акција на прилепските партизани поврзана за 11 Октомври 1941 година, начинот на кој е реализирана акцијата, како и инволвираните актери во истата.

На месноста Црвени Стени, на 11 Октомври вечерта, на зборното место се собрал партизанскиот одред.

Првата чета, поради задоцнетото известување, задоцнила на зборното место на партизанскиот одред, поради што не била вклучена во акцијата за Прилеп. Од присутниот состав на одредот се извршил избор меѓу доброволно пријавените партизани за учевство во напрадот на Прилеп.

Одредот во кој биле славните прилепски херои Трајко Тарцан, Мице Козар, Ордан Чопела, Димо Димоски-Нередникот, Оцка Михајлоски и многу други, потоа заминал кон Маркови Кули. Притоа била извршена поделба на задачите и бил формиран конечниот состав на ударните групи.

– Нападот на полициската станица за своја задача го имале: Аспарух Јосифоски, командир, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

– За затворот биле задолжени: Никола Попоски, командир, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески.

– За оштетување на телефонската мрежа акцијата им припаднала на : Мице Димески, командир, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.

Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Во онаа задолжена за участакот акцијата требало да ја започни Душко Наумоски, кој требало да стрела во стражарот пред участакот со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нападот. Душко најпрвин се доближил до стражарот кој го запрел и го прашал за врмето на часовникот.

Останатите се посомневале дека Душко се поколебал, но тој се вратил и го застрелал. Потоа Аспарух Јосифофски активирал бомба и ја фрлил пред вратата на участакот, а останатите Блаже, Диме и Миле со пушки стрелале кон прозорците, не давајќи им да се појават полицајците.

Групата за затворот го чекала истрелот од револверот на Душко. Штом градскиот саат отчукал 10 часот, тие веднаш јурнале на затворот. Меѓутоа, стражата од кај участакот од пукотниците веќе била на готовс.

Групата била пречекана со оган. Пецо Крстески и Никола Попоски фрлиле по една бомба, па се повлекле заедно со целата група без жртви.

Групата одредена за оштетување на телефонската мрежа на градот слегла кон Варошко маало, но не по ист пат каде што поминале и другите. Успеале да ги спојат електричните со телефонските жици и со тоа да ги онеспособат, па се повлекле без престрелка.

Сите три групи се повлекле без загуби. Овој подвиг на првите борци од Прилеп можеби не е некој триумфален подвиг, но со сигурност претставува успех кој го означил продолжувањето на револуционерните борби на македонскиот народ, почетокот на организираното востание сега против нов окупатор како и доследноста на граѓаните на Прилеп кон борбата за македонска кауза и слобода.

(Фото) Во вчерашната контрола полицијата запре возач со 4,26 промили алкoxoл

Возач е фатен како управува со моторно возило со дури 4,26 промили алкохол во крвта, објави МВР.

Само вчера полицијата санкционирала 70 пијани возачи на територијата на Република Македонија. Најголем дел во главниот глад.

-Во текот на вчерашната вечер (10/11.10.2021) во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкoxoл на територијата на целата држава, при што санкционирани се 70 возачи. Од нив, 12 на територијата на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти полицијата.

Kaндидат за градоначалник од СДСМ молзеше крава и пиеше неварено млеко (Фото)

Kaндидатот за нов мандат за општина Ѓорче Петров од СДСМ, Александар Наумоски, во борба за глас повеќе денеска молзел крава.

Наумоски е еден од кандидатите на СДСМ за кои анкетите предвидуваат пораз на локалните избори, па веројатно мора да испроба се’ до 17. октомври.

Ете денеска му текнало да молзе крава, а потоа и се напил од млекото…

Приватна забава за Заев, или прослава на 11-ти октомври во Прилеп? (Фото)

Нетипично одбележување на Денот на народнот востание, 11-ти октомври во Прилеп.

Како и секоја година и оваа државниот празник се одбележа со импровизиран напад на бугарскиот полициски Участак и огномет, но она што остави впечаток и ги шокираше граѓаните беа поставените огради околу бината.

Таму напред се обратија се уште актуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски и премиерот Зоран Заев.

Сместени под шатори и опкружени главно со партиска публика, а на околу огради кои го оневозможуваа пристапот на “обичните” граѓани до нив.

Значи Заев, па празен простор, па ограда, па “обични граѓани”….

Голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на 11-ти Октомври во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за “Обнова на Македонија”, утре со почеток од 19:30ч, на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп ќе одржат голем народен митинг.

Пред граѓаните ќе се обрати кандидатот за градоначалник за општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Јовчески пред прилепчани ќе ги претстави проектите од изборната програма, кои од партијата велат дека ќе значат нова иднина за Прилеп и населените места.

Анкетите во пресрет на изборите му даваат солидна предност на Д-р Јовчески во однос на неговиот конкурент Горан Сугарески.

Според анкетата на Институтот “АКСИОС” спороведена од 24.09 до 28.09.2021, за Борче Јовчески се изјасниле дека ќе гласаат 25,4% од граѓаните. За Сугарески од СДСМ би гласале 20,7% од прилепчани.

Ако пробуваат наредно одговара и рУдар, рИдар… (ФОТО)

Фотографија од фудбалските терени низ Македонија…

Ако веќе пробуваат одговара и рУдар, рИдар…

ФОТО/Спортски удар

И Сугарески не знае пpoтив кого се бopeле прилепчани во НОБ? (Видео)

Kaндидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, ги повика граѓаните на марш по повод утрешниот државен празник Денот на народното востание, 11-Октомври.

Сугарески во јавниот повик спомна град херој, Народноослободителна борба, борци, херои…но никаде не се осуди да каже против кого се бореле прилепските партизани и против кого го кренале народноослободителното востание на 11-ти Октомври 1941 година.

Дали со ваквото занемарување на историските факти, Сугарески исто како и Заев сака да им се допадне на Бугарите?