дома блог страница 1846

Веќе стана тренд: Поранешниот претседател на Победа донираше 100 влезници за утрешниот натпревар

Веќе стана тренд, нашинци од дијаспората донираат влезници за натпреварите на Победа

Претходно тоа го сторија прилепчани кои живеат во Австралија, а денеска 100 влезници за натпреварот помеѓу Победа и Детонит Јуниор, кој се игра утре со почеток од 14ч во Прилеп, донираше поранешниот претседател на клубот, Гоце Ингилизов.

Влезниците се во гостилницата “Кај Кекеле”, и секој кој не може да си дозволи да купи билет може да си подигне.

(Видео) Не бил “магиосничар”

Премиерот Зоран Заев не престанува да ја забавува јавноста…

Еве нешто од неговото синоќешно гостување во емисијата “Клил плус” на ТВ 21:

Трајанов: Неединството во СДСМ е причина за потфрлањето во првиот круг од локалните

Претседателот на Демократски сојуз, кој е во колаиција со СДСМ во Утрински брифинг изјави дека внатрешното неединство во СДСМ е причина за изборниот резултат во првиот круг.

„Причините на потфрлањето на коалицијата и СДСМ мислам дека пред се е резултат на внатрешното неединство во партијата. Се зборуваше дека скопскиот огранок нема да ги поддржи СДСМ. Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ знаат да се обединат секогаш кога се гласа. Кај СДСМ, поради поширокиот демократски идентитет, потфрлија“, вели Павле Трајанов.

Кога СДСМ владејат тие се опуштени. Кај ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е така.

Оценуца дека е можен пресврт во вториот круг.

„СДСМ има 23 коалициски партнери кои беа пасивни во првиот круг, сега треба да излезат на гласање и да се обединат. Разликата е мала. Пред вториот круг има кампања која е манипулација, дека ние не бираме локална туку централна власт. Мислам дека Заев може внатре да ги отвори прашањата околу кадровски преомени и предвремени избори, но сега не треба да се зборува за тоа затоа што ги демотивира неговите гласачи.

Потегот со најава за оставка на Заев демотивира. Владата е стабилна и има стабилно парламентарно мнозинство и тоа треба да се кажува“, вели Трајанов во Утрински брифинг

Професорот Ванчо Ѓоргиев ја напушти историската комисија за преговори со Бугарија

Во своето соопштение професорот на катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје вели дека висок функционер на МНР се обидел да влијае на работата на комисијата.

Причините за неговата оставка во комисијата во следново соопштение.

СООПШТЕНИЕ

Раководејќи се од професионалниот интегритет и личните принципи, ја известувам македонската јавност дека од денес, 22.10.2021 година, ја напуштам работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Одлуката е мотивирана од следниве околности:

1. Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;

2. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;

3. Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;

4. Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси;

5. Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“.

Проф. д-р. Ванчо Ѓорѓиев с.р.
Скопје, 22.10.2021

Eмил Јанески: “Заминувам од ФК “Победа” со високо крената глава”

Почитувани мои сограѓани љубители на спортот во Прилеп, навивачи на прилепската гордост ФК Победа, чуствувам обврска да ве информирам дека од денес се откажувам од овластувањето за потпишување документи за ФК Победа АД Прилеп. Во април 2021 година ФК Победа АД Прилеп беше во исклучително тешка финансиска положба, со долг од околу 110 илјади евра и со лош фудбалски статус. ФК Победа на пет кола до крајот се соочуваше со испаѓање од втората Македонска фудбалска лига исток, па неопходно се наметнуваше потребата од помош на нашата гордост од сите оние кои му мислат добро на спортот во Прилеп, а посебно на фудбалскиот клуб Победа. Истовремено, ФК Победа беше надвор од фудбалскиот прилепски храм стадионот “Гоце Делчев” и своите натпревари ги одигруваше или на стадионот лоциран до Могилата на Непобедените или на стадионите во соседните градови.

