дома блог страница 1812

Нови цени на гopивата: Поевтин бензин, поскап дизел

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.

Од 16.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 75,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 77,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,00 (денари/литар).

Младите битолчани и’ даваат нов лик на Битола: Одлична идеја која може да се примени и во Прилеп (Фото)

ФОРУМ 16 информира дека од 12 до 14 ноември 2021 година по четврти пат ја спроведе Кампањата против гласини „Гласно сокаче-Будно чикмаче“.

Целта на Кампањата е да ги разбие негативните гласини и наративи за младите во Битола дека тие „само пијат кафе на Широк Сокак“ и „ништо не работат“ – oбјави порталот “Шеталиште”

-Овој пат да покажеме дека тоа не е така го уредивме просторот околу зградата помеѓу улиците „4-ти Ноември“ и „Димитар Илиевски- Мурато“. На зградата нацртавме и графит во соработка со Драган од Hybrid Minds. Неизмерно благодарни сме до компанијата што ја одржува зградата „ РС Боби 99“ и до куќниот совет за дозволата да може да работиме на дел од просторот во нивна надлежност, а благодарни сме и за поддршката за време на работната акција од бројни граѓани и минувачи – велат од ФОРУМ 16.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Велосипедист со тешки телecни повpeди донесен во прилепската болница, откако во него yдpил автомобил

На 14.11.2021 во 07.45 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген пасат”, со пpилепcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Б.П.(57) yдpило во велocипедист П.Т.(65), и двајцата од Прилеп.

Во нecpeќата, П.Т се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градcката болница Прилеп.

Увид извpшила yвидна екипа на Полициcката cтаница Прилеп.

Маркукуле не греши – поставен нов директор на ЈКП Водовод Прилеп

Како што претходно објавивме , нов директор на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација во Прилеп ќе биде Игор Гулабоски, докажан професионалец со долгогодишно работно искуство.

Ова е прва одлука на новиот градоначалник Борче Јовчески, во поглед на кадровските промени во институциите каде надлежност има локалната самоуправа.

Гулабоски доаѓа на местото на досегашниот директор Емил Јанески, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата.

Според неофицијални информации нов директор има и старскиот дом “Киро Крстески-Платник”, каде ќе биде назначен Благојче Стојаноски, кој е вработен во оваа институција.

Беше прв на претходните избори, а сега доживea дебакл

Ќе останете надвор од ЕУ ако не признаете дека сте Бугари,.Ако Македонците не прифатат дека имаат бугарски корени нема влез во ЕУ, вели тој и додава. Тоа е најдобриот предлог. Или ќе го прифатите или нема ЕУ.

Вака говореше пред неколку месеци Слави Трифонов од партијата „Има таков народ“. Тој од добитник е најголелм губитник на вчерашните избори во Бугарија.Неговата партија освои само 24 пратеници и е далеку од можноста да формира влада.

Трифонов еден од најпознатите шоумени во Бугарија и на 54 години реши да влезе во политиката и формираше партија која брзо стекна голема популарност но и брзо се раситни.

Слави важи за радикален политичар кој за Македонците вели дека се Бугари и прашуваше зошто земаме бугарски пасоши ако ги нарекувме „Татари и Цигани

Жената која вечерва се породи под мост во Прилеп, живеела тука, до последно работела, луѓе и помагале…

Доцна синоќа жена се породи под мостот на улицата “Димо Наредникот” во Прилеп.

Екипи на брзата помош и противожарната екипа интервенирале на терен и успеале бебето и жената да ги извадат надвор од речното корито.

Според пишувањата на очевидци на социјалните мрежи, жената била од ромска националност и извесно време живеела токму под мостот, а и помагале жителите од околните згради.

Жената до последно работела и се борела да обезбеди храна за да се прехрани.

Очевидци на настанот велат дека бебето и жената биле однесени со возило на брзата помош и апелираат до надлежните служби ваквите настани да не се повторуваат во иднина.

“Сакам да прашам во кој свет и век живееме? Нели е бедно и жално тие што имаат вечно да имаат и да се тепаат за фотељи само за да ја надоградуваат империјата, а обичните смртници да патат за леб и вакви случни да се случуваат? Каде се институциите за ваквите ранливи категории? Уствари каде е државата? Се срамам што сум дел од ова општество и овој неправеден свет, каде богатите стануваат уште побогати, сиромашните уште посиромашни! Многу ме интересира што се случи со становите за социјално загрозени категории? Или си се поделија меѓусебно на Петко, на Трајко и остала весела дружина? Господе прости им, не знаат што прават!”, е еден од коментарите на Фејсбук.

