дома блог страница 1834

Победа гази! Три гостински бодови од Струмица

Фудбалерите на прилепска Победа забележаа нов триумф во рамки од деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига – Исток

Победа попладнево славеше на гостувањето кај Беласица со минимални 0-1 и ја сочува лидерската позиција на табелата.

Стрелец на единствениот гол во Струмица, вреден три бода за Победа беше Петкоски во 81. минута од натпреварот.

Oва е петти триумф во серија за Победа која сериозно гази да се врати во најелитното фудбалско друштво кај нас.

Во наредното коло црвено-белите имаат ново гостување кај Кит-Го во Пехчево.

Неофицијално: Целосно нова кадровска постава се очекува на сите нивоа во Прилеп

Според информациите кои ги добиваме новата локална власт во општина Прилеп на чело со градоначалникот Борче Јовчески, ќе донесе вистинско кадровско освежување во сите институции кои се под локалната самоуправа.

Информациите говорат дека јавните претпријатија, училиштата и градинките ќе ги предводат луѓе кои се вистински професионалци, луѓе со искуство и луѓе кои нема да бидат по ничија лична желба.

Со оглед на тоа дека во изминатите 4 години владеење на СДСМ во Прилеп, многу малку се направи во поглед на развој на градот и реализација на нови проекти, ова ќе значи вистинско освежување и трасирање на градот по нови патеки.

Всушност тоа се и барањата и очекувањата на прилепчани, кои од првиот ден после изборите гласно бараат раководни луѓе кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните.

Крајно време е личните желби и аспирации да бидат ставени настрана, затоа што граѓаните знаат, граѓаните ценат и граѓаните казнуваат доколку бидат изневерени нивните очекувања.

Младата Ангела Трајкоска од Прилеп го освои третото место на Балканското првенство во Грција

Борачките на БК “7 Мај” од Прилеп, на Балканското првенство кое викендов се одржува во Ксанти, Грција, со репрезентација на Македонија настапија во конкуренцијата до 15 години.

Ангела Трајкоска во силна конкуренција со две победи и два порази, успеа да го освои одличното трето место во категорија до 36 кг.

Додека пак Тамара Цветкоска, во категорија до 50 кг, во борбата за трето место несреќно загуби во последните 10 секунди, при водство од 6:0 во првата рунда.

Сега очите се вперени во Барбара Стојкоска, која в недела настапува на Медитеранските игри, кои се во продолжение на балканските игри.

Барбара ќе се бори во категорија до 61кг, а првата борба и е против Гркинката Евгенија Транау.

Поради изведување работи на пат пренасочување на сообраќајот кај клучката Градско

Поради изведување работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 во правец на Граничниот премин Богородица ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните три дена, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Викенд со сончево и стабилно време, промена се очекува во вторник

Времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер и со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини во утринските часови. Максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје и околината наутро со слаба магла, а преку денот сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно време, со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини и речни долини во утринските часови. Врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер се очекуваат во вторник.

Доблестниот Јовчески повторно на клупата на РК Прилеп (Фото)

Екипата на Прилеп со убедливи 35:28 го совлада РК Радовиш во 9. коло на Супер лигата.

Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп домашните ракометари го имаа водството во целиот тек од мечот.

На полувреме се замина со 20-17. Во вториот дел на гостите не им се дозволи да ја загрозат победата, бидејќи тие се доближија само до 2 разлика, а пак составот на тренерот Горан Кузманоски стигна и до плус 7.

На крајот сосема заслужен триумф на домашните од 35:28. Три важни бода за вкупно 12 и за место во средината од табелата.

Oна што беше интересно е тоа дека на клупата на РК Прилеп присутен беше Д-р Борче Јовчески, кој пред неколку дена ја презеде градоначалничката функција во општина Прилеп.

Јовчески и во изминатите 5 години волонтерски се грижеше за здравјето на играчите на РК Прилеп, а очигледно новата функција воопшто не го променила како доктор и човек.

Не заборавајте: Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.

Специфика за земјава е што промената на времето случуva во предвечерието на вториот круг од локалните избори.

Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Лyѓето со низок кpвен пpитиcoк мopaaт ги пpoчитaaт овие coвети

Некои лица со низок притисок не чувствуваат силни тегоби, но некои имаат хипотензија, особено ако дојде до нагло намалување на притисокот, а со тоа се отежнува извршување на секојдневните активности.

За да го држите притисокот во нормала и да спречите тегоби, потребно е да усвоите одредени навики:

-Храната нека биде доволно солена.

-Грешката која сите ја прават е пиење кафе за да се зголеми притисокот, но после краткотрајниот „скок“, поради внесувањето на кофеин, крвниот притисок најчесто паѓа уште повеќе. Поради тоа кафето би било добро да го замените со чај.

-Избегнувајте нагло станување од лежечка или седечка положба.

-Избегнувајте подигање на тешки работи.

-Пијте доволно вода.

-Јадете намирници кои го зголемуваат притисокот – сок од цвекло, сок од домат, маслинки и други намирници кои создржат сол.

-Избегнувајте долги туширања со топла вода, капење во терминални базени.

Cпaceн си тepa мajтап, а има зошто: Cвечено пyштање во употpeба на автопатот “Кичaa-Oxpид”

– Како што ветивме, Свечено пуштање во употреба на автопатот Кичаа-Охрид. Претставникот на кинеската делегација господинот Чен Гуан Ли, наскоро ќе пристигне, веднаш штом заврши со дегустација на неговиот омилен специјалитет-“куче во сос од лилјаци”

Напомена: Бидеќи асвалтот е сеуште тазе и мек ги молиме играорките од јавната администрација да не играат со високи штикли…. и црни чорапи.

p.s. Спонзор за музиката господинот Никола Личо од с. Годивје – напиша естрадниот пејач Спасен Сиљаноски на својот Фејсбук профил.

Ковачки поднece кpивична пpиjaва пpoтив полициcката гpyпа од Прилеп: Знаеме кои сте, промените се извесни, ќе одгoвapaте

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека сите знаат која е прилепската злосторничка група и порача да не прават криминал и притисок и дека промените се извесни и ќе мора да одговараат.

-Денеска во ЈО поднесовме кривична пријава против злосторничката група службеници во МВР, кои вршеле следење, малтретирање и тепање на неистомисленици на Заев во Прилеп пред изборите во првиот круг.

Попусто им беше целиот притисок. И покрај се’, изгубија силно во Прилеп. Попуст е и притисокот кој го прават пред вториот круг.

Едни веќе заработија кривична, да видиме кој неразумно ќе продолжи да ги слуша наредбите на Заев и Спасовски, ќе прави криминал и притисок.

Знаеме кои сте, знаеме што планирате. Промените се извесни. Власта се менува. Слободата ќе дојде, не правете криминал, ќе треба и ќе мора да одговарате.

Доаѓа нова иднина, со многу проекти и победи, стои во неговиот пост на Фејсбук.