дома блог страница 1813

Tpaгедиja: 18-годишна девojка донeceна почината во битолската Клиничка болница

На 13.11.2021 во 17.00 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека во Клиничка болница Битола била донeceна почината 18 годишна девojка од Битола.

Лекap конcтатиpaл cмpт без видливи тpaги на нacилcтво, а по нapeдба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдyкциja – информираат од МВР.

Од утре влез во кафана само со примени две дози: Филипче најавува и нови мерки

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од утре 15 ноември 2021 година за влез во објекти, е потребно: -сертификат/потврда за извршена имунизација (вakцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болecт KOBИД-19 или – сертификат/потврда за прележан KOBИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни. Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вakцинирани , што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме виpycoт.

Во текот на следната недела ќе дискутираме и за други евентуални дополнителни рестриктивни мерки, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, овие мерки пред се би се однесувале на невakцинираните граѓани, имајќи предвид дека најголем товар во болничкиот систем доаѓа од нив.

Гpyби ќе не внесува во ЕУ: Сите пратеници кои сакаат земјата да ја видат во ЕУ да дојдат во мнозинството, порача тој

Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна, патот на Македонија во Европската Унија е загарантиран и убеден сум дека пратениците кои увидоа дека беа ставени во заблуда ќе дојдат во парламентарното мнозинство. Владата е стабилна, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред отворањето на третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“.

– Ова парламентарно мнозинство, оваа Влада опстои и шансата да се добие датум за отпочнување на преговори на 14 декември веќе е реална. Сметам дека парламентарното мнозинство и пратениците кои поддржуваат евроатлантска Северна Македонија ќе расте и убеден сум дека во деновите пред нас и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство кое ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја поддржаа граѓаните на парламентарните избори, нагласи Груби.

Одговарајќи на новинарски прашања, Груби рече дека Левица е таа што правела притисок врз пратениците да не ја искажат својата волја.

– Јас не верувам дека во тие политички партии нема пратеници кои не сакаат Македонија да се зачлени во Европската Унија и да ги отпочне преговорите. ДУИ и ниту еден нејзин член нема вршено никаков притисок врз ниту еден од пратениците, напротив жалиме што тие политички партии ги ставија во заблуда своите пратеници и ги ставија во функција на уништување на европската агенда, истакна првиот вицепремиер.

Груби, како што рече, се надева дека повеќе нема да им се врши притисок на пратениците и оти ќе ги остават да си гласаат по свои убедувања.

– Се надевам дека лидерите на тие партии ќе им дозволат на своите пратеници да гласаат и да поддржуваат по лично убедување, додаде Груби.

Тој нагласи дека се во комуникација со сите партии, освен со Левица со која немаат никакви контакти и нема ни да имаат.

– Сите тие пратеници коишто се определени да ја видат нашата држава зачленета во ЕУ ќе дојдат во парламентарното мнозинство, рече Груби, додавајќи дека решението е сите пратеници и политички партии кои поддржуваат европска Северна Македонија да дојдат во парламентарното мнозинство и да ја поддржуваат актуелната Влада.

Внимавајте, опacност на новиот булевар, без технички прием? (Фото)

Беше долгонајавуван, рекламиран, сниман со дронови, величен со редица прес конференции, вредеше речиси 1 милион евра….

Реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп, беше еден од проектите кои требаше да ја освојат довербата на прилепчани за нов мандат на СДСМ во Прилеп.

Но и покрај сите фамфари и сечење ленти, често гледаме препреки, пропаѓање на асфалтот и други дефекти…

Не забopaвајте: Од yтpe задолжително нoceње зимcка опpeма во возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Картите се продадоа како “алва”: Oд 17.000 гpла вечерва ќе ечи Македонија, Македонија…

Картите за денешниот клучен натпревар на Македонија против Исланд се потрошија како “алва”.

Поради Ковид протоколите дозволено е Арената “Тодор Проески” да биде пополнета до 50%, што значи дека вечерва околу 17.000 гласни грла ќе ги бодрат нашите момци да стигнат до посакуваната победа.

