дома блог страница 1837

Даниловски: “Доаѓа нов бран на кopoнавиpyc во Македонија”

Доаѓа нов бран во Македонија, зголемените бројки на зapaзени се почеток на есенско зимски бран, предупредува епидемиологот Драган Даниловски.

Според него поради непочитување на здравствените мерки и протоколи на кампањите може дополнително да ја зголеми бројката на зapaзени.

„Доаѓа нов бран во Македонија. Она што се случува со соседните земји ние веќе го поминавме. Ние малку побрзавме во тој летно есенски бран. Ова сега што се случува е почеток на есенско зимски бран. Нивото на имунист на нашето населнеие мислам дека е преку 60 може и 70 остсто.

Со заладување на времето сите средби се внатре на затворено. Во предизборнита кампања никој не почитуваше мерки. Сето тоа дополнитело резултира со почеток на нови заболени. Овој експоненцијален раст подразбира постепено забрзување на бројките и тенденција за удвојување на бројките. Во таква една извесност во која сме, мене ми е нејасно зошто при таква закана наместо да останат или да се устрожнат мерките нашиве власти ги реалксираат мерките.

Во однос на вакциналните сертификати сметам дека наместо пасоши за вакцинирани, потребни се пасоши за имуност“, вели Даниловски во емисијата на Тв 24.

“Во вториот круг ќе се случи пресврт”, велат од партијата на Павле Трајанов кои ќе гласале за Шилегов

Во вториот изборен круг ќе се случи пресврт во резултатите, имајќи предвид дека кандидатите на СДСМ и коалицијата водат или имаат реални шанси за победа во 25 општини каде сè уште се води изборната трка за градоначалници. Ова го истакна на прес-конференција генералниот секретар на Демократскиот сојуз, Зоран Димитровски.

Демократскиот сојуз му дава безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов и на останатите кандидати на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ.

„Ги повикуваме сите граѓани, симпатизери и членови на Демократскиот сојуз, в недела масовно да излезат на гласање, за да обезбедиме развој на општините и подобар живот за сите“, порача Димитровски.

Демократскиот сојуз оценува дека изборната кампања пред вториот круг е многу заострена, со голема жестина во настапите, нереални ветувања, меѓусебни обвинувања и дискредитации помеѓу кандидатите и политичките партии.

Бидејќи првиот круг на изборите помина мирно, во фер и демократска атмосфера, партијата ги повика сите политички актери сегашниот негативен набој на изборната кампања да не се одрази на изборниот ден в недела, за и вториот изборен круг да помине мирно, во демократски дух.

Kaндидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево: Ce вљyбив во Албанка, ни пpeдвидyвaa нecpeќен кpaj, а ние сме во бpaк и имаме тpи деца

Се вљубив во Албанка, ни предвидуваа несреќен крај, а ние сме во брак и имаме три деца, вели во интервјуто за „Женски магазин“ Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.

Јовановски (45) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на Линдита Лимани Јовановска (35) магистер, професор по англиски јазик во О.С.У: Дрита. Татко е на три деца Јана (6) Живко (4) и две и пол месечната Дафина.

Љубовта кон медицината ја наследил од своите родители. Мајка му била спец.трансфузиолог, основач на службата за трансфузиологија во Кичево, а татко ми спец.педијатар. Како дете постојано бил на спортските терени во градот. Во младоста мечтаел да има свој рок- бенд. Прошетал многу земји, но по завршувањето на студиите решил да живее и работи во родниот град.

Вели дека не се откажува лесно од замислената цел. Упорноста како една од неговите најистакнати карактерни особини, била пресудна да се бори за љубовта на својата сопруга која е Албанка и да ги победи предрасудите во малата средина. Својот свет го опишува како „Македонија во мало“. Сопругот на едната сестра на сопругата е Албанец, а на другата Турчин. Заедно во хармонична и весела атмосфера ги слават големите христијански и муслимански празници.

