дома блог страница 1859

Пpeтceдателот на ЕПП Доналд Тycк на македонски јазик даде поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите за градоначалници (Видео)

Како ваш посветен и лојален сојузник, сега и секогаш Ве повикам да излезете на изборите и да го дадете вашиот глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Ја подржувам вашата земја како премиер на Полска и како претседател на Европскиот совет, ве поддржувам денес и ќе продолжам да ве поддржувам и во иднина. Ги заслужувате највисоките стандарди, почит и ефикасна држава, вели Доналд Туск, претседател на ЕПП.

-Навистина сум импресиониран од позитивните промени кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски. На локалните избори, партијата е претставена од брилијантен млад тим полн со енергија. Се работи за нови луѓе во светот на политиката кои се истовремено чесни и компетентни. Се работи секако за Ваш избор, но како Ваш пријател кој секогаш ги поддржува Македонците во нивните напори за подобра иднина сакам да ви кажам дека доколку јас гласав со Вас на овие избори, без задршка ќе го одберев ВМРО-ДПМНЕ. Секако одлуката е ваша. Вашата иднина е во ваши раце.

Благодарност за поддршката упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-ВМРО-ДПМНЕ се бори за ЕУ која ќе овозможи иднина за сите луѓе во Македонија, за заедничките европски вредности, за наше идентитетско почитување што подрабира вреднување на нашиот јазик, на она што навистина сме, што се гледа и од самата поддршка на нашиот пријател Туск. Заедно и одлучно, сите ние и нашите пријатели ќе создадеме нова иднина!

3aeв: Да бидам жив и здpaв и да го дочекам моментот Албанец да биде пpeтceдател на дpжавата

После вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следен чекор е претседател на државата да биде Албанец, на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев го истакна истото, дека го чека моментот кога сите граѓани ќе бидат подготвени за претседател Албанец.

„Тој момент ќе сакам да го дочекам, да бидам жив и здрав, јас а и сите ние што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред се и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните кои што најмалку 50% од Македонците, 50% од Албанците, 50% Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја би го гласале тој претседател“, изјави премиерот Зоран Заев.

Големо пocкапyвање на цените на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/литар и од полноќ ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95 75,50 ден/лит, а за ЕУРОСУПЕР БС-98 77,50 ден/лит.

Од полноќ за 2,50 денари поскапува и дизелот. Новата цена изнесува 67,50 ден/лит.

Поскапување за 2,50 денари ќе има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена од полноќ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден/кг.

Kултното место во Старата прилепска чаршија стави катанец на врата: Прилепчани paзочapaни

Култното и омилено место на голем број прилепчани во срцето на Старата чаршија стави клуч на врата….

Џез клубот “Таke Five” во изминатите години додека функционираше беше едно од најкултните места во Прилеп и прилепската Стара чаршија.

Голем број живи свирки, голем број бендови од целата држава …. за жал дојде крајот.

“Ех дечки да се потсетиме, ова е само мал колаж на дел од свирките и настаните што се случуваа во овие 9 години во Jazz club Take five. Ви благодариме на сите за ова деветгодишно дружење со нас и со вас како музичари и публика итн. Денеска нашата приказна завршува, а можеби ќе почне да се испишува и следна на некоја друга локација за брзо време. Поздрав од нашиот и ваш Т5”, напишаа од локалот на социјалните мрежи.

Нова кpивична за функционер од СДСМ Прилеп (Видео)

Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со избор на идејно решение за театар во Прилеп – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Центарот за Култура Марко Цепенков и Тетарот Војдан Чернодрински како составен дел од него се во директна надлежност на Министерството за култура и ако некој бил надлежен и требало да распишува конкурс за идејно решение, тоа е министерството за култура.

Обвинителството ќе треба да се позанимава со наводите во кривичната пријава и целосната доставена документација од наша страна.

Илија Јованоски во меѓувреме нека одговори пред јавноста во кое својство донел одлука за распишување на Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување на награди за Театар на дел од дом на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ако се има предвид горенаведата надлежност по однос на ова прашање? Во кое својство донел одлука за избор на идејно решение како и Доделување на награди по Конкурс бр.2-2018 за Конкурс за идејно решение за театар на дел од домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп?

