дома блог страница 1806

Со “Бе-Ем-Ве” yдpил во пешак на пешачки премин во центарот на Прилеп

На 18.11.2021 во 13.00 часот во Полициcката cтаница Прилеп било пpиjaвено дека на 16.11.2021 во 16.45 часот на пешачки премин на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од К.Ч.(71) од Прилеп, yдpило во пешакот Д.Ѓ.(68) од Прилеп.

Во нecpeќата, Д.Ѓ. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градската болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициcката cтаница Прилеп – информираат од МВР.

Вечерва ќе гpми Универзална во Прилеп: Доаѓа Еурофарм Пелистер

Денешниот е посебен ден, бидејќи се случува по подолго време да има ракометен натпревар во Универзалната сала во Прилеп.

Вечерва со почеток од 18:30 часот се игра мечот Прилеп – Еурофарм Пелистер, од 11. коло на Супер лигата.

Битолчаните, кои се на врвот од табелата, а во меѓувреме во рамките на Европската лига го совладаа АЕК во Атина, секако се големи фаворити и во Прилеп. За прилепскиот тим е мошне важно што игра со квалитетен противник.

Оттука и се очекува тренерот Горан Кузманоски да им даде шанса и на најмладите првотимци, за и тие да почувствуваат што значи дуел со моќен противник. Се разбира се очекува и голема помош на публиката на овој натпревар.

Мечот ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски, а делегат е Камер Металари, сите од Скопје.

Дозволено е присуство на гледачи до 50% од вкупниот капацитет на салата.

Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација.

Задолжитено е носење на заштитна маска.

На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!

Пример за општествено одговорна компанија: “Кожувчанка” со уште една донација

Кожувчанка ДОО е пример како една компанија треба да се однесува во општеството во која работи и дејствува. Тие секогаш се грижат за граѓаните и помагаат онаму каде што е најпотребно.

Така, во овој период го посетија Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин”од Битола каде со одговорните збореа за недостатоците и проблемите со кои се соочува овој завод за деца.

“По нашата прва средба na иницијатива на сопругата на амбасадорот на Словачка амбасада во Скопје, г-ѓа Жанет Маркушова и Здружение Добредојде Македонија – Велком Центар, договоривме дека ова е релација која само што започна. Денес, донираме 3 лаптопи и монитор на допир, а во иднина ќе се потрудиме да ги следиме потребите за подобрување на функциоирањето на децата во Заводот, но и да ги повикаме останатите компании да ни се приклучат во креирањето на заедничко, подобро општество за сите!” изјави, Митко Јовановски, од Маркетинг секторот на Кожувчанка од Кавадарци.

Нека биде ова еден убав пример и потсетник до сите нас, дека за подобра наша иднина треба да се грижиме таа да биде таква и за другите!

Гулабоски во ноќна обиколка на дефектите, фотелјата ја замени со теренска активност

Во интерес на граѓаните, на ден 18.11.2021 година, од страна на директорот на ЈКП ‚‚ Водовод и канализација “ – Прилеп Игор Гулабоски и дежурниот инженер Филип Кедиоски е направена контрола во ноќните часови на веќе санираните дефекти.

Направен е увид за обезбедувањето на местата каде е извршена санација на дефект на водоводна мрежа на ул. Трајко Тарцан, како и санација на ударна канализациона шахта на бул. Гоце Делчев.

Вратата од ЕУ ќе остане затворена: Бугарија ќе не блокира повторно

Бугарија неma може да го поддржи одржувањето на првата Меѓувладина седница со Македонија, која го означува и стартот на преговорите со ЕУ за земјава. Актуелниот нацрт на Рамката за преговори за пристапување на Македонија исто така не ги одразува предлозите на бугарската страна и затоа Бугарија не може да го поддржи, пренесува Бугарската национална агенција БГНЕС.

