дома блог страница 1847

Внукот на Ахмети даде поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

Александар Јовановски, кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, освои најмногу гласови во првиот изборен круг.

Според податоците од Државната изборна комисија, за него гласаа 8.801 граѓани, или 256 гласачи повеќе отколку за актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, коj поточно освои 8.545 гласови.

Внукот на Али Ахмети кој беше независниот кандидат за градоначалник на Кичево, Фатмир Лимани пред малку јавно на Фејсбук објави дека во вториот круг ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник.

Тој освои 4500 гласови и не влезе во вториот круг како трето пласиран.

-● СЕ ИЗЈАСНИЈА

▪︎ Дијаспората не е фактор на локалните избори бидејќи имаме партнерство со браќата од СДСМ!

Се со цел да се игнорира реалноста на независната кандидатура, беше искажано следното:

„Ние водиме и сме на изборна кампања со ВМРО” !

Сега бараат помош од дијаспората и повторно ја игнорираат воспоставената реалност на силата од 4.500 поддржувачи на Движењето за независност.

• По завршувањето на Вториот круг, ќе се направат подготовки за предвремени парламентарни избори.

* Тука сме и подготвени за големата промена, стои во неговиот пост на Фејсбук

Концерт на КУД “Моминок” во Прилеп

На 22.10. 2021 /петок/ од 19.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи КУД „Моминок“ на кој како гостин ќе настапи ансамблот на Стевче Стојковски.

Влезот е слободен, со запазување на протоколите за заштита од ковид 19, пропишани од Владата.

Години наназад КУД“Моминок“, неговите играорци, го даваат својот голем придонес негувајќи го фолклорот и богатото македонско културно наследство.

Има настапувано на бројни фестивали во земјата и во странство, а работи под патронат на Центарот.

Јане Николоски нов тренер на ФК Борец од Велес

Екипата на Борец се реши за тренерска смена и на местото на Борче Христов ќе седне поранешниот македонски репрезентативен голман, Јане Николоски.

Николоски кој е поранешен македонски репрезентативец, во својата тренерска кариера досега ги предводеше екипите на Арис Лимасол од Кипар, македонските екипи Хоризонт Турново, Дрита и Победа, а последно беше на клупата на Слога од Виница.

47-годишниот стратег веќе пристигна во Велес и потпиша договор со Борец.

Првиот тест како нов тренер ќе го има викендов, кога Борец игра против Академија Пандев.

Георгиевски-Камиказа со порака до скопјани: Не гласајте за Шилегов

Очекував околу 60.000 гласови добив нешто над 20.000 . Причина за тоа беше слабата излезност. Јас сметав дека излезноста ќе биде над 65 посто, вели кандидатот за градоначалник на Скопје Петар Георгиевски-Камиказа во првото интервју за „Република“ по локалните избори.

Тој вели дека на средбите со граѓаните се изнанадил што многу луѓе не го знаат иако тој сметал дека со целиот негов ангажан, посебно со групата „Меморија“ дека сите го знаат,но не излегло така.

Сепак тој е горд дека од овие избори излегол горд без ниту едена дамка и со чист образ.
Тој објаснувал дека било трик и спин изјавата дека ќе гласа за Шилегов и дека на тој начин успеал повеќе да го има во медиумите.

За досегашниот градоначалник на Скопје се уште тврди дека е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото.

-Овие избори за него се да се биде или не.Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец.Таму каде што ќе оди нема лифт туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено.

Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шакири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.

Георгиевски вели дека не може да неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот ,но оти е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа може граѓаните да извлечат заклучок.

-Јас само знам за кого не би гласал а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат.Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов-порачува Камиказа.

Целото интервју погледнете го ТУКА

Oд 70.000 навивачи камерата го зумираше него: Македонски навивач еуфорично го разви сонцето од Кутлеш на “Олд Трафорд”

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се кренаа јуначки после непријатната негатива од 0:2 против незгодната Аталанта. Но, потоа следуваше феноменален пресврт по кој камерите зумираа навивач кој еуфорично ја славеше победата. Излезе дека е наш човек.

