дома блог страница 1810

Филипче: Утре ќе се предложат мepки за невакциниpaните

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека утре ќе имаат состанот на Комисијата за заразни болести, на кој ќе се разговара за воведување на рестриктивни мерки за справување со пандемијата.

-Закажан е состанок на кој ќе комуницираме за какви мерки ќе се воведат. Ќе излеземе со конкретни предлози кои ќе ги доставиме до Владата. Пред се, тие ќе се однесуваат на неим*низираните, вели Филипче.

Според него, болничкиот систем во моментов е оптоварен од нив и тоа не смее да го толерираме во време кога имаме голем број дози.

-Доаѓа време на зимска сезона и настинки и не е дозволиво да не се имунизираат граѓаните, додава Филипче.

Спортист, врвен полицаец, вљубеник во природата и во мисија да изгради шампиони – Интервју со Филип Сливјаноски

Филип Сливјаноски е познато лице меѓу прилепчани. Истакнат спортист, одличен полицаец, вљубеник во природата и риболовот, а во изминатата година и предводник на клубот за кик бокс “Ронин”. Поради една повреда беше спречен да продолжи и понатаму да се натпреварува и да освојува медали, но затоа пред себе има многу поголема задача – од своите ученици да изгради уште поголеми шампиони.

Во продолжение разговараме со него, за неговите спортски почетоци, хобија, интереси и како се снаоѓа во новиот предизвик да биде тренер на голем број млади спортски надежи.

Кажи ни нешто повеќе за тебе. Кој е Филип Сливјаноски, што работи? Кога започнуваш да се занимаваш со спорт и дали боксот и кик боксот одсекогаш биле твој прв избор?

-Филип Сливјаноски е несекојдневна личност во овие тешки и брзи времиња, во модерниов живот. Работам како полицаец. Десет години бев припадник на едниницата за брзо распоредување (ЕБР), но поради тешка повреда бев приморан да го променам работното место и моментално се најдувам на работно место во регионалниот центар југ, поточно во полициската станица Старавина. Со спорт започнав да се занимавам од мојата шеста година, поточно на 1. Септември 1996 година, кога и започнав да одам во предшколска возраст. Боксот и кик бокс не беа мој прв спорт. Моите почетоци и моите најголеми успеси се темелат на каратето. Тоа беше мој прв спорт, а со кик бокс започнав да се занимавам од 2009. година.

Од кога функционира клубот Ронин, каде се наоѓате и какви се вештини може да се стекнат кај вас?

-Клубот Ронин функционира од 15.11.2020 година. Пред неколку дена прославивме една година од нашето постоење. Кај нас во клубот пред се можете да се стекнете со војничка дисциплина, бидејќи за време на нашите тренинзи не сте мамини и татини галеничиња, туку сте РОНИНИ и нема галење. Тогаш сте препуштени на нас. Кога зборувам на нас, станува збор на мене и на мојот помошник Наумче Трајкоски, кој е една многу важна алка во нашиот клуб, бидејќи без него моето отсуство од тренинзите, поради работните обврски, ќе се забележеше многу и немаше да ги имаме овие успеси и напредок.

Што би издвоил како твој најголем личен успех во твојата спортска кариера?

-Хммм… интересно прашање, за најголем спортски успех би го издвоил второто место на Балканското првенство во карате далечната 1999 година, но уште поголем успех за мене е основањето на КБК Ронин.

Дали Филип е се уште активен во спортот како натпреварувач, или сега си исклучиво посветен на тренерската дејност?

-Се уште сум активен како натпреварувач морам да ви признаам. Да правиш спаринг со моите “ронини” треба да си се уште активен борец. Но, не сум повеќе активен во натпреварувачки план, како што кажав погоре, повредата на ногата ме спречи да се натпреварувам. Но и покрај тоа давам максимум за моите ученици да станат големи шампиони.

Има еден интересен чаршиски муабет кога ќе се спомне Филип Сливјано, а тоа е дека со голи раце удираш во дрво. Кажи ни колку е вистина ова и што придонесува ваквиот вид на тренинг?

-Ха, ха.. нека остане на чаршиски муабети, а удирањето во макивара со голи раце придонесува да се зајакне ударот, кога ќе го здрмаш противникот да се замисли што му се случило.

Кажи ни повеќе за вашите моментални активности во клубот. За што се подготвувате во блиска иднина?

-Moментално борците се насочени да бидат во висока физичка подготвеност, бидејќи ни престојат доста тешки предизвици, а јас како тренер сум насочен најмногу да успеам да го внесам клубот во WAKO федерацијата на Македонија.

