дома блог страница 1832

Kaтacтpoфален пopaз за 3aeв: Медиумите во регионот пишyваат за ocтавката, Бугарија жали

Заев буквално изби на сите насловни страници на албанските, бугарските, српските медиуми денес.

И регионот вчера и денеска континуирано ја пренесуваат оставката на премиерот на македонската влада Зоран Заев.

Заев буквално изби на сите насловни страници на албанските, бугарските, српските, хрватските медиуми денес.

Албанските медиуми, кои во континуитет информираа за изборната кампања и првиот и вториот круг од локалните избори, посебен акцент денеска ставаат на оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Најчесто насловите на информациите се „По поразот на локалните избори Заев поднесе оставка од премиер и лидер на СДСМ“, „Катастрофален пораз на локалните избори, Заев поднесе оставка“, „По оставката на Заев паѓа целата влада“…

Сите без исклучок пренесуваат и делови од неговото обраќање со констатација дека негова најголем заслуга е влезот на земјата во НАТО, но оти ја напушта функцијата не успевајќи да ја постигне и неговата главна цел, почеток на преговори со ЕУ.

Под наслов „Ги изгуби локалните избори-Заев поднесе оставка“ агенцијата Балкан веб наведува дека тој останува до формирање нова влада и потсетува дека „неговата оставка била очекувана бидејќи најавил дека се повлекува доколку неговата партија го загуби Скопје“.

Ора њуз освен веста за оставката, пренесува и информацијата под наслов „Со оставката на Заев паѓа целата Влада“.

-Синоќешната оставка на премиерот Зоран Заев всушност подразбира оставка на целата влада. Според челн 93 од Уставот, сега Заев треба писмено да го информира шефот на државата, по што следува постапката за избор на нова влада, наведува Ора њуз.

Слични по текст информации пренесуваат и другите медуми во регионот, при што дел од нив ставаат акцент на изјавата на Заев, дека „нема потреба од предверемени парламентарни избори“.

Српскиот портал „Правда“ пишува: „Заев не е повеќе премиер на Македонија: Од политиката не е воопшто тешко да се замине“,

Српскиот „Денес“, пишува дека: „Северна Македонија и политика: Заев поднесе оставка на местото на премиер и претседател на СДСМ по поразот на локалните избори“.

Црногорскиот портал Вијести Онлајн пишува дека: „Оставка на Заев: Што се случило на локалните избори во Северна Македонија“.

Хрватскиот портал Индекс пишува дека „Премиерот на Македонија си поднесе оставка“.

Алџезеира пак пишува дека „Заев си поднел оставка како премиер и претседател на СДСМ“.

Софиското издание „Дневник“, по информацијата дека Зоран Заев поднел оставка од премиерската функција, наведува цитат од Заев од пред неколку дена, според кој, зад победата на ВМРО-ДПМНЕ стојат надворешни сили.

Изданието „24 часа“ објавува дека Данела Арсовска, која е прогласена за „Бугарка“, станала градоначалник на Скопје, а премиерот Зоран Заев поднел оставка.

БНТ објавува дека од половината преброени гласачки ливчиња од ДИК во Македонија, се утврдило дека кандидатите за градоначалници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат огромна предност пред тие од владејачката СДСМ на премиерот Зоран Заев, како и оти партијата на Али Ахмети го изгуби Тетово и Гостивар.

На истата тема пишуваат и весникот „СЕГА“, информирајќи кусо за оставката на Заев, а националното радио БНР исто така информира за вториот круг од локалните избори во државава, што завршија синоќа.

А таман вети дека ќе градел стаза за Формула 1 (Видео)

Планираме да ја изградиме првата патека за Формула 1 во нашата држава, вети Зоран Заев во предизборната кампања.

– Еден од најголемите проекти на кој што работиме е отворање патека за Формула 1 во државава. Патеката треба да отвори туристички можности, рече Заев пред изборниот молк, а вечерва си поднесе оставка од премиерската и функцијата претседател на СДСМ.

