дома блог страница 1836

Гepманcката амбacaда во Македониja со важно cooпштение во вpcка со paботните визи

Германската амбасада во Скопје утрово соопшти дека во следните три месеци нема да има листа на чекање за пријавување.

Според Амбасадата, ваквата одлука е донесена затоа што при последното пријавување за термини, поради технички проблеми, пријавени се повеќе лица, поради што овие лица ќе бидат поканети на термин до февруари.

-Поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин. Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до најверојатно крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед. Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин.

Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема.

Исто така однапред би сакале да Ве информираме, дека Амбасадата најверојатно на почетокот на наредната година ќе воведе промена во врска со регистрацијата и доделувањето на термините. На тој начин регистрацијата ќе се поедностави. За конкретните детали ќе бидете благовремено информирани – велат од германската амбасада во Македонија.

Хрватите со жecтоки коментapи за споменикот на Тоше кај Нова Градишка: На авторот ова не му е прва гpeшка (Фото)

Споменикот на Тоше Проески подигнат на местото каде што загина ги револтираше неговите обожаватели во Хрватска. Тие реагираат што Тоше на споменикот во Нова Градишка воопшто не личи на себе и оти е непрепознатлив.

Фановите го криткуваат авторот на споменикот и оти се повторува истата грешка како со облежјето на првиoт хрватски претседател Фрањо Туѓман кој исто така е целосно згрешен.

Споменикот на Тоше кај Нова Градишка беше поставен на 26. октомври, а на свеченото откривање присутен беше градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Ова се дел од коментарите:

Влезе во кафезот со мечки во скопската Зоолошка градина: Девојка желна за лајкови ги малтpeтиpaше животните (Видео)

На социјалната мрежа ТикТок се појави видео коешто предизвика лавина негативни реакции од страна на корисниците. Имено, на видеото е видливо дека девојка ги малтретира животните во Зоолошката градина во Скопје, прескокнувајќи ги оградите.

Како што информираат од Зоолошката градина, девојката ќе добие соодветна пријава затоа што, како што велат оттаму, ваквото однесување е недозволено.

Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент. Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна, стои во нивната објава на Фејсбук.

Досегашниот градоначалник на Велес: Граѓаните испратија порака дека не сакаат самобендисани и арогантни кандидати (Видео)

На примопредавањето на функцијата градоначалник во Велес, досегашниот прв човек на општината од СДСМ, Аце Коцевски, истакна дека граѓаните испратиле јасна порака на овие избори.

“Мислам дека граѓаните на овие избори пратија јасна порака дека не сакаат самобендисани и арогантни кандидати”, истакна Коцевски и додаде дека избраниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, не го става во таа група.

Видеото од изјавата на Коцевски погледнете го ТУКА

Во Велес Марко Колев победи против Ненад Коциќ од СДСМ уште во првиот изборен круг.

Јовчески на потег: Hови лица на раководни функции, тоа го бараат прилепчани

Денеска во големата сала на општина Прилеп беше конституиран новиот Совет, во кој членуваат 15 советници од ВМРО-ДПМНЕ, 10 од СДСМ и двајца советници од политичката партија Левица.

Со ова заврши примопредавањето на локалната власт во Прилеп, која од вчера ја предводи новиот градоначалник Д-р Борче Јовчески.

Со конституирањето на Советот се содадоа можности и за носење на одлуки за реализација на новите проекти, но и за кадровски освежувања во институциите.

Со оглед на тоа дека во изминатите 4 години многу малку се направи за подобрување на животот на граѓаните, прилепчани очекуваат назначување на професионалци и луѓе со интегритет и искуство на раководните места во јавните претпријатија и училиштата, каде ингеренции има градоначалникот.

Според она што може да се прочита на социјалните мрежи, граѓаните бараат вистински кадровски освежувања, а не исполнување на нечии лични желби и потреби.

Всушност тоа е една од многуте причини поради кои дојде и до промена на локалната власт во Прилеп по само 4 години владеење на СДСМ.

Коментарите на прилепчани на социјалните мрежи и чаршиските муабети велат дека Јовчески ќе знае да препознае и формира тим на вистински професионалци, кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните.

Особено важно е вистински лица да седнат во директорските столчиња во јавните претпријатија, но и во главните сектори во општина Прилеп, која изминатите 4 години функционираше како “приватна фирма”.

Aко се земе во предвид дека Јовчески освои над 22.000 гласови од прилепчани, или 7.500 гласови повеќе од неговиот конкурент, тогаш има и полно право целосно и самостојно да носи одлуки и да предлага решенија.

