дома блог страница 1811

Шест македонски научници рангирани во топ највлијателни светски научници, меѓу нив и еден прилепчанец

Шест македонски научници, меѓу кои и еден прилепчанец, се рангирани во топ два проценти највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“ за 2021 година.

На кумулативната листа за најдобри топ два проценти научници на сите времиња (од сите области) се рангирани Љупчо Коцарев (МАНУ), Леонид Грчев (МАНУ) Валентин Мирчески (Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје), Рубин Гулабоски од Прилеп (Факултет за медицински науки, УГД Штип) и двајца пензионирани професори, Трајче Стафилов (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје) и Иван Грозданов (Институт за хемија, ПМФ, Скопје).

Пред еден месец е објавена една од најшироките студии за рангирање на топ два проценти најдобри светски научници од сите области, од автори од Унверзитетот Стенфорд, САД.

За календарската 2020 година (рангирани во 2021 година), во топ два проценти највлијателни светски научници од Северна Македонија се рангирани: Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Рамадани Веланд (Универзитет на Југоисточна Европа Тетово), Кимет Јусуфи (Државен Универзитет Тетово), Биљана Бауер (УКИМ Скопје) и Биљана Ристеска Стојкоска (ФИНКИ, УКИМ, Скопје).

ЗА Д-р Рубин Гулабоски од Прилеп:

Д-р Рубин ГУЛАБОСКИ, е роден на 29 ноември 1972 г. во Прилеп, Македонија. Основното и средното образование ги завршил во родниот град. Дипломирал на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1997 г. Во 1998 г. се запишал на постдипломските студии по хемија на ПМФ Скопје.

Магистрирал во 2001 г., со одбрана на магистерската работа “Теоретска и експе­ри­мен­тал­на студија на редокс процеси комбинирани со атсорпциски феномени во услови на квадратно-бранова волтамметрија” под менторство на проф. Корнелија Стојанова.

Докторирал во 2004 г. на Факултетот за аналитичка хемија и биохемија на Универзитетот во Греифсњалд, Германија, со одбрана на докторската теза “The determination of the Standard Gibbs energies of ion transfer across liquid-liquid interfaces with help of three-phase electrodes”, под менторство на проф. Fritz Scholz. Во април 2006 г. е избран за насловен доцент на Институтот за хемија при ПМФ Скопје.

Главно подрачје на научен интерес на Рубин Гулабоски е електро­хе­ми­ја­та, при што тој дава значаен удел во развојот на теоријата на волтамметриските техники и моделирањето на разни електродни механизми, како и при проучувањето на феномените на пренос на јони низ течна меѓугранична фаза, како модел за јонските реакции низ мембраните на клетките.

Освен тоа, работи и во полето на молекуларно-динамички симулации и на студирањето на интеракциите помеѓу биолошки активни супстанци со волтамметриски и импендансни методи. Тој е еден од пионерите во развитокот на методот на трифазни елек­троди за студирање на трансферот на јони помеѓу границата на две немешливи течности.

Трудовите на Рубин Гулабоски се цитирани 315 пати (според Science Citation Index), со што тој е еден од десетте најцитирани хемичари од Македонија. Рубин Гулабоски бил рецензент на 12 трудови приложени за публикација во интерна­ционални списанија. Презентирал 24 трудови на разни научни манифестации, од кои 14 на интерна­цио­нал­ни, а 10 трудови на научни манифестации одржа­ни во Македонија.

Притоа, бил поканет да држи семинари и предавања на 4 европски универзитети во Германија, Швајцарија и Португалија. Автор е на една монографија на англиски јазик публикувана во 2005 г. (Electrochemistry of immobilized particles and droplets), издадена од издавачката кука Спрингер-Верлаг, а автор e на Electro­chemical Dictionary што злезе од печат 2012 г.

Бил член на Организационен одбор на 1 научна конференција. Како член, учествувал во реализацијата на 10 научно­ис­тра­жувачки проекти, од кои 4 се интернационални, а 6 се домашни проекти. Добитник е на неколку интернационални стипендии и признанија. Tој е првиот студент од Македо­ни­ја кој добил стипендија за докторски судии во рамките на про­гра­мата на Deutsche Akademische Austauschdienst (DAAD). Добитник е на fellowship за постдокторски студии во Порто, Португалија, како стипендијант на порту­галската влада.

