Ѓорче Петров граби напред, Прилеп мака мачи да тргни работата (Видео)

На седницата на Советот на општина Ѓорче Петров, одржана на 15-ти ноември 2021 година на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Александар Стојкоски се донесени неколку одлуки кои се од големо значење за граѓаните. Имено, предвидено е намалување на трошоците кои се поврзани со потребите на градоначалникот, советот и администрацијата. Целта за ваквата одлука е да се обезбедат седум милиони денари за доизградба на градинката во Волково со што ќе се намали проблемот со листите за чекање, изјави советничката во Советот на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Наташа Менкиноска.

-Донесена е и одлука за користење гранд средства МСИП-2 проектот, за изведба на проектот за партерно уредување на просторот околу локалитетот „Крст“ кај село Кучково фаза еден. Со ова ќе се уреди просторот кај крстот во Кучково и ѓорчепетровци ќе добијат прекрасно место за спорт и рекреација. Ова беше еден од носечките проекти во нашата програма, исто така во грантот МСИП-2 се предвидени на средства за набавка на комунално возило за зимско одржување на улици и патишта. Новото кипер возило со плуг и соларка ќе обезбеди навремено чистење на снегот во зимските денови. Повеќе граѓаните нема да се соочуваат со неисчистени улици во снежните денови а со тоа дирекно ќе се заштедат многу средства кои досега беа трошоци за оваа намена, а кои со оваа набавка на ова возило ќе се искористат за реализација на други проекти во интерес на граѓаните, рече Менкиноска.

За само дваесет дена во Ѓорче Петров реализирани се на 20 проекти, вели Менкиноска.

-Само за дваесет дена, новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело со градоначалникот со Александар Стојкоски реализираше над 20 проекти, од кои три се носечки во предизборната програма. Продолжуваме и понатаму, да се грижиме и работиме за ѓорчепетровци, дадената доверба мора да ја оправдаме бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат во подобра општина. Го менуваме Ѓорче, модерно, урбано, хумано, посочи Менкиноска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.