Во сабота сите во сала: Мега Баскет го пречекува Работнички, да ги поддржиме младите прилепски кошаркари

Во сабота (27.11.) со почеток од 18ч. во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, екипата на Мега баскет од Прилеп го пречекува Работнички 2018.

И двете екипи се непоразени во досегашниот тек од сезоната во Третата Б лига. Прилепчани имаат четири од четири, а Работнички има натпревар помалку.

Да ги поддржиме младите кошаркари на Мега Баскет во дуелот со директниот конкурент за прво место на табелата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.