Директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, поставена од СДСМ, Матилда Бајкова, на страница за астрологија на „Фејсбук“ прашува дали ќе добие втор мандат.
При вклучувањето во живо на астрологот Мирјана Мирковиќ од Србија во неделата, во еден од коментарите Бојкова го пишува нејзиниот датум на раѓање за да провери дали ќе продолжи да го води скопското училиште.
Бајкова повторно го постави прашањето кон крајот на емисијата, но и по вторпат не доби одговор.
Инаку директорката Матилда Бајкова според она што може да се најде на Интернет е навистина добар наставник, а пред 4 години била прогласена и за просветен работник на годината. Веројатно тогаш, ѕвездите и’ биле најдобро наредени.