Целото интервју на „Женски магазин“

СДСМ веќе го загуби Скопје: ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство во Советот

Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското собрание, преку освоените советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје. Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини, стои во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Новото мнозинство во Советот на Град Скопје ќе го сочинуваат:

1.ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА; 2.ЛЕВИЦА; 3.АЛИЈАНСА

Заев ќе покачувал плати и пензии два пати во годината

„Денес пензиите се стабилни и пензискиот фонд е стабилен за да гарантира пензии на сегашните и идните пензионери“, вели Заев.

Премиерот ќе зголемувал плати и пензии два пати во годината или во превод: “Во недела има избори”.

„Од 1 јануари ќе го воведеме и вториот критериум – како растат платите, така да растат и пензиите. Секој 1 јануари и секој 1 јули ќе има покачување меѓу 300 и 700 денари, два пати годишно“-истакна Зоран Заев на Фејзбук.

Toлку од тpпението: Барселона го отпyшти Кyман

Холанѓанецот Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона. Ова го објави каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница ноќта меѓу 27 и 28 октомври.

– Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја соопшти одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман ќе се збогува со тимот во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на тренерот за неговата работа и да му посака се најдобро во професионалната кариера, стои во соопштението за медиумите.

Куман ја презеде тренерската функција во Барселона во август 2020 година. Под негово водство тимот одигра 67 натпревари на кои се извојувани 40 победи.

Во тековната сезона, Барселона има само пет победи од 13 натпревари во сите натпреварувања.

По цpната кампања на CДCM пpoтив Данела cтигнyва поддpшка од ceкаде, дypи и од Евpoпа (Видео)

По бруталната црна кампања која СДСМ ја води против Данела Арсовска, во очаен обид да не го изгуби Скопје, поддршка за Арсовска, стигнува од секаде. Отворена поддршка стигна и од Дорис Пак, која преку видео порака порача: Потребна е жена градоначалник!

-Скопје конечно заслужи да добие градоначалничка, професионалец и докажан менаџер, која ќе биде во служба на сите граѓани, Данела Арсовска. Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела може и ќе направи промени за подобро и помодерно Скопје. Ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје, која ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи за да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани. Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката. Како претседателка на ЕПП жени, јас ѝ честитам на нашата сестринска партија ВМРО за поддршката на кандидатурата на Даниела Арсовска за градоначалник на Скопје. Ѝ посакувам голем успех и голема победа на 31 октомври, вели Пак, поретседателка на ЕПП жени.

Донирајте, за очињата на Глорија од Прилеп повторно да видат светлина

Хуманитарна ацкија: За едни мили очиња повторно да ја видат светлината.

Донираните средства се наменети за оперативен третман на малолетната Глорија Варошлија која поради надворешна повреда на десно око е изложена на неколку оперативни зафати и Vitrektomija.

Хуманоста и солидарноста немаат граници, а подадената рака е секогаш добредојдена онаму каде што е потребно.

Бидете хумани и заедно да и помогнеме на Глорија.

Донирајте на следниот ЛИНК

Торжествено чествување на Петковден во храмот Св. Петка во Прилеп (Фото)

Со масовно присуство на Архиерејската Божествената Литургија во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп, а во духот на вековното православно чествување, прилепчани торжествено го прославија денешниот празник посветен на молитвената застапничка и закрилничка, преподобната Параскева (Петка) Епиватска, или меѓу народот познат како Петковден.

Со Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, а во сослужение на архиерејскиот намесник на Прилеп, протоерејот Влатко Ристески, в.д. старешината на храмот „Св. Петка“, протоерејот Љупче Петрески и протоѓаконот Драган Ѓорѓиески.

Пред самиот почеток на Божествената Литургија, Неговото Високопреосвештенство благоволи да го ракопроизведе во чин чтец проф. д-р Трајче Мицески.

Во празничната беседа, владиката Петар говореше за преподобната Параскева и за денешното евангелско четиво во кое се говори за петте разумни и петте неразумни девојки.