Заев вечерва:

Скопје по втор пат во историјата на Македонија ќе го предводи жена – првата градоначалничка била прилепчанка

Скопјани вечерва одлучија, Данела Арсовска е нов градоначалник на главниот град.

Ова е втор пат после далечната 1948 година, Скопје да го предводи жена. Главниот град за прв и единствен пат досега го предводела Вера Ацева.

Ацева која е родена во прилепско Оревоец, го предводела главниот град една година, а потоа станала министер за земјоделство.

Вечерва граѓаните на главниот град избираа помеѓу независната кандидатка Данела Арсовска која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и од албанските партии Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Според 95,77% пребројани гласови, Арсовска на своето конто има 113.951 гласови, а за се уште актуелниот градоначалник Петре Шилегов гласале 85.395.

Со тоа разликата од 7.000 гласови во првиот круг порасна на околу 30.000 во вториот круг во корист на Арсовска.

41-16 е крајниот резултат од локалните избори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Резултатите од вториот изборен круг покажуваат дека дури 40 општини и градот Скопје ќе го предводат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија победи во: Могила, Битола, Прилеп, Новаци, Ресен, Демир Хисар, Охрид, Василево, Брвеница, Виница, Босилово, Гевгелија, Зелениково, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Радовиш, Штип, Градско, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Карбинци, Ранковце, Чешиново Облешево, Вевчани, Кочани, Пехчево, Јегуновце, Скопје, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Конче, Сопиште, Петровец, Илинден.

Покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалициониот партнер ГРОМ и нивниот кандидат Стевчо Јакимовски победија и во општина Карпош.

Се уште владеачката СДСМ пак победи во 9 општини во првиот круг и уште во 7 во вториот круг, или вкупно СДСМ и коалицијата освоија 16 градоначалнички места.

Вечерва СДСМ прогласи победа во: Чашка, Росоман, Пробиштип, Центар, Чучер Сандево, Старо Нагоричане и Демир Капија, а во првиот изборен круг победија во Валандово, Берово, Струмица, Делчево, Крива Паланка, Крушево, Кривогаштани, Дојран и Богданци.

Заев: Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ

Премиерот Зоран Заев предмалку на официјалната прес конференција истакна дека поднесува оставка од функцијата премиер и претседател на СДСМ.

Следете во живо: Прес конференција на Христијан Мицкоски

Во 21:50 часот, во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи прес конференција за медиуми.

На истата ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео) Јакимовски прогласи победа во Карпош

Стевчо Јакимовски како кандидат од ГРОМ, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Карпош. Иако гласовите не се добројани од општинската изборна комисија, тој смета дека е новиот градоначалник на општината.

„Во оваа изборна кампања морам да кажам дека се однесував витешки, излегував и кажував кои се решенијата на проблемите на Карпош и која е визијата на Карпош. Јас го гледав Карпош 30 години напред“, рече Јакимовски.

Противкандидат на Јакимовски е Душко Весковски од СДСМ.

Haродот излезе на Широк Сокак и по битолските улици: Се слави победата на Тони Коњановски (Видео)

Битолчани излегоа на улица да го прослават изборот на новиот градоначалник во градот.

Според последните информации, Тони Коњановски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, е во убедливо водство пред кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека однесе победа во 12 општини

Славје во штабот на Максим Димитриевски во Куманово (Видео)

Славје во штабот на Максим Димитриевски во Куманово, каде актуелниот градоначалник слави победа заедно со неговите приврзаници.

ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО 14 ОПШТИНИ!

ВМРО-ДПМНЕ официјално прогласи победи во 13 општини во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ издвојува убедлива победа во Охрид, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Битола, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново, Конче, Лозово, Демир Хисар, Ново Село.

Данела Арсовска инаку има и убедливо водство во градот Скопје.

Од обработени околу 13 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 59,66 проценти.

Петре Шилегов од СДСМ има 37,13 проценти од гласовите, покражуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.