дома блог страница 1838

ЛЕВИЦА ги повика своите гласачи во недела да гласаат „против погубните политики на квислингот Заев“

Левица преку официјално соопштение вечерва известуваат дека заевизмот мора да падне.

-ЗАЕВИЗМОТ МОРА ДА ПАДНЕ – ОВДЕ И СЕГА!

(Официјален партиски став на Левица пред вториот круг на изборите)
Партиското раководство на Левица, ценејќи го антивладиното и проопозициско расположение на членството, поддржувачите и симпатизерите, и земајќи го предвид фактот дека Левица не е градена како пајтон-партија за еднократна употреба, туку како брзорастечко политичко движење кое го презема приматот во левиот политички спектар, а имајќи ги предвид констелациите и сложената политичка слика која се создаде после овие Локални избори 2021, како и превенирајќи го претстојното ново национално понижување и предавство кое го спрема вазалот Заев во односите со ЕУ и со Бугарија, доколку евентуално остане на власт – ги донесе следниве политички заклучоци и идни насоки:

1. Левица има склучено само коалиција со народот и со граѓаните кои живеат од сопствениот труд и чии класни интереси ги застапува, и одбива било каква формална коалиција со било кој друг политички субјект – било од власта, било од опозицијата.

2. Во оние општини каде што во советите постои апсолутно мнозинство од редовите било на ДПМНЕ, било на СДС – нашите советници ќе делуваат како опозиција и ќе бидат гласот на обичниот човек, внатре во институциите.

3. Во овој историски миг, гледајќи ја поголемата политичка слика и државниот интерес на Републиката, наша политичка должност – како нова генерација на неподмитливи македонски политичари – е да не бидеме сламката за спас, за која ќе се фати хибридниот режим на Заев и ДУИ, за свое понатамошно опстојување и владеење, туку ќе бидеме клучните политички актери кои ќе го зададат финалниот удар за дефинитивен пад на заевизмот и конечно развластување на ДУИ, како спој на поданичко и силеџиско владеење, кое е спротивно на националните интереси и на АСНОМ-ските идеали на македонскиот народ.

4. Во конкретни општини и во Градот Скопје, каде што мнозинството на досегашната парламентарна опозиција во локалните совети зависи од нашите советници, постои теоретска и практична можност тие да дадат малцинска, т.е. условена поддршка – исклучиво на конкретни и точно одредени проекти кои се во јавен интерес на народот и за доброто на месното население, инсистирајќи притоа да се вметнат и суштински општокорисни предлози од нашата Локална предизборна програма за таа општина. Било кој обид за незаконско или штетно работење од било кого, советниците на Левица ќе го спречат и јавно обелоденат!

5. Не е исклучена можноста, во конкретна т.н. пилот-општина, Левица да го побара претседавачкото столче во советот, со цел јакнење на својот политички опит и административен капацитет за раководење со општината и креирање на јавни политики во општ интерес.

6. Во поглед на гласањето за градоначалници во вториот изборен круг, упатуваме на разумот и совеста на нашите членови, поддржувачи и симпатизери – истите да гласаат по сопствено убедување. Левица напоменува дека, во овој момент, општокорисно е да се следи бранот на антивладиното настроение на народната волја, против погубните политики на квислингот Заев и корумпираните структури на ДУИ, кои ја имаат окупирано секоја пора на општеството, за конечна детронизација на нивните мафијашко-криминални клики во заминување.

Президиум на Левица 27 октомври 2021, стои во нивното соопштение.

Јапонците измислија летечки моторцикл, од цената боли глава (Видео)

Стартап компанија од Јапонија произведе летечки мотоцикл.

Тој е наречен XTurismo Limited Edition, кој има четири електромотоди за погон на пропелерот и и може во воздух да остане 40 минути при максимална брзина од 100 километри на час.

Ако ве интересира цената таа е вистинска „ситница“ 680.000 долари а веќе има неколку нарачки.

Саботковски ја пpeзеде фyнкциjaта гpaдоначалник на Општина Moгила (Фото)

Денеска Општинската изборна комисија во Могила им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник и на новите советници од Советот на општина Могила.

По ова следуваше примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Могила.

На местото на досегашната градоначалничка од СДСМ, Јасмина Гулевска, доаѓа Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој со резултат 2:1 победи во првиот круг на изборите на 17.октомври.

Во новиот Совет на општина Могила кој брои 11 советници, најмногу мандати освои ВМРО ДПМНЕ и има 6 советници, 3 од СДСМ и 2 советника од независни листи.

