дома блог страница 1802

Kопачите на криптовалути ќе плаќaaт пocкапа cтpyja?

Луѓето кои сакаат да заработуваат со копање криптовалути, потребната струја да ја купуваат на слободен пазар, или пак таа да чини повеќе ако се користи за создавање виртуелни банкноти.

Ова е еден од предлозите за решавање на проблемот со нелегална кражба на струја за криптовалути кој го предлагаат ЛДП и ДОМ. Велат во ек на енергетска криза, недозволено е да се троши струја за лично богатење.

Во меѓувреме, експертите велат дека скапиот начин на создавање криптовалути може да стане минато. Во светот зачестило т.н рударење на нови банкноти за кои не е потребна скапа компјутерска опрема ниту огромни количини струја. Потрошувачката на енергија била на нивото потребно за полнење на мобилен телефон.

Формирањето на криптовалута која моментално има вредност од неколку десетици илјади американски долари, зависи од моќноста на опремата и нејзиниот работен период. Процесот е долг.

Анкета на ИПИС: Мицкоски со најголема доверба кај граѓаните, победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 19 и 21 ноември 2021 на 1105 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.

– Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности, информаираат од ИПИС.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Во прилог се резултатите од истражувањето.

Од анкетираните граѓани, 22.5 проценти одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 17,5 за СДСМ.

Од анкетираните граѓани, 18.2 отсто од нив се изјасниле дека најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски како политичар, а 13.9 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле за Зоран Заев.

Вратите од комбе полно со пapи се отвориле среде автопат, луѓето збирале како лyди, полициjaта почнала да апcи (Видео)

Пари кои испаднале од блиндирано комбе недалеку од Сан Диего предизвикале вистински хаос меѓу луѓето, тепачки и апсења.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат расфрлани пари и луѓе кои се обидуваат да зграпчат што е можно повеќе долари по автопатот „Интерстејт 5“ во областа Сан Диего во Калифорнија, јавува Би-би-си.

Полицијата соопшти дека уапсила неколку лица и ги повикува сите што земале од парите да ги вратат.

Една од вратите на блиндираното возило се отворила на патот, поради што испаднале вреќи со готовина, а банкнотите се разлетале.

„Поради некоја причина, парите испаднаа од блиндираниот автомобил“, изјави полицаецот од патната патрола во Калифорнија, Џим Бетенку.

„Ова е најлудото нешто што сум го видела“, вели фитнес инфлуенсерката Деми Багби во своето видео.

Честитка од градоначалникот Јовчески до сите кои го празнуваат големиот христијански празник Св. Архангел Михаил (Фото)

Градоначалникот на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески денеска го посети манастирот Св. Архангел Михаил и го честиташе големиот христијански празник.

-Нека е честит големиот христијански празник Св. Архангел Михаил! Среќа, љубов и радост на сите што го празнуваат, а особено на тие што на овој голем ден слават именден и куќна слава. Нека овој празник донесе мир меѓу луѓето и здравје за сите. За многу години – напиша Јовчески на ФБ.

Се смета дека ја откpил Аpxaнгел Миxaил и дека лекyва се’: Oва е чyдотвopнатa билка Ангелика

Во народната медицина ова растение се смета како лек за се. Ангелика се користи и како лек, но и како храна и како зачин поради ароматичниот вкус и мирис.

Во средниот век била една од главните лековити билки кои се користеле, а главната употреба и била за треска. Во тој период со неа се спасиле многу луѓе, па така и го добила името ангелска билка. Од тука, подоцна низ годините настанало името Ангелика. Се смета дека ја открил Свети Архангел Михаил.

Коренот на оваа билка е добар и за варење, а етеричните масла од ова растение се користат за поттикнување на апатитот, опоравување од тешки состојби како анорексија, како и омалаксаност. Исто така, оваа билка помага и за менструални болки и тегоби, ревматски болки и болести на црниот дроб.

Билката помага и за воспаление на белите дробови и бронхитис. Го спречува и згрутчувањето на крвта, па се препорачува и за лекување тромбоза.

Се користи и како средство за смирување и за мирен сон.

Сепак, важно е да се напомене дека конзумирањето на овој лек не е препорачано за време на периодот на бременоста, како ни во периодот на доењето на бебето. Не се препорачува да го конзумираат ни луѓе со дијабетес, како и оние кои пијат лекови за да не им се згрутчува крвта.

Иако многу помага, оваа билка денес е речиси заборавена и надвор од употреба.