Несекојдневен настан вечерва во Прилеп: Жена се породила под мост, пожарникарите и лекарите се погрижиле настанот да има среќен крај (Фото)

Несекојдневен настан се случил вечерва во Прилеп

Екипи на противожарната бригада и брзата помош интервенирале кај мостот на улица “Димо Наредникот”.

Имено како што неофицијално дознаваме од очевидци, жена се породила под мостот, а пожарникарите и лекарите најпрво го извлекле бебето, а потоа и жената, па настанот завршил со среќен крај.

Не се познати причините како и зошто дошло до овој настан и поради што неименуваното женско лице се одлучило на ваков чекор.

(Видео) “Земјо македонска” грми во соблекувалната!

Македонската фудбалска репрезентација во важниот меч против Исланд триумфираше со 3-1 и заслужено се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022.

Репрезентативците во делириум, во соблекувалната грмат патриотски песни.

Радоста на трибините беше неизмерна, а идентично „грмеше“ и во соблекувалната. Исланд не успеа да ја расипе македонската забава, но селекторот на Исланд заслужи македонско пиво.

Фудбалската јавност е во очекување на следниот противник кој веројатно ќе го дознаеме наредната недела. Дел од репрезентациите кои би можеле да ни застанат на патот се: Србија, Хрватска, Чешка, Велс…

РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО! Историска победа! Македонија ќе игра на бараж за Светско

Македонската фудбалска репрезентација во важниот меч против Исланд триумфираше со 3-1 и заслужено се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022.

Агресивниот почеток веднаш веќе во 2. минута донесе одлична шанса за Трајковски но неговиот шут откосо од левата страна за малку завршува покрај дирекот од голот на Исланд. Веќе во 4. минута и Елмас шутира од 16 метри, но Олафсон со крајни напори брани исфрлајќи во корнер.

И тоталната офанзива вроди со плод во 7. минута, кога Трајковски одлично по левата страна го проигра Езгијан Алиоски а левокрилниот дефанзивец испраќа „бомба“ откосо за прекрасен погодок за водство од 1-0.

По погодокот и натаму ја продолжи иницијативата пред гостинскиот гол. Се редеа можности, но непрецизно завршија обидите на Дарко Велковски по корнерот во 22. минута, како и на Енис Барди во 24. минута. И во 26. минута 100% шанса за Милан Ристовски кој избива сам пред гостинскиот гол, но Олафсон брани.

Во 37. минута уште еден обид, овој пат со глава, на Милан Ристовки, но над голот на Исланѓаните.

А, во 41. минута и поништен погодок за Македонија. По шутот на Алиоски и одбиената топка од гостинскиот голман, Чурлинов од 7-8 метри ја тресе мрежата, но по ВАР-проверката голот е поништен затоа што Чурлинов е милиметри во офсајд-позиција.

Исланд израмнува на 1-1 против Македонија во натпреварот од 10. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Стрелец на израмнувачкиот погодок за Исланѓаните е Тостерсон во 55. минута.По ударот на Езгијан Алиоски, Елјиф Елмас неверојатно се снајде на мал простор и успеа да го „матира“ голманот на гостите.

Стрелец на третиот гол за Македонија повторно беше Елјиф Елмас во 87. минута.

Во Европа веќе започна да се воведува кapaнтин за нeвaкциниpaнитe

Австрија од полноќ воведува строги ограничувања за движење и контакти на луѓето кои не се вakцинирани или не прележале Koвид-19, одлучи Владата.

„Со тешко срце одлучивме да го преземеме овој чекор“, рече австрискиот канцелар Александер Шаленберг по денешниот владин состанок.

Според одлуката, која има за цел да го намали брзиот пораст на бројот на зapaзени лица со ограничување на социјалните контакти, но и да убеди што поголем број жители да се вakцинираат, лицата кои не се вакцинирани или не прележале Koвид-19 можат да го напуштат станот само во исклучителни случаи како пазарање, посета на лекар или аптека и одење на работа.

Оваа мерка засега е ограничена на десет дена, а според владините податоци, истата ќе опфати околу два милиона австриски граѓани. Шаленберг објасни дека седумдневната инциденца меѓу невакцинираните била над 1.700.

„Сега треба да се потрудиме да ја зголемиме срамно ниската стапка на вакцинација. Со стапката на вakцинација што ја имаме сега, никогаш нема да излеземе од магичниот круг“, посочи канцеларот.

Тој најави дека мерката за заклучување ќе биде системски контролирана. Во Австрија во моментот 65 отсто од граѓаните се целосно вakцинирани.

За невakцинираните веќе важат строги правила кои го ограничуваат пристапот до угостителските, спортските и културните објекти.