Прва изјава на новиот градоначалник на Прилеп: “Мојата врата секогаш ќе биде отворена за вас, чесно и домаќински ќе ја извршувам функцијата”

Во Општина Прилеп денес официјално беше извршено предавање на функцијата градоначалник, од досегашниот градоначалник Илија Јованоски на новоизбраниот градоначалник Борче Јовчески. Од страна на Општинската изборна комисија им беа доделени уверенија на новоизбраниот градоначалник Јовчески, како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

По превземањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Прилеп.

-Благодарен сум за вашата поддршка и ви ветувам дека во наредните четири години ќе се случат промени кои на нашиот град му се потребни.

Мојата врата секогаш ќе биде отворена за вас. Ветувам дека чесно и домаќински ќе ја вршам својата нова функција и дека ќе се погрижам проектите кои што се во нашата програма да бидат остварени во целина.

Граѓаните и жителите на населените места заслужуваат решенија на нивните долгогодишни проблеми.

Затоа, со заемната соработка со Советот на Општина Прилеп, ќе се погрижиме да секој граѓанин го оствари своето право брзо и ефикасно, без разлика во кој домен на општинското работење се работи, истакна новиот градоначалник на општина Прилеп.

Д-р Борче Јовчески ја презеде функцијата градоначалник на општина Прилеп (Фото/Видео)

Во Општина Прилеп денес официјално беше извршено предавање на функцијата градоначалник, од досегашниот градоначалник Илија Јованоски на новоизбраниот градоначалник Борче Јовчески. Од страна на Општинската изборна комисија им беа доделени уверенија на новоизбраниот градоначалник Јовчески, како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

По превземањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Прилеп.

„Во наредните четири години ќе стартувам со промените кои што ги ветивме преку проектите во нашата програма. Мојата врата ќе биде ширум отворена за сите граѓани и жители на населените места. Проблемите кои што ги имаат во секојдневниот живот ќе бидат решени заедно со мене и Советот со кој што заедно ќе работиме во наредните четири години“, истакна новиот градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески на денешното обраќање по повод превземањето на градоначалничката функција.

Претходниот градоначалник Илија Јованоски му го честиташе новиот четиригодишен мандат на градоначалникот Борче Јовчески и му посака успеси во работењето и реализација на проекти во интерес на граѓаните.

Новоименуваниот градоначалник Јовчески веднаш по превземањето на функцијата ги посети сите сектори во Општина Прилеп и се поздрави со сите вработени при што истакна дека очекува успешна соработка.

Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јовчески, уште во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Прилеп во наредните четири години.

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27 мандати на членовите на Советот, а исто така ќе биде избран и новиот претседател на Совет.

Арсовска до Заев: Кога дојде премиер да се плаши од жена, тогаш нека си размисли убаво и по понеделник нека си ја поднесе оставката

Премиерот Заев сега ќе направи се за да си ја спаси политичката кариера, тој требаше прво да го повлече својот актуелен градоначалник, господинот Шилегов затоа што ги лажат безумно скопјани во изминатите 4 години со проекти кои што не постојат. Не сработија, не испорачаа, а бараат од мене да се повлечам? Јас сум искрен и чесен човек, јас сум човек што влезе во оваа трка знаејќи со што ќе се соочи, кога дојде до таму премиер да се плаши од жена, тогаш нека си размисли тој убаво и по понеделник нека си ја поднесе оставката.

Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање.

-Планирам се да докажам од прво до последно за она што го кажаа, затоа што, оваа кампања од денот кога кажав дека овие луѓе ќе имаат одговорност, почнаа да ме напаѓаат. Претходно каде беа овие напади? Јас живеам во градот Скопје 42 години. Скопјанка сум, Македонка сум. Живеам тука 42 години со своето семејство, со својот сопруг и со својот син. Направив многу, можам многу и овој којшто напаѓа денеска, во понеделник очекувам дека ќе си ја поднесе својата оставка а јас денес кажувам дека не се повлекувам, додава Арсовска.

Тигрите aпcea во Битола: Паднaa двajца млади дилepи

На 26.10.2021 полициcки cлyжбеници од СВР Битола и САЕ „Тигар“ на ул.„Осма” во Битола, ги лишиja од cлобода В.У.(33) и М.К.(31), двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пpoнajдени и одземени девет пакyвања xepoин.

Тие биле пpиведени и по документирање на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна пpиjaва до надлежното обвинителство по чл. 215 од Kpивичниот законик.