(Видео) Илон Маск и неговиот син “X AE A-Xii” се појавија заедно на состанокот од СпејсИкс

Синот на Илон Маск го привлече целото внимание за време на “Zoom” состанокот на компанијата СпејсИкс.

Ова беше ретка можност да се види најбогатиот човек во светот да се појави во јавност со својот син “X AE A-Xii”.

Обид за ликвидациja на обвинител од ОЈО

Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извpшен е обид за yбиcтво на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителcтво Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опacност и е под медицинcка нега на скопските клиники.

Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна paна во гpбот.

Основното јавно обвинителство пpeзема дejcтвија за pacчиcтyвање на нacтанот, информираат од ОЈО.

Мијачка убавина во прегратките на планината Даутица: Посетете го прекрасното Ореше (Фото галерија)

Сместено во централниот дел на Македонија во општина Чашка, на 800м. надморска височина во прекрасните пазуви на планината Даутица, се наоѓа селото Ореше.

Ореше е едно од најубавите села во овој дел на државата кое изобилува со прекрасна и живописна природа, вода, густа шума и прекрасни луѓе.

Селото има огромен потенцијал за развој на планинскиот туризам, но како и други краишта од нашата преубава земја, ретко кој го знае и ретко кој уживал во овие недопрени убавини.

Како и другите планински села и Ореше не го одминала миграцијата, па според некои податоци селото денеска брои околу стотина жители, а имало времиња кога тука живееле околу 1.000 луѓе.

Орешани се снаоѓаат и сега засега успеваат да ги одржат родните огништа, но кога државата би вложила поголеми средства во развој на овој вид туризам, Ореше сигурно би било примамлива дестинација за голем број туристи од земјата и странство.

Низ селото течат две помали реки кои потоа се вливаат во реката Бабуна, а до него се доаѓа и од Велес и од Прилеп.

Од Велес преку Чашка, селото е оддалечено 50тина километри, а од Прилеп се доаѓа преку Стровија.

Во селото има две цркви Св. Богородица и Св. Петка, а на 3 км. оддалеченост се наоѓа и преубавиот манастир Св. Ѓорѓија.

Во селото има продавница каде селаните ќе ве пречекаат со убав муабет, пиво, мезе… и ќе уживате во секоја минута додека сте тука.

Легенда за основачот на селото

Основач на селото Ореше е дедо Дамјан, родум од селото Росоки, Дебарско.

На млади години бил ќаја кај еден бег во Цариград. Еднаш, бегот се пофалил пред една од неговите анамки дека има тапија од султанот за некаков голем имот кој ќе го направи многу богат и ѝ ја покажал тапијата. Ќајата го слушнал нивниот разговор, па го следел бегот каде ќе ја скрие тапијата и за да му се одмазди за неговото лошо поведение кон него, му ја украл тапијата и избегал. Ќајата со тапијата долго време скитал без да смее да се појави во родниот крај, дури скитајќи од село на село не пристигнал во селото Капиново. Во тоа село се спријателил со капиновчанецот Стефан и останал да живее во неговата куќа. По престојот од околу две години кај него, од жал за родниот крај, дедо Дамјан тешко се разболел и за да ја излекува својата болест, морал да замине во родниот крај. Стигнал во Росоки, поживеал малку со родителите и се верил за една селска девојка.

Но, и родниот крај не го задржал. Тогаш почуствувал тага за планината Бабуна и на својата вереница ѝ соопштил дека откако ќе се земат, ќе заминат да живеат во еден многу убав крај далеку од нивното село. Штом за таа работа слушнале домашните на девојката, нејзе веќе ѝ забраниле да се гледа со својот вереник и тој сам заминал за Капиново. Цели три години ајдутувал и во еден судир со арнаутите-арамии бил тешко ранет и едвај стигнал до Капиново каде што благодарение на пријателските грижи на Стефан, бил спасен. Чистиот планински воздух благотворно влијаел врз Дамјана и тој го благословувал бога за овој рајски пристан. Дамјан наполно штом оздравел, конечно решил да се насели во близината на Капиново и макар што неговиот пријател Стефан го молел да остане да работи на неговиот имот, тој решил да создаде свое пријатно катче близу до некоја река, таму да изгради своја колипка и да работи на сопствен имот. Во него се појавила мислата да засели ново селце – карактерна црта на мијачкиот народ кој тежнее кон свој простор за своето семејство и заедно со својот пријателот Стефан, почнал да ја бара ветената земја. Оделе околу Стровија, но не му се допаднало местото, оделе и кон Маргари, но и таму не му се допаднало, но на враќање, минувајќи низ планината Даутица, кога почнале да слегуваат по течението на Орешка Река и кога стигнале до местото каде што денес се наоѓа селото Ореше, Дамјан застанал од чудесната убавина пред нив. Тогаш на тоа место имало само едно бачило на кое ќаја бил некојси Орешко.