Во врска со овој конкурс, доделени се парични награди и тоа за првонаградените во висина од 100.000 денари, а за второнаградените 60.000 денари, пари од граѓаните. Тоа што подоцна се изведувани некакви правни гимнастики со ова идејно решение, ќе си го доиспитаат надлежните органи.

Со ова се потврдува уште една работа, дека во предизборната кампања Илија Јованоски свесно ги лажеше прилепчани за нов театар во Прилеп.

Почитувани, после победата на 17 октомври, на д-р Борче Јовчески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, следува ревизија на сработеното и одговорност за секој еден кој се огрешил пред законот. Граѓаните ќе знаат точно каде завршил секој еден нивни денар. Ќе има правда, ќе има одговорност”.

Јовчески се заблагодари на прилепчани за масовното присуство и подршката – Миленик на сограѓаните

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески после вечерашниот голем народен митинг.

-Почитувани сограѓани, од срце ви благодарам за вашето присуство во огромен број и покрај врнежливото време.

На вечерниов собир докажавте што значи желбата за промени, желбата за подобар Прилеп.

Заедно, со вашата поддршка, на 17-ти октомври во Прилеп ќе се означи почетокот на една нова ера, која ќе значи успешни проекти за подобро утре на сите Прилепчани, напиша Јовчески.

(Видео) Еуфорија во Прилеп на митингот од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија” вечерва одржаа голем народен митинг во центарот на Прилеп.

На митингот се обратија кандидатот за градоначалник Д-р Борче Јовчески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Јовчески пред огромниот број прилепчани и жители на населените места ги презентираше проектите од од новата програма и најави голема победа во недела на 17.октомври.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” :

Maксим: Јас имам проблем со бришењето бугарски од спомен плочите, оти нашите семејства се бopeле пpoтив тој oкyпaтop

Актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска положи свежо цвеќе пред спомен Костурница и се обрати пред присутните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

„Денеска славиме голем празник за Македонија, голем празник за нашиот град. 11 Октомври за нас кумановци има особено значење. Ова е ден кога од Куманово започнала борбата за промени. Ова е ден кога од Куманово започнала револуцијата и отпорот против фашизмот. Ден кога започнала борбата за ослободување на државата. Овој ден со црвени букви е запишан во кумановската и македонската историја. Историјата е таа што ни дава основа да постоиме, сегашноста е подготовка за иднината, а иднината треба да биде подобра од минатото.

Изгледа оваа лекција никако да ја научиме, бидејќи сегашноста требаше да биде подобра од минатото, а не да се плашиме дека иднината ќе ни донесе реприза на претходно видено минато. За Македонија и за Куманово 11 октомври 1941 е ден што донесе движење за слобода на државата. И токму денес повеќе од кога било порано важно е да не заборавиме дека Македонците заедно со Србите, Албанците, Турците, Ромите, Власите се бореа против бугарскиот, германскиот и италијанскиот фашистички окупатор, рече Димитриевски и додаде дека денес од кога било порано е важно да ги знаеме нашите корени, нашите битки, нашата историја, затоа што таа историја е корен на нашиот идентитет. Денес од кога било порано е важно да знаеме дека македонскиот идентитет не е и не смее да биде предмет на договори.

– Идентитетот не се брише со гума, не се менува, тој останува. Ние политичарите сме менлива категорија, а народот е тој истиот. Народот е тој што го носи идентитетот и никој, ама баш никој, не смее да си игра со тоа прашање. А ако некој сака да избрише дека сме се бореле против бугарскиот фашистички окупатор, тој тогаш историјата или не ја смета за своја, или има некаков друг проблем. Да не бидам погрешно сфатен, јас немам против ниту еден народ негативни чувства. Но имам проблем кога некој се обидува да не претстави како дел од друга нација и друга историја. Е тогаш секој од нас има право да реагира. И бидете сигурни ваков случај, како нашиот македонски нема никаде во светот. Никаде на друго место не се негира постоењето на еден народ, каде има обиди за менување на историја и за бришење на делови, што на некого не му одговараат.