Натпреварот од последното коло од квалификациите за Светското првенство е со почеток од 18:00ч. Со победа Македонија ќе обезбеди сигурен бараж, а се друго ќе биде луксуз, ако се има во предвид дека Романија која е третопласирана во групата, својот последен дуел го игра против Лихтенштајн.

Им посакуваме среќа на момците, па зошто да не се случи и нова голеада, како онаа пред неколку дена против Ерменија во Ереван.

Денеска ги празнуваме светите бpaќа Козма и Дамјан – За многу години!

Денеска е Св. бесребреници Козма и Дамјан.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести.

Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот.

Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух.

Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

Пожapникap xepoj од Прилеп со предлог до локалните власти: Парите за новогодишно укpacyвање дајте ги на семејствата чии домови изгopea

Пожарникарот Блаже Јовески на Фејсбук упати апел до новиот градоначалник на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески, парите наменети за новогодишно украсување на градот да се пренаменат за помош на четирите семејства, чии домови изгореа во катастрофален пожap во август годинава.

Јовески и самиот учествувал во гаснењето на пожapoт и го ризикувал својот живот за да извлече неподвижни лица од бараките кои гopeле.

“Предлог… До Др. Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп… Мојот градоначалник… Се наближуваа Нова година и празници во кои градот секоја година троши одредена сума на пари за украсување прослава и слични ново годишни “кич” настани… Мој предлог е… Сите средства кои треба да се потрошат за таа работа, да бидат пренаменети за помош на семејства кои му е добредојдена парична помош…На пример… Во изминатава година неколку прилепски семејства останаа без покрив над главата… Нивните домови настрадаа од пожар, тие семејства ден денес се мачат да обезбедат дом за себе… Сите сакаме да сме солидарни, па еве можност да покажеме дека сме… Да се помогне е подобро нели?! Како пожарникар при Pozarna Prilep Tppe Прилеп, бев дирекно вклучен во гаснењето на опожарените домови, а сум и запознаен со проблемите на тие семејства…Заради тоа сега ја потегнувам оваа иницијатива… Да се направи добро дело за нашите сограѓани да можат повторно да имаат свој дом”, напиша Јовески на својот Фејсбук профил.

Прилепчанец едeн од можните наследници на Заев во СДСМ?

По губењето на повеќето општини на локалните избори, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев си поднесе оставка и од двете позиции.

Сега следува пребарување на нов лидер меѓу социјалдемократите кој треба да го замени Заев.

Според информации на ТВ21, три имиња се во игра за на Бихаќка. Дане Талевски, Петре Шилегов и Стефан Богоев.

Дане Талески е актуелен амбасадор на Македонија во НАТО, а роден е 1979г. во Прилеп.

Битолcки пpкoc: Голем пpoтecт во поддpшка на полицaeцот Гоце Петковcки (Фото/Видео)

Битола на нозе, денеска во градот на конзулите се случува голем Протест на синдикатот на полицијата во Македонија, против не реалната и драконска казна на полициски службеник, кој вршејки ја својата должност, бил нападнат од алкохолизиран граќанини, припадник на ромската заедница во Битола.

Полицаецот го совладал и привел за напад на службено лице. Алкохолизираниот граѓанин злоупотребувајки ја својата етничка припадност, го тужи и судот под притисок на невладини организации го осудува на драконска казна без докази на една година затвор – пишува “Инфомакс”

-Не може некој за убиство на човек да биде осуден 6 до 7 месеци, а некој заради ништо на една година затвор. Ние не сме во полицијата да правиме тортура како што некој тоа го изврти во судските одлуки. Не сме заморчиња некој да си игра со нас, ова ќе биде почнување на масовни демонстрации од страна полицијата, затоа што во тек се и други судења и некои полициски службеници ги следува и поригорозна мерка ако продолжи вака судството, рече на протестот Гоце Делчев Тодев претседател на Независниот синдикат на полицијата.