Спијте мирно, Македонија е на патот кон Европска Унија: Кастриот Реџепи се сретна со Заев

Зоран Заев денеска се сретнал со пратеникот до Движењето БЕСА Кастриот Реџепи кој иако се потпиша на иницијативата, не се појави во Собранието на гласањето Доверба на Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и Реџепи уште еднаш ја потврдиле заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата.

-Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во С Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот. Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Северна Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат, се вели во дописот од Влада.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.