По специјална покана од DAAD учествува (како единствен учес­ник од Македонија) на средба со нобеловците од областа на хемијата и физи­ката, во 2002 г. Тој е и еден од десетте стипендирани најдобри млади науч­ни­ци на конгресot во Бар­се­ло­на (септември, 2006), организиран од European/Japanese Molecular Liquids Group. Течно зборува англиски и германски јазик, а има добри познавања и од францускиот и португалскиот јазик.

Иcтpaжyвање: „Стоби флипс“ и „Брилијант“ oд “Витаминка” – најпознати брендови на македонскиот пазар

„Стоби флипс“ во категорија флипсови и „Брилијант“ во категорија сончогледово масло се најпознатите брендови меѓу македонските потрошувачи во годинешното истражување „Најпознати брендови според потрошувачите 2021“.

Според истражувањето, „Стоби флипс“ на „Витаминка“ го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати брендови во оваа категорија и предводи со 80% препознатливост, а во категоријата сончогледово масло доминантното учество наспроти другите брендови е на „Брилијант“ со 53% препознатливост.

Со одговарање на прашањето кој според потрошувачите, е најпознатиот бренд во одредена категоријата, тие можеле да одговорат за сите брендови присутни во малопродажбата и во маркетите.

Истражувањето на македонскиот пазар како независно е спроведено од специјализираната агенција за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, на репрезентативен примерок од 1.250 активни потрошувачи на територијата на целата земја и со фокус на 18 категории производи за широка потрошувачка. Освен за препознатливоста на брендовите, Инсајдер ИД веќе пет години по ред спроведува истражување и за преферираните ланци на маркети.

„Брилијант“витаминкаСтоби флипс

Еве што се реализирал претходниот директор на ЈКП Водовод – Прилеп

ЈКП Водовод и канализација Прилеп од денеска има нов директор. На местото на Емил Јанески е поставен Игор Гулабоски.

На заминување од функцијата Јанески на Фејсбук напиша што сработил додека управувал со ова јавно претпријатие:

-Почитувани пријатели од денес не сум повеќе директор на ЈКП”Водовод и канализација” Прилеп. Претпријатието го оставам во одлична финансиска состојба, на сметките на Водовод во моментов има околу 13 милиони денари или две плати за вработените во претпријатието. Во текот на мојот директорски мандат во Водовод успеавме да постигнеме наплата од 100% со што се одржуваше ликвидноста на претпријатието дури и во услови на пандемија.

За таа цел беше инсталиран нов софтвер за електронско плаќање со цел на граѓаните да им се олесни плаќањето на сметките. На технички план Водовод Прилеп стана најмодерно претпријатие на балканот. Беше воспоставен нов воден режим во неповолни хидролошки услови со што се овозможи во секое време до секое семејство во нашиот град да биде доставено потребното количество вода за пиење. Исто така беа реализирани и проекти од IPA фондовите но и проекти од сопствени средства.

Набавена опрема:

ГИС – катастар на сите подземни инсталации на ВиК; Гео скенер за детекција на сите подземни линии; Корелатор; Геофон; Дата Логер; Нивелир; GPS уред; Трагач на кабли; Локатор на феромагнетни материјали; Локатор и траке vScan; Камера за детекција на секаква девијација на канализационата мрежа; 3000 дигитални водомери.

Ете какво претпријатие оставам со моето заминување, им посакувам среќа и успех во работењето на новата локална самоуправа и да го реализира проектот ветен во предизборната кампања за целосно субвенционирање на ставката пречистување на урбани отпадни води како и намалување на цените на вода и канализација.

“Цесарица” од Оливер Драгојевиќ грми од 30.000 гpла на стадионот “Пољуд” во Сплит (Видео)

Хрватска успеа во последното коло да стигне до првото место во групата и да обезбеди директен пласман на Светското првенство во Катар идната година.

Хрватите со 1:0 ја совладаа Русија на стадионот “Пољуд” во Сплит и со еден бод повеќе го освоија првото место во групата “Х”.