Јас имам проблем со бришењето на зборот бугарски од спомен-плочите, бидејќи моето семејство, нашите семејства се бореле против тој окупатор. Јас имам проблем бидејќи никој од Бугарија досега не се извинил за
злоделата што ги направиле во Македонија, по примерот на Германија и нивните канцелари Брант и Меркел, туку се обидуваат да ги избришат од историјата. Е па тоа не може да се случи! Не смееме да дозволиме тоа да се случи! Заради нашите предци, заради нашите поколенија.

Мора да постојат црвени линии, кои не смееме да ги поминеме и мора да порачаме дека секој оној што сака да го стори тоа народот ќе го казни. Бидејќи овој народ знае да ја покаже својата сила најмногу кога некој го
потценува. Овој народ знае да ја покаже својата сила кога некој сака да го понижи.

Денеска од тука во Куманово 80 години по дигнатото Востание слободно може да кажам дека имаме многу големи предизвици пред нас. Пред нас имаме многу препреки кои треба да ги поминеме, пред нас имаме предизвик да не дозволиме да ги направиме истите грешки од минатото. Ако кажавме НЕ за режимот, не смееме да дозволиме нов режим да завладее со нас. Не се боревме за реприза на нашите животи, се боревме за подобро Утре, за иднина каде се слушаат различни ставови, каде се зборува за идеи, а не се занимаваме со подметнувања и напади. Се боревме за демократија и за неа мора да се бориме и понатаму, бидејќи тоа им го должиме на нашите предци. На оние кои се бореа денеска да имаме слободна држава, оние кои ги оставија своите животи за да можат нивните поколенија да имаат подобар живот. А ние како да ги разочаруваме со нашите постапки. Како да не знаеме по кој пат да тераме.

Како да сме изгубени помеѓу лукративните зделки и националните интереси. А кога ќе ги споите зборовите зделка и национален интерес, во едно резултатот ќе биде поразителен за сите нас. Затоа сега повеќе од кога
било сме пред патоказ кој пат ќе го одбереме, оној каде иднината носи сигурност, или оној каде иднината носи реприза од минатото.

Сега од кога било порано е важно да се сплотиме и да покажеме отпор, бидејќи немаме време за чекање. Поминаа многу години, нештата не се менуваат на подобро, си одат младите луѓе од државата затоа што немаат перспектива. Немаме време да чекаме да дојдат подобри времиња. Мора нив да ги создадеме. А ќе ги создадеме само ако заеднички се бориме против неправдата, рече меѓу другото Димитриевски.

(Фото) Дали Прилеп му сврти грб на Сугарески и покрај сите притисоци за присуство на денешниот марш?

СДСМ денеска во Прилеп одржа граѓански марш кој заврши пред Могилата на непобедените. На маршот присутен беше и премиерот Зоран Заев, кој заедно со кандидатот за градоначалник Горан Сугарески и министерот за здравство Венко Филипче се обратија пред присутните.

Она што можеше да се забележи беше слабиот одзив на прилепчани на маршот кој заврши како партиски митинг.

Од фогографијата направена од дрон се гледа дека многу малку луѓе го поддржаа партискиот настан, што би требало да претставува аларм пред изборите во недела, со оглед дека во Прилеп право на глас имаат над 63.000 гласачи.

Се поставува прашањето дали денеска Прилеп му заврти грб на Сугарески и Заев?

Села: “Нa дoбap пaт cмe дa пoбeдиме ceкaдe кaдe имаме заеднички кандидат со ВМРО-ДПМНЕ”

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска истакна дека опозицијата во државата е на добар пат да оствари позитивни резултати насекаде каде настапува со заеднички кандидати.

Села од Охрид каде имаше работна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ е добра.

По однос очекувањата од престојните избори Села истакна дека независно што се работи за составот на идната локална власт во општините нивната важност произлегува оттаму што токму од резултатите на овие избори ќе произлезат услови за промени на централно ниво.

-Од исходот на Локалните избори ќе произлезат важни работи на централно ниво. Оваа наша соработка има за цел спречување на продолжениот раст на стапката на корупција. За жал стануваме најкорумпирана држава во регионот, па и во светски размери. Затоа треба да смогнеме сили да соработуваме за да ја промениме оваа власт која дојде со многу ветувања, а од друга страна, за жал, не успеа ништо да реализира од ветувањата, рече Села.