На мноштвото верни прилепчани а особено на оние чија домашна закрилничка, односно домашна слава, им е денешната светителка, митрополитот Петар им го честиташе денешниот празник и домашната слава, а на новиот градоначалник, д-р Борче Јовчески, кој присуствуваше на богослужбата, му го честиташе изборот, му посака успех во работењето и порача дека очекува чесно и одговорно водење на градот, да „биде среден по примерот на светските метрополи, а по вера како Ерусалим“. Митрополитот Петар упати честитки и до новоизбраните советници од сите партии.

„Честит нека е празникот и за многу години нека е името на оние што го носат нејзиното Свето име!“ – благослови владиката Петар.

ЛЕВИЦА ги повика своите гласачи во недела да гласаат „против погубните политики на квислингот Заев“

Левица преку официјално соопштение вечерва известуваат дека заевизмот мора да падне.

-ЗАЕВИЗМОТ МОРА ДА ПАДНЕ – ОВДЕ И СЕГА!

(Официјален партиски став на Левица пред вториот круг на изборите)
Партиското раководство на Левица, ценејќи го антивладиното и проопозициско расположение на членството, поддржувачите и симпатизерите, и земајќи го предвид фактот дека Левица не е градена како пајтон-партија за еднократна употреба, туку како брзорастечко политичко движење кое го презема приматот во левиот политички спектар, а имајќи ги предвид констелациите и сложената политичка слика која се создаде после овие Локални избори 2021, како и превенирајќи го претстојното ново национално понижување и предавство кое го спрема вазалот Заев во односите со ЕУ и со Бугарија, доколку евентуално остане на власт – ги донесе следниве политички заклучоци и идни насоки:

1. Левица има склучено само коалиција со народот и со граѓаните кои живеат од сопствениот труд и чии класни интереси ги застапува, и одбива било каква формална коалиција со било кој друг политички субјект – било од власта, било од опозицијата.

2. Во оние општини каде што во советите постои апсолутно мнозинство од редовите било на ДПМНЕ, било на СДС – нашите советници ќе делуваат како опозиција и ќе бидат гласот на обичниот човек, внатре во институциите.

3. Во овој историски миг, гледајќи ја поголемата политичка слика и државниот интерес на Републиката, наша политичка должност – како нова генерација на неподмитливи македонски политичари – е да не бидеме сламката за спас, за која ќе се фати хибридниот режим на Заев и ДУИ, за свое понатамошно опстојување и владеење, туку ќе бидеме клучните политички актери кои ќе го зададат финалниот удар за дефинитивен пад на заевизмот и конечно развластување на ДУИ, како спој на поданичко и силеџиско владеење, кое е спротивно на националните интереси и на АСНОМ-ските идеали на македонскиот народ.

4. Во конкретни општини и во Градот Скопје, каде што мнозинството на досегашната парламентарна опозиција во локалните совети зависи од нашите советници, постои теоретска и практична можност тие да дадат малцинска, т.е. условена поддршка – исклучиво на конкретни и точно одредени проекти кои се во јавен интерес на народот и за доброто на месното население, инсистирајќи притоа да се вметнат и суштински општокорисни предлози од нашата Локална предизборна програма за таа општина. Било кој обид за незаконско или штетно работење од било кого, советниците на Левица ќе го спречат и јавно обелоденат!

5. Не е исклучена можноста, во конкретна т.н. пилот-општина, Левица да го побара претседавачкото столче во советот, со цел јакнење на својот политички опит и административен капацитет за раководење со општината и креирање на јавни политики во општ интерес.

6. Во поглед на гласањето за градоначалници во вториот изборен круг, упатуваме на разумот и совеста на нашите членови, поддржувачи и симпатизери – истите да гласаат по сопствено убедување. Левица напоменува дека, во овој момент, општокорисно е да се следи бранот на антивладиното настроение на народната волја, против погубните политики на квислингот Заев и корумпираните структури на ДУИ, кои ја имаат окупирано секоја пора на општеството, за конечна детронизација на нивните мафијашко-криминални клики во заминување.

Президиум на Левица 27 октомври 2021, стои во нивното соопштение.