Од тие причини градоначалникот на општина Прилеп д-р. Илија Јованоски свика координација со актуелни фудбалски работници од општинскиот фудбалски сојуз и познати фудбалски имиња од нашата општина. Така формираното координативно тело донесе одлука за прв човек на Победа да бидам поставен јас, а Гешоски Благоја за спортски директор на фудбалскиот клуб. Во периодот додека јас бев овластен потписник на документите на фудбалскиот клуб Победа, нашиот миленик Победа најпрво обезбеди опстанок во втората Македонска фудбалска лига исток, врзувајќи три победи по ред. Најпрво беше совлададан директниот конкурент за опстанок Плачковица во Радовиш, потоа Росоман и на крајот Осогово во Кочани со што ФК Победа и формално оствари опстанок во лигата. Во меѓувреме долгот на фудбалскиот клуб значително го намаливме а Победа се врати во својот дом, храмот на фудбалот, градскиот стадион Гоце Делчев во Прилеп.

Во новата сезона стартувавме со големи амбиции и во овој момент фудбалскиот клуб Победа е на второ место на табелата, со еден бод заостанување од лидерот Саса од Македонска каменица по одиграни седум кола од втората фудбалска лига исток. За цел овој период работев искрено, посветено и со срце за ФК Победа без никаков финансиски надомест и не дозволив никакво мешање на политиката во спортот, зошто само така спортските клубови во нашиот град можат да имаат успех. Мегутоа, промените се составен дел од животот. ФК Победа иако формално правно е акционерско друштво, таа во голем дел зависи од локалната самоуправа особено на финансиски план. Иако е обезбедена финансиска конструкција значително подобра во споредба со минатите години, сепак таа е недоволна без подршка на општина Прилеп. Со оглед на тоа што јас бев поставен за прв човек на Победа на иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски а во меѓувреме се случија промени во раководството на локалната самоуправа чуствувам морална одговорност да се одповикам од прв човек на ФК Победа.

Шансата е голема. Победа има силен состав и несмее да си дозволи оваа година да не влезе во првата Македонска фудбалска лига, онаму каде што и е местото. Со надеж дека тоа ќе се случи, со огромна љубов ќе продолжам да бидам навивач на ФК Победа. Им се заблагодарувам на моите соработници во фудбалскиот клуб и му посакувам многу среќа во престојниот дел од сезоната. Со душа и срце за Победа ЗАСЕКОГАШ!!!

Заев: СДСМ не изгуби од ВМРО-ДПМНЕ – ние добивме жолт картон од нашите гласачи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во гостувањето на ТВ 21 рече СДСМ не загубила од ВМРО-ДПМНЕ туку дека неговата партија добила жолт картон од своето гласачко тело.

-СДСМ не изгуби од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ како и да го споредувате со било кои претходни избори е понизок со бројот на гласови. Коце Трајановски имаше 101.000 гласа во 2017, Шилегов имаше 141.000 гласови. Данела Арсовска сега или ВМРО-ДПМНЕ имаат 85.000 со сѐ Алијанса на Албанците кои гласаа за Данела Арсовска. Дури споредените гласови на ВМРО-ДПМНЕ ако се минусираат со тие од АА се помалку дури и од лани. Лани имаа некои 79.000, сега имаат 78.000 минус Алијансата. Тоа е јасно. ВМРО-ДПМНЕ не што држи константа, туку паѓа, континуирано паѓа. Проблемот е што ние го добивме нашиот жолт картон од нашите гласачи, рече Заев, додавајќи дека нема незадоволство од завршените инфраструктурни проекти во Град Скопје, но демократијата и слободата си го направило своето, па затоа многу гласале за независните кандидати.

Kaндидатот на СДСМ за Центар на кафе средба со Фрчкоски, Ѓунер Исмаил и Тричковски – имало што да се научи од нив (Фото)

Во општина Центар битката во вториот изборен круг ќе ја трчаат Горан Герасимовски од СДСМ и професоркта Наташа Котлар Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Двајцата кандидати од понеделникот продолжија со активностите на терен, а кандидатот на СДСМ денеска имал кафе средба со Фрчкоски, Ѓунер Исмаил и Бранко Тричковски.