За роденден на внукот му купил 5 гpeпки, му паднал стан во Скопје (Фото)

Доделен е и четвртиот од петте стана на инстант лозот „Доме сладок доме“

Државна лотарија со радост ве запознава со Раде Стојчевски, дедото кој на својот внук за роденден му подари стан за роденденски подарок, дарувајќи му 5 инстант лоза „Доме сладок доме“.

Раде Стојчевски од скопската населба Драчево е четвртиот добитник на стан во Скопје од инстант лозот Доме, сладок доме. Станот со големина од 32 квадрата е во вредност од 2 914 181 денар (со сите вклучени давачки, данок на имот, трошоци за пренос и др.), а ќе биде роденденски подарок за неговиот внук Давид.

“Со радост споделуваме и за убавата средба со среќните добитници. Имено, по завршување на процедурата околу целосната документација за предавање на станот, се упативме кон среќната зграда на улица „Методија Шаторов-Шарло“. Разгледувајќи го станот, покрај дедото Раде, најсреќен беше малиот Давид. Во разговорот со нив, ни ја пренесоа позитивната енергија и возбуда.

Раде честопати ја предизвикува среќата со инстант лозови на Државна лотарија. Овојпат, купил пакет СРЕЌА ПЛУС ‒ 5 лоза „Доме, сладок Доме“ од продажното место „Саде Ес“ на улица Партизанска.

На 23 септември, на роденденската прослава на внукот Давид, Раде му ги подарил 5-те лоза. По само некој миг, гребејќи ги лозовите малиот Давид открил дека добил најдобар роденденски подарок – стан во една од најубавите скопски општини, Аеродром. Пресреќни, но по малку и скептични за добивката, семејството се упатило до најблиското продажно место каде што ја потврдиле добивката. Роденденската прослава продолжила до раните утрински часови”, велат од Државна лотарија на Македонија.

3aeв бapa Арсовска да се повлечела од трката за гpaдоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека за Скопје ја става на коцна неговата лична кариера и ги повика скопјани на одговорност пред себе и пред татковината.

Според него, изборите профилираат правец на движење на државата, а вели и дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг го достигнала плафонот.

-Ги следиме аналитиките. ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот. Нема повеќе апсорбционен капацитет заради нивните политики. Нашитите политики имаат поголем апсорбционен капацитет. Тука е НАТО, суперлавите од европските лидери кон РС Македонија. Вториот дел е концептот „едно општество за сите“. Тука има еден огромен потенцијал кој што остана дома а треба да излезе на гласање. Затоа повикот е кон тие луѓе – излезете затоа што пропуштате и вие да учествувате во дефинирањето на иднината на државата, вели Заев.

Коментирајќи ги наводите дека независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има и бугарско државјанство, Заев рече дека тоа е сериозно и оти таа досега не ги демантирала овие наводи.

-Скопјани верувам дека нема да дозволат да бидат изманипулирани. Во живот ако се определите да бидете претставник на странска држава тогаш тоа го работите. Не можете да биде претставник на странска држава, а да водите влада во влада. Вториот дел е што Арсовска е државјанин на друга држава. Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначалник, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941 но овде бираме градоначалник. Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани.

-Очекувам Аровска да се повлече веднаш, ако малку си го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, рече Заеев.

Кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во вечерашното гостување на ТВ24 ги демантираше информациите кои ги објави СДСМ дека таа поседува бугарски пасош.

Излегол од автомобилот на автопат да иcпyши цигapa, coпpyгата продолжила да вози и го ocтавила

Пауза за цигара на автопат, се покажа како неочекувана авантура за еден маж од Албанија кој патувал со сопругата во Германија.

За време на сообраќаен метеж на автопатот А-7 кај Фусен во јужна Германија, човекот излегол од автомобилот за да испуши цигара.

Но притоа, сообраќајот почнал да си тече побрзо, а неговата сопруга се оддалечила без него, пишува порталот Феникс-магазин.де.

Нешто подоцна, баварската полиција добила пријави за пешак на автопатот А-7 во граничниот тунел Фусен. Се работело за мажот кој очајнички си ја барал сопругата.

Тој подоцна ѝ рекол на полицијата дека неговата сопруга едноставно продолжила да вози кога се расчистил сообраќајниот метеж.

Човекот бил преземен од патрола. Неговата сопруга потоа била контактирана по телефон за да го земе сопругот.

Двојката потоа го продолжила заедничкото патување.