Се работи за скопјанецот Александар Зелениковски, инаку член на фан-клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија, објавува ОФФНЕТ.

На толку многу навивачи кои беа синоќа во бројка од преку 70.000 на Олд Трафорд, режисерот во преносот го улови токму Македонецот кој беше пресреќен после голот на Роналдо за 3:2.

Јасно се гледа во кадар и на оваа снимка направена од трибина со знамето на Македонија. Роналдо и компанија славеа пред негови очи.

Видеото погледнете го ТУКА

Важно cooпштение од прилепските црковни храмови до верниците

Соопштение од црковните храмови во Прилеп до верниците

– Браќа и сестри во Христа, наши Прилепчани. Поради корона кризата и запазување на мерките и протоколите, пропишани од здравствените работници, ве известуваме дека оваа година, ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА, како би се запазиле сите безбедносни мерки.

За да се избегне било какво групирање, веднаш по доаѓањето во црква, ќе се прережува лепчето посветено на светецот на вашиот дом од страна на вашите парохиски (реонски) свештеници. НА 26ТИ ЗАСЛОГ НА ПЕТКОВДЕН: СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ОД 07.30 ДО 17. 00 ЧАСОТ.

СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) ОД 07. 30 до 09.00 И ПОПЛАДНЕТО ОД 15.30 ДО 17.00 ЧАСОТ, А СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) И СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) ОД 10.30 ДО 12.30 ЧАСОТ.

Исто така леб ќе се крева и во храмовите “Св. Кирил и Методиј – Параклис” и во “Св. Петка” во нас. Точила и тоа од 7:30 часот наутро, па се до 17:30 ч.

Нека ни е за многу години и на помош, Преподобната Параскева ПЕТКА и да им биде постојана закрила на сите што ја имаат за домашна слава.

Кaj Пpилеп заплeнета мapиxyaна во вpeднocт од околy 200.000 евpa

На 20.10.2021 во заедничка полициcка акциja на полициcки cлyжбеници од Одделот за кpиминалиcтичка полициja – Сектор за недозволена тpговиja со дpoга, opyжje и опacни матepии, Специjaлна антитepopиcтичка единица „Тигap“ и ОВР Прилеп пpeceчен е меѓyнapoден канал за тpaнcпopт на нapкотична дpoга мapиxyaна, од Р.Албанија преку нашата држава со крајна дестинација за Република Грција, во вредност од околу 200.000 евpa.

Имено, на патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција запрено е патничко возило „пежо карван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми.

М.Ј. е лишен од слобода, за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Прилеп и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, по што од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО Прилеп ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Teнзично во Битола: Демокpaти ќе бapaле поништyвање на избopите (Видео)

Кандидатот за градоначалник на Битола, Јорго Огненовски вели тоа што гласањето било продолжено за половина час, претставувало брутално кршење на Изборниот законик и заради тоа неговата партија „Демократи“ овие избори не ги смета за регуларни.

Тој вели дека заради ова, тие како партија ќе поднесат тужба до судот, со која ќе бараат поништување на овие избори.

ВИДЕО: ТВ ТЕРА

3aeв: He можам владата да ја водам напpeд, ако Cкопje и општините влечат назад

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев смета дека не може Скопје и општините да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите, да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе не скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“. Заев рече дека може понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.

Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ, бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, Шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.

-Не можам да водам влада напред, ако првите луѓе на градовите и селата враќаат назад, рече Заев, во одговор на прашањето како ќе продолжат по 31 октомври доколку СДСМ и коалицијата не ја добијт подддршката што ја очекуваат.

Заев упати благодарност до сите коалициони партнери кои денеска го изразија својот став и кажаа дека остануваат со коалицијата предводена од СДСМ.

Гимназијата “Мирче Ацев” добива нов лик

Првпат, од далечната 1949 година, Гимназијата „Мирче Ацев“ го менува својот надворешен изглед.

Со реконструкцијата на покривот и со новата термо фасада, училиштето добива нов надворешен лик, а во исто време ја зголемува енергетската ефикасност со што ќе нуди подобри услови за реализација на наставата.