-Од повозрасните секогаш има што да се слушне и научи. Благодарност за поддршката Ѓунер Исмаил, Љубомир Данаилов Фрчкоски и Бранко Тричковски – напиша Герасимовски на ФБ.

Еве како да cocтавите Pyбикова коцка за 10 ceкyнди! (Видео)

Рубиковата коцка е едно од најпознатите хобија во Светот, но ретко кој успева да ја совлада без многу труд.

Многумина немаат доволно нерви да ја склопат до крај, но и за тоа има решение. Доколку сакате да ги воодушевите вашите пријатели, подолу имате многу едноставен систем за составување на Рубиковата коцка.

Како и секогаш, треба да се послужите со мал трик. Значи, важно е коцката да е целосно сложена пред да ја започнете својата „магија“.

Потоа, само следете ја едноставната шема прикажана со стрелките. Погледнете го краткото видео, сѐ ќе ви биде јасно:

Видеото погледнете го ТУКА

Боки 13: Заев нарачувaше пресуди преку претседателот на Кривичен суд Џолев, имам доказ во мобилниот

Премиерот Зоран Заев нарачувал пресуди преку претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев тврдеше денеска Бојан Јовановски пред судечкиот совет на рочиште за предметот „Меѓународен Сојуз“. Боки 13 рече дека поседувал и докази во неговиот телефон на каков начин бил избран Џолев, па врз основа на тоа побара и негово изземање, пренесува „Алфа.тв“.

Тенденцијата доаѓа од основани за мене, аргументирани познати факти кои се наоѓаат во мојот мобилен телефон, а се поврзани со претседателот на Кривичниот суд. И во ова мое барање искажувам целосна недоверба кон целиот правосуден систем, се надевам дека повисокиот суд нема паушално да го одбие моето барање како што го одби за изземање на овој судечки совет- рече Бојан Јовановски пред судот.

Откако Боки 13 влезе во расправа со судијката Софче Гаврилова, која му кажа дека нема потреба да кажува што има во неговиот телефон а неговото барањето ќе биде доставено, по што Јовановски беше избркан од судницата. Откако тргна да ја напушта судската сала, Јовановски се обраќаше кон Гаврилова говорејќи дека во судот нема ниту ред ниту достоинство.

Предметот за невладината на Јовановски е во фаза на изведување вербални докази. Следното рочиште е закажано за 8-ми ноември кога пред судот искази треба да даваат сведоци кои ги предложи одбраната на обвинетата во случајот Јасна Мандиќ.

Јовановски претходно бараше изземање на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска. Тогаш тврдеше дека таа од него барала да пушти ТВ екипа за да го снима апсењето на екс-градоначалникот Стевче Јакимовски, го информирала што работи обвинителството и кого истражува во случајот „27 април“за што Боки 13 имал докази во телефонот, а барањето за изземање на Рускоска му беше одбиено.

Јовановски тврдеше и дека има докази за инволвираност на високи функционери во шема на кривични дела, а поврзани со кршење на законите и рекетирање за што поднесе кривични пријави до Обвинителството. Бојан Јовановски веќе е осуден на девет години казна затвор потврдена од Апелациониот суд во случајот „Рекет“, во кој поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева доби 7 години затворска казна

Села и Мицкоски остварија средба во Собранието, потврдена е заемната поддршка во вториот круг

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого разговараше за текот на изборниот процес и понатамошните чекори.

-На средбата беше потврдена заемната поддршка во вториот круг, за општините за кои имавме договор за првиот круг. И покрај манипулациите, притисоците, купувањето на гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво, соопштија од Алијанса за Албанците.

Оттаму посочуваат дека и коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и работат заедно за да создадат ново парламентарно мнозинство во многу краток период.