Пријателите застанале, Дамјан бил восхитен од убавата планина штедро напојувана од обилната бистра Орешка Река и решил тука да се насели и тука да изгради свој дом. Му се допаднало тоа катче, таа мала котлинка заобиколена од сите страни со големи планини покриени со букова и дабова шума и наводнувани од мноштво бујни планински потоци кои ги распрскуваат водите низ планинските сочни ливади. Во таа котлинка со помошта на Стефан и момокот Орешко, Дамјан изградил своја куќа. И кога ја исполнил својата заветна приказна, се видел осамен и мислата почнала да му бега кон селото Росоки, по неговата прва љубов. Домашните на неговата избраничка слушнале за неговите ајдучки подвизи и збор не давале да се каже во нивната куќа за Дамјана. Откако не му ја дале невестата, Дамјан со неколкумина другари ајдути, влегува во Росоки, ја грабнува избраничката и ја одведува во својот нов дом и со неа се венчава во село Капиново. Така, ајдукот Дамјан во својот дом донел домаќинка од својот роден крај зашто како Мијак, тој по секоја цена сакал да ја задржи старата племенска традиција и да се ожени за девојка од мијачко потекло.

По настанувањето во новото село, за да не живее осамен, Дамјан почнува да ги убедува своите блиски роднини да се населат во неговото село. По долги убедувања во селото дошле Китан од Могорче, а потоа и неколку семејства од дебарските села Лазарополе, Гари и Галичник, кои од зулумите на арнаутските банди избегале од родните села. Во знак на благодарност кон момокот Орешко кој несебично им помагал на новодојденците, новото село Мијаците го нарекле Ореше. Набргу потоа, поради зулумите на Арнаутите, од Лазарополе со семејството доаѓа и дедо Чупче, родоначалникот на семејството Чупарови. По кусиот престој во село Ореше, нему му се допаднало друго место за селиште и се населува на четири-пет километри подалеку од Ореше. Од село Могорче, пристигнал и дедо Митре, таткото на поп Илија, подоцнежен свештеник во село Папрадиште, за една година новото село веќе броело десетина куќи кое поради изобилието на папрат, доселениците го нарекле Папрадиште. Населувањето на селата Ореше и Папрадиште се случило кон почетокот на седумнаесетти и почетокот на осумнаесетти век, тие две селца по неколку поколенија доста се прошириле, а со својата особеност во носијата и со дебарските навики и обичаи многу се разликувале од селаните во другите велешки села. Орешани и папрадиштани се гордеат со своето мијачко потекло зашто сметаат дека нивното старо племе Мијаци во секој поглед е на повисоко стапало од останатите македонски племиња. Тие слепо се придржуваат на својата мијачка носија, особено жените, и со запазените обичаи, навики, преданија и наречјето на своите дебарски предци, тие се големи сепаратисти и не се посватуваат со населението од околните села од брсјачките племиња. Во својот сепаратизам, Мијаците од Ореше и Папрадиште одат до таму што ако в село им влезе човек од околните села, децата прибегуваат кај мајка си или татка си, соопштувајќи им ја непријатната вест, „леле мајко, брсјак дојде!“.

Овие 5 пpoфеcии се нajмалку платени во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика ова се петте професии во Македонија во коишто вработените во септември земале најниска просечна плата.

1. Заштита и истражувачка дејност – 16.172 денари

2. Производство на кожа – 17.938 денари

3. Одржување на згради – 17.948 денари

4. Производство на облека – 18.439 денари

5. Служење храна и подготовка на оброци – 19.315 денари

Haвивачите можат да здивнат: Манчестер Јунајтед го отпyшти Солскјер

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер денеска очекувано доби отказ на местото тренер на Манчестер јунајтед, ден по високиот пораз на премиерлигашкото гостување против Ватфорд (1-4).

Одлуката за предвремено раскинување на соработката со Солскјер беше објавена по претпладневниот итен состанок на клупското раководство.

Како што е соопштено, Јунајтед привремено ќе го води тандемот Дарен Флечер и Мајкл Карик, а британските медиуми наведуваат дека долгорочно решение на клупата најверојатно ќе биде поранешниот тренер на Реал Мадрид, Французинот Зинедин Зидан.