дома блог страница 1833

Мисајловски: Леле луѓе што направивме! Победа во цела Македонија!

-Леле луѓе што направивме!!! Победа во цела МАКЕДОНИЈА. Ова е победа на народот, благодариме МАКЕДОНИЈО, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Почна славјето во Битола: Грми во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (Видео)

Неофицијалните бројки од Битола велат дека Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник

Во општинскиот комитет на партијата веќе се слави:

Пецаков со големо водcтво во Oxpид

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ за општина Охрид, Кирил Пецаков со големо водство пред кандидатот на СДСМ, Константин Георгиевски.

Според информациите до кои дојде КУРИР, во најголем дел од избирачките места во Охрид, Пецаков освои најголем број од гласовите на своите сограѓани.

Се чека пребројување на сите избирачки места, за официјално да биде прогласен Пецаков за нов градоначалник на Охрид.

Првични информации за Скопје: Данела гази насекаде

Според првичните информации до кој стигна КУРИР, независниот кандидат за градот Скопје, Данела Арсовска во овој момент има убедливо водство во овие населени места:

Виниче, Смилковци, Ченто, Маџари, Триангла, Раштак, Лисиче, Хром, Стајковци, Инџиково, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Според нашите информации во бројки на пример во Стајковци, Данела Арсовска има 1416 гласа наспроти само 272 за Петре Шилегов.

Раштак:

Арсовска 222,

Шилегов 26

Виниче:

Арсовска: 133

Шилегов: 22

Во Горно Лисиче исто така е евидентна разликата, Данела води со 1504, наспроти Шилегов со само 338 гласа.

Ова е општината со најголема излезност на изборите денеска

Со над 81 проценти, општина Вевчани е со највисока излезност во вториот круг од локалните избори до 18:30 часот.

Во останатите општини каде денеска се гласаше голема излезеност има во Демир Хисар 75,96%, Гевгелија 67%, Пробиштип 73%, Росоман 80%, Македонски Брод 75%…

Висока излезност денеска имаше и во Битола, каде во 19ч бројката надмина над 60%.

Излезеноста на ниво на Македонија е речиси иста како и во првиот изборен круг.

Локални избори: Излезеноста до 15 часот е 34,58 отсто

Според последните информации достапни на страната на ДИК, излезеноста до 15 часот на ниво на Република Македонија е 34,58 отсто на обработени 96,73% од податоците.

Највисока излезност има повторно во Вевчани каде своето право на глас го искористиле 66,54 отсто од гласачите.

(Фото галерија) Ова од утре треба да е минато во Прилеп

Промената на локалната власт во Прилеп очигледно ги разочара се уште актуелните директори на јавните претпријатија, кои од 17. октомври имаат кренато раце од се.

Ова е сликата низ центарот на Прилеп што веќе од утре треба да биде минато.

Истата слика е цели четири години, но во изминатите неколку денови функционерите на се уште владеачката партија заборавија на граѓаните чија доверба ја бараа.

Што акo ypeдот за идентификaциja нe гo пpeпoзнae глacaчoт?

Уредите за идентификација со отпечатоци се најголемата новина на овие локални избори. Со нив на избирачкото место раководи претседателот на избирачкиот совет или заменик-претседателот. Во првата изборна единица, некои избирачки одбори се соочија со пречки бидејќи апаратот не препознаваше гласачи или престана да функционира. Институциите и претходно признаа дека ќе има проблем со околу 30 отсто од податоците со отпечатоци од базата на МВР.

Првиот чекор што гласачите треба да го следат е да се појават на избирачкото место со валиден документ за идентификација. Гласачите го поднесуваат документот за идентификација до првиот член на избирачкиот совет. Ја симнувате маската неколку секунди за да се идентификувате. Гласачот потоа го минува вториот филтер за идентификација, го става показалецот од десната рака на апаратот за идентификација на отпечатоци. Апаратот ги содржи податоците на сите гласачи. Во случај податоците од документот за идентификација и податоците од отпечатоците од прсти да не се совпаѓаат, лицето не може да гласа. Избирачот кој ќе ги помине двата филтри за идентификација оди на третиот чекор, а тоа е да се најде на избирачкиот список. Откако ќе се најде на избирачкиот список, избирачот се потпишува и му се дава гласачкото ливче за да оди зад параванот и да гласа. Го превиткува гласачкото ливче и го става во гласачката кутија. Избирачот го зема документот за идентификација и го напушта избирачкото место.

ДИК вели дека шансите за злоупотреба на биометрискиот уред за идентификација на гласачите се „нула“.

Обезбедени се вкупно 4.000 уреди за 3480 избирачки места низ целата земја. Резервна опрема е дистрибуирана до општинските изборни комисии, во случај да имаат потреба од замена на опремата поради технички пречки за време на процесот на гласање.

Во сите општински комисии во земјата, има и персонал за ИТ кои имаат должност да обезбедат непречено функционирање на уредот за отпечатоци од прсти и избегнување на можни дефекти. ИТ експерти се од земјава, но и од германскиот производител на опрема Дермалог. Во случај апаратот да престане да функционира и не може да се поправи, а не може да се обезбеди негова замена, ДИК одлучува да продолжи да се гласа со стариот начин, УВ ламба и спреј.

Ангеловски: Во Кичево еден гласач го скинал своето ливче, а друг го фотографирал

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Сител изјави дека досега изборите течат мирно без нарушување на јавниот ред и мир.

– Ги повикувам граѓаните и учесниците во овие избори така да продолжиме во текот на целиот ден и да имаме мирни и фер демократки избори. Нарушување на јавниор ред и мир нема, но имаше два настани во врска со кинење на гласачко ливче. Гласач во Кичево изјави дека згрешил при заокружувањето и го скинал ливчето. А имаше уште еден случај во Кичево каде еден гласач го фотографирал своето ливче, и за овие настани ќе се преземат соодветни мерки, рече Ангеловски.

Ангеловски дополни и дека службите на МВР работат и денеска за да можат граѓаните да си ги подигнат личните карти.

Лепел плакати, па дошло друго лице и залепило плакати врз неговите и започналo да го пpcка со спреј, а потоа му се зakaнил со ocтap пpeдмет

На 30.10.2021 во 01,20 часот М.Т.(44) од с.Василево пријавил дека на 29.10.2021 околу 23,30 часот, додека неговиот син лепел плакати од политичка партија во непосредна близина на домот на културата во с.Василево, дошол К.Ц.(18) и почнал да лепи плакати врз плакатите од друга политичка партија.

Потоа К.Ц. почнал да го прска со спреј малолетникот, по што физички го нападнал и му се заканил со остар предмет.

Пријавениот бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.