Професорот Дејан Трајковски сподели шокантна инфopмациja: Oд кopoнавиpyc почина 17-годишно девojче од битолcко

Професорот Дејан Трајковски денеска објави дека од Ковид-19 ппочинала 17 годишна девојка.

-Денеска од ковид-19 почина 17-годишна ученичка. Истовремено се отвораат диско клубовите, ноќните клубови и баровите. Како не сфаќаат дека основната претпоставка им е грешна, дека со вакцини не може да се совлада епидемијата, бидејќи вакцините моментално имаат ефективност (намалување на ризикот) против заразување од само 20%? Вакцинираните речиси подеднакво како невакцинираните ја пренесуваат болеста наоколу и умираат други, од ранливите категории, иако самите се прилично заштитени од смртен исход. Време е инечно да се сфати: епидемијата може да се запре исклучиво со превентивни и рестриктивни мерки, пишува Трајковски.

Неофицијално, девојчето е од битолско, а како последица од коронавирусот починало во Скопје.

Поради минирање во прекин сообраќајот на патот Градско-Прилеп

Важна информација за оние кои планираат да патуваат.

Поради минирање затворен за сообраќај е патниот правец Градско-Прилеп кај местото викано „Трите ленти“.

Како што информира АМСМ, патниот правец е затворен за сообраќај од 14:50 часот.

(Видео) 24 часа без пари во Истанбул: Дали ќе преживеат?

Екипата на ЈуТјуб каналот “Yes Theory” со нов голем предизвик го привлече вниманието на социјалните мрежи.

“Yes Theory” е мега-популарен Јутјуб канал а од неодамна екипата собра и 7 милиони следбеници. Имено, тие се познати по нивните луди предизвици, посетување на опседнати згради, напуштени острови, преживување во пустина и на отворено море и многу други.

Меѓутоа, она по кое се препознатливи е призвикот “24 часовно преживување во голем град без никакви средства”. Целта е да пронајдат добри луѓе кои ќе им подарат храна и сместување како би преживеале 24 часа.

Последниот предизвик се случи во Истанбул, а двајцата нови членови беа препуштени сами на себе:

Даниловски: “Доаѓа нов бран на кopoнавиpyc во Македонија”

Доаѓа нов бран во Македонија, зголемените бројки на зapaзени се почеток на есенско зимски бран, предупредува епидемиологот Драган Даниловски.

Според него поради непочитување на здравствените мерки и протоколи на кампањите може дополнително да ја зголеми бројката на зapaзени.

„Доаѓа нов бран во Македонија. Она што се случува со соседните земји ние веќе го поминавме. Ние малку побрзавме во тој летно есенски бран. Ова сега што се случува е почеток на есенско зимски бран. Нивото на имунист на нашето населнеие мислам дека е преку 60 може и 70 остсто.

Со заладување на времето сите средби се внатре на затворено. Во предизборнита кампања никој не почитуваше мерки. Сето тоа дополнитело резултира со почеток на нови заболени. Овој експоненцијален раст подразбира постепено забрзување на бројките и тенденција за удвојување на бројките. Во таква една извесност во која сме, мене ми е нејасно зошто при таква закана наместо да останат или да се устрожнат мерките нашиве власти ги реалксираат мерките.

Во однос на вакциналните сертификати сметам дека наместо пасоши за вакцинирани, потребни се пасоши за имуност“, вели Даниловски во емисијата на Тв 24.

“Во вториот круг ќе се случи пресврт”, велат од партијата на Павле Трајанов кои ќе гласале за Шилегов

Во вториот изборен круг ќе се случи пресврт во резултатите, имајќи предвид дека кандидатите на СДСМ и коалицијата водат или имаат реални шанси за победа во 25 општини каде сè уште се води изборната трка за градоначалници. Ова го истакна на прес-конференција генералниот секретар на Демократскиот сојуз, Зоран Димитровски.

Демократскиот сојуз му дава безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов и на останатите кандидати на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ.

„Ги повикуваме сите граѓани, симпатизери и членови на Демократскиот сојуз, в недела масовно да излезат на гласање, за да обезбедиме развој на општините и подобар живот за сите“, порача Димитровски.

Демократскиот сојуз оценува дека изборната кампања пред вториот круг е многу заострена, со голема жестина во настапите, нереални ветувања, меѓусебни обвинувања и дискредитации помеѓу кандидатите и политичките партии.

Бидејќи првиот круг на изборите помина мирно, во фер и демократска атмосфера, партијата ги повика сите политички актери сегашниот негативен набој на изборната кампања да не се одрази на изборниот ден в недела, за и вториот изборен круг да помине мирно, во демократски дух.