На твојот профил на Фејсбук можат да се видат фотографии и од планинарење, велосипедизам, риболов …. кое од овие хобија најмногу те исполнува  и што се друго прави Филип во слободно време?

-Точно. Ја сакам природата, а моментално најмногу риболовот.  Ме исполнува мирот кој го нуди ова хоби. Уживам по 2-3 дена и се враќам во реалноста назад. Велосипед возам кога сум во можност, внимавам на повредената нога, а планинарам многу поретко.

Колку е лесно или тешко да се успее на спортски план во Македонија и дали спортистите во Прилеп добиваат доволно поддршка од надлежните?

-Многу е тешко во Македонија да се успее, се додека политиката е во спортот за жал ќе немаме големи успеси. Немаме професионализам, се уште важи поговорката “ако имаш вујко владика ќе бидеш некој и нешто”. Надлежните немаат многу слух, големите фирми речиси да не сакаат да не примат, или да дадат било каков одговор на некои наши писма и барања за помош.

Нешто што не те прашавме, а би сакал да потенцираш…

-Да, не ме прашавте, но сам ќе си кажам J КБК Ронин ќе биде врвен клуб, знам дека ќе успееме сите заедно да се искачиме високо на пиедесталот.

Ќе прави ли Јовчески ревизија на работењето на Јованоски и директорите на јавни претпријатија?

Еден месец од локалните избори во Прилеп, на кои Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг славеше огромна победа од над 7.500 гласови разлика.

Јовчески беше миленик меѓу граѓаните уште за време на предизборната кампања, па неговата победа беше извесна уште пред одржувањето на изборите на 17. октомври.

Прилепчани го казнија СДСМ за погрешните политики во изминатите 4 години. Градот буквално стагнираше во сите полиња, а од друга страна се реализираа голем број сумливи набавки и проекти кои вредеа цело богатство, а воопшто не го олеснија животот и не придонесоа за развој на градот.

Набавката на четирите нови автобуси, мовчето на Градската река, реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев”… се само дел од проектите кои ги бие лош глас од самиот почеток.

Граѓаните секојдневно реагираат на социјалните мрежи и низ чаршијата и гласно бараат новата општинска администрација да почне со пеглање на овие сомнителни милионски трошења на нивните пари.

Во изминатите 4 години во прес конференциите на опозициските партии можеа да се слушнат многу имиња, па останува да се види што од тоа било вистина, и дали постојат реални индиции за сторен криминал и полнење на нечии приватни џебови.

Во некои општини новите градоначалници најавија ревизии на вработувањата и реализацијата на проектите од нивните претходници, па тоа уште повеќе го крена гласот на прилепчани.

(Фото) Вpие од полиција во ГТЦ: Елвис Бајрам нелегално копал криптовалути во магацинските простории?

Синот на починатиот пратеник Амди Бајрам Елвис Бајрам неофицијално е вмешан во нелегално копање на криптовалути во центарот на Скопје, пренесува Инфомакс.

Ова попладнево го открија новинарските екипи на Инфомакс и Клан Македонија во Гратскиот трговски центар во Скопје.

Имено на екипата на Клан Македонија и новинарот Фуркан Салиу најпрво им било забрането да снимаат во магацинските простории на ГТЦ, а притисоци имало и врз екипата на Инфомакс, каде на терен се наоѓа уредникот Александар Митовски.

Во моментов во еден од магацините цо ГТЦ се проверува информацијата дека синот на Амди Бајрам, Елвис, нелегално копа криптовалути.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Извор: Инфомакс

Има ли вакви случаи и во Прилеп? Во општина Тетово 350 лица земале плата, а не оделе на работа, вели Касами

Новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами денеска одржа прес-конференција на која го претстави планот за работа.

Една од точките е дека ќе се постапува се преглед на договори на дело според кои општината исплаќала хонорари на луѓе меѓу кои има и такви кои не оделе на работа.

Мое решение е сите договори да се прекинат и службите прават анализи дали тие договори се реализирани и дали плаќањата по тие договори се согласно закон. За се што е платено спротивно на законот ќе побарам тие средства да се вратат во буџетот на општината. Сите договори се до 31.12. Во моментот додека не се прекинати тие договори тие што одат на работа, одат. Тие што не одат за нив веќе има посебен извештај од администрацијата. Има над 350 договори на дело на определено време за кои не знаеме што работи вршеле за потребите на општината. Испаѓа дека повеќе се исплаќало за договор на дело затоа што редовно вработени се 340 лица, а над 350 има со договор на дело – изјави Касами.

Охрид назначи нови Директори, Прилеп се’ уште назадува со директорите од СДСМ

Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, денес, назначени се нови В.Д. директори на општинските Јавни претпријатија.