Во однос на почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, беа истакнати напорите направени во последните месеци од Бугарија за решавање на отворените прашања со Скопје. Истовремено, се уште нема напредок во имплементацијата на Договорот за добрососедство, рече министерот Стоев. Тој додаде дека бугарската страна се уште очекува конкретни чекори од соседите за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијални и малцински претензии, прекин на говорот на омраза кон Бугарија, промена на учебниците во Република Македонија, имајќи ја предвид нашата заедничка историја, се вели во соопштението на бугарското МНР за БГНЕС, гарантирајќи ги правата на граѓаните со бугарска самосвест.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Браво момци: Македонија има светски шампиони во Counter Strike: GO

Репрезентацијата на Македонија во „Counter Strike:Global Offensive“ ја освои титулата на Светското првенство кое се одржува во Израел.

Репрезентацијата на Македонија во состав Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Кристијан “fodor” Поповски во финалето ја совладаа Романија со 2:0.

Во првата рунда која се играше на мапата Инферно, македонските „кантераши“ славеа со 16:10, додека на втората мапа „Мираж“ беше 16:11.

Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции.

За освоената светска титула, македонската CS:GO репрезентација покрај златниот медал доби и парична награда во висина од 10.000 долари.

Tри починати лица од кopoна во Прилеп во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани – 19, Штип – 17, Тетово – 13, Делчево – 12, Гевгелија и Неготино – по 10, Демир Хисар – 8, Струмица – 7, Берово и Богданци – по 6, Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Ресен – по 4, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

· Регистрирани сe 532 оздравени пациенти од: Скопје – 232, Битола – 44, Кавадарци -29, Кочани – 23, Велес – 22, Прилеп – 20, Тетово – 16, Куманово – 15, Крива Паланка – 14, Ресен – 12, Штип и Делчево – по 10, Охрид, Гевгелија и Берово – по 8, Гостивар и Радовиш – по 7, Кичево, Неготино и Пробиштип – по 6, Свети Николе и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Дебар – по 3, Виница, Кратово, Богданци и Пехчево – по 2, Дојран – 1.

· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица: 4 починати лица од Куманово (62г, 64г, 78г и 93г), 3 починати лица од Прилеп ( 73г,76г и 79г), по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г), Велес (76г и 80г) и Кавадарци (57г и 71г), и по едно починато лице од Битола (78г), Делчево (41г), Крива Паланка (79г) и Ресен (71г). Од пријавените лица шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 43-97г, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

· Направени се 2.911 тестови преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–61, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–159, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-106, Биотек-132, Систина-46, лабораторија Лаор-80, Синлаб-14, Ремедика-16, Плодност–53, Генеа-7, Никоб лаб-204, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-25, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.375.

Досега во земјата се направени вкупно 1.439.606 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, бројот на оздравени пациенти е 195.157, на починати е 7.390, а бројот на активни случаи изнесува 8.391.

Во Прилеп во моментов се активни 423 слyчаи со кopoнавиpyc.

Уaпceн жител на Дecoво: Се заканyвал со пиштoл на две лица

На 17.11.2021 во 18.00 часот во с.Десово, општина Долнени, полициcки cлyжбеници од Полициcкото одделение Ропотово го лишиле од cлобода Х.Ш.(53) од с.Десово, затоа што им се зakaнил со пиштол на Е.П. и Е.П., двајцата од с.Десово.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница, а пиштолот бил пронајден и одземен.

По целосно документирање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Спијте мирно, Македонија е на патот кон Европска Унија: Кастриот Реџепи се сретна со Заев

Зоран Заев денеска се сретнал со пратеникот до Движењето БЕСА Кастриот Реџепи кој иако се потпиша на иницијативата, не се појави во Собранието на гласањето Доверба на Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и Реџепи уште еднаш ја потврдиле заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата.

-Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во С Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот. Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Северна Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат, се вели во дописот од Влада.

3aeв: Не очекyвам пpeдвpeмени избopи – избopи ќе има во jyни 2024 година

Премиерот Зоран Заев на денешниот состанок со федералниот министер за надворешни работи на Република Австрија, Михаел Линхарт рече дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и очекува негово зголемување.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека не очекува да има предвремени парламентарни избори.

-Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата, рекол Заев на средбата со Линхарт