Пред натпреварот од преку 30.000 грла одекна една од најубавите песни на овие простори “Цесарица” од Оливер Драгојевиќ, глетка која одзема здив.

Уживајте во продолжение:

Митровиќ е вистинско лyдило: После победничкиот погодок се врати на теренот по боксерици и славеше со српските навивачи (Видео)

Александар Митровиќ беше херој на Србија на синоќешниот одлучувачки дуел за првото место во групата A, кој нашиот северен сосед го играше на гостински терен против моќната Португалија.

Популарниот “Митро-гол” со глава срелаше прецизно во 90-та минута и ја однесе Србија директно на Светското првенство во Катар.

Португалија својот пат до Мундијалот ќе го бара исто како и Македонија, преку бараж дуелите.

Митровиќ после натпреварот се врати на теренот и славеше заедно со српските навивачи кои останаа на стадионот “Ла Луж” во Лисабон.

На теренот Митровиќ истрча по боксерици и со Кока Кола во рацете, потег кој многумина го протолкуваа како провокација до Кристијано Роналдо.

Во продолжение и победничкиот погодок:

Битола доби претседател на Совет кој доаѓа од граѓанската листа

За прв пат од своето постоење Битола добива претседател на совет кој доаѓа од граѓанска листа. Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива “Поинаку” попладнево со 18 гласови ЗА e избрана за нов претседател на Советот на општина Битола.

-Ова е голем ден за демократијата и иднината на Битола. Не чека напорна и тешка работа. Затоа отсега натаму помалку говори, повеќе работа на терен. Благодарност за поддршката но благодарност и за не поддршката. Во овој совет отсега ќе се работи за интересите на сите – велат од граѓанската иницијатива “Поинаку” кои освоија 3 советнички места.

Го пpaшaa да ce зaкoлне дека не зел пapи, вели не можeл без Kypaнот

Пратеникот Кастриот Реџепи на првата прес-конференција, по последните политички случувања, се соочи со многу прашања.

Меѓу прашањата беше и дали таа како верник може да се заколне дека не земала пари за одлуката што ја донел на денот кога се очекуваше да се гласа за недоверба на Владата.

Реџепи, за ова, одговори со друго прашање.

„Може ли да се заколнам без Куранот? Тој рече.

(Фото) Стар директор, стари навики – Градот како депонија

Се yште актуелниот директор во ЈКП “Комуналец” Прилеп, Сашо Велески, како да паднал во зимски сон, па целосно заборавил на градот градската чистота.

Велески не го следеше примерот на директорот во ЈКП Водовод и канализација и се уште нема поднесено оставка од функцијата.

Фотографиите во прилог се од строгиот центар на Прилеп и се направени денеска на утро.

Еве кога се очекува првиот снег во Македонија

Ако може да им се верува на долгорочните временски прогнози, тогаш оваа сезона, нема да има некоја студена зима. Она што од сега се прогнозира покажува дека температурите во минус ќе бидат само во ноќните и раните утрински часови додека во текот на денот, ретко кога ќе имаме температури кои ќе бидат пониски од 5 степени.

Во однос на врнежите, ноември се очекува да заврши без некои интензивни врнежи на дожд. Се до последната недела од месецот ќе имаме двоцифрени дневни температури. На крајот од овој месец температурите благо ќе се намалат но повторно, утринските ретко ќе се спуштаат под минус 3 степени, а дневните под 7 степени.

Првиот снег се очекува уште на стартот на декември. Најавите се дека тогаш ќе имаме една цела недела врнежи кои генерално ќе бидат од дожд но во текот на ноќите ќе се префрла на снежни врнежи.

Во втората половина на декември ќе има благо зголемување на температурите, пред се поради облачноста па врнежите ќе бидат од дожд.

Разведрувањето во претпоследната недела од последниот месец во годината ќе донесе ниски утрински температури од минус 5 степени но и многу сонце во текот на денот кое температурите ќе ги качи на 8 степени, што е висока температура за крајот на декември.

Околу Нова Година повторно се очекуваат врнежи, но не и некои ниски температури.

Нови цени на гopивата: Поевтин бензин, поскап дизел

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.

Од 16.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 75,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 77,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,00 (денари/литар).