Во јавното претријатие „Охридски комуналец“ назначен за в.д. директор е Саше Најдески. Магистер е по право од областа на деловното право. Дипломските и постдипломските студии ги завршува на правниот факултет „Јустинијан Први“. Претходно има работено во Основен суд 2 во Скопје и во адвокатска канцеларија, а сега е вработен во Основен Суд Охрид.

Во Јавното претријатие „Нискоградба“ назначен за в.д. директор е Александар Трпеноски. Тој има дипломирано на информатички технологии на Техничкиот факултет во Битола, а работи во Министерство за информатичко општество и администрација.

Сашо Сотироски е новиот в.д. директор на ЈП „Водовод“. Има завршено на Технички факултет во Битола, сообраќаен смер. Од 1998 година работи во јавното претпријатие „Водовод“ каде извршува повеќе функции.

Теодор Андоноски е в.д. директор во ЈП „Билјанини извори“. Андоноски е дипломиран политиколог, а вработен е во јавното препријатие „Билјанини извори“.

Во Јавното претпријатие „Градски Гробишта“ за вршител на должноста директор е назначен Мите Здравески. Има дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и се стекнал со диплома дипломиран правник. Има 25 години работно искуство во јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ , „Погребално“ и „Градски Гробишта.

Александар Попоски ќе ја извршува функцијата в.д. директор на ЈП „Градски Пазар“. Има дипломирано на Техничкиот факултет во Битола на сообраќаен смер. Во два мандати е советник во Советот на општина Охрид, а од 2009 година работи во ЈП „Охридски комуналец“.

Во Прилеп досега е променет само директорот на ЈКП Водовод и канализација, каде на местото на Емил Јанески кој си поднесе оставка, назначен е Игор Гулабоски.

Нов директор доби и старскиот дом “Киро Крстески – Платник” каде е именуван Благојче Стојаноски.

Останатите јавни претпријатија, училиштата и градинките се уште ги предводат кадри на СДСМ, нешто на што граѓаните реагираат и бараат итни промени.

(Фото) Ракометарите се вратија во прилепскиот спортски храм

После подолго време ракометот се враќа во Универзалната сала во Прилеп

Ракометарите на РК Прилеп синоќа го одржаа првиот тренинг во прилепскиот спортски храм, кој одново ќе биде нивни дом.

Во Универзална ќе тренираат и кошаркарите на Мега Баскет, па прилепчани ќе имаат можност да уживаат во спортските случувања.

Салата е средена, со одличен паркет, реновирана инсталација… Ракометарите на РК Прилеп новиот паркет ќе го сефтосаат на 20 ноември, кога играат против Еурофарм Пелистер, додека пак кошаркарите на Мега Баскет ќе играат на 27 ноември против Работнички.

Еве зошто е дијамнат: Кратка приказна за воспитувањето во семејството на Елмас

Интересна приказна за воспитувањето на еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас се појави на социјалните мрежи.

-Татко му на Елмас, Џеват – Џони, има слаткарница во Автокоманда поише од 20 години. Се вика Мандарина.

Иако син му зима плата околу 46 илјади евра НЕДЕЛНО, Џони уште си работи како слаткар.
По тоа се познава добро воспитување.

ГИГАНТ!

Инаку според најновиот договор кој Елмас го потпиша со Наполи до 2025 година, македонскиот дијамант заработува 1,9 милиони евра годишно.

Tpajaнов: Дел од помалите политички пapтии многy бpзо ќе се пpecтpojaт на cтpaната на BMPO-ДПMHE

Првиот човек на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов не ја исклучува можноста некои од помалите политички партии да ја променат страната и да застанат зад опозицискиот блок ВМРО-ДПМНЕ по неуспешниот обид за промена на власта преку Собранието.

-Сега сме 12 политички партии што претходно сме соработувале со ВМРО-ДПМНЕ, а сега сме со СДСМ. Како што се движат процесите, мислам дека дел од овие сега многу брзо ќе се престројат и ќе одат на друга страна, рече Трајанов во „Само вистина“.

Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека формирале ново парламентарно мнозинство заедно со Алијанса, Алтернатива, Движењето БЕСА и Левица, Трајанов во една прилика рече дека сега е отворена „берзата“ на пратеници.

Репертоар на театарот “Војдан Чернодрински” од Прилеп

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” од Прилеп

Во среда и четврток со почеток од 19:30ч, ќе се игра претставата “ГЛЕМБАЕВИ”, во режија на Бранко Брезовец

Резервации на влезници на телефонскиот број: 076 442 378.